Астрономите одамна претпоставиле дека Универзумот се шири, бидејќи галаксиите „бегаат“ од телескопите. По долги набљудувања експертот за мерење Рис заклучил дека ширењето е неверојатно брзо. Теоретичарите заклучиле дека мора да постои невидлива „темна“ енергија - слаба, одбивна сила што го исполнува „празниот“ простор. Ја има и околу нас, преслаба за да се почувствува нејзиното дејство, но во космички димензии има моќ да поместува галаксии и да ...

Студијата „Лекции од управувањето со пандемијата“ е заеднички труд на 37 коавтори од различни дисциплини од 13 земји во Европа, Северна и Јужна Америка. Го опфаќа целосниот одговор на пандемијата во периодот од 2020 до 2023 година. За разлика од претходните проценки, кои тесно се фокусирале на еден или два аспекта, овој преглед интегрира различни перспективи и ги испитува главните политики за ковид-19 што се спроведуваа глобално: од почетните ...

Трамп побара две одвоени истраги. Првата се однесува дали некој направил заговор за да ја прикрие од јавноста нарушената ментална состојба на Бајден и дали неуставно му ги узурпирал овластувањата и одговорностите. Втората ќе ги проверува сите извршни одлуки што Бајден ги донесол во завршниот период, со фокус на потпишувањето помилувања. Истрагите ќе ги водат јавниот обвинител Пем Бонди и советникот Дејвид Ворингтон. Во последните минути пред да ...

Гвајана е единствената земја во светот што произведува доволно храна од седумте основни категории за да го прехрани сопственото население, заклучиле истражувачи од Универзитетот во Гетинген во Германија и Универзитетот во Единбург, по анализа на податоци за производство на храна од 186 земји. Како основни групи биле дефинирани производството на овошје, зеленчук, месо, риба, жита и скроб, мешунки и млечни производи. За самоодржливоста на Гвајана ...

Целта на администрацијата на Бајден беше да се овозможи абортус во итни случаи, при обилно крварење, ризик за губење органи или разни сериозни компликации. Се повика на Законот за итен медицински третман и бременост (ЕМТАЛА) од 1986 година, воведен за да се спречи практиката на болниците и клиниките да одбиваат да им дадат основна грижа за пациенти што не може да ја платат услугата. ЕМТАЛА им налага на итните одделенија што се финансираат од ...

Папата Лав 14-ти најави дека мисијата што ќе го дефинира неговиот понтификат ќе биде ограничувањето на ризиците од неконтролираната вештачка интелигенција. Таквата мисија му прилега како дипломиран математичар и прв папа од САД, земјата што ја почна технолошката револуција. Уште при првото обраќање до кардиналите, тој предупреди на „опасностите од ВИ за човечкото достоинство, правдата и трудот“. Два дена подоцна пред новинари го поздрави ...

Компанијата Ајло, сопственик на трите порно сајтови, се спротивставува на одлуката задолжително со документ за лична идентификација или кредитна картичка да се потврдува возраста на корисниците на секој пристап до содржини за возрасни. Блокадата е најавена како привремена, но не е објаснето до кога посетителите на страниците ќе бидат ограничени на протестната порака и сликата „Слободата го води народот“ од Ежен Делакроа. Со блокирањето на ...

Извинете, ама не можам повеќе да издржам. Овој огромен срамотен закон за трошење е одвратна гнасотија. Срам да ви е на сите што го гласаа. Знаете дека згрешивте, порача Илон Маск во досега најжестоката критика на законот, кој претседателот Доналд Трамп го нарекува „прекрасен“. I’m sorry, but I just can’t stand it anymore. This massive, outrageous, pork-filled Congressional spending bill is a disgusting abomination. Shame on those who voted for ...

Британската здравствена служба објави дека до крајот на оваа година тестовите ќе им бидат понудени на 15.000 пациенти со знаци на рак на белите дробови, како и на околу 5.000 жени со напреден рак на дојка кои не реагираат на други третмани. Новиот тест открива фрагменти од туморска ДНК што циркулираат во крвта, кои се премногу ситни за да бидат забележани со други техники. Микрометастази ќе може да бидат откриени многу порано, потенцијално една ...

Авторот на истражувањето, израелскиот научник Тамир Сорек, оценува дека терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година „само ги ослободил демоните што биле негувани со децении во медиумите и правните и образовните системи“. Поддршката за геноцид и етничко чистење била поизразена кај порелигиозните и помладите еврејски Израелци. Ционизмот, покрај тоа што е национално движење, е и движење на доселеници, кои се стремат да го ...

Дин Тарнер, економист во UBS, вели дека уделот на доларот во девизните резерви опаѓа со години. Откако Трамп дојде на власт, вредноста на единствената европска валута порасна за 9% во однос на доларот. Високиот степен на политичка несигурност им користи на валути како еврото, која е најликвидната алтернатива. Актуелните промени отвораат одлична можност за Европа да преземе поголема контрола врз сопствената судбина, изјави Лагард, споредувајќи ја ...

Габата во Чернобил е дел од семејство на „радиотрофни габи“ кои можат да се хранат со јонизирачка радијација. Тие го користат зрачењето за радиосинтеза, процес сличен на фотосинтезата, во кој растенијата ја апсорбираат сончевата светлина за да го поттикнат својот метаболички процес. Црната боја на габата Cladosporium sphaerospermum ѝ ја даваат слоеви меланин, пигмент што кај луѓето ја штити кожата од штетните сончеви зраци. Габата нема капацитет ...

Истрагата на шведската независна комисија откри „значителни и системски“ пропусти во документите за меѓународните посвојувања: фалсификувани датуми на раѓање и лажни податоци за родителите и за условите за посвојување. Во извештајот се забележува дека шведските регулативи му даваат приоритет на посвојување деца од странство, а процесот им е препуштен на приватни организации, со иницијатива „да понудат што е можно повеќе деца“. Комисијата беше ...

Британската здравствена служба НХС ќе тестира дали стандардна вакцина против менингокока ќе се покаже ефикасна за да го запре ширењето на гонореја. Двете бактерии споделуваат речиси 90% од генетскиот материјал. Организираната имунизација не нуди апсолутна заштита. Истражувањата покажале дека вакцината 4CMenB обезбедува заштита од гонореја во 32% до 42% од случаите. Но, се очекува вакцинираните лица да имаат помал ризик од компликации, а се ...

Оптичките телекомуникациски системи пренесуваат информации со испраќање импулси на ласерска светлина преку кабли со оптички влакна, кои се тенки нишки од стакло. Брзината на светлината е непроменлива, но капацитетот може да се зголеми со проширување на пропусниот опсег, односно брановите должини на светлината. Засилувачите што сега се користат во оптичките комуникациски системи имаат пропусен опсег од приближно 30 нанометри. Нашиот има опсег од ...

Меѓународниот олимписки комитет лани ги оспори медицинските извештаи и му ја призна титулата на Келиф, иако цела година претходно ИОК имал документ дека тој не може да се натпреварува во женска категорија. Уште во март 2023 година, 17 месеци пред Олимписките игри во Париз, анализата на хромозомите на Келиф покажале кариотип на маж. Тестирањето било извршено во лабораторија во Њу Делхи, потврдено од Американскиот колеџ на патолози и сертифицирано ...

Зеленски и Украина ја изведоа операцијата Пајакова мрежа непосредно пред почетокот на новата рунда преговори со Русија во Истанбул. Нападот беше изведен точно 29 години откако Украина ѝ предаде на Русија на десетици стратешки бомбардери, 2.000 нуклеарни глави и 176 интерконтинентални балистички ракети, согласно Меморандумот од Будимпешта. Украинските специјални служби прво прошверцувале во Русија 117 камиказе дронови, контролирани од далечина ...

Во специјалниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени во 2018 година беше проценето дека до крајот на овој век ќе мора да бидат отстранети од атмосферата помеѓу 100 и 1.000 гигатони CO2 за да се избегне пораст на глобалната температура од 1,5 Целзиусови степени. Понови проекции на IPCC укажуваат дека до 2050 година ќе мора да се отстрануваат помеѓу 5 и 16 гигатони годишно, во зависност од тоа колку брзо се намалуваат емисиите на ...

Шефот на Опен АИ е убеден дека проектот Ворлд ќе ги заштити идентитетите на реалните корисници на интернет од налетот на ботови генерирани со вештачка интелигенција. Бараме начин начин луѓето да останат посебни и централни во свет во кој на интернет ќе има многу содржини управувани од вештачка интелигенција, рече Алтман. Уредот Орб прави детална снимка од ирисот, специфичен за секој човек, и го поврзува со единствен бинарен број со 12.800 цифри, ...

Предлогот за укинување на мерката го дадоа десничарските опозициски партии, а го поддржаа оние од крајната левица и некои пратеници од центристичката партија на претседателот Емануел Макрон. Против беа социјалистите и зелените. Укинувањето на зоните се смета за голема победа на кампањата на писателот Алесандер Жардин, кој оцени дека „екологијата се претвори во спорт на богатата елита“. Пратениците ќе се плашеа да се вратат во своите изборни ...

Научници во Франција ги поделиле заморчињата во две групи. На едни им ја пуштале песната на Адел во оригинална продукција, а на други во компресирана форма, техника со која се изедначуваат најтивките и најгласните делови во поуниформирана јачина. Компресирањето сè почесто се користи во модерната музичка продукција за да се избегне шумот, при што се зголемува гласноста. Наодите од експериментот сугерираат дека поизразената тишина во ...

Околу Земјата денес орбитираат приближно 11.700 активни сателити за најразлични намени: воени за шпионирање и извидување, научни опремени со сонди, комуникациски и за глобално позиционирање. Стапката со која се испорачуваат во вселената постојано се зголемува. Убедливо најмногу дури 60% од вкупниот број, се од мрежата Старлинк на Спејс Икс. Лансирањето почна во 2019 година, а веќе се активни околу 7.500. Секоја нова ракета на Илон Маск ...

Уште пред воената инвазија врз Украина во февруари 2022 година, САД и Британија забранија увоз на руска нафта и гас, а ЕУ само сурова нафта преку море, но не и гас. По повеќе од три години војување, заклучно со 29 мај, Русија од продажба на енергенси остварила приход од 883 милијарди евра, покажуваат податоци од Истражувачкиот центар за енергија и чист воздух (КРЕА). Речиси една четвртина од таа сума, односно 209 милијарди, пристигнале од ...

Одлуката на Корпорацијата Харвард, управниот одбор на Универзитетот, ѝ ја загрозува кариерата на Џино, но отвори широка дебата за академскиот интегритет и истражувачката етика. Одземање на статусот редовен професор е најстрогата дисциплинска мерка во САД, каква што со децении немало во високообразовните институции. Проблемите за професорката почнаа во 2021 година, кога група експерти од блогот Data Colada, забележаа неправилности во некои од ...

Сите неодамнешни предвидувања за глобална климатска катастрофа се покажаа лажни, а ќе бидат и идните, вели професорот Линдзен, автор на речиси 250 научни трудови за ефектот на стаклена градина и други сложени аспекти на климатските промени. Ќе помине 2030 година. Ќе помине 2050 година. Ќе поминат 50 години. Нема да има климатска катастрофа, вели тој. Професорот објаснува дека ако светот навистина ја достигне целта за „нето-нула“ емисии на ...

Европската Унија им забрани влез на германските новинари Алина Лип и Томас Ропер и на нивниот колега Хусеин Догру, државјанин на Турција, и им ги замрзна банкарските сметки. Тројцата се обвинети дека преку своето известување „ширеле проруска пропаганда, го загрозувале територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина и ги дестабилизирале земјите од ЕУ“. Тие всушност се казнети единствено поради критичко известување за војните во ...

Со оглед на тоа што светот се вплетка во најголем број вооружени конфликти од Втората светска војна, државите се впуштат во огромни воени трошоци, кои пред две години заедно достигнаа рекордни 2,46 трилиони долари. „Постои вистинска загриженост околу начинот на кој даваме приоритет на краткорочната безбедност и жртвуваме долгорочна безбедност“, вели Ели Кини, истражувач во Опсерваторијата за конфликти и животна средина. ...

Лабораториските глувци што ја примиле комбинацијата од лековите рапамицин и траметиниб не само што живееле подолго, туку и останале поздрави, имале помалку хронични воспаленија и подоцна им се појавиле знаци на рак. Рапамицин и траметиниб се користат за третман на различни видови на рак. Рапамицин често се дава и за да се спречи отфрлање органи. За траметинибот е утврдено дека го продолжува животниот век на овошните мушички, но не се знае дали ...

Ендрју Никсон, портпаролот на Одделението за здравство и хуманитарни услуги на САД, изјави рече дека одлуката е донесена по „ригорозен преглед“. Ова не е само за ефикасност, туку е за безбедност, интегритет и доверба. Реалноста е дека технологијата мРНК останува недоволно тестирана и нема да трошиме долари од даночните обврзници повторувајќи ги грешките на минатата администрација, кои ги прикриваа легитимните безбедносни грижи од јавноста, ...

Тројцата судии од Судот за меѓународна трговија пресудија дека Трамп ги пречекорил своите овластувања кога се повикал на Меѓународниот закон за економски овластувања за вонредни состојби IEEPA од 1977 година за да прогласи национална вонредна состојба и да ги оправда огромните царини. Судот пресуди дека Трамп немал право да го прогласи трговскиот дефицит како вонредна состојба, бидејќи ситуацијата била таква 49 години по ред и во добри и во лоши ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.2
72%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
84%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
3.13
86%
1001
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
10.29
87%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.6
77%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96

Злато

135322.28

Сребро

1837.41

Родиум

255598.44

Цинк

3.24

Бакар

10.76

Платина

53106.37

Калај

40.11

Рутениум

29192.88

Паладиум

45879.12

Алуминиум

2.89