Со особена гордост ја информираме јавноста дека лабораторијата при ЈЗУ Здравствен дом Вевчани е опремена со нов имунолошки апарат од најнова генерација, кој значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат на нашите пациенти. Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за навремено откривање и следење на разни болести. Професионалниот тим во ...

Фондацијата „Доктор Лефтер Манче“ за првпат оваа година, на ден 28.9.2025 г., по повод неговиот 90. роденден и основањето на Фондацијата, го додели престижното признание и парична награда за најдобар студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Алма Шемо од Охрид и Стефан Спасовски од Скопје. Ова високо признание е потврда за нивната извонредна посветеност, научна истрајност и љубов кон македонскиот ...

Родум од Халкидон. Татко ѝ беше сенаторот Филофрон, а мајка – Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани за да го одбегнат тоа скверно жртвопринесување се сокрија. Меѓутоа, ги пронајдоа и ги изведоа пред Приск. Меѓу нив беше и Ефимија. Кога надмениот Приск ги запраша зошто ...

Џудо Клуб ДРИМ Струга на 27.09.2025 учествуваше на два Меѓународни Натпревари и тоа “Медијана Куп” во Ниш, Србија и “Рожаје Опен” во Рожаје, Црна Гора и освои вкупно 6 медали! Медијана Куп: 1. Мила Стојмиловска 2. Мила Стојанова 3. Софија Ноческа Рожаје Опен: 1. Енил Ајдиноски 2. Доријан Петкоски 3. Амар Бајрамоски Честитки и до сите останати наши учесници кој прикажаа одлични борби и врвно џудо но големата конкуренција не дозволи да се ...

По повод 28 септември – Меѓународниот ден на Бошњаците, во свое име и во име на Општина Охрид упатувам искрени честитки до припадниците на бошњачката заедница. Овој значаен ден е потсетник на богатото културно и историско наследство на Бошњаците и на нивниот важен придонес во градењето на мултикултурното и соживотно општество. Вашата традиција, вредности и посветеност се дел од мозаикот кој ја збогатува и зајакнува заедничката иднина. Нека ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (83)г, и лице на (45) г., двајцата од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. Во текот на оваа година пријавените неовластено го прекинале доводниот кабел кој водел до електричното броило и противправно, поврзале бакарни жици со кои се премостувало електричното броило, со што ...

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност. Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја ...

Охридските борачи од Борачки Клуб Аждер – Охрид под водство на тренерот Илија Спасески денес во Неготино собраа грст медали на турнирот кој се одржа во овој град, а каде настапија борачки клубови од цела Македонија. Младиот и перспективен охридски борач Лука Колевски освои прво место во категорија до 65 килограми, а Теа Донева ( која е единствена жена борач од Охрид ) освои второ место во категорија до 54 килограми. Нашите борачи освоија ...

Од денес не само што продолжуваме со работата за поубав Охрид, туку и градиме нов Охрид. Охрид кој не запира! Со конкретни дела докажавме дека не само што можеме, туку и знаеме да реализираме големи проекти. Покажавме дека е можен поинаков, одговорен и чесен пристап кон водењето на градот. Нашите успеси не се само наши. Тие се плод на заедничката работа со вас, граѓаните. Заедно покажавме дека вистинскиот напредок се постигнува само кога ...

Со голема духовна радост Ве известуваме дека на 27 септември (сабота), на големиот празник Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, во Соборниот храм „Св. Ѓорѓи“ во Струга, неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Ѓорѓи Наумоски. Молитвено посакуваме новопоставениот свештеник да биде достоен и благословен во својата свештеничка служба, да го пасе словесното стадо ...

Бугарски лекари со бесплатни прегледи во Оштина Пустец си поставија бугарско знаме, од македонското и албанското ни траг. Иако акцијата има хуманитарна цел, дел од жителите на Пустец за медиумите изјавија дека поставувањето на бугарското знаме на работната маса во амбулантата изгледа како политичка порака и прикриена бугарска пропаганда. Пустец е единствената општина во Албанија каде мнозинство е македонското население. Албанскиот закон за ...

На 26.09.2025 во 18:15 часот на регионалниот пат Ресен-Охрид, кај охридското село Косел, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 14-годишник од Гостивар. Тој управувал патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на лице на (66) години од гостиварското село Форино, за кое постои сомнение дека претходно противправно го одзел од сопственикот. Откако го забележале возилото, полициските службеници го запреле ...

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Јерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја, светата царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христа. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, што на Голгота ...

Во православниот календар, Крстовден се одбележува двапати годишно, на 27 септември (есенски Крстовден) и на 18 јануари (зимски Крстовден). Празникот е посветен на сеќавањето на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан и има длабоко духовно и народно значење. Токму на овој ден, првата работа што домаќинките ја прават уште наутро е да внесат гранче босилок во домот. Во народната традиција, босилокот се смета за свето растение кое носи ...

Денес, како кандидат за градоначалник на Општина Охрид, го потпишав Кодексот за фер и демократски локални избори 2025 година. Ова не е само формален чин, туку моја цврста обврска кон вас, граѓаните, дека ќе водам кампања која ќе биде чесна, отворена и во согласност со највисоките демократски принципи. Верувам дека фер изборен процес е основа за изградба на силна и одговорна локална самоуправа. Затоа, моите заложби се во насока на политичка ...

На 25.09.2025 во 08:35 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице на (83) од с.Калишта, струшко и товарно возило „застава“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (72) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил едното лице , констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ ...

Како што беше најавено денес стружани и околината се собраа на главниот влез од струга и со протест го блокираа приодот до градот. Тие побараа еднаш за секогаш ставање на крај со турењето од депонијата. Посебно за делот од населбата „Плитишта“ кои се први на удар и најблиску до депонијата, која кога гори целата смрдеа е тука до нив. Но парадоксот се однесува на целиот овој струшкио регион, нималку не се изоставени соседните села кои ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот лице на (48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. Имено, лицето како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се ...

Денес, во пресрет на големиот празник Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов, дел од Црковниот одбор оствари срдечна и духовна средба со почитуваниот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Георгиј. На средбата се разговараше за тековните активности на нашата Црква, како и за идните проекти и пастирски иницијативи кои имаат за цел духовно и социјално добробитие на верниот народ. Неговото ...

Охрид во сабота (27 септември) ќе биде домаќин на вистински спортски спектакл – завршна манифестација со која ќе биде затворена Европската недела на спортот 2025. Овој проект го спроведува Министерството за спорт во рамките на најголемата европска иницијатива за промоција на спортот и физичката активност – European Week of Sport (EWoS) која годинава одбележува 10-годишен јубилеј. Настанот ќе се одржи на Кејот Македонија, со почеток во 13 ...

Денес претставници на селото Вапила остварија средба со г-дин Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид, и г-дин Александар Китески, секретар, присуствувајќи и г-дин Марјан Ристески, директор на ЈП „Водовод“. На состанокот беше разговарано за дведеценискиот проблем со водоснабдувањето. Договорени мерки: Привремено: Изградба на нова бушотина, активности кои започнуваат од утре. Трајно: Поврзување на Вапила со градскиот водовод за стабилно и ...

Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, Корнилиј остави сè и тргна по апостолот Петар. Овој апостол подоцна го постави за епископ и го испрати во незнабожечкиот град Скипсеосис, каде ...

Во најтешките мигови, кога животот ве соочува со болка и загуба, неопходна е рака на поддршка што ќе ви помогне да ја минете таа патека со достоинство и мир. „Погребално ДВЕ СОЛЗИ“ од Охрид, постои од 2013 година и со децении претставува симбол на доверба и професионалност во областа на погребалните услуги. Со емпатија и грижа, нашиот тим е секогаш подготвен да ви помогне во организација на достоен испрат на најблиските, обезбедувајќи сè – ...

Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, а потоа и за епископ. Недалеку од градот Сореос беше местото Лимна, населено само со незнабошци. Свети Автоном отиде во тоа место ...

Во чест на големиот празник посветен на Воздвижението на чесниот и животворен Крст Господов – Крстовден, во Манастирот Рајчица на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, на 26 септември 2025 г. (петок), ❈ Ќе се отслужи свечена и празнична вечерна богослужба, со почеток во 18:00 часот, на која молитвено ќе претстои Старецот на Обителта, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј. На крајот од вечерната богослужба, проследен ...

Особено сум горд што од презадолжена и блокирана општина, после 4 години имаме раздолжена и одблокирана општина. За 4 години се реализираа проекти кои во изминатите 50 години само се разговарале, како нова училишна зграда на ООУ “Кочо Рацин” и спортска сала во село Лескоец. Започнува реализацијата на капиталните проекти, катна гаража кај градскиот пазар во Охрид и пречистителна станица во Трпејца. Охрид не запира повеќе! Продолжуваме со ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (19) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Тој, на 14.09.2025 во 05.10 часот, во продажен објект, а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал лице на (20) од Охрид. Напаѓачот веднаш е лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Општата болница во Охрид за ...

На 23.09.2025 во 23 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија лице на (29) и лице на (31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. мвр ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (40) и лице на (42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 22.09.2025 во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и лице на (70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој потоа со возило на Итната медицинска помош бил ...

Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа сите браќа. Наклеветена од некоја блудна девица дека е од неа обесчестена и забременила, Теодора не сакаше да се ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
2.48
28%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
3.17
43%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.36
37%
1019
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.26
37%
1016
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
4.95
36%
1017
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
1.79
52%
1019
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
44%
1012
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.43
23%
1013
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
1.02
33%
1014
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 27ᴼ
2.68
34%
1018
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
1.79
36%
1019
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 24ᴼ
7.94
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28

Платина

56038.75

Сребро

2044.16

Родиум

278103.96

Рутениум

53852.50

Калај

56.36

Паладиум

43628.56

Злато

139576.04

Бакар

13.23

Цинк

0.00

Кобалт

56.29