Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Porga Gyula Овој документ не е само протоколарна обврска, туку платформа за конкретна соработка во повеќе области како култура, туризам, образование, спорт, дигитализација… Убеден сум дека размената на искуства и европски практики ќе донесе видливи придобивки. Охрид продолжува да се етаблира како отворен, европски град кој гради силни и долгорочни партнерства. Продолжуваме со посветена работа за поубав и попросперитетен Охрид! Porga ...
Зетот на царот Константин, Ликиниј, кој беше оженет со царевата сестра, се преправаше пред великиот цар дека е христијанин, но кога царот му даде да управува со целиот Исток, тој најпрво тајно, а потоа и јавно почна да ги гони христијаните и да го утврдува идолопоклонството. За тоа време, неговата жена многу тагуваше, но не можеше да го одврати мажот од нечестието. Кога се предаде на идолопоклонството, Ликиниј се предаде себеси на сите ...
Денешниот дожд во Охрид не ја поколеба хуманоста и охриѓани уште еднаш подадоа рака и зедоа учество во хуманитарната трка „Од срце трчај, со срце дарувај за малата Ева“. Трката се одвиваше на потегот од почетокот на кејот пред The Harbour Club, до почеток на плажата „Горица 1“, со должина од 5 километри. – Денес сме тука не само да трчаме, туку да покажеме дека срцето има сила да менува животи.Традиционално по втор пат се одржува трката „Од ...
Хорот блесна во Кавадарци! Прва награда на државен натпревар со освоени 99 поени Голем успех за нашиот хор под менторство на наставникот Бојан Лушкоски беше постигнат на државниот натпревар во Кавадарци, каде што со извонреден настап го освои првото место во категоријата хорови од основно училиште. Со прецизна изведба, музикалност и силна сценска изразност, хорот ги воодушеви членовите на жирито и публиката, оставајќи силен впечаток уште од ...
Со пригоден свечен прием и средба со претставници на локалните самоуправи, активните и пензионирани полициски службеници, соработници и граѓани, денеска во СВР Охрид беше одбележан 7 мај, Денот на македонската полиција. Притоа, полицискиот службеник Бојан Тренески од полициската станица Охрид, беше прогласен за најдобар полициски службеник кој, во рамките на централната манифестација во Скопеј, имаше прием кај министерот за внатрешни работи ...
Овој славен Сава живееше во Рим во времето на царот Аврелијан и имаше војводски чин. По потекло беше Гот. Често ги посетуваше христијаните по затворите и им помагаше со својот имот. Заради неговата голема чистота и подвигот на испосништво, Бог му даде власт над нечистите духови. Кога го обвинија како христијанин, тој смело застана пред царот, го фрли пред него својот војнички појас и јавно Го исповеда Господ Христос. Беше мачен со разновидни ...
Во пресрет на централен настан во одбележувањето на 7 мај, Денот на македонската полиција, денеска СВР Охрид во соработка со Планинарската планинарска служба Охрид, на планинскиот масив Галичица, одржаа ферата рута. Притоа, повеќе полициски службеници, по кратка обука за користење на ферата сетот и на ферата системот за безбедност, заедно со членови на Планинарската планинарска служба Охрид, се искачуваа по обезбедена планинска патека на ...
На 06.05.2026 во СВР Охрид бил извршен службен со лице на (46) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга, дека по кратка расправија ѝ упатил закани. Од него доброволно се предадени пиштол, автоматска пушка и куршуми за пиштолот и пушката. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 06.05.2026 во СВР Охрид бил извршен службен со лице на (46) од Охрид, постапувајќи по претходна ...
Успешно го реализиравме проектот за визуелна унификација на урбаната опрема во нашиот град. Преку замена на старите и поставување на нови, типизирани огласни табли, Охрид добива лик каков што заслужува. Заменети се вкупно 290 табли на ул. „Цар Самоил“ и „Коста Абраш“, Градскиот плоштад по должината на „Св. Климент Охридски“ и Старата чаршија (ул. „Гоце Делчев“). Сакам да упатам благодарност до сите занаетчии, трговци и угостители за ...
Учениците на ОСУ „Св. Климент Охридски“ продолжуваат со традицијата на врвни постигнувања во природните науки. На 68. Државен натпревар по физика, одржан на 25 април 2026 година на Природно-математичкиот факултет во Скопје, охридските гимназијалци уште еднаш потврдија дека нашето училиште е расадник на млади научни таленти. Круна на четиригодишниот труд: Трета награда за матурантот Дарио Павлески Посебно истакнат резултат на овој државен ...
Општина Охрид за буџетската 2026 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид. повеќе ТУКА Општина Охрид за буџетската 2026 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска ...
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ПО НАЦРТ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ЗА ДУП ЗА УЗ 7, ДЕЛ ОД УБ 7.1 ОПФАТ 1 (ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА), ОПШТИНА ОХРИД мај 6, 2026 0 Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и Уредбата за учество на јавноста во текот на ...
Годинава Охрид во фокусот на „Генералка викенд 2026“ преку големата акција за чистење на езерското крајбрежје и уредување на парковските површини. Иницијативата е плод на соработка помеѓу Сороптимист клубот МОМА Охрид, Општина Охрид, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, клубот Сороптимист Вадуц и нашиот стратешки партнер за управување со отпад, австриската компанија Саубермахер. Со истата се поттикнува еколошко и женско лидерство, се става ...
Во организација на Отсекот за превенција при СВР Охрид, Црвен крст Охрид ,ТППЕ Охрид, ДЗС и ЦУК, вчера (04.05.2026) во ОУ,,Св. Климент Охридски“ во Охрид, беше спроведена показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена несреќа. Целта на вежбата беше подигање на нивото на подготвеност и координираност на надлежните субјекти за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи, ажурирање и увежбување за ...
Овој славен и победоносен светител беше роден во Кападокија од богати и благочестиви родители. Татко му пострада за Христа, а мајка му се пресели во Палестина. Кога порасна, Георгиј отиде во војска и во својата дваесетта година го стекна чинот трибун и како таков служеше при царот Диоклецијан. Кога овој цар започна страшно гонење на христијаните, Георгиј истапи пред него и одважно исповеда дека е христијанин. Царот го фрли во затвор, па ...
Во средата на раслабениот го празнуваме празникот на Преполовение на Педесетницата, заради почеста на двата големи празници – Пасха и Педесетница, бидејќи тој ден е посреде нив и ги соединува двата. Кај Јудејците имаше три големи празници: првиот – Пасха, кој се празнува во спомен на преминувањето преку Црвеното море, вториот – Педесетница, во спомен на пребивањето во пустината, по преминувањето на Црвеното море, бидејќи педесет денови беа ...
Странскиот инвеститор од напредната автомобилска индустрија Костал ја оствари најголемата добивка во Охрид за 2025 со 7,6 милиони евра, според податоците кои „Фактор“ ги обезбеди од Централниот регистар. На второто место е уште една странска компанија ЛТХ Леарница со 4,9 милиони евра, а на трето место е друштвото за производство на пластична амбалажа АСП-ПАК со околу 3 милиони евра остварени во овој македонски град. Ина Трејд-Лоте, фирма за ...
Денешниот 5 Мај, Денот на македонскиот јазик со пригодна манифестација беше одбележан и во ОУ „Братство Единство“ во Охрид. Со многу љубов, песна и гордост го одбележавме 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и на македонската азбука, истакнуваат од училиштето. -Во заедничка организација на учениците и наставниците од двете училишни згради од одделенска и предметна настава, денес на сцената од нашето училиште одекнуваа најубавите зборови и ...
На ден 02.05.2026 година, Џудо клуб “Дрим” од Струга зеде учество на престижен меѓународен џудо натпревар кој се одржа во Нови Биджов, Република Чешка , каде настапија над 1100 џудисти од повеќе земји . Нашиот клуб достојно беше претставен од 7 натпреварувачи, предводени од тренерот Андреј Чакаровски . Џудистите на “Дрим” покажаа исклучителна пожртвуваност , храброст и спортски дух , борејќи се со силна конкуренција и достоинствено бранејќи ...
Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот или на 23 април според стариот календар.Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто. Големиот црковен и народен празник посветен на ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и лице на (43) од Охрид, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување исправа“. Во текот на 2024 и 2025 година, второпријавениот, свесно и со намера да прибави имотна корист, фалсификувал и прикажувал лажно одобрение за градење од општина Охрид за надградба на станбена зграда и се рекламирал преку ...
Градоначалникот на Општина Охрид оствари продуктивна работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Н.Е. Ола Солстром. Главни теми на разговорот беа тековните еколошки проекти, како и стратегиите за зајакнување на туристичкиот потенцијал на Охрид на скандинавскиот пазар. Еден од клучните столбови на меѓусебната соработка останува проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“. Овој проект се реализира во партнерство ...
Како најава за одбележувањето на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина (8 мај) и Неделата на Црвениот крст (8-15 мај) под мотото „ХУМАНОСТА ОБЕДИНУВА“, Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид, утре, 06.05.2026 г. (среда) од 10-14 ч. на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, ќе организира крводарителска акција на која својата хуманост, дарувајќи крв можат да ја искажат студентите, ...
Македонската квиз асоцијација (МКА) со големо задоволство го најавува завршниот Мастерс квиз за оваа сезона, кој ќе се одржи во недела, на 10 мај 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Овој настан, кој прерасна во традиција, по четврти пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид. Најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги одмерат своите ...
Согласно измените во Календарот за 2026 год. за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, Ј.П.,,Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците ,,Железничка” , ,,Прилепска” , ,,Винковачка” , ,,Будва“, ,,Крали Марко” и ,,8-ми Март” дека на ден 07.05.2026 год. (четврток) ќе врши подигнување на отпад од пластика (жолти садови) и хартија и картон (сини садови) од кантите за селекција Селектирај ...
Од 8 до 10 мај ќе се одржи шестото издание на националната иницијатива за чистење за почиста и позелена иднина „Генералка викенд“, а и годинава во рамки на истата ќе се чисти и во Охрид. Според досега објавените локации, на 8 мај од 10:00 часот ќе се чисти кај комплексот Св.Наум, а на 9 мај дел од крајбрежјето (Рача) и кај Конгресниот центар. Организаторите велат дека локациите се ажурираат на дневно ниво, па може да има и дополнувања. ...
Место на неговото раѓање е селото Сикеа, заради што го нарекоа Сикеот. Уште како десетгодишно момче се предаваше на строг пост и сеноќна молитва, по примерот на старецот Стефан, којшто живееше во неговиот дом. Неговата мајка, Марија, беше богата вдовица и сакаше својот син да го посвети на воената служба. Но, во сон ѝ се јави свети Георгиј и ја извести дека Теодор Му е наменет на служба не на земниот туку на небесниот Цар. Свети Георгиј ...
Едно прво, две втори и едно трето место со кои одиме на државен и по Македонски јазик и литература. Одличен успех на нашите талентирани гимназијалци на регионалниот натпревар по Македонски јазик и литература возвишувајќи ја вредноста на македонскиот јазик и литература. Прва година Прво место – Калина Симоноска (93 поени), ментор: Светлана Голабоска Трето место – Климент Размоски (73 поени), ментор: м-р Перчо Божиновски Втора година Пофалници ...
Неделен преглед на теренски активности (27.04 – 03.05.2026). Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 27ми Април до 3ти Мај, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Галичица“ бр.37Б – „Македонски Просветители“ – „Мичо Гилиќ“ – „Гоце Делчев“ (3 дефекти) – „Лазо ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна ...