Повеќе од 250 доброволни пожарникари од сите активни доброволни противпожарни друштва во државата учествуваа на постројување што се одржа на пистата во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што соопштуваат од ДЗС, со постројувањето било утврдена реалната бројка на доброволни пожарникари кои се подготвени организирано да се вклучат во гаснењето на летните пожари на ...

Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле 24-годишниот косовски државјанин Р.Е. Претходно, на граничниот ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески ги поздрави студентите практиканти кои почнуваат со практична работа во институцијата посакувајќи им успешен почеток и можност за стекнување нови знаења и практични искуства. Како што информира Кабинетот на Славески, средбата се одржа во Музејот на Народната банка, во годината кога се одбележуваат 80 години централно банкарство – јубилеј што го отсликува долгогодишниот придонес на институцијата ...

Од почетокот на јули во земјава потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментов според АХВ има вкупно 17 потврдени жаришта со заболнени над 2700 животни. Болеста е ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил сериозни слабости во финансиското управување и работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година, поради што изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива. Ревизијата констатирала дека претпријатието несоодветно ја евидентирало опремата и градежните објекти, меѓу кои паркомати, монтажни ...

Со истекот на рокот за донесување на новиот Изборен законик, власта повторно ја убедува јавноста дека Македонија изгубила околу 4 милиони евра европски средства поради Левица. Но, целосно се премолчува една многу поважна последица од пропаѓањето на реформата. Со тоа што останува во сила постојниот Изборен законик, повторно останува и системот на платено политичко рекламирање, преку кој најголемите политички партии ќе поделат околу 10 милиони ...

Извонредните македонско-кинески пријателски односи и културната соработка меѓу Кина и Македонија беа потврдени и синоќа со спектакуларниот концерт на Симфонискиот оркестар „Нингбо“ кој настапи на 66. Издание на фестивалот „Охридско лето“. Кинеската вечер на сцената „Долни Сарај“започна со интонирање на македонската а потоа и на кинеската химна, а поздравен говор имаше амбасадорката на Народна Република Кина, Н.Е. Џијанг Сјаојан која упати ...

Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „4“ во Бардовци, од 9:10 часот прекинато е водоснабдувањето за корисниците од оваа улица, соопштија утрово од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Во соопштението се додава дека засегнатите ќе останат без вода за пиење сѐ до завршување на работните активности. Поради уличен дефект на водоводна цевка на улицата „4“ во Бардовци, од 9:10 часот прекинато е водоснабдувањето ...

Музичката програма на годинешното 66. Издание на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на италијанското „Кимера“ трио, со уметниците Марта Черета на пијано, Стефано Ракањи на виолина и виолончелистот Џорџо Лукини. Триото „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ ...

Опозициската СДСМ во соопштение до медиумите обвини дека поради политиките на владејачката ВМРО-ДПМНЕ државата губи милијарди евра. „ВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра“, се вели во соопштението од СДСМ. Од СДСМ додаваат дека со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се ...

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн рече дека се чувствува ужасно по поразот во полуфиналето од Аргентина со 2-1 и неуспехот да се пласираат во финалето на Светското првенство, кое Англичаните го чекаат од 1966 година. „Чувството е ужасно, не бевме доволно добри за ова ниво“, изјави Кејн по натпреварот што синоќа се одигра во Атланта. Англија водеше до 85. минута, но Аргентинците го свртеа резултатот во своја корист во ...

Американската администрација воведе дополнителни царини од 25 отсто за низа производи од Бразил, по истрага што ја спроведе Канцеларијата на трговскиот претставник на Белата куќа. Мерките ќе стапат во сила на 22 јули. Од царините ќе бидат изземени одредени производи што не се произведуваат во САД, како и стоки чие оданочување би можело да влијае врз американските синџири на снабдување во националната економија. Вашингтон наведе дека ...

Во сообраќајна несреќа на Халкидики при директен судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство од Молдавија, животот го загубија мајка, татко и шестмесечно бебе, додека другото дете е сериозно повредено, јави дописничката на МИА од Атина. Несреќата се случи вчера попладне на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос, од противпожарната служба интервенирале со осум пожарникари и три возила, а со употреба на ...

Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето. Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот на Џордан Пикфорд. Аргентинците напаѓаа од сите страни со сите орудија и откако ...

Англиските фудбалери беа неверојатно елиминирани од финалето на Светското првенство. Англија водеше против Аргентина со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го освои полуфиналето на Светското првенство со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение. Селекторот на Англија, Томас Тухел, беше разочаран по поразот. „Разочарани сме. Бевме многу блиску, но откако ...

Украинскиот главен град Киев рано утрово бил цел на масовен руски напад со балистички ракети, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Кличко на „Телеграм“ објави дека било погодено магацинско складиште во западниот дел на градот, а остатоци од соборени дронови паднале на спротивниот брег на реката Дњепар, каде избувнал пожар. Пожарот бил локализиран, а изгаснат бил и пожарот што настанал во уште едно погодено складиште во друг дел од Киев. ...

Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на ...

Економско-социјалниот совет (ЕСС) денеска треба да одржи седница. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески вчера најави дека ќе бидат разгледувани неколку точки, меѓу кои годишната програма за работата на ЕСС, а Министерството за образование ќе го презентира новиот закон за високо образование. На дневен ред не се мерките за амортизирање на состојбата со цените на храната и горивата, но, сепак, како што рече, не е исклучено да се ...

Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година. Повикот ќе биде промовиран денеска, а е наменет за компании што имаат интерес да ги ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ...

Собранието денеска треба да продолжи со работа по 111. седница. На дневен ред на седницата се Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, по скратена ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, со цел унапредување на меѓународната соработка и ...

Аргентина е во финалето на Светското првенство. Во драматично полуфинале во Атланта, ја победи Англија со 2:1 по голем пресврт во финалето. Англија водеше со голот на Ентони Гордон во 55-тата минута, но Аргентина го доби дуелот за титулата светски шампион со головите на Енцо Фернандез во 86-тата минута и Лаутаро Мартинез во втората минута од судиското продолжение. Легендарниот Лионел Меси запиша две асистенции. Аргентина ќе се обиде да ја ...

Во сообраќајна несреќа на Халкидики при судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство, животот го загубија мајка и бебе, додека таткото и другото дете се сериозно повредени, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, автомобилот бил со регистарски таблици од Молдавија. Несреќата се случила попладнево на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос. Противпожарната служба интервенирале со осум ...

Париз доживува исклучително високи температури ова лето – живата во термометарот се искачува на 40 степени Целзиусови. Затоа не е изненадувачки што неговите жители бараат освежување. До неодамна, пливањето во Сена беше многу опасно – и поради отпадните води и високата концентрација на бактерии E.coli, како и поради густиот речен сообраќај и силните струи. Од 1970-тите, Сена стана еден вид канал за отпадни води, во кој се испуштаат повеќе од ...

Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе се запази, во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември на делницата Кичево – Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. – На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година откако дојде новата Влада македонската јавност и сите кои патуваат видоа дека има голем напредок. Од ...

Британската полиција уапси маж на возраст од 20 години под сомнение дека преку социјалните мрежи му испраќал смртни закани на лидерот на партијата „Реформа Велика Британија“, Најџел Фараж, пишува денеска британскиот весник „Телеграф“. Осомничениот напишал на Икс дека ќе го застрела Фараж во главата доколку победи, што предизвика истрага. Полицијата го уапси вчера во Јужен Лондон под сомнение дека испраќал заканувачки пораки до пратеник, а по ...

Додека повеќето производители брзо се префрлаат на електрични автомобили, Porsche продолжува да ги истражува границите на моторот со внатрешно согорување. Германскиот производител поднесе патент за целосно нов W-мотор кој би можел да има дури 18 цилиндри и три турбополначи. Porsche повторно покажа дека не размислува како поголемиот дел од автомобилската индустрија. Додека конкуренцијата инвестира милијарди евра во електрификација, од ...

Авганистан доживува драматично зголемување на бројот на деца-невести и мајки. Среде длабока хуманитарна криза, сиромаштија и глад, очајни семејства ги продаваат своите деца за да обезбедат храна за остатокот од домаќинството. Истражувањето спроведено од „Гардијан“ и „Зан Тајмс“ носи шокантни признанија и податоци за тоа како враќањето на Талибанците на власт, укинувањето на правото на образование на девојчињата и драстичниот пад на ...

БИТОЛА – Лозарите денеска ги добија откупните цени на грозјето: 21,8 денари за килограм Вранец и 20 денари за килограм Смедеревка. Ова значи дека годинава цените се повисоки од лани кога доскорешниот министер Цветан Трипуновски во 2025 година рече дека се постигнати рекордни откупни цени и тоа Вранец: 21,3 денари/кг и Смедеревка: 18,9 денари/кг. Денес, веста на лозарите им ја соопшти новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски при ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.91
48%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.8
55%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.5
54%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
68%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.5
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
2.8
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
0.75
46%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.14
50%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
67%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
5.81
54%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.5
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Цинк

0.00

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Рутениум

53852.50