Режисерот Иван Поповски, кој веќе 30 години живее и работи во Москва и стана еден од најомилените и најнаградувани театарски режисери во Русија, се враќа на „Охридско лето“ на 13 јули, во Центарот за култура „Григор Прличев“, со премиерата на „Татко“ , од Флоријан Зелер, со избран актерски тим и импресивна сценографија, заедно со основачот на продукцијата „Театарот на еден актер“ Бајруш Мјаку. Воедно, со ликот на Таткото, Мјаку ќе ја заокружи ...

Четиринаесетгодишно девојче од Кавадарци, кое престојувало во Гостивар, починало откако паднало од лулашка во парк во градот. Од СВР Тетово информираат дека на 9 јули во 20:20 часот од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14). Според пријавените информации, малолетничката претходно паднала од лулашка во парк во Гостивар, по што била итно пренесена во Медицинскиот центар. И ...

Неколку моменти пред експлозијата во која беше убиена Дафне Каруана Галиција, новинарката врескала во паника, изјави сведок на судењето на човекот обвинет за нарачување на нејзиното убиство. Каруана Галиција беше убиена во 2017 година од далечински детонирана бомба поставена под возачкото седиште на нејзиниот автомобил, откако напиша серија извештаи за политичката и финансиската корупција во Малта. Справувањето со истрагата од страна на ...

Паника избувна на летот на „Рајанер“ од Солун до Меминген, Германија, во петок наутро кога прозорец на авионот „Боинг 737“ се скрши. Патник беше вовлечен во прозорецот од промената на воздушниот притисок, а главата на 61-годишниот маж штрчеше од авионот. Сведоците велат дека неговата сопруга го зграпчила, што била причината зошто не бил извлечен од авионот од понискиот воздушен притисок надвор. Во меѓувреме, маските за кислород во кабината ...

Разбојништво среде ноќ во трговски центар во Скопје. Неофицијално станува збор за „Веро Џамбо“. – На 10.07.2026 околу 03:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Центар, неколку лица насилно отвориле банкомат, информираа од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Разбојништво среде ноќ во трговски центар во Скопје. Неофицијално станува збор за „Веро Џамбо“. – На 10.07.2026 околу 03:15 часот ...

Можеби едно од најголемите неодговорени прашања во науката, за тоа како настанал животот на Земјата, можеби тукушто доби важен дел од одговорот. Јапонските научници тврдат дека откриле оти астероидот Рјугу ги содржи сите пет нуклеобази – основните молекули што ја сочинуваат ДНК-та и РНК-та, т.е. генетскиот материјал својствен за сите познати живи суштества на планетата Земја. Истражувачите дошле до откритието проучувајќи 5,4 грама од примерок ...

Дебатата околу проектот „Иловица“ треба да се води врз основа на стручни анализи и современи технички стандарди, а не врз претпоставки, смета професорот Благој Голомеов. Тој нагласува дека современото рударство денес користи технологии кои значително се разликуваат од оние што се применувале пред неколку децении. „Современите технологии овозможуваат целосно безбедна работа на рудниците.“ Според Голомеов, во Македонија без доволно аргументи е ...

Лондон – Полуфиналната пресметка на Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер , денес, претставува кулминација на тековниот тренд на смена на генерациите во машкиот тенис. Синер, кој моментално е рангиран како прв светски рекет, влегува во овој дуел со статус на апсолутен фаворит според обложувалниците, со коефициенти кои се движат од 1,20 до 1,30. За разлика од него, Ѓоковиќ се соочува со предизвикот да ја освои својата 25-та грен слем ...

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва ќе ја продолжи војната против Украина сè додека не се постигнат целите поставени од Владимир Путин во јуни 2024 година. Во тоа време, Путин во суштина зборуваше за целосна капитулација на Киев. „Претседателот јасно потврди дека ќе продолжиме да ги постигнуваме целите поставени во јуни 2024 година за време на говорот на Владимир Путин во Министерството за надворешни ...

На свеченото отворање на 66. Охридско летов недела, од 21 часот, со гала концертот насловен „Љубов“, оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на маестро Марко Боеми, ќе приреди вечер исполнета со безвременски ремек-дела од Понкиели, Чилеа, Џордано, Пучини, Сен-Санс, Гуно и Масне. Програмата ги обединува најубавите оперски арии, дуети и оркестарски страници, носејќи ја публиката низ светот на љубовта, страста и ...

Фиренца – Паулина Поришкова (61) и нејзиниот партнер Џеф Гринштајн се венчаа по три години врска. Тие ја споделија среќната вест вчера во видео на Инстаграм снимено од балкон во Фиренца, објавува InStyle. Во видеото, тие објаснија дека венчавањето во Италија е прилично комплициран процес за странците и дека им биле потребни седум месеци за да ги соберат сите потребни документи. Откако ги надминале сите пречки, тие конечно станале законски ...

Најмалку 11 лица загинаа, а 23 се водат како исчезнати откако брзо се прошири пожар во југоисточна Шпанија, додека земјата го преживува својот втор топлотен бран ова лето. Регионалната влада на Андалузија соопшти дека жртвите, од кои се верува дека четворица се Британци, загинале додека се обидувале да избегаат од пламените јазици во близина на селото Бедар во општината Лос Галардос во Алмерија. Пожарното време – комбинација од топлина, ...

Времето претстојниот викенд ќе биде сончево и топло, а во недела во попладневните часови можни се дожд и грмежи, покажуваат прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи. За утре најавено е сончево време со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер. Во Скопје, исто така, сончево време со мала облачност. Се очекува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Според синоптичарите, во недела ќе биде сончево со мала до ...

Легендарниот актер Ентони Хопкинс (88), ѕвезда на филмот „Кога јагнињата ќе замолчат“, изјави дека ја исполнил својата првична желба да потпише договор за снимање како композитор, објави во петокот германската новинска агенција ДПА. Тој потпиша договор со издавачката куќа Дека Класик и следниот месец ќе издаде албум насловен „Животот е сон“, збирка дела на кои работел шест децении. Првиот сингл „Бракен Роуд“ беше објавен во петокот. „Музиката ...

Следната година ќе бидат готови првите километри од автопатот Тетово-Гостивар, којшто според сегашната динамика ќе биде целосно готов во 2028 година, а се работи и на железничко поврзување Скопје со Албанија, како продолжение на активностите од проектот „Градски воз“, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. – Добро оди изградбата на автопатот Тетово – Гостивар. Решени се сите прашања поврзани со ...

Позната по своето сончево крајбрежје, кристално чисти води и идилични приморски одморалишта, Турција е идеална дестинација за одмор исполнет со море, песок и сонце. Медитеранската клима, ублажена од нежните морски ветрови, создава совршени услови за релаксирачки летен одмор. Но, покрај традиционалното уживање на плажа, благодарение на разновидната природа и богатство на културно-историски содржини, посетителите лесно можат да ги комбинираат ...

Израел ја предупредил американската влада дека Иран планира атентат врз претседателот Доналд Трамп. Според предупредувањето, раководството во Техеран наводно го развило планот дури неодамна, објавија Си-Ен-Ен и Волстрит Џуранал, повикувајќи се на неименувани извори. Како што објави Си-Ен-Ен, американската влада често добивала слични предупредувања во последно време, но предупредувањето од Израел содржело конкретен план за атентат. Деталите за ...

Берлин – Германскиот генерален конзул во САД, Тил Кнорн, е отстранет од својата функција поради обвинувања за сексуално вознемирување на колешка. Тој е повикан назад во Берлин со кратко известување, објави „Билд“. „Германскиот генерален конзул Тил Кнорн го заврши својот мандат во Њујорк. Карстен Рипке привремено го презеде раководењето со Генералниот конзулат. Претходно беше заменик на Кнорн“, соопшти германското Министерство за надворешни ...

На прв поглед, банкарските услуги кај нас изгледаат слично – сметка е сметка, картичка е картичка, а трансакција е трансакција. Но, кога малку подетално ќе се анализира, станува јасно дека на македонскиот банкарски пазар има конкуренција и дека вреди да се знае која банка колкави провизии наплаќа и каде се најниски. Разликите не се мали. Зависно од банката, месечниот трошок за банкарски услуги може да биде симболичен или многу повисок. А, ...

Лидерот на албанската Демократска партија (ДП), Сали Бериша, остро го осуди задржувањето на функционери од Влен на граничниот премин Ќафасан. За постапката, Бериша ги обвини премиерот Еди Рама и министерот за внатрешни работи, Бесфорт Љамалари. Извинувајќи се во име на Албанците на сите Албанци од Северна Македонија и на граѓаните на оваа земја, на Влен и на сите нејзини прретставници, Бериша посочи дека неговата партија ДП, најостро го ...

Вашингтон – Меѓународниот аеродром Палм Бич во Флорида од вчера официјално го носи името на Доналд Трамп, јавија локалните медиуми. Добредојдовте на Меѓународниот аеродром „Претседател Доналд Џ. Трамп“, пишува на новата патна табла. Новото име на аеродромот е истакнато и во внатрешноста на терминалот, каде што се прикажува на екраните кај шалтерите за пријавување на патниците. Преименувањето на аеродромот е одобрено од страна на гувернерот на ...

Определувањето на најубавата жена во светот е очигледно малку контроверзно и предмет на дебата. Како што вели поговорката: Убавината е во очите на набљудувачот. Сепак, некои области на науката нудат некои квантификувани коефициенти за убавина што укажуваат на систем за рангирање. Веројатно сте слушнале за „Златниот пресек“ за објаснување на убавината, и Меган Грубер, доктор по медицина, доктор на науки, пластичен хирург со седиште во Флорида, ...

Енергетската независност е предуслов за економски развој, национална сигурност и стабилност. Држава што произведува сопствена енергија, располага со сигурни извори на снабдување и е поврзана со повеќе енергетски пазари е држава што може самостојно да ја планира својата иднина, подобро ги штити своите граѓани од глобалните енергетски кризи и создава посилна и поконкурентна економија. Токму затоа, по повод 10 Јули – Меѓународниот ден на ...

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката. Општината упатува благодарност до советниците кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација. Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. Затоа, ...

ВМРО-ДПМНЕ во редовната утринска тура на соопштенија објави дека лошите едноцифрени рејтинзи „на ниво на статистичка грешка на СДС, Левица и ДУИ е причина што го опструираат и го блокираат новиот Изборен законик“. И објаснуваат дека Левица, откако увидела дека рејтингот им се намалува и не им оди како што посакуваат, со непотпишувањето на договорот за носењето на ИЗ, се обидуваат пред своето членство да се покажат како тврдокорни кои не ...

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што наведува, навредите што пратеникот Фатмир Битиќи ги упатил кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска за време на собраниската расправа. Од владејачката партија истакнуваат дека Димитриеска-Кочоска, покрај тоа што извршува јавна функција, е „жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност“. Во соопштението се наведува дека „нападите и ...

Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“. Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе бидат уредени со ...

Соединетите Американски Држави и Иран продолжуваат со техничките разговори за нуклеарните прашања, соопшти неименуван американски претставник. „САД и понатаму се посветени на изнаоѓање решение, а техничките разговори продолжуваат. Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје“, изјавил претставникот за „Еј-Би-Си Њуз“. Тој додал дека 60-дневниот прекин на огнот и Меморандумот за разбирање се засноваат врз исполнување на предвидените ...

Поголема транспарентност, посилна заштита на корисниците, поефикасен надзор и модернизирана регулаторна рамка усогласена со европските стандарди се клучните новини што ги носат измените на Законот за финансиски лизинг. Измените усвоени од Собранието, претставуваат еден од осумте чекори што Министерството за финансии ги реализира во рамки на Реформската агенда. Новите законски решенија се однесуваат на условите за основање и работење на ...

Во првите шест месеци од оваа година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужија 1.955.648 патници, што е зголемување од 28 проценти во однос на истиот период лани и реализираа 13.167 летови, што е раст од 7,6 проценти. Само во јуни, скопскиот и охридскиот аеродром заедно имале за 15,6% повеќе патници (374.714) во однос на истиот период лани. – Растот од 28 процентина бројот на патници во првите шест месеци ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.81
35%
1014
weather icon

Белград

27ᴼ / 27ᴼ
1.16
65%
1013
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.12
60%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.88
42%
1015
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.82
58%
1014
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 22ᴼ
0.37
73%
1016
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
1.34
41%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
0.47
32%
1012
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.89
57%
1012
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
2.68
54%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
88%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Иридиум

252383.36

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Платина

55652.94

Родиум

278103.96

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Сребро

2005.37