Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Неколку големи скопски населби, како и села во околината на главниот град вечерва немаат вода во домовите поради голем дефект, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Дефектот, според соопштението, се случил на голема водоводна цевка во населбата Кисела Вода, кај поранешната фабрика ОХИС. „Поради уличен дефект со голем профил Ф-600 мм на улица „Борис Трајковски“ бб (лоциран точно пред главниот влез на поранешната фабрика ОХИС), ...
СДСМ ја обвини Левица дека повторно ја игра улогата на „сателит на Мицкоски“, откако партијата најави дека в понеделник ќе побара координативна средба на опозициските партии за Изборниот законик. Од СДСМ оценуваат дека станува збор за, како што велат, „веќе видено сценарио“ со кое, преку сателитски партии, се прави обид опозицијата да биде вовлечена во, како што наведуваат, „валканата игра“ на премиерот Христијан Мицкоски. „Прашањето е ...
Собранието утре ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори. Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Според предложените кадровски решенија: – Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде заменет од Златко Перински. ...
Повеќе од 1.300 луѓе низ Европа починаа на жешкиот почеток на летото, според Светската здравствена организација. Смртните случаи од давење се зголемија низ целиот континент, а министерката за спорт на Франција, Марина Ферари, во петокот изјави дека тоа е причина за смртта на 131 лице таму од 19 јуни. Минатата недела, главниот институт за јавно здравје на Германија објави дека земјата регистрирала најмалку 5.120 смртни случаи поврзани со ...
Русија беше принудена да го прекине превозот во Азовското Море откако 90 бродови беа цел на украински беспилотни летала за помалку од една недела. Шефот на украинските сили за беспилотни летала, Роберт Бровди, изјави во неделата дека неговите единици погодиле 10 танкери и четири фериботи преку ноќ, како и голема рафинерија за нафта во градот Сизран. Имало неколку напади врз трафостаници за електрична енергија во окупираниот Крим, додаде тој. ...
Вториот протест на ДУИ за имињата на улиците и плоштадите во Тетово не беше протест на граѓаните, туку манифестација на стравот на партијата на која ѝ истекува политичкото време, стои во соопштението на Вреди по повод протестите за одлуката на Уставниот суд да ги поништи од процедурални причини сменетите имиња на улиците. „ДУИ повеќе од две децении ја држеше локалната и централната власт. Денес, наместо да се извинува за прекршените ветувања ...
Управата за Персискиот Залив, орган што Иран го формираше за време на војната со цел воведување дигитален систем за одобрување транзит, денеска соопшти дека „поради неодамнешните илегални движења на американските воени сили во регионот, транзитот низ Ормуската Теснина во моментов не е возможен“. „Штом ќе се воспостават стабилност и мир, сите барања ќе бидат разгледани според утврдениот распоред и ќе бидат издадени потребните дозволи“, наведе ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која денеска присустуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“ нагласи дека овој настан од година в година привлекува се повеќе домашни и странски туристи и останува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. -Денеска, на „Галичка свадба“, најмладите галичани ме пречекаа со домашна нафора и сол, а потем проследив дел од свадбарските обичаи што со векови се ...
Вознемирувачки инцидент се случил вчера меѓу тинејџери, овојпат во скопското село Сарај. Шеснаесетгодишно момче е уапсено откако со нож избодело две години помало момче, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, има намера да ја замени премиерката на земјата, Јулија Свириденко, како дел од големата реконструкција на владата во Киев. „Украина ја менува својата политичка стратегија“, рече Зеленски во објава на социјалните мрежи. „За секоја приоритетна насока на надворешната политика, ќе биде одговорно одредено лице со значително искуство, способно да го спроведе она за што се согласуваме на ниво на лидери“, ...
Следната недела во Македонија ќе донесе типично летно време со високи температури, многу сончеви периоди и попладневна нестабилност во повеќе региони. Најтопло ќе биде во вторник, среда и четврток, кога температурата во делови од земјата ќе достигне до 38 степени. Според најновите синоптички прогнози, утрините ќе бидат пријатни, со температури од 12 до 20 степени, додека во попладневните часови ќе има услови за локален развој на облачност, ...
Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот нема активни пожари на територија на државата. Има еден пожар под контрола и два изгаснати. Според информациите од ЦУК, под контрола е пожарот на градската депонија во Штип, а изгаснати се пожарите кај селото Уларци во општина Чешиново – Облешево и меѓу селата Дедели и Собри во општина Валандово. Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот нема активни пожари на ...
Апелациониот суд Скопје донесе правосилна пресуда со која делумно ја уважи жалбата на Зијадин Села и ја зголеми висината на надоместот што Македонија треба да му го исплати за нематеријална штета предизвикана од нападот во Собранието на 27 април 2017 година. Со одлуката, државата е задолжена да му исплати на Села вкупно 7,8 милиони денари за повреда на личните права, телесното и душевното здравје. Апелациониот суд ја преиначил првостепената ...
Украинската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта погодила рафинерија за нафта во градот Сизрање во руската Самарска област. Погодената рафинерија е лоцирана на повеќе од 800 километри од украинската граница. Гувернерот на Самарска област, Вјачеслав Федоришчев наведе дека во украинскиот напад загинало едно лице, а тројца, меѓу кои и едно дете, се повредени. Исто така се оштетени куќи, станбени згради и еден индустриски објект. Но ...
Линиите Центар-Ѓорче Петров и Центар-Илинден се следниот чекор во развојот на скопскиот Градски воз, најави министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. Тој вели дека по пуштање на линијата Зелениково-Центар на 1 септември, од втората половина од годинава треба да почнат тендерските постапки за двете линии. Според министерот, железницата е еден од главните инфраструктурни приоритети на Владата. Покрај новите линии во Скопје, ...
Изборниот законик е еден од најважните закони во секоја демократија и токму затоа е несериозно владејачкото мнозинство да се повлекува од процесот и сопствената одговорност да ја префрли врз опозицијата, реагира партијата Левица на блокираните преговори за измените на Изборниот законик. „ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање ...
Во 37 француски департмани денеска е прогласен црвен метеоаларм, а во поединечни делови од земјата се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 и 42 степени Целзиусови. Од топлотниот бран погодени се околу 26 милиони Французи. Маса од многу топол воздух стагнира над земјата неколку дена, создавајќи продолжен, интензивен и широко распространет топлотен бран, објави утрово Француската метеоролошка служба. Целата област на Париз, ...
Оризот скапува по амбарите, оваа Влада ги уништи оризопроизводителите, обвини лидерот на СДСМ, Венко Филипче во изјава за медиумите. Половина од произведениот ориз не е откупен, трошоците растат, а најавената откупна цена е двојно пониска од периодот кога СДСМ беше на власт, додаде Филипче во изјава за медиумите. Според СДСМ, оризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, оценувајќи дека причината е, како ...
Во моментов во општините низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата, а целта е да се подобри локалната инфраструктура што директно го олеснува секојдневниот живот на граѓаните, вели заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Според него, општините со години биле запоставувани, поради што Владата одлучила паралелно со големите инфраструктурни инвестиции да даде ...
Спасени се тројца планинари откако останале заглавени на тежок и непристапен терен на Шар Планина, во близина на местото „Три води“, во атарот на село Теарце, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Еден од нив, 38-годишниот А.Ч. од село Жеровјане, поради влошена здравствена состојба е пренесен во Клиничката болница во Тетово. Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, синоќа во 18:46 часот, во Регионалниот ...
Уставниот суд соопшти дека остро ги осудува, како што наведува, обидите за груба партизација и политизација на неговата работа од страна на одредени политички партии, оценувајќи дека тие настојуваат да ја зголемат сопствената политичка видливост преку злоупотреба на одлуките и меѓународните активности на Судот. Во соопштението се наведува дека меѓународната соработка на Судот е ставена во дневнополитички контекст и искористена за партиски ...
Дури и пред двата силни земјотреси да го претворат владиниот станбен проект OPPE 25 во разурнат бетон и скршени животи, темелите на популистичката „боливарска“ револуција на Уго Чавез се тресеа во она што некогаш беше жариште на поддршка. Габриел Гонзалез се сеќава на својата радост кога, во 2013 година, ги доби клучевите од својот новоизграден стан во една од 12-катните згради што Ел Команданте нарачал да се изградат во богатиот агол од ...
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 мм, тешка 13,6 килограми, на брегот на Дојранското Езеро. Гранатата потекнува од Првата светска војна, наменета е за ,,хаубица” М14 а вакви неексплодирани убојни средства најчесто се пронаоѓаат во Дојранскиот, Гевгелискиот, Битолскиот и Охридскиот регион. Пред два дена во реката Вардар беше пронајдена ...
Романски државјанин кој се изгубил на подрачјето на кањонот Матка е успешно пронајден во координирана спасувачка акција што ја спроведоа припадници на Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи. Потрагата започнала откако туристот пријавил дека се наоѓа на непристапен терен и не може самостојно да се врати на безбедно место. Поради темнината и сложената конфигурација на теренот, веднаш биле активирани спасувачки ...
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила околу 140 цели во Иран, меѓу кои лансирни рампи за ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени објекти. – Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни и трговски бродови кои слободно поминуваат низ Ормуска Теснина, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ. Нападите уследија откако морнарицата на ИРГЦ гаѓаше брод, што пловел под ...
Северна Македонија има значителни можности да го забрза економскиот раст, да ја зајакне конкурентноста и да го подобри животниот стандард преку спроведување структурни реформи, оценува директорката на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Карол Межеван во интервју за МИА. На една година од нејзиниот мандат, Межеван во интервјуто вели дека Северна Македонија е држава со вистински потенцијал и докажана отпорност, но истовремено и ...
Британската полиција соопшти дека синоќа во Јужен Јоркшир привела 28-годишен маж, осомничен за убиството на поранешната пратеничка и министерка за затворскиот систем, 78-годишната Ен Видикомб. – Можеме да потврдиме дека 28-годишен маж е уапсен во областа Јужен Јоркшир под сомнение за убиството на Ен Видикомб. Осомничениот, кој е британски државјанин, моментално е во полициски притвор. Семејството на Ан Видекомб е информирано за овој развој на ...
СДСМ обвини дека Македонија е сè подалеку од членство во Европската Унија и дека државата повеќе не е дел од европската агенда, оценувајќи дека тоа е последица на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. „Последните пораки од Европската Унија се најсилниот доказ дека Македонија повеќе не е на европската агенда. Додека Европската Унија на таканаречениот ‘супер вторник’ отвора нови кластери и поглавја со ...
Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и клучен сојузник на Доналд Трамп, почина од ненадејна болест, соопшти неговата канцеларија во раните утрински часови. Тој штотуку наполни 71 година. Ненадејната смрт на Греам ќе испрати шок бранови низ Вашингтон и Републиканската партија. Тој служеше во Сенатот од 2003 година, претставувајќи ја Јужна Каролина, и се кандидираше за реизбор во ноември. „Вечерта во сабота, 11 јули, американскиот ...
Англија и Аргентина обезбедија пласман во полуфиналето на Светското првенство по драматични четвртфинални натпревари. Додека Англија ја елиминираше Норвешка по продолженија, Аргентина ја совлада Швајцарија, најавувајќи историски судир меѓу двете фудбалски велесили во Атланта, кој ќе го одредишампионот. Репрезентацијата на Англија, предводена од селекторот Томас Тухел, успеа да ја совлада Норвешка со 2-1 по 120 минути игра на стадионот Хард ...