Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Убавата вест блиски на семејството ја споделија денеска на социјалните мрежи. Потребната сума за почетокот на лекувањето во висина од 208 000 евра се собрани од приватни средства на семејството и вашите донации, и лекувањето може да започне! Остануваат уште 45 000 евра кои ќе бидат потребни за операција по два месеци. За таа цел, и понатаму ќе останат отворени двете телефонски линии, сметката за донации и кампањата преку платформата ...
Љубителите на забавата и добрата музика оваа сабота во „Nocciolino lounge & bar“ во Охрид мол, ќе уживаат во настапот на извонредниот вокал Ѓоко Танески. Посетителите ги очекува убава вечер со жива музика, одлична атмосфера и прекрасниот глас на Ѓоко Танески кој ќе изведе одбран репертоар хитови. Почетокот на настанот е во 21:30 часот. Местата се ограничени, затоа навреме обезбедете си присуство на вечерта со жива музика со Ѓоко Танески ...
Центар за култура „Григор Прличев“ Од 08.03.2026 - 20:00 до 08.03.2026 - 22:00 Актерите од Охридскиот театар, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски и Никола Тодороски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски со уште една „Импровокација“. Во недела ќе се одржи најновото Осмомартовско издание на шоуто. Изненади ја својата дама, мајка, сакана и донеси ја на театарска импровизација, порачуваат организаторите. Карти може да се ...
Март е месец посветен на подигнување на свеста за здравјето на бубрезите, а оваа година на 12-ти март ќе се одбележи јубилејниот, 20-ти по ред Светски ден на бубрегот. Ретките болести на бубрезите се исклучително комплексни, често тешко се дијагностицираат и бараат специфичен, доживотен третман. Како здружение „Ретко е да си редок“, нашата цел овој март е да го свртиме вниманието кон оние кои често се заборавени во статистиките – пациентите ...
Осмата седница на Советот на општина Охрид ќе се одржи на ден 13.03.2026 година (петок) со почеток во 09:00 часотво зградата на општина Охрид. На Дневен ред се 65 точки меѓу нив извештаите за работата на јавните претпријатија, реализацијата на програмите во различни области за 2025, извештаите и завршните сметки на училиштата, како и усвојување на годишниот извештај и завршната сметка на буџетот на единицата на локална самоуправа Општина ...
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во Охрид времето денес претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура до 14 степени. Во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно и сончево време. За време на викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. OhridNews Сончево со ...
Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, Црвен крст Охрид, почнувајќи од 13 март 2026 година (петок), ќе нуди бесплатно психолошко советување. Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со претходно закажување. Заинтересираните лица, можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615. Советувањето ќе го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник. Гешталт терапијата е ...
На 09.03.2026 во СВР Охрид е пријавено дека две лица во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале. Во соработка со Центарот за социјални работи од Охрид, по целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. OhridNews На 09.03.2026 во СВР Охрид е пријавено дека две лица во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната ...
ГРК Охрид во сабота, 14 март, ќе го одигра клучниот натпревар во борбата за пласман во ЕХФ Европската лига. Натпреварот со Алкалоид што ќе се игра во рамки на 2 коло од плејофот има огромно значење. Во сабота не очекува тежок и важен меч на домашен терен. Ќе го дадеме нашиот максимум да ги задржиме двата бода и се надеваме на полна сала и голема поддршка, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Томислав Јагуриноски. Натпреварот ќе се игра во ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. До петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата. Во деновите од ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,71 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР). Тоа е за 22 сантиметри над просекот за март утврден на 693,49 метри надморска височина или 61 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Неделната анализа покажува благо намалување на нивото од измерените 693,73 м.н.в. првиот ден до денешните 693,71 м.н.в. Температурата на ...
Викендов беа одиграни натпреварите од четвртото коло од фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ што се одржува во Спортскиот центар „Климент Колески“ во организација на „Sport Brother Ohrid“. Беа одиграни возбудливи натпревари и постигнати многу голови на теренот. Во саботата во првиот натпревар екипата на Жито Леб ја совлада екипата на АСП ПАК со два гола разлика (4:2), додека во вториот натпревар Макпетрол ја совлада екипата Инекс Олгица ...
Теквондо клубот „Хваранг Фист“ оствари одличен настап на теквондо турнирот „Охрид Опен“, кој се одржа викендов во Охрид и воедно беше прв турнир од новата сезона во рамките на Македонската теквондо лига. Турнирот беше во организација на ТК „Хваранг Фист“, под покровителство на Македонската теквондо федерација, Општина Охрид и Министерството за спорт на Република Македонија. На натпреварот учествуваа голем број клубови и натпреварувачи, а ...
За време на Европското првенство во снукер во Гандија, Шпанија, под раководство на главниот ЕБСА тренер ПЏ Нолан и неговиот нов асистент ЕБСА тренер Александер Сабјак од Хрватска, двајца наши национални тренери по снукер, заедно со уште 9 кандидати од Европа успешно го завршија курсот за меѓународни тренери по снукер. Сашко и Филип Каланоски од Гран клуб Охрид се нови EBSA/WPBSA класа 1 снукер тренери. Со тоа листата на сертифицирани ЕБСА ...
Март е месец посветен на подигнување на свеста за здравјето на бубрезите, а оваа година на 12-ти март се одбележува јубилејниот, 20. Светски ден на бубрегот. Здружението „Ретко е да си редок“ сака да го сврти вниманието кон оние кои често се заборавени во статистиките – пациентите со ретки бубрежни заболувања. Ретките болести на бубрезите се исклучително комплексни, често тешко се дијагностицираат и бараат специфичен, доживотен третман. За ...
Од 07 март 2026 година започна да се реализира проектот на ШК Ласкер Охрид „Шах – Уметност на мислата“. Во рамки на истиот еднаш неделно ќе се одржуваат он-лајн часови за напредни ученици од шаховската школа на ШК Ласкер Охрид со лиценцираниот тренер Константин Лушески. Часовите за шах ќе се реализираат во сабота во траење од 60 минути. Часовите се одржуваат на платформата за шах Lichess.org со користење на Microsoft Teams и Zoom. Групите се ...
Променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. Од утре следува период на претежно стабилно време. Утрата ќе бидат постудени, а преку денот ќе преовладува сончево и релативно топло со мала до умерена ...
ГРК Охрид е последниот патник на Ф4 турнирот од Купот на Македонија. Во финалето од групата В, вечерва во салата „Билјанини извори“ Охрид забележа висока победа над Куманово од 25:18, полувреме 16:8. Охрид притисна силно уште од самиот почеток и постојано ја зголемуваше предноста. Куманово не можеше да парира на квалитетот од спротивната страна, што резултираше со убедлива победа на Охрид. Најефикасен во редовите на Охрид беше Николче ...
Двојна победа за Mercedes-AMG Petronas Formula One Team на Големата награда на Австралија. Новата сезона во Formula 1 започна со возбудлива трка за Големата награда на Австралија, која се возеше на патеката Albert Park Circuit во Melbourne. Победата на првата трка од шампионатот ја оствари британскиот возач Џорџ Расел (George Russell), кој со сигурно и тактички зрело возење стигна до првиот триумф во новата сезона. Возачот на Mercedes-AMG ...
Екипата на Куманово славеше над Младост 1977 од Богданци 29:25 во вториот полуфинален натпревар од Купот на Македонија, група В, и ќе го предизвика ГРК Охрид во меч за пласман на Ф4 турнирот. Првото полувреме од натпреварот кој се одигра во салата „Билјанини извори“ во Охрид, донесе рамноправна игра во која кумановци за нијанса подобро се снаоѓаа на теренот. Во ист ритам продолжи и второто полувреме. Куманово резултатски се одлепи и не го ...
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди и со слаб променлив ветер. Попладне и во текот на ноќта со услови за слаби врнежи од дожд. Максималната температура до 12 степени. Утре претпладне ќе преовладува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Од вторник следува ...
Пожарот на депонијата Буково за кој деновиве алармираа граѓани, вечерва доби на интензитет. Пламените јазици се видливи од голема далечина, а наоколу се шири непријатна миризба. Граѓаните се загрижени за своето здравје. Пожарите не се новина во нестандардната депонија Буково, особено во летниот период. Оваа депонија требаше да биде затворена уште во 2020 година, но истата се уште е во употреба, бидејќи се чека да почне со работа ...
Наше а светско. Ако за некој спортски настан во Охрид важи овој епитет, секако тоа е атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“ кој пред една деценија го стави Охрид на светската атлетска мапа и постојано го подига квалитетот на манифестацијата која денес е изграден спортски бренд. Потврда за тоа е наградата за Најдобар спортски настан за 2025 година што ја доби „Охрид трчаТ“ на „BEAM Festival“ (Best Event Awards Macedonia). Голема чест за нашиот тим, ...
По два меча без триумф, ГФК Охрид им се врати на победите остварувајќи рекордно висока победа во 19 коло од Втората лига. Попладнево на СРЦ “Билјанини извори” Охрид до врв ја наполни мрежата на младата екипа на Победа Прилеп совладувајќи ја со 10:0. Охриѓани по првиот дел водеа со 7:0. На полувреме домаќинот направи четири измени давајќи им можност на помладите играчи, откако во првото полувреме беше извршена една измена поради повреда. ...
Убавото време викендов привлече гости во Охрид. Најмногубројни се домашните и туристите од соседните земји. Многумина го искористија сончевото време за прошетка покрај Езерото. Особено раздвижено е на кејот од езерото и во центарот на градот. Раздвижена е и охридската флота. Туристите од езерска перспектива уживаат во убавините на Охрид. Март засега ни носи топло време со температури повисоки од вообичаено. Расцветани се околните ...
Викендов во Втората фудбалска лига на програмата се натпреварите од 19 коло. Лидерот на табелата, ГФК Охрид Лихнидос, денеска на СР „Билјанини извори“ ја пречекува екипата на Победа Прилеп. Натпреварот почнува во 14 часот. Охрид на стартот од свториот дел на сезоната оствари реми со Шкендија Арачиново дома и пораз од Осогово на гости, но и понатаму е прв на табелата со 40 бода. Следат Шкендија Арачиново со 39, Скопје со 38 и Брегалница со ...
Новата сезона во Формула 1 започнува во Мелбурн каде викендов ќе се вози трката за големата награда на Австралија, а првите квалификации од шампионатот донесоа изненадувања и возбудлив старт на шампионатот. Пол-позицијата за првата трка ја освои возачот на Mercedes-AMG Petronas Formula One Team, Џорџ Расел (George Russell), кој ќе стартува од првата позиција, пред својот тимски колега Кими Антонели (Kimi Antonelli). Со тоа Mercedes го ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 14 степени. Во недела не очекува променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне 15 степени. Слично време не очекува и во понеделник, ...
Ракометарите на Охрид убедливо го совладаа Тиквеш 25:42 во првото полуфинале од групата В од Купот на Македонија и во недела ќе играат за пласман на фајнал фор турнирот. Вечерва во салата „Билјанини извори“ улогата на домаќин ја имаше екипата на Тиквеш, но кавадарчани не можеа да парираат на расположениот Охрид кој диктираше темпо во текот на целиот натпревар и оствари висок триумф. Најефикасен во редовите на Охрид беше Прибетиќ со 9 гола, ...
Денес беа одиграни второто и третото коло од Пионерската лига Охрид 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид. Во лигата учествуваат седум основни училишта од Општина Охрид, а мечевите се играат по Бергеров систем секој со секого, со темпо на игра 10 мин по играч, со 5 секунди додаток почнувајќи од првиот. Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето коло: Пионерската лига Охрид ...