Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Основниот Кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот “Талир 2”, за пречекорување на службени овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска, во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. -Иако беа направени измени на ...
Разликата во поддршката за партијата Тиса и Фидес во Унгарија се зголеми уште повеќе, при што 67 проценти од вкупното население велат дека „работите одат во вистинската насока“ во земјата, според анкетата спроведена во јуни од „Медијан“ за магазинот ХВГ. Според анкетата, Тиса има поддршка од 60 проценти кај вкупното население, а Фидес само 18 проценти. Иако Виктор Орбан не присуствуваше на демонстрациите организирани во поддршка на ...
Демократската унија за интеграција најостро го осудува продолжувањето на, како што оценуваат, политичкото заробување на Македонската радио-телевизија од страна на коалицијата ВМРО-ВЛЕН, процес што го уништува јавниот, професионалниот и мултиетничкиот карактер на оваа институција. „Скандалот кулминираше вчера со именувањето на заменик-генерален директор, лице кое не ги исполнува законските услови и критериумите утврдени во јавниот конкурс. ...
Законските измени од денес стапуваат на сила со новите, построги правила за управување со електрични тротинети. Според измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата., електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето ...
Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. „Илинден“ (зад бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). – Во таа насока, ги информираме граѓаните дека можат самите да го одложат кабастиот отпад (од 07 до 19 часот, секој ден во неделата), во којшто ...
Норвешката репрезентација, која загуби во четвртфиналето на Светското првенство, пристигна дома во понеделник со раскошен пречек, но Ерлинг Халанд повторно привлече најголемо внимание откако излезе од авионот што го носеше тимот на аеродромот во Осло со плишан ракун во рацете. 25-годишниот норвешки напаѓач природно објави за специјалниот придружник на Инстаграм, пишувајќи: „Ме следеше цел пат до дома“. Ракунот не дојде ниту со празни раце, ...
Хари Кејн ќе се обиде да ја одведе Англија до финалето на Светското првенство против Аргентина, а во обидот да ги нокаутира бранителите на титулата, може да му користи совет од нивната најголема легенда. Имено, Диего Марадона му понудил на капитенот на Англија неколку совети за шутирање пред девет години за да му помогне да го достигне врвот на својата игра, пишува Дејли Меил. Средба на Вембли во 2017 година Кејн се сретнал со аргентинската ...
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова, како покровител на „Охридско лето“ не привлекува внимание на меѓународниот културен фестивал само со романтичарското обраќање, туку и со модниот избор. Нејзиниот стајлинг се издвојува по впечатлива палета на силни бои и волуминозна силуета, создавајќи изглед што лесно го привлекува погледот. Каква порака испраќа со впечатливиот избор на тоалета, годинава во џиш розева, лани во металик зелена? Во ...
Левица ја турка агендата на премиерот Христијан Мицкоски, а сака да создаде привид дека се бори за опозициско единство, соопшти денеска СДСМ. Партијата неа зошто да се усогласува со Левица затоа што има своја изградена позиција. „Ние нема да прифатиме предлози кои отвораат простор за изборна кражба, особено кога станува збор за гласањето на дијаспората и за модели кои фаворизираат една партија на сметка на фер и транспарентни избори. ...
Левица преку соопштение обвини дека бегството на Александар Лазаров – „Цуната“, по кого Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница, претставува уште еден доказ за нефункционалноста на институциите и побара политичка одговорност. Од партијата посочуваат дека станува збор за лице кое, според сведочења во судската постапка за трагедијата во дискотеката „Пулс“, било посочено како добро позната криминална фигура што продавала ...
Светскот првенство стигна до финалето. По 100 натпревари, само четири екипи остануваат во борбата за титулата, а до крајот на турнирот остануваат само четири натпревари. Франција и Шпанија и Англија и Аргентина ќе се сретнат во полуфиналето, а цените на билетите за финалните натпревари достигнаа астрономски износи. Во полуфиналето ќе се соочат Франција и Шпанија, чиј натпревар е закажан за вторник во Далас, и Англија и Аргентина, кои играат ...
Претседателот Трамп вели дека Америка ќе биде надоместена од земјите богати со нафта од Блискиот Исток како Катар, ОАЕ, Кувајт, Бахреин и Саудиска Арабија за одбраната на Ормутскиот теснец. „Сакам да ми бидат вратени парите затоа што заштитуваме многу богат дел од светот. Трошиме пари, па затоа она што го направивме е да ни бидат вратени парите за заштита“, рече Трамп. Бразилскиот претседател Инацио Лула реагираше на ваквата најава ...
Под Владимир Путин, кој ги прекина врските со Западот, Русија стана полноправен помлад партнер на Кина, која, иако претпазливо и дискретно, ја манипулира во своја корист. Во исто време, Пекинг тивко ги негува односите со руската владејачка класа, протегајќи се надвор од Путин и неговиот внатрешен круг, според „Волстрит џoрнал“, врз основа на интервјуа со функционери од двете земји и аналитичари. Кинезите ги зајакнуваат врските со функционери ...
Општинското кривично државно обвинителство во Загреб поднесе обвинение против 58-годишен државјанин на Северна Македонија, кој е обвинет дека лажно претставувајќи се како лекар, измамил шест лица за вкупен износ од 41.400 евра. Ова е продолжение на случајот што го објави државното обвинителство (ДОРХ) на 24 април оваа година, пренесува Индекс.хр. Според обвинението, обвинетиот ги извршил кривичните дела во текот на јуни и јули 2025 година во ...
Дел од Прилеп на 14 и 15 јули ќе има нарушено водоснабдување поради голем дефект на примарната водоводна линија на улицата „Леце Котески“. Екипите на ЈКП „Водовод и канализација“ работат на санација, но поради обемот и сложеноста на интервенцијата, нормализирањето на снабдувањето не се очекува веднаш. Дефектот настанал во раните утрински часови во понеделникот, кога пукнала главната водоводна цевка во близина на Територијалната противпожарна ...
Црногорски државјанин е лишен од слобода откако на автопатот А1 кај селото Милетково, гевгелиско, управувал автомобил со брзина од 205 километри на час, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, на 13 јули во 11:09 часот, полициски службеници од ОВР Гевгелија при контрола на сообраќајот со радар утврдиле дека Д.Б. (36) од Црна Гора управувал патничко возило „БМВ“ со црногорски регистарски ознаки со брзина од 205 километри на ...
„Одисеја“ е само неколку дена од пристигнувањето во кината, а неговата прес-турнеја веќе создаде многу модни наслови. Грчкиот стил е неофицијален кодекс на облекување за ѕвездите што го промовираат филмот, вклучувајќи ја и Шарлиз Терон, која носеше Диор, Живанши и Том Форд, меѓу другите дизајнери, во текот на целата турнеја. Но, надвор од митолошкиот наклон на црвениот тепих и гардеробата за фотосесии на Терон од „Одисеја“, што ако имаше ...
Во ноќта на 14 јули, украински дронови го погодија еден од најголемите руски петрохемиски комплекси, „Гаспромнефтехим Салават“, во Башкортостан, објавија украинските мониторинг канали. Според објавените снимки, избувнал пожар во објектот, кој се наоѓа на 1.500 км од украинската граница. Ова го потврдува и „Астра“, која прегледала видео снимки од очевидци кои пријавиле „бројни дојдовни напади“ и облак од црн чад тоа утро. Според украинскиот ...
Европската Унија ја засилува поддршката за домашното производство на критични минерали, оценувајќи дека без нови рударски инвестиции нема да може да ги исполни целите на зелената и индустриската транзиција. Од Euromines предупредуваат дека зависноста од увоз претставува стратешки ризик за европската економија. Македонија, иако располага со значајни резерви на бакар во Иловица, сè уште не го користи овој потенцијал. Проектот, вреден околу 350 ...
Полицијата во Пула привела 54-годишен државјанин на Северна Македонија осомничен за обид за убиство на 48-годишен државјанин на Србија. Според нив, нападот со нож се случил во понеделник во раните утрински часови на брод во Медулин. Според полицискиот извештај, мажот е осомничен дека зел нож и го замавнал кон главата и стомакот на 48-годишникот на 13 јули околу 2:30 часот наутро додека се возеле на брод. За да спречи повреда на стомакот, ...
Апелацискиот суд во Битола донесе пресуда со која ја одби како неоснована жалбата на претседателот на избришаното здружение Културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, Љупчо Ѓоргиевски, откако Основниот суд му изрече условна казна затвор од една година со рок на проверка од две години. Судењето против битолчанецот Љупчо Ѓоргиевски го покрена Основното јавно обвинителство Битола за кривични дела поврзани со предизвикување национална и расна ...
Македонскиот првак Вардар со два гола негатива денеска му гостува на фински Купс во реванш натпревар од воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони (ЛШ). На својот прв натпревар откако по пауза од осум години се врати во европските клупски натпреварувања, Вардар минатата недела во Скопје беше поразен од финскиот шампион со 2-0 и ќе има тешка задача да ја надомести негативата на реваншот во Куопио. Тренерот на Вардар, Кристијан ...
Првата театарска премиера на „Охридско лето“, драмата „Татко“, од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“ донесе извонредна актерска игра. Претставата е во продукција на „ Театарот на еден актер“. Сценографијата ја изработи Енес Деари, а костимограф е Изет Цури. Големиот бард во македонското глумиште, Бајруш Мјаку со овој театарски проект го заокружува своето 53-годишно патување во светот на ...
Годинешното јубилејно 20-тото издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ се отвора во Хераклеја со спектакуларниот настап на ансамблот „10-те бузуки на Домна“ од Грција. Под ѕвезденото небо на Античкиот театар, публиката ќе ужива во уникатен музички спој на традиција, емоција и виртуозност, преку звуците на 10 бузуки, гитара, контрабас и впечатливи вокални изведби како и танцувачка група. „10-те Бузуки на ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, беше принуден да ѝ објасни на јавноста зошто Доналд Трамп отсуствува од трибините на Светското првенство. Досега се одиграни 100 од 104 натпревари од најголемиот меѓународен турнир, а американскиот претседател сè уште не присуствувал на ниту еден од водечките натпревари во сопствената земја. Ова изгледа чудно, па дури и сомнително, со оглед на активната улога на Белата куќа во организирањето на ...
Домашната е-трговија продолжува да расте: 156 милиони евра потрошени кај македонските е-продавници во првиот квартал од 2026, се вели во соопштението од АЕТМ, кое се темели на податоците на Народната банка на Македонија. Според најновите податоци на НБРСМ за трансакции на места на продажба за е-трговија (без трансакциите со електронски пари), во првиот квартал од 2026 година вкупната вредност на онлајн трансакциите достигнала 16,355.96 ...
Група од 12 американски сојузни држави предводени од Калифорнија, вчера започна постапка против спојувањето на Ворнер брос дискавери и Парамаунт скајденс, вредно 81 милијарда долари. „Планираното спојување би ја нарушило конкуренцијата во Холивуд и би довело до отпуштања во американската филмска индустрија, се наведува во тужбата“ Во тек на судската постапка, се очекува договор меѓу засегнатите страни. Во спротивно, судот ќе побара ...
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против три физички лица, како и против правно лице, поради сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик. Според информациите од Финансиската полиција, пријавените – управители и сопственици на правното лице, во текот на април 2024 година договориле и реализирале продажба на производна линија за кабли во ...
Бугарската национална телевизија (БНТ) објави дека Софија и Бургас се во потесен избор за домаќини на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година, елиминирајќи ги Пловдив и Варна, кои исто така беа во трка за домаќини на популарниот музички натпревар. Одлуката беше донесена по оценувањето на кандидатурите на четирите градови. Градовите беа оценети според голем број критериуми, вклучувајќи инфраструктура на местата, пристапност, ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...