Белград
12ᴼ /
11ᴼ
На 05/06.07.2025 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници контролирале 278 возачи на моторни возила (Охрид-110, Струга-73, Кичево-59, Дебар-36) и при извршено алкотестирање, констатирале дека 15 возачи ги управувале возилата под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-03, Кичево-01, Дебар-03). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се ...
На 06.07.2025 година во 02.05 часот, пред ноќен клуб лоциран во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија лице на (38) од охридското село Лескоец. При извршен преглед, кај него пронајдена е опаковка со бела грутчеста материја додека во неговото возило „Волво“ со охридски регистарски ознаки, пронајдена е опојна дрога Марихуана. Тие се одземени и по целосно ...
Во тек се градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа по цела должина на улица „Кленоец“ . Стариот и дотраен цевковод се заменува со нов и поквалитетен. Вредноста на овој зафат изнесува околу 28 милиони денари. Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски. По завршувањето на реконструкцијата на водоводната мрежа, започнуваат градежни активности за реконструкција и изградба на атмосферска и фекална ...
👉Голем број активности во туристичката сезона👈 ✔️Генерално се чистеше плочникот од чаршијата од тврдокорни наслаги и нечистотии ✝️Во чест на големиот христијански празник Св. Наум Охридски Чудотворец (летен) се одржуваше јавната хигиена во манастирскиот комплекс ✔️Пред започнување на 64.издание на ,,Балкански фестивал на народни песни и игри” се расчистуваше просторот околу сцената на ,,Долни Сарај”. ...
На 03.07.2025 во 18.30 часот, во Полициската станица Струга е пријавено дека, во селото Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од селото Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. ...
Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, пострада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие. Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мачејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ...
Теодора Шќепановиќ ( 4 јули )& Јордан Митев ( 18 јули ) на ПЛАЖА КАДМО – ОХРИД! Подгответе се за незаборавни летни ноќи, врвна музика и атмосфера што ќе се памети! Локација: Плажа Кадмо, Охрид Датуми: [вметни датуми на настапите] Почеток: 21:00 часот Очекувајте микс од балкански хитови, емоции и енергија што ќе ве подигне на нозе до зори! Коктели, добра храна, убава публика и најдобрите звуци покрај езерото! Резервации и инфо: 071348701 ...
На плажата „Горица 3“ утрово беше вратена пристапната рампа, за лицата со инвалидитет да имаат полесен пристап до езерските води. ЈП „Охридски Комуналец“ ги поставува рапките за време на летната сезона, а по завршувањето истите се отстрануваат. Пристапните рампи се донација на НВО „СОС Балкан медиа“ и компанијата „Отпад“, а од локалната самоуправа повикуваат примерот за поддршка на лицата со посебни потреби да го следат и останатите фирми од ...
По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот: КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ Услови за учество на Конкурсот: Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно село Велгошти. Доставените трудови не се враќаат. ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција објави дел од кандидатите на партијата за градоначалници на претстојните локални избори. Меѓу општините за кои беа соопштени имињата се Карбинци, Сопиште, Дебарца, Демир Хисар и Струмица – каде што изостанува актуелниот градоначалник Костадин Костадинов. Наместо Костадинов, кандидат на СДСМ за Струмица ќе биде Марјан Даскаловски, претседател на општинската организација на партијата. ...
Ученик на Светите Методиј и Кирил и еден од Петточислениците коишто најревносно соработуваа со овие словенски Апостоли. Свети Наум патуваше во Рим, каде што се прослави со чудотворна моќ и со голема ученост. Знаеше многу јазици. Со помош на царот Борис Михаил, по враќањето од Рим тие се населија на бреговите на Охридското Езеро. Додека свети Климент дејствуваше како епископ во Охрид, дотогаш свети Наум основаше манастир на јужниот брег на ...
Македонските туристи, кога станува збор за летен одмор, најчесто се одлучуваат за Охрид.Сепак, нашата земја нуди многу повеќе: од села и планини до скриени природни убавини кои чекаат да бидат откриени и посетени. Покрај тоа, тука се и бројните локалитети со историско значење кои ја обогатуваат туристичката понуда на Македонија. Но кога летото ја носи неподносливата топлина, многу туристи во Македонија решението го гледаат покрај вода. Охрид, ...
На 01.07.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од лице на (44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот откако патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од лице на (60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ ...
Остварив средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше за актуелни политички теми и претстојните локални избори. Исто така се разговараше и за активностите кои Општина Охрид ги презема согласно препораките од УНЕСКО. Стана збор и за туризмот како и за други области во кои би можело да се оствари соработка. Ја потенциравме важноста од културната ...
Свети Наум Охридски Чудотворец (мак. Свети Наум Охридски Чудотворец ) (околу 830 година – манастир Св. Наум, брег на Охридското Езеро, 23 декември 910 година) е христијански светител. Тој бил познат како учител и организатор на црковниот живот, образованието и културата. Бил соработник на св. Климент Охридски. И двајцата биле ученици на Св. Кирил и Методиј. Тој е еден од основачите на Преславската книжевна школа, каде што учителствувал од 886 ...
Еден од дванаесетмината. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“ Иако и тој можеше да се нарекува ...
Апел за финансиска помош за санација на пештерска Црква Свети Никола во Пустец, Преспа. Потребни се средства за реновирање на пештерска Црква Свети Никола. Поради тоа, ги повикуваме сите Македонците како во Република Албанија, така и Македонците низ целиот свет да помогнат за за санација на пештерска Црква Свети Никола, по молба и барање на македонските верници од Пустец. Oбјава на Crkvata Pustec. Почитувани верници Наши сонародници од Мала ...
Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, кадешто оствари средба со раководствата на овие организациони единици. Посетата е дел од низата посети што се реализираат во секторите за внатрешни работи низ земјата за да се информира за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамките на работниот ...
Со особена чест и восхит ја претставуваме Елмедина Заче како првенец на генерацијата. Во текот на своето образование, Елмедина постојано се издвојуваше со својата посветеност, знаење и натпросечни резултати. Таа покажа исклучителен успех не само во редовната настава, туку и во областа на природните науки, математика и физика, каде што со своите знаења и умешност освои бројни награди на регионални и државни натпревари. Нејзината љубопитност, ...
Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 23ти до 29ти Јуни, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници. Отстранети се дефекти на следните локации: – „Војдан Чернодрински“ – „Живко Чинго“ – „Питу Гули” (2 дефекти) – „Григор Прличев” ( 2 дефекти) – „Андон Дуков” – „Ристо Чадо“ – “Егејска” бр.2 – ЈП Охридски ...
„И јас и ти сме пешаци“, ,, Носи кацига“, „ Користи пешачки“, „Одговорно паркирај“, „Спречи кражби“, се новите превентивно-едукативни кампањи што, СВР Охрид отпочна да ги реализира, во пресрет на главната туристичка сезона. Целта е подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, јакнење на свеста и совеста за поголема внимателност во заштита на личниот имот и сопственост нај граѓаните, одговорно однесување во сообраќајот и подигнување на ...
ОБНОВЕНО: Полетувањето е одложено уште еднаш, за 25 минути. Патниците чекаат внатре во авионот. Заради не ипсравен систем за климатизација авионот на „Визер“ кој требаше да полета од Скопје кон Карлсрухе во Германија го одложи своето полетување , а на патниците им биле поделени ваучери од по 5 евра за да може да купат вода или кафе додека чекаат – пишува patuvanja.mk Авионот на „Визер“ кој требаше уште пред три часа да полета за Карлсрухе во ...
👉Неделен преглед од активностите на Оперативните служби👈 ✔️Активно бевме вклучени во одржувањето на Охридскиот вински фестивал 2025 год. околу одржување на хигиената и зеленилото пред хотел ,,Палас” и ,,Кеј Македонија” во текот на трите фестивалски денови ✔️Хортикултурно се уреди просторот околу новоотвореното спортско игралиште на ,,Булевар Туристичка” ✔️Тековни активности за одржување на јавното зеленило и косење се реализираа на улиците: ...
Целосно санирање на ударните дупки и асфалтирање на улицата пред комерцијалната зграда во кругот на ОБ Охрид После долг период, во кругот на ОБ Охрид беше решен еден од проблемите кој ги засегаше како пациентите така и вработените во оваа установа. По налог на Општина Охрид изминатиот викенд се изврши интервентна санација на ударните дупки во кругот на ОБ Охрид, а се изврши и целосно асфалтирање на патот пред комерцијалната зграда во која ...
Леонтиј беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „висок, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати еден одред војска за да го фати Леонтиј, зашто Адријан им беше јаросен противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, по пат се раболе од лута треска, па одредот мораше да го забави својот од. Една ноќ му се јави ангел Божји на Ипатиј, ...
Преку видео порака, биснисменот Менди Ќура денеска ја формализира својата кандидатура за независен градоначалник на Општина Струга. – Ова е чекор за кој добивав барања секојдневно. Повици пристигнуваа од бизнис заедницата, која бара појасна насока за градот и од младите кои сакаат да останат во родниот град. Поттик добив и од бројни граѓани кои побараа од мене да се кандидирам и со одговорност и посветеност да управувам со нашиот град. Како ...
Денеска (30.06.2025 година) во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека, на пловен објект глисер кој бил во водите на Охридското езеро, кај каналот „Студенчишта“, марка „Aquaviva 23“, сопственост на (47) Годишен Охриѓанец, настанал пожар. Повредени лица нема а предизвикана е материјална штета на глисерот како и на други два глисери кои биле закотвени во негова близина. Врз запалениот пловен ...
На улицата „Петнаести Корпус“ предмалку се судрија автомобил и автобус. Според прввите неофицијални информации нема настрадани и причинета е одредена материјална штета. Инаку граѓаните од речиси сите улици низ Охрид јавно преку социјалните мрежи бараат поставување успорувачи на брзина ( т.н. легнати полицајци ) како тие кои се поставени на крстосницата кај О.У. Христо Узунов. Ваквите барања јавно се постираат посебно од како едно лице загина на ...
На 29.08.2025 година од 11 до 17 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници извршиле контрола на 87 моторни возила, во Охрид затекнале 55 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената (22 надвор од населено место, 17 во населено место) како и 09 возачи кои на места каде со сообраќаен знак е забрането, извршиле престигнување на други возила (Кичево-06, ...
Браќа по тело, Персијци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник за да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство. Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. ...