На 19.07.2026 во 14:15 часот во охридско село, од слобода е лишено 45-годишно лице од истото село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. На 19.07.2026 во 04:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 30-годишно лице од Охрид. Тој во семејниот дом го нарушил јавниот ред и ...

Традиционално и оваа година на 2 Август, ќе се одржи 47. Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид. Стартот на маратонот ќе биде од плажата Горица „Кај Дивоно”, а целта на градското пристаниште пред хотел „Нова Ривиера“. Патеката е во должина од 2,5 км. Пливачите ќе бидат поделени во две категории: постари од 16 години (родени 2010 година и постари) и помлади од 16 години ...

По дводневна пауза, вечерва продолжуваат натпреварите од групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“. На програмата на се четири средби, а фудбалската вечер ќе ја отворат Инекс Олгица Хотел и Спа и Македонија, со почеток во 20 часот. Само еден час подоцна, екипата на Инекс Олгица ќе го одигра и вториот натпревар вечерва, против Кибо Пласт. Во преостанатите две средби ќе се сретнат Аце Најдески и Милама-Дим, односно Етно ...

Во 50-та година од животот, почина директорката на Основното училиште “Живко Чинго” во Велгошти, Љубица Ангелоска Кркачоска. Поради смртта на Ангелоска Кркачоска, организаторите на турнирот во мал фудбал во Велгошти ги откажаа натпреварите закажани за вечерва. ❗️ИЗВЕСТУВАЊЕ❗️ Почитувани учесници и посетители, Ве известуваме дека денешните натпревари од турнирот во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2026” се одложуваат поради смртен случај. Изразуваме ...

Шпанија заслужено ја освои светската титула, но финалната пресметка со Аргентина не понуди фудбалски спектакл каков што се очекуваше од дуелот на двете најсилни селекции на планетата, оценуваат водечките светски медиуми по завршувањето на Светското првенство. „Црвената фурија“ славеше со 1:0 по продолженијата, со голот на Феран Торес во 106. минута, откако во најголемиот дел од натпреварот имаше контрола врз играта и создаде значително ...

Репрезентацијата на Шпанија е нов светски првак, откако во финалето на Мундијалот што се одигра вечерва во Њујорк/Њу Џерси, САД, го совлада шампионот од Катар од пред 4 години Аргентина со 1:0. Голот вреден светска титула го постигна Феран Торес во 106 минута од натпреварот на асистенција на Нико Вилијамс. Spain have added another star above their crest 🌟#FIFAWorldCup pic.twitter.com/sFvm9NE2Lz — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 19, 2026 ...

Вчера во 14:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило Фолксваген „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 38-годишно лице од истото село и мопед „Априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Охрид. Притоа, возачот на мопедот и 15- годишна сопатничка од с.Долно Лакочереј, се здобиле со тешки телесни ...

Корисници од повеќе земји утрово пријавуваат проблеми со пристапот до Фејсбук, како преку мобилната апликација, така и преку веб-страницата. Според сервисот „Downdetector“, регистрирани се илјадници пријави за неуспешно најавување, бавно или недостапно вчитување на содржините, како и проблеми со објавување фотографии и видеа и со испраќање пораки преку Messenger. Дел од корисниците добиваат известување дека нивната сметка моментално не е ...

Фудбалската репрезентација на Англија го освои третото место на Светското првенство 2026, откако во натпревар исполнет со голови ја совлада Франција со 6:4. Херој на „трите лава“ беше Букајо Сака со хет-трик, а во листата на стрелците се запишаа и Деклан Рајс, Езри Конса и Џуд Белингем. England are #FIFAWorldCup Bronze Final winners 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 18, 2026 За Франција два гола постигна Килијан Мбапе, ...

Дене и утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Дневната температура секаде ќе биде над 33 степени. Во Охрид температурата денеска до 34 степени. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Г.М. Дене и утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. ...

Еден ден не дели од мечот за најпрестижниот фудбалски трофеј. Аргентина и Шпанија во недела од 21 часот во Њујорк ќе се сретнат во финалето на Светското првенство кое нестрпливо го очекува целата планета. Меси или Јамал? Гаучосите по четврти пат или Црвената фурија втор пат? Скалони или Де ла Фуенте? Одговорот ќе го дознаеме по последниот судиски свиреш. Дотогаш забавата е на социјалните мрежи кои се преплавени од креативни видеа кои ја ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 34 степени. До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Дебрца каде ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на локален пат од село Мешеишта до село Волино. Во рамки на посетата Мицкоски ќе изврши и увид во реконструкција на улица во с. Волино-Делница 1: Манастир „Св. Петка“. OhridNews Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе ја ...

Со три интересни натпревари и убедлив настап на актуелниот шампион АСП ПАК, синоќа беше означен почетокот на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“. Бранителот на трофејот уште на стартот испрати јасна порака дека повторно ќе биде еден од главните фаворити, совладувајќи ја екипата на Бразилиан со 6:2. Успешен старт забележа и Џими, кој во интересен натпревар го совлада Оровник со 4:2, додека Сатеска ги освои бодовите без ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 33 степени. До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во текот на денешниот и во деновите од викендот кога ...

Љубителите на малиот фудбал од овојнпеток повторно ќе уживаат во возбудувањата на традиционалниот турнир „Велгошти 2026“, кој и ова лето ќе ги собере најдобрите екипи и голем број љубители на спортот. Честа да го отвори турнирот ќе ја има актуелниот шампион АСП ПАК, кој од 20:00 часот ќе ги одмери силите со Бразилиан, започнувајќи ја одбраната на шампионскиот трофеј. Во првата турнирска вечер ќе се одиграат уште три интересни натпревари: ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во Охрид времето сончево со умерена облачност. Максималната температура до 31 степен. Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...

Актуелниот светски првак Аргентина се пласира во финалето на Светското првенство во фудбал каде ќе се сретне со Шпанија. Argentina are headed back to the #FIFAWorldCup Final 🇦🇷 — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 15, 2026 Во полуфиналето што се одигра во Атланта, Англија поведе со голот на Гордон во 55 минута. По водството Англија несфатливо се повлече. Тухел со дефанзивни измени се обиде да ја брани минималната предност, а Скалони со ...

Според информациите на Националниот парк Галичиц, денес од страна на туристи е забележана мечка во реонот над селото Горно Коњско. Ги повикуваме жителите, посетителите, планинарите, како и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа. Доколку сте во контакт со локалното население или со лица кои престојуваат или работат во ова ...

На 14.07.2026 година во 16:10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, лишени од слобода се две 22-годишни и едно 19-годишно лице од Босна и Херцеговина кои се сомничат за сторено кривично дело „кражба“. По целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. На 14.07.2026 година во 20:10 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во истото село бил ...

Jazz Inn Од 17.07.2026 - 22:00 до 18.07.2026 - 01:00 Љубителите на џез музиката ќе имаат шанса уште еднаш да ги слушаат во живо “Next To Silence” кои со својот претпознатлив стил и уникатен пристап кон џезот, станаа миленици не само на македонската, туку и светската публика. Ќе биде отсвирана музика, која бендот неодамна ја сними во студиото “Алшар”, а ќе се најде на нивниот следен, трет по ред албум. “Next To Silence” го сочинуваат: Кирил ...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во Охрид времето денес сончево со умерена облчаност, попладне со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 32 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за ...

Репрезентацијата на Шпанија се пласира во финалето на Светското првенство во фудбал што се игра во САД, Мексико и Канада. Црвената фурија во полуфиналето што се одигра во Далас, ја совлада Франција со 2:0 и втор пат се пласира во финале на мундијалите, по 2010 година кога Шпанија ја освои светската титула. Шпанците беа подобар противник во текот на целиот натпревар. Блескавата Франција која газеше се пред себе до полуфиналето, одеднаш го ...

Познат е составот на групите за турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, на кој ќе учествуваат 26 екипи, распоредени во осум групи. Во групата А ќе играат бранителот на трофејот АСП ПАК, Етно ресторан Дедо Димо, Бразилиан и Дуелма. Составот на групите: Група А: АСП ПАК, Етно ресторан Дедо Димо, Бразилиан, Дуелма Група Б: Џими, Пицерија Американо, Оровник, Идеал рент а кар Струга Група Ц: Сатеска, Типлери, Хотел Тино Група Д: Др. Баткоски, ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,72 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е за 14 сантиметри над просекот за јули утврден на 693,58 метри надморска височина или 62 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Температурата на водата е 24 степени и е во рамки на месечниот просек (23,5). OhridNews Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Од утре во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. OhridNews Сончево со мала ...

Во организација на Снукер федерацијата на С. Македонија (СФСМ) и домаќинот Гранклуб – Охрид, успешно беше реализиран првиот Летен снукер камп 2026 за млади натпреварувачи на возраст од 12 до 18 години. На шестдневниот камп учествуваа јуниори од неколку клубови од Скопје, како и млади снукеристи од Охрид. Тренинзите ги водеа лиценцирани ЕБСА тренери предводени од претседателот на СФСМ, Лазар Лазаревски, заедно со Сашко и Филип Каланоски. ...

Подготовките за традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“ влегуваат во завршна фаза. Вечерва, со почеток во 20 часот, во Домот на културата во село Велгошти, ќе биде извршена ждребката, по која ќе бидат познати групите и распоредот на натпреварите. Организаторите очекуваат уште едно возбудливо издание на турнирот, кој и оваа година ќе собере голем број екипи и љубители на малиот фудбал. Првите натпревари на турнирот „Велгошти ...

Пред преполни трибини и во одлична атмосфера, со финалниот натпревар и свеченото доделување на наградите беше спуштена завесата на 51. издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Екипата на АСП ПАК заслужено ја освои шампионската титула, Др. Баткоски славеше во натпреварот за трето место, а во богатата фотогалерија ви ги пренесуваме најубавите моменти од финалната вечер, прославата на победниците и доделувањето на ...

На 12.07.2026 во 17:00 часот, во СВР Охрид од слобода се лишени 59-годишно лице од Струга и 62-годишно лице од Охрид. Тие претходно, во домот на нивните родители, предизвикале вербална расправија, по што 62-годишната жена физички нападнала членови на семејството. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.07.2026 во 11:55 часот, во СВР Охрид од слобода е лишено 48-годишно лице од Охрид. Тој претходно ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
5.07
18%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
37%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.46
23%
1011
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.04
27%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.07
19%
1011
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
23%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.57
25%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.31
29%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
4.92
32%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 37ᴼ
0.89
20%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
5.98
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Родиум

274085.11

Бакар

13.51

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Платина

56135.20

Злато

136962.18