Аргентина и Швајцарија се последните патници во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал, по драматичните осминафинални пресметки одиграни синоќа. Аргентина се врати од 0:2 и со голем пресврт во последните 10 миннути од мечот го совлада Египет со 3:2 и обезбеди место меѓу осумте најдобри репрезентации. Argentina pull it back late to secure their spot in the last eight! 👏#FIFAWorldCup — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 7, 2026 ...

Со три натпревари од осминафиналната фаза, синоќа продолжи 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Златара Бени Ерол убедливо го совлада Гранит Х со 3:0 и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи. До четвртфиналето се пласираше и Сатеска по драматичната победа над Гостилница Кај Мече. Во регуларниот дел мечот заврши 2:2, беше а поуспешна во изведувањето пенали беше екипта на Сатеска која славеше, со 4:2. Во ...

Утре Црвен крст Охрид во соработка со СВР Охрид организира крводарителска акција која ќе се одржи во просториите на Службата за трансфузиона медицина – Охрид. Ги повикуваме сите вработени во СВР Охрид да се приклучат на акцијата и да ја даруваат својата скапоцена течност. Една единица дарувана крв може да спаси повеќе животи, велат од Црвен крст Охрид. Акцијата ќе се реализира во периодот од 9 до 12 часот. OhridNews Утре Црвен крст Охрид ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Во Охрид времето денес променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 29 степени. Утре и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...

Денес е планирано да се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда до 06 часот во четврток. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто ...

Цените на угостителските услуги во јуни 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец. Споредено со јуни минатата година, пак, угостителски услуги поскапеле за 2.6 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јуни 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.8 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.8 %. ...

Поради изведување на градежни работи за санација на дефект на канализационата мрежа, од денес, 7 јули, до понеделник, 13 јули, ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во стариот дел на градот, информираат од Општина Охрид. Воедно, апелираат до жителите и туристите да го почитуваат привремениот сообраќаен режим и поставената сообраќајна сигнализација, како и да користат алтернативни сообраќајни приоди. ...

Екипата на АСП ПАК по изведување пенали обезбеди пласман во четвртфиналето на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Во драматичен натпревар, АСП ПАК и Кафе бар Коко одиграа 2:2 во регуларниот дел, а бранителот на трофејот беше поуспешен во пенал рулетот со 6:5. Во останатите два осминафинални натпревари, Охридски бисер Филеви ја совлада Нова-пор со 3:2, додека Др. Баткоски славеше против Оровник со 3:1. АСП ПАК, ...

Репрезентациите на Шпанија и Белгија обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал, по победите во осминафиналните пресметки одиграни синоќа и ноќеска. Шпанија славеше минимално со 1:0 против Португалија, со гол на резервистот Мерино во 91 минута. Со триумфот, Шпанците ќе играат против Белгија во четвртфиналето. A late winner to secure a spot in the quarter-finals! 🇪🇸#FIFAWorldCup — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) ...

Сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност, попладне со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 28 степени. До четврток времето ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност ...

УЕФА,остро реагираше на одлуката со која примената на автоматската суспензија од еден натпревар за американскиот напаѓач Фоларин Балоган беше ставена во мирување, оценувајќи дека со тоа е премината „црвена линија“. Во официјалното соопштение, објавено денеска, УЕФА наведува дека минималната автоматска суспензија од еден натпревар по црвен картон не е прашање на дискрециона одлука, ниту бара дополнително одлучување од надлежен орган за да ...

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се зголемува за 1 денар по литар, додека на дизелот за 2,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2 денари, додека мазутот поевтинува за 0,265 ден/кг. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе се продава по цена од 85,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 по цена од 87,50 денари по литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 82,50 денари по литар. Цената на Екстра ...

На 05.07.2026 во СВР Охрид е пријавено дека во 16:45 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, 59 и 67-годишни лица, двајцата од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид. OhridNews На 05.07.2026 во СВР Охрид е пријавено дека во 16:45 часот, на улицата „Кленоец“ во Охрид, 59 и 67-годишни лица, двајцата од Охрид, ...

Американскиот напаѓач Фоларин Балоган ќе може да настапи за САД во осминафиналниот натпревар против Белгија на Светското првенство, иако на претходниот меч против Босна и Херцеговина доби директен црвен картон. Светските агенции објавија дека ФИФА ја ставила во мирување автоматската суспензија од еден натпревар, повикувајќи се на член 27 од Дисциплинскиот правилник. Црвениот картон не е поништен, но казната е суспендирана во рок од една ...

Норвешка приреди големо изненадување на Светското првенство во фудбал, откако синоќа во осминафиналето го совлада петкратниот светски првак Бразил со 2:1 и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции. Херој на Норвежаните беше Ерлинг Халанд, кој во финишот постигна два гола за голема победа и историски пласман во четвртфиналето. Бразил успеа само да го намали резултатот преку Нејмар од пенал во судиското продолжение. Во вториот ...

Со три натпревари продолжи 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. Синоќа беа одиграни два осминафинални дуели и натпревар од групната фаза. Во осминафиналето, Аце Најдески со 2:1 ја совлада екипата на БЗ Груп Струга и обезбеди пласман во следната рунда. Пласман понатаму избори и Хотел и СПА Инекс Олгица, кој славеше убедливо со 4:1 против Кафе Бар Слобода Кичево. Во натпреварот од Групата Г, Чардак Велгошти го ...

Во Охрид вчера официјално започна јубилејното, 5. издание на ракометниот камп „40х20“, кој ќе трае до сабота. Повеќе од 120 учесници од пет држави, Македонија, Шведска, Германија, Швајцарија и Србија во наредните седум дена ќе имаат можност да ги усовршуваат своите ракометни вештини, да стекнуваат нови знаења, да се дружат и да уживаат во бројни едукативни и забавни активности. Организаторите и оваа година подготвија богата и разновидна ...

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 28 степени. До крајот на работнава седмица и почетокот на викендов, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. А попладне ќе има услови за појава на ...

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, победи на трката за Големата награда на Велика Британија, возена денеска на патеката „Силверстоун“, десетта сезоната во Формула 1. Леклер ја искористи својата шанса уште на стартот, преземајќи ја водечката позиција од Кими Антонели кој аимаше пол позицијата, а потоа успешно ја контролираше трката до самиот крај. Возбудливата завршница беше прекината со безбедносно возило по излетувањето на Макс Верстапен во ...

Синоќа во 22:45 часот, во СВР Охрид било пријавено дека 49-годишен охриѓанец починал во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Тој, претходно бил донесен со тешки телесни повреди, со кои се здобил при пад од кров на куќа, која ја градел на сопствена парцела лоцирана во близина на стариот пат Охрид-Струга, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот, а истрагата треба да ги расветли ...

На 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“ синоќа беа одиграни три натпревари од групната фаза, по кои се наѕира костурот од елиминациската фаза. Во групата Г, Оровник славеше над Дебрца Експрес со 1:0 и обезбеди пласман во нокаут фазата. Во групата Е, Гранит Х во ефикасен натпревар го совлада Кибо Пласт со 3:2 и стигна до максимален учинот во групата, додека Кафе бар Коко беше убедлив против Томе Електрик, триумфирајќи ...

Со два натпревари од осминафиналето продолжи Светското првенство во фудбал. Morocco secure their place in the last eight! 💫#FIFAWorldCup — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 4, 2026 Репрезентацијата на Мароко убедливо ја совлада Канада со 3:0 и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на Мундијалот. Актуелниот првак на Африка до триумфот стигна со два гола на Азедин Унахи, а конечниот резултат го постави Суфијан Рахими. Со оваа ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h. Максиманата температура во Охрид ќе достигне 27 степени, информира УХМР. Во понеделник не очекува сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...

По ден пауза, вечерва продолжуваат натпреварите на 51. издание на турнирот во мал фудбал „Петровден – Мешеишта“. На програмата се три средби од групната фаза. Први на теренот, од 20:30 часот, ќе излезат екипите на Оровник и Дебрца Експрес во рамки на Групата Г. Еден час подоцна, во Групата Е, ќе се сретнат Гранит Х и Кибо Пласт, додека вечерната програма ќе ја заокружи дуелот од Групата В меѓу Томе Електрик и Кафе Бар Коко. Г.М. По ден ...

Со драматичните натпревари одиграни синоќа и ноќеска беше комплетирана фазата од 1/16-финалето на Светското првенство во фудбал, по што денеска започнуваат осминафиналните пресметки. History for Egypt 🇪🇬#FIFAWorldCup pic.twitter.com/AU12rxTWyb — FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) July 3, 2026 Египет обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри откако по изведување пенали ја совлада Австралија со 4:2, откако регуларниот дел заврши 1:1. Аргентина, ...

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне брзина од 60 километри на час. Во Охрид времето денес сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 30 степени. За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ...

Во среда, 08.07.2026 година, ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда до 06 часот во четврток. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на ...

На 02.07.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 07:20 часот во двор од семејната куќа, по претходна расправија, едно лице било физички нападнато од друго, двајцата од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. На 03.07.2026 во 05:40 часот во Струга, полициски службеници лишија од слобода 40-годишно лице од струшкото село Радолишта. Лицето во станбена зграда на ...

Организаторите на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2026“ го објавија наградниот фонд за овогодинешното издание, кое традиционално се организира по повод верскиот празник Св. Петка. Победничката екипа ќе освои 120.000 денари, второпласираната 60.000 денари, третото место носи награда од 30.000 денари, додека за четвртопласираната екипа се предвидени 10.000 денари. Покрај екипните награди, ќе бидат доделени и индивидуални признанија за ...

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ја информира јавноста дека од денес, 3 јули 2026 година Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“ официјално започнува со работа. Работно време на базенот, како што информираат од претпријатието, ќе биде секој ден од 08.00 до 19.00 часот. Пливачките школи ќе започнат со работа од 06 јули, понеделник, а обуките ќе се реализираат во термините од 08.00 до 13.00 часот и од 17.30 до 19.00 часот (мало корито). ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
5.07
18%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
37%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.46
23%
1011
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.04
27%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.07
19%
1011
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
23%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.57
25%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.31
29%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
4.92
32%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 37ᴼ
0.89
20%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
5.98
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Злато

136962.18

Алуминиум

3.25

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Рутениум

53852.50

Калај

56.46

Паладиум

43499.96

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Цинк

0.00