Новозеландскиот актер Сем Нил, познат по улогите во „Паркот Јура“ и „Пијано“, почина на 78-годишна возраст. Неговото семејство соопшти дека заминал опкружен со најблиските, со достоинството што го красеше низ целиот живот. Сем Нил почина во Австралија по повеќедецениска кариера исполнета со филмски и телевизиски улоги. Актерот остана најпознат по ликот на д-р Алан Грант во култниот филм „Паркот Јура“ од 1993 година, кој го прослави низ ...

Германија финансира набавка на 50 илјади офанзивни беспилотни летала за Украина, што претставува една од најголемите познати набавки на дронови за Киев спроведени досега од некоја западна држава. Нарачката се однесува на дроновите од типот „Shrike FPV“, произведени од украинската компанија „SkyFall“, со софтвер на американската одбранбено-технолошка компанија „Auterion“. Софтверот овозможува автономно следење и таргетирање подвижни цели во ...

Целосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловки, кој денеска беше на увид во градежните работи во касарната „Ќојлија“. – Во „Ќојлија“ целосно се реконструира нов објект, во кој вложуваме над 10 милиони денари. Во текот на оваа година реализираме ...

Ракометниот клуб Пролет 62 соопшти денеска дека од финансиски причини се повлекува од натпреварување во македонската Суперлига за претстојната сезона. Скопскиот клуб, кој изминатите години настапуваше во суперлигашката конкуренција под името РК Тинекс Пролет како причина за одлуката го наведе „повлекувањето на генералниот спонзор“. „Поради завршувањето на договорот со нашиот долгогодишен и ценет генерален спонзор, донесовме тешка, но ...

Цените на нафтата нагло пораснаа, а азиските берзи претежно паднаа по новите воздушни напади на САД врз Иран и одговорот на Иран – објавија американските медиуми. Цената на нафтата на брендот „Брент“ од Северното Море се зголеми за 4,7 проценти, на 79,59 долари за барел, а американската сурова нафта WTI доби 4,8 проценти, на 74,85 долари за барел. Цените на нафтата претходно се вратија на приближно предвоените нивоа откако двете страни ...

„Спејс-Икс“ (SpaceX) на Елон Маск штотуку поднесе барање до Федералната комисија за комуникации на САД (ФКК) за управување со мрежа од 100.000 „Ген-3“ сателити (Gen3) во Ниската орбита на Земјата. Ова, според астрономот и следач на сателитите, Џонатан Мекдауел, ова, веројатно, ќе биде ажурирана верзија на широкопојасната сателитска мрежа „Старлинк“ на „Спејс-Икс“. Новиот план драстично би го проширил веќе масовното орбитално присуство на ...

Руската Федералната служба за безбедност (ФСС) денеска соопшти дека спречила серија планирани украински напади со беспилотни летала врз две руски воени воздухопловни бази длабоко во територијата на земјата. Според соопштението на руската служба за безбедност, украинските разузнавачки структури наводно планирале напади врз воздухопловната база „Украинка“ во далечниот исток на Русија, во Амурската област, како и врз базата „Шагол“ во ...

СДСМ повторно реагира за блокираната евроинтеграција на Македонија порачувајќи дека изолацијата не е „достоинство“. „Достоинството не се гради со празни фрижидери, со реформи кои не постојат и со европски пат кој е целосно запрен“, се вели во соопштението од СДСМ. Според нив, Мицкоски ветуваше подобри преговарачки позиции со Европа, а две години подоцна резултатот е јасен: целосна блокада, нула поместување и длабока изолација.Ова не е ...

Приведен е скопјанец, кој со нож го убил својот татко, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа околу 23 часот во Скопје, на територија на ПС – Бит Пазар, полициски службеници го лишија од слобода Б.Џ., 31-годишен скопјанец, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л., 52-годишен скопјанец. Според пријавеното, синоќа околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на најновата ранг листа на ВТА објавена денеска и се наоѓа на 208. место со 367. бодови. Ѓорческа напредуваше 14. позиции поради нејзиниот одличен настап на овогодишниот грен слем турнир во Вимблдон. Триесетиедногодишната Ѓорческа успешно ги мина трите квалификациски рунди и стана првата македонска тенисерка со настап на грен слем турнир, пред да биде поразена во првото коло од ...

До крајниот рок за доставување на номинациите (1 јули 2026), пристигнаа 24 дела во превод на македонски јазик, како во печатен така и во електронски формат. Во конкуренција за наградата се 27 македонски преведувачи. Книгите се објавени од 9 издавачки куќи, а преводите се направени од 12 различни јазици. Опфатени се дела (самостојни книги или избори од творештвата) на 22 странски автори, а кога ќе се земат предвид и двете антологии, вкупно се ...

По самитот на НАТО во Турција, унгарскиот премиер Петер Маѓар го продолжи престојот и отиде на четиридневен одмор во Анталија со своите два сина. Тој објави видеа од возење џет-ски, спуштање по водни тобогани и одење по плажа на социјалните мрежи, велејќи им на критичарите дека целиот одмор го платил со свои пари. Пред самитот, Маѓар го обиколи Истанбул и ја посети Спомен-куќата на Имре Токоли во Коџаели, нагласувајќи го своето почитување кон ...

Шведската европратеничка Абир Ал-Сахлани поднесе полициска пријава против својот дански колега Кристофер Сторм, обвинувајќи го за расизам и говор на омраза откако таа беше цел на социјалните медиуми поради осудата на антиимигрантските скандирања во Европскиот парламент. Пријавата беше поднесена до шведската полиција минатата недела и се однесува на настаните по гласањето минатиот месец за предлогот за зголемување на депортациите од Европската ...

Откако Светското првенство 2026 чиј домаќини се САД, Мексико и Канада ќе заврши, ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите опции за евентуално проширување на форматот на мундијалскиот турнир во иднина, најави синоќа претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино. На тековното Светско првенство прв пат во историјата учествуваат 48 репрезентации, а веќе се шпекулира за можно проширување на форматот со 64 земји. „Ова се ...

Три лица загинаа, а петмина се повредени во украински напад со беспилотно летало врз Московската област, соопшти регионалниот гувернер, Андреј Воробјов. Воробјов изјави дека жртвите се последица на пад на дрон, додавајќи дека во текот на ноќта руските единици за радиоелектронска борба и противвоздушна одбрана собориле 81 беспилотно летало над регионот. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека руските вооружени сили во текот ...

Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес – 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, додека по 1 литар на метар ...

На програмата на годинешното 66. издание на Фестивалот „Охридско лето“ вечерва е премиерната изведба на пртеставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во продукција на „Театарот на еден актер“ од Скопје. Продукцијата „Театарот на еден актер“ – Скопје, како продолжение на продукцијата „Театар и филм – БМ“, основана во 2001 година од Бајруш Мјаку, има реализирано претстави со висок уметнички квалитет, како што се: „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, ...

Бројот бродови што вчера поминале низ Ормуската Теснина опаднал на ниво најниско во последните неколку недели, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај, во мигови кога новите напади меѓу САД и Иран и инцидентите со бродови во регионот ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на тој стратешки пловен коридор. Според податоците од службите за следење на пловидбата, низ теснината вчера поминале само шест бродови, што е најмал број во ...

Најмалку 4.490 лица загинале во двата разорни земјотреси што минатиот месец ја потресоа Венецуела, соопшти претседателот на Националното собрание Хорхе Родригес. Бројот на жртвите продолжува да расте повеќе од две недели по силните потреси. Само ден претходно, официјалниот број загинати изнесуваше 4.333 лица. Родригес, брат на привремената претседателка на Венецуела Делси Родригес, соопшти преку платформата „Икс“ дека во 108-те отворени ...

Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во ноќен клуб во Бангкок, пред пожарникарите да успеат да го стават пламенот под контрола. Пожарот бил пријавен околу полноќ. Снимките објавени од спасувачките екипи покажуваат пламени јазици како излегуваат од влезот на објектот во северниот дел на тајландската престолнина, додека луѓе се обидуваат да избегаат, а густ црн чад се шири над зградата. Премиерот на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, ...

Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со ...

Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...

На 1 јануари 2026 година, во ЕУ живееле 452,0 милиони жители, што е за 706 000 повеќе од претходната година. Ова е петта година по ред да има на раст на населението во ЕУ, по падот во 2021 година за време на пандемијата COVID-19. Негативниот природен прираст во ЕУ (повеќе смртни случаи отколку раѓања) што трае од 2012 година, се компензира со позитивна нето миграција, покажуваат податоците на Евростат. На 1 јануари 2026 година, населението ...

На локалитетот Аеродром, на Осоговските Планини, вчера неформална група граѓани од Кочани, љубители на автомобилизмот, организираа автомобилско шоу. На Пониква беа изложени околу 200 автомобили на сопственици од Македонија и Србија. Координаторот на настанот, Александар Митрев истакна дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството на дамите во ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Два противпожарни авиони беа итно испратени во регионот на Париз вчера откако голем пожар избувна јужно од француската престолнина, нарушувајќи го сообраќајот за време на летниот викенд за патувања и дополнително влошувајќи ја ситуацијата во регионот погоден од топлотен бран, пишува Франс24. Пожарот, опишан од властите како „многу насилен“ и „од вонредни размери“, избувна доцна попладне во огромната шума Фонтенбло, поранешно кралско ловиште ...

Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во ...

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанија нема да издава пасоши на етничките Албанци во Северна Македонија откако неговата земја ќе се приклучи на ЕУ, за разлика од она што го направи Бугарија. „Ние не сме земја што може да прави што сака, како сака, кога станува збор за прашања што се однесуваат на внатрешната хармонија на европското семејство.Бугарите го направија тоа откако станаа дел од Европската Унија, бидејќи нивниот пасош ...

Министерството за внатрешни работи ја избриша фотографијата што ја објави на Фејсбук за пронаоѓањето на романскиот државјанин на Матка. Првичната фотографија отвори сомнеж дека е направена со вештачка интелигенција, а доказ за тоа е раката поставена на ранецот на спасеното лице која не може да се поврзе со ниту еден од полициските службеници. Она што дополнително отвори сомнеж за автентичноста на фотографијата е и податокот од Центарот за ...

Ирачкиот премиер Али ал-Заиди утре ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американски дипломати за зајакнување на билатералните врски, при што се очекува за време на посетата да бидат потпишани договори за нафта и гас, соопшти денеска портпаролот на владата. Заиди ќе биде придружуван од висока делегација, наведе Хајдер ал-Абуди во соопштение што го пренесе државната Ирачка новинска агенција (ИНА). Тој додаде дека ирачкиот премиер за време ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
34%
1014
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.16
52%
1013
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.12
56%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.88
42%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
61%
1014
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 22ᴼ
0.37
73%
1017
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
0.45
45%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
30%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
43%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
52%
1014
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
2.46
100%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Бакар

13.54

Паладиум

43435.66

Рутениум

53852.50

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27

Сребро

2005.37

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Злато

137126.15

Цинк

0.00