Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Со два возбудливи натпревари вечерва беше спуштена завесата на групната фаза од традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, а веќе утре започнува најинтересниот дел од натпреварувањето, елиминациската фаза. Во првиот натпревар кој одлучуваше за првото место во групата, Студио 13 и Екстра Скопско одиграа неизвесен дуел кој во регуларниот тек заврши без победник 2:2. Победникот беше решен по изведувањето пенали, каде повеќе ...
Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ ја заврши својата богата судиска кариера, соопшти Фудбалскиот сојуз на Словенија (NZS), само една недела откако го судеше финалето на Светското првенство 2026 меѓу Шпанија и Аргентина. Четириесет и шестгодишниот Винчиќ заминува во пензија како еден од најценетите европски арбитри и првиот словенечки судија кој добил доверба да го води финалето на Светското првенство. Во своето соопштение, ...
Од сезоната 2027/28, ракометната Супер лига ќе има нов формат на разигрување. Најдобрата домашна лига ќе брои 12 клуба, колку и сега, а измените се во разигрувањето. Имено првите 4 екипи ќе разигруваат за титулата, екипите од 5-8 место ќе играат за место во евро куповите, а од 9-12 место за опстанок. Ова денеска го одлучи Ракометната федерација на Македонија која донесе уште една значајна измена во натпреварувањето во 1 лига каде од ...
Советот на Општина Струга донесе Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на територијата на општината за време на одржување на културни, туристички и други јавни манифестации. Согласно донесената одлука, работното време ќе биде продолжено: Оваа одлука има за цел да овозможи непречено одржување на планираните манифестации, да ја поддржи туристичката сезона и локалната економија, како и да придонесе за подобра ...
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат од 3 до 5 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цена на бензините се зголемува за 3 денари и ќе изнесува 93 денари за литар на ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 95 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 4,5 денари и ќе биде 98,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5 денари ...
Со два натпревари вечерва ќе биде комплетирана групната фаза на традиционалниот турнир во мал фудбал „Велгошти 2026“, по што ќе бидат познати сите учесници во елиминациските натпревари. Програмата започнува во 21:00 часот, кога ќе се сретнат Студио 13 и Екстра Скопско, а веднаш потоа, од 22:00 часот, на теренот ќе излезат Др. Баткоски и Дооел Ноче. Последните натпревари од групната фаза се очекува да донесат нови возбудувања и неизвесност ...
Синоќа на 75-годишна возраст почина познатиот македонски актер Гоце Тодоровски. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на професорот Илија Џувалековски се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. Имал одлична соработка со голем број на познати наши ...
Променливо облачно, а наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Максималната температура до 28 степени. Под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време. OhridNews Променливо облачно, а ...
Илија Капетанија Со оглед дека невремето беше подоцна вчера, штети не се пријавени. Ако евентуално пријават тоа ќе биде од понеделник. Не станува збор за незгода во вода за да пријават, туку елементарна непогода. Осигурителните компании не признаваат вакви штети, бидејќи не е незгода, туку сопствениците несоодветно ги имаат чувано пловилата. Кај пловилата кои беа во каналот нема штети. Стефан СВР До езерската полиција нема пријави за ...
Во емотивна атмосфера, викендов во клубот „Харбор“ во Охрид беше промовиран романот „Само уште еден скок“ на охридската авторка Енис Хилми. Книгата за најпознатото охридско куче, златниот ретривер Тото, зборува за љубовта, животот, минливоста, загубите, но и за надежта, човечноста и одговорноста кон светот што го оставаме зад себе. Романот е раскажан од необична перспектива, бидејќи самиот Тото е наратор. Преку неговите сетила, радости, ...
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Минималната температура во Охридскиот регион утрово е 9 степени, а максималната ќе достигне 29 степени. Во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Г.М. Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Минималната ...
„Спасителен летен фестивал“ ќе се одржи денес и утре во Холандскиот парк, во периодот од 18 до 22 часот во организација на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид, Настанот е по повод 25 Јули – Светскиот ден за превенција од давење, што се одбележува под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО) и Интернационалната федерација за спасување (ILS). Посетителите ќе имаат можност да уживаат во забавни игри, ...
Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, a во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај, информира министерот за транспорт Александар Николоски по денешната теренска посета. Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ...
Турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ продолжи со два интересни натпревари во кои „Св. Троица“ и „Охридски бисер Филеви“ запишаа победи. Во првиот меч, екипата на Св. Троица беше убедлива против Дооел Ноче, славејќи со 4:0. Повеќе неизвесност донесе вториот натпревар, во кој Милама-Дим и Охридски бисер Филеви одиграа 1:1 во регуларниот тек. Победникот беше решен по изведувањето пенали, каде подобра беше екипата на Охридски бисер Филеви, ...
Со многу енергија, мотивираност и желба за нови успеси, ракометарите на ГРК Охрид ги започнаа подготовките за новата сезона. Екипата е со осум нови играчи меѓу кои Филип Талески, Мартин Ивановски, Шуичи Јошида, Адама Кеита, Никола Зечевиќ, Мартин Карапалевски, Доминик Мате и Дино Славиќ и заедно со ракометарите кои останаа во тимот продолжуваат со истите амбиции за освoјување трофеи. Тренерот Борис Ројевиќ во изјава за Охридњуз вели ...
Синоќа на програмата на турнирот во мал фудбал во Велгошти беа четири натпревари. Победи забележаа екипоте на БЗ Груп, Идеал рент а кар и Бразилиан, додека еден натпревар е регистриран со службен резултат. Резултати 24.07. АД Галеб – БЗ Груп 0-4 Типлери – Хотел Тино 3-0 (службено) Идеал рент а кар Струга – Џими 4-2 Бразилиан – Дуелма 3-1 Турнирот продолжува вечерва со две средби. Распоред на натпревари 25.07. 20:30 Дооел Ноче – Св. Троица ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен во источните делови и долж Повардарието. Во Охрид времето сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 25 степени. Нови врнежи од дожд проследени со локална нестабилност ќе има во понеделник, а од вторник повторно ќе биде стабилно со пораст на температурите. OhridNews Сончево со мала до умерена локална ...
Со четири натпревари синоќа продолжи групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“. Идеал рент а кар Струга го совлада Оровник со 2:0, додека Бразилиан беше убедлив против Етно ресторан Дедо Димо, славејќи со 7:1. Екстра Скопско го победи Чардак со 2:1, а Др. Баткоски беше подобар од Св. Троица со 4:2. Резултати – 23 јули: Идеал рент а кар Струга – Оровник 2:0 Бразилиан – Етно ресторан Дедо Димо 7:1 Чардак – Екстра Скопско 1:2 ...
Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Во Охрид времето денес променливо облачно со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 20 степени. За време на викендот времето ќе биде стабилно. ...
Шест брода полни со туристи денеска упорно чекаа да се истоварат на предвиденото одредиште во Св. Наум, но ниту претпладне, ниту попладне не можеа да го направат тоа во договорените термини поради строгите безбедносни протоколи воведени за посетата на претседателките на Македонија и Индија на Охрид. Персоналот на бродовите вели дека уредно бил известен од безбедносните структури дека ќе можат непречено да пловат и да превезуваат туристи до ...
Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид ги известува граѓаните дека во периодот од 27.7.2026 година (понеделник) до 31.7.2026 година (петок) од страна на Општина Охрид ќе се спроведе административно отстранување на нелегално изградени гаражи вкупно 10 на предметната катастарска парцела К.П.11022/20 К.О.Охрид 2 земјиште во сопственост на РМ. Поради тоа сите подвижни и неподвижни предмети кои се наоѓаат во десетте гаражи, ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 27 степени. Во петок под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има ...
Со четири натпревари синоќа продолжи групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, на кои беа постигнати 17 погодоци. Бранителот на трофејот АСП ПАК забележа нова убедлива победа, совладувајќи ја Дуелма со 6:2. Македонија со минимални 1:0 беше подобра од Кибо Пласт, Сатеска убедливо ги совлада Типлери со 5:1, додека Аце Најдески славеше со 2:0 против Охридски бисер Филеви. Резултати – 22 јули: АСП ПАК – Дуелма 6:2 Кибо Пласт – ...
Охрид лице в лице со светска легенда на денс-културата и електронската музика. По одличниот настап на Nakadia, летната серија во Rebel Ohrid продолжува — уште посилно, уште подлабоко и со уште поголема енергија. Ова не е само уште една вечер покрај езерото. Ова е момент кога Rebel носи едно од најзначајните имиња во историјата на електронската музика во Охрид и Македонија. Без брзање. Без кратки сетови. Без музика создадена за неколку ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,71 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Тоа е за 13 сантиметри над просекот за јули утврден на 693,58 метри надморска височина или 61 сантиметри над дозволениот минимум (693,10). Температурата на водата е 24 степени и е во рамки на месечниот просек (23,5). OhridNews Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се ...
Со три натпревари синоќа продолжи групната фаза на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“. АСП ПАК ја оправда фаворитската улога и убедливо го совлада Етно ресторан „Дедо Димо“ со 7:2. Студио 13 славеше против Чардак Велгошти со 3:1, додека Златара Бени Ерол беше подобра од АД Галеб со 4:0. Резултати – 21 јули: АСП ПАК – Етно ресторан „Дедо Димо“ 7:2 Чардак Велгошти – Студио 13 1:3 АД Галеб – Златара Бени Ерол 0:4 Турнирот продолжува ...
Големо невреме проследено со силен ветар и дожд попладнево го зафати Скопје. Според очевидци ветрот корнел дрвја и покриви, а невремето предизвика и штети на инфраструктурата. На терен се екипи на Град Скопје, службите на јавните претпријатија и противпожарните служби кои работат на расчистување на штетите. Големо невреме проследено со силен ветар и дожд попладнево го зафати Скопје. Според очевидци ветрот корнел дрвја и покриви, а ...
Охриѓанецот Христијан Ристески го објави првиот сингл „Coming Home“ од својот дебитантски џез албум „Waters Dance“, проследен со видео спот дело на Даниел Јовески. „Waters Dance“ е авторски џез проект на Христијан Ристески, саксофонист и кларинетист кој моментално е на мастер студии на Џез институтот во Грац, Австрија. Албумот претставува лична музичка приказна во која се преплетуваат неговите искуства, различните музички влијанија и патот ...
Екипата на Инекс Олгица Хотел и Спа забележа максимален учинок на синоќешната програма од турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, откако во иста вечер оствари две победи и направи значаен чекор кон пласман во следната фаза. Во првиот натпревар Инекс Олгица беше подобра од Македонија со 5:3, а само еден час подоцна со идентични 5:3 го совлада и Кибо Пласт. Победа запиша и екипата на Аце Најдески, која со 2:0 славеше над Милама-Дим, додека ...
Општина Охрид ги известува жителите на село Велгошти и сите оние кои гравитираат во тој дел, денес и во наредните неколку денови ќе се вршат градежни активности на патниот правец од пресекот со улицата „15ти Корпус“ до Велгошти. За таа цел Ве известуваме да бидете внимателни при движењето по оваа улица, посочуваат во соопштението. OhridNews Општина Охрид ги известува жителите на село Велгошти и сите оние кои гравитираат во тој дел, денес ...