Градовите имаат различни стратегии за да се ослободат од главната болка – метежите што го парализираат сообраќајот, ја загадуваат средината со чад и врева и предизвикуваат повеќе сообраќајни несреќи. Некои ги стимулираат граѓаните да користат јавен превоз, други ги оптоваруваат ако користат коли. Со децении одговорот беше пробивање повеќе сообраќајни ленти и проширување на паркинзите, но тоа поттикнува уште поголемо користење автомобили. Новиот ...

Министерот за одбрана Борис Писториус најави нови програма со поатрактивни понуди за да се привлечат повеќе млади Германци да ја изберат професијата војник, но тој самиот се сомнева дека тоа ќе биде доволно за да се пополнат огромните дупки во воените редови. На Бундесверот и сега му фалат стотици илјади војници, а приоритет на владата, како што најави канцеларот Фридрих Мерц, е Германија да изгради најмоќни конвенционални воени сили во Европа ...

Русија и Кина потпишаа договор за изградба на нуклеарна централа на Месечината, како витален елемент за идни вселенски мисии и истражувања со и без екипаж. Според меморандумот, рускиот реактор ќе се користи за напојување на Меѓународната станица за истражување на Месечината (ILRS), заеднички управувана од Кина и Русија, а треба да биде завршен до 2036 година. Јуриј Борисов, генерален директор на руската вселенска агенција Роскосмос, во интервју ...

Раководството на ПКК неодамна се собра во пештерите во кои се криеше од непрекинати турски воздушни напади и предложи крај на конфликтот кој чинеше 40.000 животи. Повеќето од загинатите се курдски цивили убиени од бруталната турска контраофанзива. Беспилотните летала и геополитичкото влијание на Анкара ја нарушија рамнотежата против ПКК, при што прогонетите лидери на групата не можеа да преговараат од позиција на сила. За време реформата од 1999 ...

Илон Маск тврди дека роботите и вештачката интелигенција имаат потенцијал да ја кренат десеткратно глобалната економија што би им овозможило на сите луѓе не само да имаат доволно средства да преживеат, туку и да живеат во изобилство. Тој за главен двигател на економијата ги смета хуманоидните роботи, кои имаат „неограничен потенцијал“ за производство. Би можеле да имаме глобална економија 10 пати поголема од сегашната, каде што никому нема да му ...

Октоподите ги имаат потребните квалификации да станат следниот доминантен вид на планетата ако го снема човештвото, тврди биологот Тим Коулсон од Универзитетот во Оксфорд. Тие се создадени за опстанок. За разлика од луѓето, кои населуваат релативно тесен опсег на средини, октоподите се прилагодени да живеат во различни услови, од длабокото дно на океанот до плитките води. Некои видови имаат можност да преживеат глобална катастрофа, да се ...

Новите сведоштва на ветераните го зголемуваат притисокот да се бара одговорност од британските специјални сили, на кои не им е првпат да бидат обвинети за воени злосторства. Јавната истрага што веќе се води за САС за егзекуции на невооружени цивили се однесува на период од три години. Злосторства имало повеќе од десет години. Првпат е обвинета и единицата СБС, елитниот полк на Кралската морнарица. Специјалните сили беа распоредени во Авганистан ...

Поранешниот уругвајски претседател Хозе Мухика почина на возраст од 89 години, по долга битка со канцер. Ќе ни недостигаш многу, драг старецу. Ти благодариме за сè што ни даде и за својата длабока љубов кон твојот народ, објави неговиот политички наследник, претседателот Јаманду Орси. Мухика стана познат далеку од Уругвај, мала земја со 3,5 милиони жители, откако се откажа од претседателската палата во Монтевидео за да живее во мала фарма каде ...

Во местото Ел Палмар де Троја во Шпанија од 1978 година постои Палмарската христијанска црква, на чело со Маркус Јозеф Одермат, 59-годишен Швајцарец со папското име Петар Трети. Палмарската црква има 30 бискупи и нешто повеќе од 1.000 верници. Во својата краткотрајна историја канонизирала неколку илјади светци, вклучувајќи ги и Кристофер Колумбо и генералот Франциско Франко. Нема кардинали и забрането е користењето на Библијата. Еден папа се ...

Постарите луѓе користат ЧетГПТ како замена за замена за пребарување на гугл. Помладите го користат како животен советник, а на факултетите се користи како оперативен систем. Ова е грубиот заклучок на Сем Алтман за начинот на кој секоја генерација го прилагодува моделот со вештачка интелигенција на сопствените интереси и потреби. Тој ги издвојува младите поради нивниот особено интересен приод „да не донесуваат животни одлуки без да го прашаат ...

Министерството за внатрешни работи на Германија формираше советодавен центар за луѓе што се трауматизирани од роднини, пријатели или колеги склони кон теории на заговор. Центарот им нуди помош и преку телефонски или директен разговор и ги поучува како да се одбранат. Целта, според поранешната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер од СПД, е да се запре ширењето на лажни вести и дезинформации, кои водат кон екстремизам. „Компасот за совети за ...

Сателитски снимки сведочат дека во периодот од 2021 до 2023 година Антарктикот почнал да ја обновува својата ледена покривка и да ја зголемува масата. Промената е најзабележителна во источните региони Вилкс Ленд и Квин Мери Ленд, каде што беа дестабилизирани четирите главни и критични глечерски басени. Анализите на податоците од сателитска гравиметрија (мерење на варијации на гравитацијата за да се утврдат промените во ледената маса) од мисиите ...

САД склучија договор со Пекинг според кој американските царини за извозот на Кина повторно ќе се спуштат на пристојно ниво, а таа ќе ги намали своите давачки за увозот од САД. Џиновските контејнерски пристаништа од двете страни на Пацификот сега можат повторно да се отворат. Работниците во Кина може да се вратат во фабриките а супермаркетите Волмарт и Таргет може повторно да почнат со нарачки. Глобалната економија може да почне да се движи уште ...

Финска, Полска, Летонија, Естонија и Литванија, кои имаат копнена граница со Русија, се повлекуваат од Договорот од Отава за забрана за употреба на противпешадиски мини. Ова оружје, заедно со касетните бомби, е забрането зашто може да остане закопано под земја кога ќе заврши војната и да убие или да осакати луѓе со години подоцна. Мониторингот за нагазни мини и касетна муниција објави дека во 2023 година низ целиот свет 5.757 луѓе загинале или ...

Повеќе од 40 милиони долари Пентагон потрошил на базата во Гвантанамо за привремено сместување нелегални мигранти, која според најавите требаше да има капацитет од 30.000 луѓе, а во која никогаш немало повеќе од 200. Над 21 милион долари биле потрошени само за транспорт на мигрантите, персоналот, опремата и намирниците. До април биле префрлени вкупно 497. Повеќето таму поминале само по неколку дена или недели. Сега во центарот има само 32 ...

Судскиот епилог на аферата „Фајзергејт“ во среда не само што може да ја загрози претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, која се претставува како бранителка на демократијата, туку и отвора ново поглавје за слободата на информации во ЕУ. Судот на ЕУ во Луксембург треба да пресуди дали Европската комисија имала право да ги брише или да ги крие СМС-пораките со кои пазарела вакцини. Случајот почна со едноставно правно прашање: ...

Одреден тип бактерии имаат способност да исфрлаат електрони околу себе создавајќи струја, наместо да дишат кислород како понапредните оргамизми, открил биоистражувачки тим од Универзитетот Рајс во Хјустон Тексас. Студијата, која ги спојува биологијата со електрохемијата, поставува основа за идни технологии што би ги користеле уникатните способности на микроскопските организми. Повеќето организми вдишуваат кислород за да ја метаболизираат храната ...

Кражбата на ветерот создава големи проблеми за планираните експанзии на ветерниците за да се достигнат целите за „нулта емисија“ на гасови од фосилни горива. Ветерните централи ги задвижува енергија што се извлекува од струењето на воздухот. Како резултат на тоа, се создавајќи „wake ефект“ - налетот на ветерот зад секоја турбина е побавен, објаснува Петер Баас од холандската компанија за обновлива енергија Вифл. Кај големите плантажи од ...

„Халуцинациите“ се феномен кога систем на вештачка интелигенција самоуверено дава тврдења иако тие се делумно или целосно неточни. Тоа е проблем со кој се соочуваат сите развивачи на системи за вештачка интелигенција, а кој произлегува од самата природа на големите јазични модели и начинот на кој тие функционираат. Чет-ботовите со вештачка интелигенција не „знаат“ факти како луѓето, туку ги предвидуваат статистички најверојатните продолженија на ...

Наспроти кладилничарските коефициенти и раширеното уверување дека Католичката црква никогаш нема да ја препушти највисоката функција на човек од глобална империја како САД, нов Папа е Американецот Роберт Превост. Ваквиот неочекуван исход од гласањето уште еднаш потврдува дека не е залудна онаа изрека која вели дека „Оној кој на конклавата влегува како Папа, излегува како кардинал.“ По разговори со инсајдери во клучните два дена во Сикстинската ...

По декемвриското поништување на претседателските избори во Романија, заради недокажани сомневања за руско мешање, поддршката за десничарскиот кандидат, Калин Георгеску, се префрли на национал-популистот Георге Симион, чија партија е основана пред само шест години. „Јавајќи на народниот гнев поради перцепцијата за недозволено мешање во изборите од страна на романскиот политички естаблишмент и чувството дека посткомунистичкиот економски бум е ...

Гугл потпиша договор со Elementl Power за изградба на уште три нови нуклеарни централи за да ги задоволи потребите за огромните центри за обработка на податоци што ги користат моделите за вештачка интелигенција. Соработката со Elementl Power ја подобрува нашата способност да се движиме со потребната брзина за да го задржиме темпото на развој на вештачката интелигенција и американските иновации, изјави Аманда Питерсон Корио од Гугл. Сè уште не е ...

Берни Сандерс кој се смета за застапник на работничката класа, ги правда трошоците за приватни летови за неговата турнеја која ја водеше заедно со неолибералната перјаница на американските демократи Алесандра Окасио - Кортез. Рече дека не планира да понуди никакво извинување или каење бидејќи тоа било неизбежно. „Зарем мислите дека ќе седам на аеродром во ред за чекање за редовна комерцијална линија додека некаде ме чекаат 30.000 луѓе?“ праша ...

За католичките теолози, одлуката на кардиналот Роберт Превост да го земе папското име Лео не може да биде појасен сигнал за насоката во која првиот Американец избран за папа ќе ја води Католичката црква. Тие тврдат дека Превост ја врзува својата мисија со Лео 13-ти, една од основните фигури на модерното католичко општествено учење, кој на крајот од 19 век се залагал за правата на сиромашните и за работничката класа во услови на длабоки економски ...

Кетрин Остин Фитс, помошник-секретар за домување и урбан развој во администрацијата на претседателот Џорџ Х.В. Буш ја шокираше јавноста со тврдењето дека американските власти прикриле 21.000 милијарди долари за да изградат подземни засолништа во кои ултрабогатите би можеле да се скријат во случај на нуклеарна или друга катаклизма. Гостувајќи на подкастот на влијателниот Такер Карлсон, Фитс тврди дека парите неовластено биле собрани во периодот ...

Анализа на податоци од работата на Големиот хадронски колајдер (LHC) на Европскиот институт за јадрени истражувања покажала дека при експериментално судирање на честички на олово со брзина блиска до онаа на светлината биле создадени атоми на злато. Тоа значи дека средновековните алхемичари теоретски биле во право кога се обидувале да претворат евтино олово во многу поскапоцен метал. Алхемичарите ја претпоставиле врската со набљудување. Оловото, ...

Во обид Џо Бајден да остане на сцената во првите сто дена од претседателскиот мандат на Доналд Трамп, ангажиран бил Крис Мегер, негов поранешен заменик-секретар за печат и портпарол на Министерството за одбрана. Тој потег е критичен за наследството на Бајден. Администрацијата на Трамп планира да ја објави снимката од неговото интервју со Роберт Хур, специјалниот советник кој го истражуваше ракувањето на Бајден со доверливите документи и покрена ...

Кардиналот Роберт Френсис Превост на вториот ден од конклавата во Ватикан е избран за 267-ми духовен водач на 1,4 милијарди католици во светот. Тој е првиот Американец на престолот на Свети Петар. Ви најавувам голема радост. Имаме папа... Ќе го земе името Лав 14-ти, објави кардиналот Доминик Мамберти еден час откако се крена бел чад од оџакот над Систинската капела, каде што се одржаа изборите. Превост не се спомнуваше често меѓу фаворитите ...

Сите големи технолошки лаборатории во изминатите неколку месеци оценија дека вештачката општа интелигенција (AGI) би била остварлив подвиг во рок од една деценија, ако се има предвид колку брзо напредува генеративната вештачка интелигенција. AGI е систем со вештачка интелигенција што ги надминува човечките когнитивни способности во различни задачи. Директорот на Опен АИ, Сем Алтман вели дека вештачката и човечката интелигенција може да се ...

Пакистан вети дека ќе возврати откако Индија почна серија напади врз локации во Пакистан и во делови од Кашмир. Имајќи предвид дека овие две земји се нуклеарни сили, секоја ескалација претставува глобален ризик. Затоа западните лидери како Доналд Трамп и Кир Стармер повикаа на дијалог и деескалација. Сепак, еден сојузник на НАТО отскокна од редовите: Турција. Анкара ја осуди Индија за „провокативни чекори“ против Пакистан и негови граѓани. ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.73
79%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Никел

473339.37

Бакар

10.95

Калај

40.48

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Платина

52952.77

Цинк

3.23