Денеска во просториите на ООУ Братство Единство Охрид се одржа V Рапид турнир Езерски Бисер 2026, на кој учествуваа 50 шахисти од Македонија и Албанија. Турнирот се играше по Швајцарски систем во 9 кола со темпо на игра 10’05”. Најдобро пласирана шахистка беше Јана Анѓелкоска, најдобро пласиран млад шахист Никола Павлески ШК Алкалоид Скопје, најдобро пласиран шахист во категорија 60+ Томица Брзевски ШК Шах Шех Битола. Прво место, златен ...

Остварена е голема победа во Атина, но ништо не е завршено. Ни претстои реванш во Охрид на кој ќе ни биде потребна поддршка од навивачите за да го комплетираме историскиот успех на ГРК Охрид, изјави за Охридњуз тренерот Борис Ројевиќ по триумфот над Олимпијакос 26:31 во првиот меч од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот Куп. Ројевиќ: Остваривме голема победа во Атина, но ништо не е готово Г.М. Фото/видео: А. Момироска Остварена е голема победа ...

Ракометарите на Охрид го совладаа Олимпијакос во Атина 26:31 во првиот натпревар од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп и направија огромен исчекор кон најголемиот успех во клупската историја. Играчите на Борис Ројевиќ одиграа перфектен натпревар во кој имаа контрола во текот на сите 60 минути. Одличната одбрана ја предводеше денеска одличниот Пилиповиќ со 16 интервенции од кои три одбранети пенали. Нападот го предводеа извонредните Лиапис ...

Ракометарите на Охрид водат на полувреме против Олимпијакос во Атина 10:15, во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Евроспкиот куп. Четата на Борис Ројевиќ во првите 30 минути доминираше на теренот во двата правци. Пилиповиќ во првото полувреме оствари 9 интервенции, а Лиапис го предводи нападот со 4 гола, Стрмљан постигна 3, Иванковиќ и Ѓукиќ по 2 гола. Следи второто полувреме во кое веруваме дека Охрид ќе оствари поволен резултат пред ...

Ракометарите на Охрид денеска во Атина го играат првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот куп против екипата на Олимпијакос во Атина. Екипата од вчера е во главниот град на Грција каде одработи еден тренинг пред денешниот меч кој се игра во 16 часот по македонско време. Ќе биде тешко на жешкиот терен во Атина, но ГРК Охрид е подготвен за предизвикот, вели разорниот бек Анте Иванковиќ. Љубителите на ракометот натпреварот ...

Тинејџерот Кими Антонели во болидот на Мерцедес победи на трката за Големата награда на Јапонија што утрово се возеше на легендарната патека Сузука. Антонели кој имаше пол позиција лошо стартуваше, што му овозможи на Пјастри да го преземе водството. Клучен момент беше излетувањето на Берман на средина од трката. Благодарение на сплет на околности и безбедносното возило 19-годишниот Италијанец повторно изби на чело на трката и не го ...

Италијанецот Кими Антонели ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Јапонија, откако беше најбрз во денешните квалификации на патеката Сузука, пред својот тимски колега Џорџ Расел, со што Мерцедес обезбеди прв стартен ред. Третото место на стартот му припадна на Оскар Пјастри (Мекларен), пред Шарл Леклер (Ферари), додека актуелниот шампион Ландо Норис (Мекларен) ќе стартува од 5-та позиција. Макс Верстапен не успеа да ...

ГРК Охрид е пред ангажман на унгарскиот репрезентативец Доминик Мате, десен бек на норвешкиот Елверум, јавуваат специјализирани ракометни портали. Според најавите, трансферот е во завршна фаза, а со овој потег охридскиот клуб испраќа јасен сигнал за дополнително зголемување на амбициите и засилување на ростерот за наредната сезона. Мате (26) настапува на позицијата десен бек, зад себе има настапи во елитните европски натпреварувања. Во ...

Ноќеска во 00:16 часот во СВР Охрид е пријавено дека на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на с.Врбјани, настанал пожар во возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки во движење, сопственост на фирма од Тетово, а управувано од 40 годишно лице од с.Ново Село, тетовско. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а возачот и сопатникот, 29-годишен, од с.Голема Речица, тетовско, се здобиле со повреди ...

Депонијата Буково мора редовно да се затрупува за да нема штета од поголеми размери, вели во емисијата „Напладне“ активистката Драгана Карашова. Тешко се пристапува до Буково, а механизацијата е стара. Животната средина треба да биде приоритет на државно и локално ниво. Ќе биде приоритет кога во буџетот најмногу пари ќе има за животната средина. Треба многу повеќе ресурси, за да имаме подобри резултати, посочува Карашова. OhridNews ...

На 28.03.2026 во 00:16 часот во СВР Охрид е пријавено дека на патниот правец Охрид-Кичево, во близина на с.Врбјани, настанал пожар во возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки во движење, сопственост на фирма од Тетово, а управувано од 40 годишно лице од с.Ново Село, тетовско. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кичево, а возачот и сопатникот, 29-годишен, од с.Голема Речица, тетовско, се здобиле со ...

Летното сметање на времето почнува вечерва во 02:00 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред и времето ќе се смета како 03:00 часот. Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимското сметање на времето. Годинава, летното сметање на времето ќе трае до 25 октомври во 3 часот по полноќ. OhridNews Летното сметање на ...

Променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 10 степени. ...

Денеска во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г. (53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик. Денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата „Нада Филева“ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото ...

На 26.03.2026 во 14:43 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор на бул.„Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишно лице и велосипед управуван од 71-годишно лице, двајцата од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна ...

Денес се одиграа шестото коло и седмото коло од Пионерската лига Охрид 2026 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид. Во лигата учествува седум основни училишта од Општина Охрид, мечевите се играа по Бергеров систем секој со секого, со темпо на игра 10 мин по играч, со 5 секунди додаток почнувајќи од првиот. Се постигнаа следните резултати: Конечна табела: Пионерската лига Охрид 2026 во шах беше ...

На 26.03.2026 во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 52-годишно лице од с.Калишта. Тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки. При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека лицето е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот, ...

Општина Струга започна иницијатива за отстранување на нефункционални возила од јавните површини. Досега, како што информираат, се отстранети околу 90 возила, со што се ослободува повеќе простор за граѓаните и се подобрува урбаниот ред. Ослободување на јавните простори е чекор кон почист и пофункционален град. Нашата работа не завршува тука. Апелираме до сите граѓани да ги пријават возилата што сè уште не се отстранети и да соработуваат со ...

Вчера во Лисабон, Португалија се одржа извлекувањето на квалификациските групи за пласман на Европското првенство 2028 година. Македонија во пресрет на ждрепката беше дел од вториот шешир, а по извршеното извлекување ќе настапува во групата 8, заедно со репрезентациите на Шведска, Грција и Луксембург, соопшти Ракометната федерација на Македонија. Нашата селекција ја очекува интересен и предизвикувачки квалификациски циклус во борбата за ...

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа висок пораз во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство што ќе се одржи ова лето во Канада, САД и Мексико. Вечерва во Копенхаген, Данска славеше убедлива победа од 4:0 со головите на Дамсгард ’49, Исаксен ’58 ’59 и Наргард 75. Македонија која беше целосно дефанзивно ориентирана, во првото полувреме ги издржа сите налети на Данска. Но, во второто полувреме четата на Седлоски ...

Европските бараж натпревари за пласман на Мундијалот 2026 се играат вечерва, „црвено-жолтите“ гостуваат кај силната Данска. Европските квалификации за Светското првенство 2026 влегуваат во завршницата со бараж полуфиналните натпревари што се играат вечерва, во кои 16 селекции ќе се борат за последните европски места на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Во центарот на вниманието на македонската јавност е дуелот меѓу Данска и Македонија, ...

Југот кој предизвика силни бранови во Охридското Езеро преврте и оштети едрлица. Како што информираат од Капетанија на пристаништа се прават напори истата да биде преместена на безбедна локација, но поради големите бранови ситуацијата во моментов е отежнатата. Според најавите од Упрвата за хидрометеоролошки работи и во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, ...

Денеска започнаа градежните активности за асфалтирање на улици во населените места Горно и Долно Лакочереј, во рамки на проектот за изградба на примарна канализациона мрежа. Се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри. Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно проектната документација. Со реализацијата на овој проект се подобрува инфраструктурата за жителите во овие населени места, ...

Ракометарите на Охрид во недела во Атина го играат првиот натпревар од 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со СФП Олимпијакос. Веќе ја анализираме екипата на Олимпијакос и се подготвуваме тактички за натпреварот. На секоја позиција имаат добар играч, на секој мораме посебно да обрнеме внимание. Нашите очекувања се да го дадеме максимумот на првиот натпревар, за дома да биде што полесно. Вториот натпревар среќа е што се игра на домашен терен, ...

Променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Максималната температура до 14 степени. Утре наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од ...

Денес започна асфалтирањето на главната пристапна патека во рамки на градските гробишта во Охрид. ‎Активностите се дел од Проектот за реконструкција на асфалтните пристапни патеки во рамки на градските гробишта, со кој Општина Охрид аплицираше на првиот Јавен повик за финансирање на проекти од Министерството за локална самоуправа. Претходно со средства на Општина Охрид, екипи на ЈП „Нискоградба“ извршија поставување на комплетно нова ...

Извлечени се паровите за Ф4 Турнирот од Купот на Македонија кој ќе се одигра од 17-19 април во Струмица. Во првиот полуфинален натпревар ГРК Охрид ќе сретне со екипата на Еурофарм Пелистер. Натпреварот ќе се одигра во петок, 17 април, со почеток во 17 часот. Финалниот натпревар ќе биде одигран на 19 април, недела, со почеток во 19 часот. Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Парк“ во Струмица. OhridNews Извлечени се паровите за ...

Депонијата „Буково“, наместо современа точка за управување со отпад, со децении функционира како еколошка депонија-монструм која го труе воздухот и почвата во охридско-струшкиот регион. Густиот чад кој често се издига од планината не е само визуелна грдотија, туку директна закана за локалното население и заштитеното подрачје на УНЕСКО. Канцерогени честички, децениска негрижа и ветувања кои со години „заглавуваат“ во административните ...

Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од Воска и Далјан, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување на санацијата. OhridNews Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:30 ...

Мвр билтен

10 минути - МИА
weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
34%
1013
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.6
31%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
56%
1010
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
27%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
1.83
36%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
5.66
45%
1015
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
3.09
68%
1017
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
56%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
37%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
7.2
37%
1009
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
45%
1016
Currency

61.635

Currency

52.685

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Рутениум

51376.89

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Платина

64172.89

Иридиум

253540.09

Паладиум

48883.97

Злато

166450.52

Бакар

12.06

Родиум

319899.93

Сребро

2840.84

Калај

50.03

Кобалт

45.39