Републичкиот јавен обвинител ги отфрли критиките дека придонел на некој начин за ослободителната пресуда за Никола Груевски во случајот „Талир 2“ и одбивањето на барањето да се конфискува зградата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој денеска изјави дека критиките на оваа пресуда од поранешната обвинителка Ленче Ристоска бидејќи не одговарале на фактите. „Талир 2“ беше во надлежност на ОЈО Скопје, каде што работеше Ристоска. „Токму овој предмет, доколку таа ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) попладнево со жрепка во Виена го одреди составот на групите за новата сезона во Европската лига во која македонски претставник ќе биде вицешампионот Еурофарм Пелистер. Битолскиот тим ќе игра во групата Г против германски Гумерсбах, шпанска Ла Риоха и полски ПГЕ Вибжеже Гдањск. Групната фаза во новата сезона во второто по ранг европско ракометно клупско натпреварување ќе донесе рекорден број од 32 екипи ...

Шведската модна компанија „Ејч енд ем“ (H&M) објави во својот полугодишен извештај дека ќе затвори 170 продавници ширум целиот свет оваа година за да го приспособи своето работење на моментните пазарни услови. „Ејч енд ем“ во извештајот наведе дека во годината до 31 мај веќе го намалила бројот на своите продавници за 128 малопродажни објекти, од 4.166 на 4.038 продавници. Тоа претставува намалување од три отсто, а брендот истовремено ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19:50 часот евидентирале пријава за напад на ресенчанец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н.И.(41) жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот Н.И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...

Во првите шест месеци од годинава, историски рекордна фреквенција е регистрирана на граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар. – На овој премин, во периодот јануари – јуни вкупниот проток на патници изнесува 778.702 наспроти 574.737 во истиот период минатата година. Доколку се направи споредба со 2024 бројот е речиси двапати поголем, кога минале 370.827 патници, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на Секторот ...

BYRDIE го именуваше Armani Beauty Power of You Eau de Parfum за најдобар парфем за 2026 година. Станува збор за богат овошно-цветен мирис кој комбинира ноти на маракуја и ванила, а уредничкиот тим на порталот за убавина особено го пофали неговиот слоевит и впечатлив карактер. Сладок, но сензуален во исто време Power of You е опишан како луксузен и повеќедимензионален парфем кој успева да комбинира навидум спротивни квалитети. Тој е ...

Поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, на Фејсбук објави дека поднесува оставка како пратеник и дека тој негов потег бил поттикнат од „исклучително почесна понуда“ од кинеската компанија за електрични автомобили БИД за „пополнување на меѓународна позиција“. Тој не ја прецизираше позицијата, но рече дека ќе почне да работи како „раководител на надворешните односи на групата и развој на нови деловни линии“ ...

Голем број граѓани од Гостивар во изминатите неколку дена побарале лекарска помош поради симптоми кои се поврзуваат со проблемот со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Општата болница „Д-р Ферид Мурад“, во установата биле пријавени околу 1.000 до 1.200 пациенти со симптоми како повраќање, дијареја, болки во желудникот, покачена температура и општа слабост. „Во врска со епидемијата која се шири во Гостивар овие 3-4 дена, заради ...

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени – соопшти УХМР. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...

СДСМ ја нападна власта оценувајќи дека за две години животниот стандард на граѓаните е целосно урнисан, а 73% од граѓаните имаат плата под просекот. -Платите се најниски во Европа – граѓаните осиромашуваат, народот живее многу полошо од пред 2 години. Податоците на УЈП за 2025 година покажуваат дека дури 73% од граѓаните имаат плата под месечниот просек, односно под просечната плата во земјата. Дури половина, 50% од вработените земале плата ...

По пријава за незаконска интервенција во водоводната мрежа на подрачјето на општина Гостивар полицијата спроведува истражни мерки. Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека по наредба на јавен обвинител се преземаат за целосно расчистување на случајот. – Поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик во расчистувањето на овој случај вклучена е и ...

Од 21 до 23 август ќе се одржи 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“, кое ќе обедини дваесетина поети, музичари и уметници од Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија. Програмата ќе започне на 21 август во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат ...

Пакетот санкции против Русија, промовиран од републиканскиот сенатор Линдзи Греам, кој почина за време на викендот, доби поддршка од над 60 сенатори. Овој број е доволен за да се надмине процедуралната блокада во Сенатот, објави „Аксиос“. Предлог-законот ќе му овозможи на американскиот претседател да воведе санкции против рускиот претседател Владимир Путин, високи руски политички и воени лидери, бизнисмени и државни претпријатија. Странските ...

Владата на денешната седница ја донесе Одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради можност од нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со донесената одлука, рокот на важење на кризната состојба се продолжува од 21 јули до 20 октомври, со што се обезбедува континуитет во институционалното постапување и навремено преземање на мерки доколку дојде до нарушувања во ...

Полетување на ракета „Старшип“ на „Спејс-Икс“ (SpaceX Starship) беше откажан во последен миг пред нејзиниот 13. пробен лет вчера. Мисијата е одложена за најмалку 24 часа, бидејќи компанијата го истражува појавениот дефект. – Го прекинавме засилувачот токму кога „Раптор“ моторите почнаа да работат. Ќе ни треба малку време да истражиме што го предизвика прекинот за време на палењето на засилувачот за лансирање, а потоа да утврдиме како ќе ...

Речиси е незамисливо како Русија во петтата година од војната со Украина е изолирана од светот. Се разбира, има државници што доаѓаат во Москва, Владимир Путин оди во Кина по поддршка, се среќава со лидерите на поранешните советски републики, но тоа е неверојатно тесен круг. Путин го нема на светската сцена, она му каде што знаеше да се чувствува многу удобно. Точно пред 20 години, од 15 до 17 јули 2006, во Санкт Петербург дојдоа лидери од ...

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека се преземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено барање за ...

Левица реагира на трупањето партиски лојалисти и лични советници на премиерот христијан Мицкоски во Регулаторната комисија за енергетика која е формирана и постои за да биде независна од власта. „Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира за член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова, која во моментов е советник во неговиот кабинет! Очигледно, Мицкоски е цврсто ...

Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен исход. Тоа е логистички успешно завршена операција, чиј краен резултат беше познат уште пред да биде прочитан диспозитивот, коментира Левица околу скандалот со затворањето на еден од најголемите корупциски случаи во државата. „ Според партијата, п ланот беше со јасна цел – Белата палата, а не Груевски. „Затворот ...

Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи синоќа на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“. Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото музицирање на тројцата млади ...

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на обвинувањата од коалицијата Влен, оценувајќи дека тие, според него, се обидуваат официјалните дипломатски средби да ги претстават како политички определби. Во реакцијата, Османи наведува дека е несериозно средбите што ги остварува министер за надворешни работи да се толкуваат како политичка определба, додека, како што тврди, коалицирањето со партии кои ја негираат независноста на Косово, ...

Американските сили известија за „уште еден голем бран напади“ врз цели во Иран во ноќта на 17 јули. Во соопштението од Централната команда (ЦЕНТКОМ) се наведува дека биле погодени „десетици ирански воени инсталации“, вклучувајќи локации за крајбрежен надзор и воздушна одбрана, воена логистичка инфраструктура и поморски средства. Според иранската новинска агенција Фарс, неколку мостови во јужната покраина Хормозган биле оштетени за време на ...

Светската премиера на „Одисеја“ (The Odyssey) на Кристофер Нолан помина со исклучително позитивни реакции и силен медиумски интерес. Премиерните проекции во Лондон и во Њујорк собраа голем број филмски критичари, а првите впечатоци ја опишуваат како едно од најамбициозните и визуелно најимпресивните остварувања во кариерата на Нолан. За лондонскиот настан, Јуниверзал изгради огромен Тројански коњ, висок околу 11 метри и тежок речиси 4 тони, ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа направи еден гаф или погрешно тврдење кога зборувајќи за начинот на гласањето на дијаспората рече дека „е чудно што кај нас на локални избори гласа дијаспората, тоа е непознат феномен“. Ова тврдење на Сиљановска што го изнесе во интервју за Канал 5 не е точно, а уште повеќе тоа не е„непознат феномен“. Според законот дијаспората не гласа на локалните избори во странство, туку оние макдеонски ...

Културните размени создаваат односи што траат многу подолго од една претстава или еден фестивал. Тие се можност подобро да се запознаеме со културата на другиот, да размениме идеи и да изградиме заемна доверба. Особено е важно што Охридско лето претставува место на средба на уметници од разни земји и навистина сум среќна што Грција учествува со оваа претстава – вели за МИА кореографката и уметничка директорка на церемониите на палењето и ...

Европската унија располага со механизми преку кои може да спречи блокади засновани на идентитетски прашања, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. Таа пак нагласи дека Македонија се залага за решение што би ја спречило билатерализацијата на евроинтегративниот процес и повтори дека нема сигурност за ново вето од земја членка. Како и премиерот претседателката вели дека дека Унијата може да ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, објави на Фејсбук што зборувал на конференцијата во Вашингтон за борба против политичкиот тероризам. Тој рекол дека политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во заедничката безбедносна архитектура и современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото. Во говорот на отворањето на конференцијата ...

Париз – Францускиот претседател Емануел Макрон им оддаде почит на пет големи личности во меѓународниот филм на церемонија одржана во Елисејската палата во Париз . Основачот и извршен директор на Illumination, Крис Меледандри, продуцентот зад филмовите „Грозлив јас“ и „Минионс“ – анимираната франшиза со најголема заработка на сите времиња, со повеќе од 5,7 милијарди долари на глобалните бокс-офиси; креаторот на „Војна на ѕвездите“ и „Индијана ...

Државниот Архив – одделение во Битола и НУ Центар за култура, во рамки на фестивалот „Илинденски денови“, синоќа во битолскиот безистен промовираа изложба на стари фотографии „Од Ат Пазар до Дрвен Пазар“, кои потсетуваат на некогашните големи пазари во овој град Ат Пазар, Житни Пазар, Мас Пазар, Ленски Пазар, Пекмез Пазар и Дрвен Пазар. Во изјава за медиумите, директорот на Државен Архив, Димитар Богески истакна дека е горд на културно ...

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само втор официјален натпревар меѓу двете репрезентации во историјата. Единствениот натпревар досега беше одигран во Бирмингем во групната на Светското првенство во 1966 година, кога Аргентина победи со 2-1. Аргентинците и Шпанците одиграа 13 пријателски натпревари, на кои Аргентина победи шест пати, Шпанија пет пати, а два натпревари ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
48%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
55%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
54%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.8
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.75
46%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.14
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
5.81
54%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Платина

56135.20

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Бакар

13.51

Калај

56.46

Сребро

1994.05

Злато

136962.18