Репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на Светското фудбалско првенство 2026. Мечот ќе се одржи на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со почеток во 23 часот по македонско време. Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила на 10 натпревари, нерешено завршија пет средби. Гол-разликата е 72:41 во корист на Англија. Тимовите се сретнале ...

Пред финалето на Светското првенство во 2026 година против Аргентина, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека е целосно смирен пред натпреварот. -Самото стигнување до финалето е голема привилегија. Би се согласил да стигнувам до финалето на Светското првенство секоја година, дури и ако го изгубам. Но, сакаме да се бориме за победа. Ќе уживаме во овој момент. Се соочуваме со многу силен противник кој има импресивна серија. Ќе ...

Додека Светскиот куп, кој се одржува во Северна Америка, се ближи кон крајот, американскиот претседател Доналд Трамп ја изрази својата желба САД да бидат домаќини на уште едно Светско првенство во блиска иднина – на прием во Њујорк пред финалето во недела. „Треба повторно да ги изберете Соединетите Американски Држави“, рече Трамп на прием во Трамп Тауер. „Но, овој пат ќе ги изоставиме како домаќини Канада и Мексико“. САД беа домаќини на 78 ...

САД ја завршија седмата ноќ по ред напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ, а иранската војска во саботата соопшти дека погодила воени цели во Кувајт и Јордан како одговор на американските напади врз нејзина територија, објави државната телевизија. Иранските сили соопштија дека ги нападнале воениот камп Ал-Адири и базата Али Ал-Салем во Кувајт, како и воздухопловната база Ал-Азрак во источен Јордан, објави државната телевизија на Телеграм. ...

Концерт на Аматерскиот женски хор „Фрида од Македонија“ насловен „Пеам – значи живеам“ ќе се одржи утре вечер со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје, во рамки на Скопско лето. Настанот претставува целовечерен концерт на првата (најискусна) група на а.ж.х. Фрида од Македонија, составена од искусни, долгогодишни хористки на кои музиката им е повеќе од хоби и пасија. Нивната љубов кон пеењето е идентична со љубовта кон животот. На ...

Самостојната изложба „Дијаграми на отелотворување“ на уметникот Иванчо Талевски ќе биде отворена вечер во Куќата на Робевци (НУ Завод и Музеј – Охрид). Ова е прва самостојна изложба на авторот во Охрид. Почнувајќи од 2015 година, за време на честите патувања на релација Битола – Филаделфија, авторот Иванчо Талевски преку своите цртежи ги бележи времето и просторот, реагирајќи на различни искуства, општествени процеси, феномени, случки и ...

Националниот џез оркестар денеска ќе настапи на AirBeat Festival #LULUfest во Корча, Албанија, каде ќе биде дел од главната фестивалска програма што ќе се одржи во Старата чаршија. AirBeat фестивал обединува уметници од различни земји и култури, создавајќи простор за музичка размена, нови соработки и заеднички креативни проекти. На главната фестивалска вечер, под диригентската палка на Џијан Емин, Националниот џез оркестар ќе се претстави ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до ...

Претседателот Володимир Зеленски најави нови „санкции од долг дострел“ против Русија. Според него, силите на Безбедносната служба на Украина (СБУ) уништиле стратешки бомбардер „Ту-95“ кој бил вклучен во напади на украинска територија. Авионот се наоѓал во градот Енгелс во Саратовската област, на 800 км од границата. Зеленски, исто така, извести за напади на украинските вооружени сили врз „објекти на руската нафтена индустрија и одредени цели ...

Ерлинг Халанд успешно ја предводеше Норвешка на Мундијалот и ја потврди својата добра форма. Тој останува дел од Манчестер Сити и во следната сезона, но дел од неговите планови е и трансфер во друг клуб. Според француски „Спорт“, Халанд е подготвен за премин во Реал Мадрид. Информациите стигнуваат и од експертот за фудбалски трансфери Фабрицио Романо, кој појаснува дека трансфер е возможен, но не во овој преоден рок. Врската меѓу Халанд и ...

Здравствената екипа од службата за Итна медицинска помош во Велес денеска изврши летни бесплатни здравствени прегледи на отворено со граѓаните на плоштадот С’рмаале, на пункт поставен под сенките на повеќевековниот јавор. Како што информираат од ЈЗУ Здравствен дом, за два часа биле измерени гликемија и крвен притисок на вкупно 122 велешани од тоа за гликемија на 81 а крвен притисок на 41 граѓанин. Од нив 70 биле мажи и 52 жени, случајни ...

Пеј во мене, Музо, за епска приказна и легендарен режисер кои ги освојуваат кино благајните. Да, цела година откако билетите за прв пат беа пуштени во продажба, „Одисеја“ на режисерот Кристофер Нолан конечно е тука. Грчкиот еп, новиот филм на Нолан кој освои Оскар за најдобар филм за „Опенхајмер“, заработи огромни 17,6 милиони долари во претпремиерите на кино благајните. Тоа е најдобриот резултат за претпремиери во годината, надминувајќи ги ...

Љубљана – На 9 ноември, Боб Дилан ќе пристигне во Арената Стожице во Љубљана, единаесет години по неговиот последен настап во Словенија. Дилан настапи во Љубљана четири пати, во 1991, 1999, 2010 година и последниот пат во 2015 година, исто така во Стожице, кога го претстави албумот „Shadows in the Night“. Овој пат доаѓа со материјал од албумот од 2020 година „Rough and Rowdy Ways“, по кој е именувана и турнејата. Синглови како „Murder Most ...

Вашингтон – Големи облаци чад од шумските пожари што беснеат низ Канада предизвикуваат влошување на квалитетот на воздухот во големи делови од Канада и во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави, покажуваат податоците на Службата за следење на атмосферата „Коперник“ . Како што соопштуваат од Центарот за односи со јавност на „Коперник“, предупредувања за исклучително лош квалитет на воздухот се издадени во градови како Њујорк и ...

Ѕвездата на „Невозможна мисија“, Том Круз, го гледаше „Одисеја“, објавувајќи на социјалните мрежи за да зборува за најновиот епски фантастичен акционен филм на Кристофер Нолан. Круз претходно го гледаше и го пофали филмот на Нолан „Тенет“ во екот на пандемијата COVID-19. Пред неговото објавување, рецензиите за „Одисеја“ поставија нов рекорд за филмографијата на Нолан. Што рече Том Круз за „Одисеја“? Познат по тоа што се залага за големи ...

Кина денес протестираше поради одлуката на Велика Британија да ја национализира „Бритиш Стил“, која до неодамна беше во сопственост на кинескиот „Џингје“, повикувајќи ја владата во Лондон да обезбеди фер третман на кинеските компании во Велика Британија. Кина остро се спротивставува на одлуката на Велика Британија да ја национализира „Бритиш Стил“, соопшти Пекинг. Британската страна „насилно“ ја презеде компанијата и „го игнорираше“ ...

Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат како „Хотел Изгрев“, со која обвинетите беа ослободени од вина, а се преиначи во делот од пресудата кој веќе е застарен на начин што е донесена одбивателна пресуда. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Апелација одлучувала по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против ...

Делото „Magna Mater“ на светски познатиот уметник Синиша Кашавелски од денеска е дел од престижната International ARC Salon Exhibition, која се одржува во Sotheby’s New York и ќе трае до 27 јули. Како што денеска објави на социјалните мрежи, самиот автор изложбата претставува речиси 100 наградени дела од 20 држави, избрани меѓу повеќе од 8.500 пријавени дела од речиси 90 земји. – Денес, 17 јули 2026 година, официјално се отвора ...

По успешната премиера во рамките на 66.Охридско лето, НУ Народен театар Битола, се подготвува за гостувањето во Италија, каде на 21. јули, во рамките на „Shakespeare Fringe Festival“ во Верона, ќе ја има светската фестивалска премиера на претставата „Кориолан“, во режија на Џон Блондел. Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и ...

Лондон – Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е продаден за 4,88 милиони долари на аукција во „Сотби“. Бразил во финалето го совлада домаќинот Шведска со 5-2, а тогаш 17-годишниот Пеле постигна два гола и ја освои првата од трите светски титули во својата кариера. Пеле по финалниот натпревар одигран на 29 јуни 1958 во Стокхолм му го подари дресот на соиграчот Диди, кој ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. – По добиено известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен ...

Ео извештајот за владеењето на правото во Бугарија, што го објави денес Европската комисија, стои дека пресуда изречена од Судот за човекови права во Стразбур Софија ја спровела дури по 20 години, аво просек за секоја од нив и требале над седум години? Тоа значи дека ако Стразбур сега реши да донесе одлука Бугарија да го признае македонското малцинство, оваа владеечка гарнитура кај нас нема ни да постои кога ќе се случи тоа, а прашање е дали ...

Руските сили во Украина во голема мера престанаа да користат оклопни возила во последните месеци и се префрлија на пешадиски напади низ „сивата зона“, која постојано се следи од дронови. И токму затоа, како што пишува аналитичарот и новинар на „Евромајдан прес“, Дејвид Аксе, она што се случи на 8 јули – или непосредно пред тој датум – е толку тешко да се објасни. Имено, иако руските команданти веќе заклучија дека возилата се премногу лесни ...

Довербата на граѓаните во судството значително паднала оваа година во споредба со минатата , односно од 28 отсто во 2025 година стигнала до 26 отсто годинава, стои во годишниот извештај на Европската комисија за владењето на правото во Македонија. Она што е поважно е дека главната причина за тоа е перцепцијата дека има мешање и притисок од страна на Владата и политичарите во независноста на правосудството , и тоа не само кај граѓаните туку и ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека го истражува инцидентот во кој аргентинските фудбалери развиорија транспарент на теренот по полуфиналето на Светското првенство во 2026 година, на кој беше напишано „Фолкландските острови се Аргентински“. По триумфот од 2-1 над Англија, аргентинските фудбалери позираа со транспарентот со порала „Las Malvinas son Argentinas“ (Фолкландските Острови се Аргентински), што предизвика ...

Енди Бернам се изјасни дека е подготвен да „ја победи новата британска десница“ со свеж, обединет пристап, откако стана лидер на Лабуристичката партија пред да ја преземе функцијата британски премиер в понеделник. Поранешниот градоначалник на Голем Манчестер ја доби огромната поддршка од пратениците, синдикатите и партиските ограноци, што го прави единствен избор да ја преземе функцијата од Кир Стармер. На специјалната партиска конференција ...

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера кај гевгелиско Мрзенци е пронајден починат мигрант од Пакистан. -Вчера на место викано „Мрзенско поле“, во атар на село Мрзенци, гевгелиско, бил пронајден починат мигрант А.М.. Според пријавеното, околу 11:52 часот, мигранти од Пакистан преку мобилен телефон побарале помош, а по пристигнувањето на местото, полициските службеници затекнале тројца мигранти кои не поседувале лични ...

Ослободителните пресуди за „Талир 2“ го заплеткуваат судството и обвинителството во нов јазол. А него изгледа дополнително го стега државниот обвинител Ненад Савески. Поранешната обвинителка Ленче Ристоска денеска брзо реагираше на тврдењата на Савески за предметот „Талир 2“, откако ѝ го одзеде предметот на Ристоска имал намера пак да ѝ го врати ако не поднела оставка како обвинителка. „Тоа не точно“, напиша Ристоска на Фејсбук. Таа вели ...

Македонскиот игран филм „17“, долгометражно деби на режисерката Косара Митиќ, ја освои наградата „GWFF“ за најдобар меѓународен дебитантски филм на 43. издание на Филмскиот фестивал во Ерусалим. Како што стои во соопштението на продукцијата, наградата била врачена на свечената церемонија одржана синоќа во Ерусалимската кинотека, а за победникот одлучувало меѓународно жири составено од актерката Корина Харфух, продуцентот Марк-Беноа Креансие и ...

Лепа Брена (65) и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ (63) уживаат ова лето на новата луксузна јахта „Лејди Б“. Двојката моментално е на одмор во Црна Гора, а импресивниот брод привлекува внимание во секоја марина каде што се појавува, објавува Net.hr. „Лејди Б“ има две палуби и е уредена како луксузен апартман на море. Точната вредност на јахтата не е позната, но тоа е уште една вредна инвестиција од добро позната двојка, која со ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.8
46%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
3.13
72%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.86
50%
1014
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.09
48%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.3
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.69
80%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
0.89
49%
1009
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
44%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.07
49%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
5.36
64%
1012
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
51%
1013
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
2.85
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Калај

56.46

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05

Иридиум

252383.36

Злато

136962.18

Родиум

274085.11

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50