Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Попладне повторно ќе биде нестабилно наместа со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 29 степени. До средината на следната ...
Со четири натпревари синоќа продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, во која беа постигнати вкупно 20 голови. Во рамките на групата Ц, БЗ Груп Струга славеше над Нова-пор со 5:1. Во групата Е, Гранит Х беше подобар од Студио 13 Ресен со 4:1, додека Кибо Пласт службено го доби натпреварот против истата екипа со 3:0. Најубедливата победа вечерта ја оствари Сатеска, која во натпревар од групата ...
Шпанија, Португалија и Швајцарија обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал по синоќешните и ноќешните натпревари од шеснаесетфиналната фаза. Шпанија убедливо ја совлада Австрија со 3:0 и во следната рунда ќе игра против Португалија, која во европското дерби беше подобра од Хрватска со 2:1. Голот вреден осминафинале за Португалија го постигна Гонзало Рамос во 94 минута. Швајцарија, пак, со сигурни 2:0 го ...
Иако управата на ГРК Охрид стори се за да го задржи и оваа сезона миленикот на охридската публика, Косуке Јасухира, сепак успеа тоа дa го направи од сезоната 2027/2028! Косуке ќе игра за ГРК Охрид уште најмалку 2 сезони. Среќен сум што само по една сезона ќе се вратам во Клубот со кој го освоив првиот Европски трофеј. Рибари и охриѓани се гледаме за кратко и заедно ќе атакуваме по уште многу титули, изјави Косуке. OhridNews Иако управата ...
На 01.07.2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 70-годишно лице од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. Тој, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки ...
На 01.07.2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 70-годишно лице од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб. Тој, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки ...
Со 28 постигнати голови на три натпревари, синоќа продолжи групната фаза на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Најефикасниот натпревар го одиграа Хотел и СПА Инекс Олгица и Попоски Инженеринг, во кој Инекс Олгица славеше убедливо со 12:5, во рамките на групата Б. Во групата Ф, АД Галеб службено го доби натпреварот против Златара Бени Ерол со 3:0, додека екипата на Аце Најдески беше убедлива против Хотел Тино, ...
Англија, Белгија и Соединетите Американски Држави обезбедија пласман во осминафиналето на Светското првенство во фудбал по синоќешните и ноќешниот натпревар од шеснаесетфиналната фаза. Англичаните во Атланта со пресврт ја совладаа селекцијата на ДР Конго со 2:1. Африканската репрезентација поведе во првото полувреме, но капитенот Хари Кејн со два гола во завршницата ѝ донесе победа на Англија, која во осминафиналето ќе игра против Мексико. ...
„Maksimovski United” во мај 2026 година го објави новиот албум „Holymood”, авторски проект на басистот Ѓоле Максимовски. Албумот носи мешавина од џез, хип-хоп, фанк и традиционални влијанија, а концертната промоција на истиот ќе се случи вечерва во клубот Џез Ин. Покрај Максимовски, квартетот во Џез Ин доаѓа во состав: Александар Никодиновски – клавијатури, Филип Димишковски – клавијатури и Дино Милосављевиќ – тапани. OhridNews ...
Со три нови натпревари синоќа и ноќеска продолжија елиминациските пресметки од шеснаесетфиналето на Светското првенство во фудбал. Пласман во осминафиналето изборија Франција, Норвешка и Мексико. Франција убедливо ја совлада Шведска со 3:0 и без поголеми проблеми ја продолжи трката за светската титула. Норвешка беше подобра од Брегот на Слоновата Коска со 2:1, додека Мексико, пред својата публика во Мексико Сити, го елиминира Еквадор со ...
Со убедлива победа на екипата Др. Баткоски над Киоск кај Бироно со 8:2 синоќа продолжија натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Во единствениот меч на програмата, одигран во рамките на групата Х, Др. Баткоски ја забележа својата втора победа на турнирот, прикажувајќи ефикасна игра и сигурна реализација. Турнирот продолжува вечерва со три натпревари од групната фаза: 20:30 часот (Група Б): Хотел и СПА ...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, од пресекот со улицата „Бистрица” до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од Воска и Далјан, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи напретпријатието се на терен до целосно завршување на санацијата. OhridNews Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 ...
Охриѓанецот Мартин Ивановски се враќа во својот матичен клуб и е седмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона! Македонскиот репрезентативец кој игра на позицијата среден бек потпиша договор со ГРК за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (182 cm) и ќе го носи дресот со број 34. Мартин освен за својот матичен клуб, бележеше одлични настапи во дресот на РК Алкалоид и Еурофарм Пелистер 2. Тие настапи ...
Обожавателите и почитувачите на музиката на Владо Јаневски вечерва ќе се соберат во чест на музичката легенда да му оддадат последна почит. Настанот, кој започнува во 20 часот, го организира „Прагма продукција“. Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето „благодарам”, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Ги повикуваме сите што го сакаа, и растеа со неговата музика да ни ...
Турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта 2026“ продолжи со нови возбудувања во групната фаза, а вечерта ја одбележаа убедливата победа на „Охридски Бисер Филеви“ и вториот триумф на „Нова-пор“ на годинашното издание. Во дербито од Групата Ц, „Нова-пор“ го совлада „Дооел Ноче“ со 3:1 и со новите три бода ја потврди добрата форма по успешниот старт на турнирот. На вториот меч од истата група, „БЗ Груп Струга“ службено го доби натпреварот ...
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ синоќа на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа ...
Продолжуваат големите изненадувања во елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал 2026, откако синоќа и ноќеска елиминирани беа две европски велесили. Мундијалот заврши за Германија и Холандија, додека Бразил со гол во судиското продолжение ја избегна сензацијата против Јапонија. Бразил обезбеди пласман во осминафиналето со победа од 2:1 над Јапонија. Јапонците први поведоа, но „кариоките“ израмнија преку Касемиро, а победата ја ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа утре (вторник) од 12 часот ќе го одигра својот историски прв натпревар во главниот жреб на Вимблдон, а македонската јавност ќе има можност директно да го проследи нејзиниот настап. Според информациите на ТВ Арена Спорт Македонија, историскиот дуел на Ѓорческа против шестата тенисерка на светот, Аманда Анисимова, ќе биде емитуван во живо на еден од каналите на Арена Спорт Македонија. Ѓорческа ...
Топлотниот бран освен воздухот, ја зголеми температурата и на Охридското Езеро. Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурата на водата во Охридското Езеро денеска е за 1 степен повисока во однос на претходната седмица и изнесува 24 °C. Долгорочните мерења на УХМР покажуваат пораст на температурата на водата во Охридското Езеро во однос на просекот за јуни за речиси 5 степени во 2026 година. Просекот за ...
Започна пријавувањето на екипи за турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“, кој традиционално се организира по повод верскиот празник Св. Петка. Организаторите најавуваат уште едно спортско дружење со квалитетен мал фудбал, фер-плеј и позитивна атмосфера. Соберете ја вашата екипа и бидете дел од уште едно незаборавно спортско дружење исполнето со одличен фудбал, фер-плеј и позитивна атмосфера, порачаа организаторите. Котизацијата за учество ...
Изминатиот викенд се одржа Националното првенство во Атлетика, како дводневен натпревар, на кое забележитечен успех имаа атлетичарите од АК Охрид. Блаже Љушев го освои третото место во скок далечина, а Стефан Стефаноски сребро со идентичен резултат со првопласираниот во фрлање диск. Андреј Куковски го освои третото место на трката на 400м. Јован Стојоски беше доминантен во трката на 200м со златен медал и уште едно злато на 400м со пречки, ...
Со традиционалното меѓународно поетско читање „Мостови“ и врачувањето на највисоките фестивалски признанија, вечерва на Мостот на поезијата во Струга ќе биде заокружено 65. издание на Струшките вечери на поезијата. Во пресрет на завршната свеченост, во црквата „Света Софија“ во Охрид синоќа се одржа традиционалниот „Портрет на лауреатот“, посветен на годинешната добитничка на „Златниот венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга. На настанот ...
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи на трката за Големата награда на Австрија, осма од сезоната во Формула 1, која се возеше на патеката „Ред Бул Ринг“ во Шпилберг. Британецот, кој стартуваше од пол-позицијата, ја забележа втората победа сезонава, оставајќи го зад себе Макс Верстапен од Ред Бул, додека третото место му припадна на неговиот тимски колега Кими Антонели. Во првите пет завршија уште Оскар Пјастри (Мекларен) и Луис Хамилтон ...
Со драматична победа на Канада над Јужноафриканската Република од 1:0, синоќа стартуваше елиминациската фаза на Светското првенство во фудбал 2026. Во првиот натпревар од новоформираната рунда од 32 репрезентации, домаќинот Канада до победата стигна во втората минута од судиското продолжение. Херој на Канаѓаните беше Стивен Еустакио, кој во 92. минута го постигна единствениот погодок и на својата селекција ѝ донесе историски прв триумф во ...
Три натпревари со вкупно 30 постигнати голови беа одиграни синоќа на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“, каде фаворитите забележаа убедливи победи во групната фаза. Во Групата Б, Кафе Бар Коко баше поуспешен од Попоски Инженеринг Кафе со 6:4, додека Хотел и Спа Инекс Олгица убедливо славеше над Томе Електрик со 11:3. Во единствениот натпревар од Групата Ф, екипата на Сатеска го совлада АД Галеб со 5:1. Вечерва ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 31 степен. Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и ...
Македонската музичка сцена остана без еден од своите најзначајни уметници. Почина Владо Јаневски, еден од најпопуларните македонски поп-пејачи, автор на бројни безвременски хитови и првиот претставник на Македонија на Евровизија 1998. Веста за неговата смрт ја објави Македонската радио-телевизија. Со повеќедецениска кариера, Јаневски остави длабока трага во македонската забавна музика. Неговите песни, меѓу кои „Црно тиквешко“, „Некогаш и ...
Бројот на жртвите од разорните земјотреси што ја погодија Венецуела се искачи на најмалку 1.430, додека повеќе од 3.200 лица се повредени, покажуваат најновите податоци од венецуелските власти и меѓународните спасувачки служби. Двата силни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала на 24 јуни предизвикаа огромни разурнувања во северниот дел на земјата, особено во државата Ла Гуаира и делови од главниот град ...
Заврши групната фаза на Светското првенство во фудбал 2026, по драматичните натпревари одиграни ноќеска, по кои беа комплетирани сите учесници во шеснаесетфиналето. Англија ја потврди првата позиција во групата Л со победа од 2:0 над Панама, Хрватска ја совлада Гана со 2:1 и како второпласирана продолжува понатаму. Во групата К, Колумбија и Португалија одиграа без голови (0:0), резултат што им одговараше на двете селекции, додека ДР Конго ...
Збирката „Во куќата“ на Николина Андова Шопова во издание на „Бегемот 2026“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија. Одлуката ја донесе комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 во состав: Наташа Аврамовска, претседател и членови Весна Ацевска, Весна Мојсова-Чепишевска, Владимир Илиевски и Виолета ...