Изминатиот викенд во новиот Национален центар за спортско стрелаштво во Скопје, се одржа третиот по ред Куп на МССФ на кој учество зедоа сите активни спортски клубови од државата со свои претставници. Поради одржување на континуитет и традиција, а со цел мотивација на спортистите од приоритетната олимписка дисциплина-воздушно оружје, беа доделени награди во сите дисциплини и категории. Најуспешен настап во дисциплината воздушен пиштол-јуниорки ...

Сезоната 2025-26 во НБА која стартуваше ноќеска, е 80-та во историјата на најсилната кошарксраска лига на светот. Стартот го одбележа дербито на западот помеќу Хјусто и шампионот Оклахома која славеше 126:125, како и високата победа на Сан Антонио над Далас 125:92, до која „спарси“ ги предводеше французинот Виктор Венбањама кој постигна 40 поени и 15 скока за само 30 минути. Резултати НБА 23.10.2025 Houston Rockets @ Oklahoma City Thunder ...

Викендов во Охрид ќе преовладува променливо време. Во сабота ќе биде облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени. Во недела не очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер ...

На 3-то редовно изборно Собрание на здружението на ммузчаари “Охридски музички еснаф” за претседател реизбран беше Венко Пашовски. Собранието избра и членови на Извршниот одбор на здружението кој го сочинуваат: Кирил Белистојаноски, Ангел Трајкоски, Петар Паскали, Кирче Аслимоски и Тони Вретоски. Усвоена е програмата за работа која е во насока на завршување на отпочнатите проекти како и трајно решавање на проблемот со простории за работа во ...

Денеска во ОУ „Братство Единство“ се одржа базар на традиционална и здрава храна во рамки на Недела на борба против гладта (16 – 22 октомври) под мотото „Од нашите раце за топли срца”. Базарот беше организиран од страна на наставниците, учениците и родителите од одделенска настава на албански наставен јазик. Целта на оваа активност е да се развие чувството на солидарност, грижа и општествена одговорност кај нашите деца, како и поддршка за ...

30 годишниот хрватски репрезентативен голман потпиша со ГРК Охрид миниум до крајот на оваа сезона. Пилиповиќ (192 цм) доаѓа по 8 сезони поминати во Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), а играл и за моќната Висла Плок (Полска), Нексе (Хрватска) и Фиверс (Австрија). Има одиграно официјални натпревари и за сениорската екипа на Австрија, а од 2022 е дел од Хрватската репрезентација. Барав еден амбициозен проект, нешто ново да пробам, сакав да работам со ...

Сениорскиот тим на ГКК Охрид ја запиша својата прва победа во новата сезона од Првата лига – мажи, совладувајќи ја екипата на Водно Санс од Скопје со резултат 68:80. Натпреварот се одигра во СРЦ „Кале” во Скопје, каде што охриѓани покажаа голема борбеност, тимска игра и цврст карактер од првата до последната минута. Со цврста одбрана и одлична реализација во напад, момците на ГКК Охрид ја презедоа контролата уште во втората четвртина и не ...

Денес ќе се одржи промоција на книгата „Охридски фолклористи” од авторите проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков. Промоцијата е во рамки на програмата на Општина Охрид за одбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, уредникот на едицијата „Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, ...

Променливо облачно со услови за појава на повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во Охрид времето денес променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен утре и во ...

Министерството за економија и труд соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“, бр.21/98 и 18/07), по повод празникот „Ден на Македонската револуционерна борба“, 23 октомври (четврток) 2025 година е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за економија и труд на сите граѓани на Република Северна Македонија им го честита Денот ...

Денеска во СВР Охрид е пријавено дека во 08:00 часот на крстосница од ул.„Живко Чинго“ со ул.„15 Корпус“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишно лице од Охрид и велосипедист, 68-годишен, од охридското село Велгошти. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во болницата „Св.Еразмо“ Охрид, информираат од МВР. Увид извршила екипа од ...

Општина Охрид со бројни свечености ќе го одбележи 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Програмата започнува утре, 22 октомври, во 12 часот со промоција на книгата „Охридски фолклористи“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Следи обраќање на претставник од Општина Охрид, обраќање на авторите, обраќање на уредникот на едицијата „Охридско книжевно налседство“, како и настап ...

ГРК Охрид во рамки на деветтото коло од Супер лигата во петок ја пречекува екипата на МРК Куманово. Наш следен противник е Куманово и свесни сме дека ниеден меч не е лесен. Против Прилеп покажавме одличен пристап и енергија на теренот, со ист таков пристап мора да настапиме и дома. Ако го дадеме својот максимум и останеме фокусирани од почеток до крај, верувам дека победата ќе остане во наши раце, изјави ракометарот на ГРК Охрид Стефан Петриќ. ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10 степени, а максималната ќе достигне до 17 степени. Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Утре ќе ...

Цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, одлучи денес Регулаторна комисија за енергетика. Со оваа одлука малопродажната цена на дизелот ќе изнесуваат 67 денари за литар, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 66,5 денари за литар. Цените на бензините остануваат 73 денари за ...

Премиера на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски во сабота, 25 октомври, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во големиот амфитеатар со почеток во 19:30 часот. „Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство. Филмот е мој обид да ја ...

По повод месецот за превенција од рак на дојка денес ќе се одржи настанот насловен „Време е за допир-почни од себе“. Зборуваме гласно за важноста од раното откривање на ракот на дојка. Потсетуваме колку е важна превенцијата: превентивните прегледи, самопрегледите и континуираната едукација. Даваме поддршка на жените кои ја извојувале битката и денес таа е минато, но уште повеќе на оние кои денес ја водат војната со болеста, информираат од ...

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќура и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори. Ќура во првиот круг освои 9 934 гласа, додека Далипи 9 719. Излезноста во Струга во првиот круг од локалните избори беше 42,01%. Во избирачки список во општина Струга регистрирани се ...

Дебрца градоначалник ќе добие на 2 ноември. Во вториот круг за градоначалничката функцијата ќе се борат Златко Силјаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со освоени 1 212 гласа или 48,1 отсто од граѓаните кои вчера излегоа на гласање и актуелниот градоначалник и независен кандидат за функцијата, Зоран Ногачески, чија кандидатура вчера ја поддржаа 663 лица или 26,31 отсто од гласачите. Според роковникот објавен од Државната изборна ...

ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија најмногу места во Советот на Општина Охрид. Според првичните информации на Државната изборна комисија – ДИК, коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 13 мандати во советот на град Охрид кој брои 23 членови. СДСМ и коалцијата освои 5 мандати, ЗНАМ 2, Левица 1, Демократската пшартија на турците 1 и ГИ Р. Хода 1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата имаат апсолутно мнозинство во Советот на Општина Охрид ...

Голем број партиски членови, симпатизери и поддржувачи, се собраа вечерва на градскиот плоштад во Охрид да ја прослават победата на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков на локалните избори 2025. Победата се славеше со музика, „бакљи“ и огномет кој го осветли небото над Охрид. На присутните им се обратија пратеникот во републичкото Собрание Сашо Донев, носителот на листата на советници на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Перчо Божиноски и ...

Кирил Пецаков од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата е реизбран за градоначалник на Општина Охрид. До својот втор мандат Пецаков дојде на уверлив начин остварувајќи висока победа над противкандидатите уште во првиот круг од локалните избори 2025. Според првичните податоци на Државната изборна комисија, Пецаков освои 16 565 гласа, или 63,91 отсто од вкупниот број гласачи во општината кој изнесува 52 580. Кандидатот на СДСМ и коалицијата Асен Шајн освои 6 ...

Јавното обвинителство Охрид поведе постапка за прекршување на изборниот процес. Постапка е отворена против лица кои наводно подготвувале поткуп на гласачи. Како што соопшти вечерва на прес конференција Републичкото јавно обвинителство, за време на гласањето полицијата запрела возило во кое биле пронајдени 30 банкноти од по 2000 денари и список на лица на кои требало да им се дадат парите. Во тек е истрага која тѕреба да го расветли целиот ...

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија. Во Охрид излезноста изнесува 48,22%, односно гласале 25 331 граѓанин од вкупно запишаните во избирачкиот список 52 580. Во Дебрца гласале 2 438 од запишаните 3 937 во Избирачкиот список односно 62,04%, Во Струга излезноста е 40,58%, додека во Вевчани 69,78%. На ниво на државата излезноста е 46,46%, односно излегле да гласаат 827 ...

Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и копалицијата и се уште актуелен градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, прогласи победа во прв круг на локалните избори одржани денеска. Во еуфорична атмосфера пред седиштето на партијата во Охрид, Пецаков се заблагодари на охриѓани за искажаната доверба, посочувајќи дека во трката за градоначалник извојувал убедлива победа. Голема победа и благодарност на охриѓани за референдумската поддршка што ја добив, историски ...

Поликлиниката „Денториа“ петнаесет години гради и негува успешна приказна во грижата за оралното здравје на пациентите. Отсега, на нова локација на бул. „Туристичка“ бр.95, со современо модерно уреден простор, три ординации, најсовремена апаратура и достапен бесплатен паркинг простор за своите клиенти. Во петнаесет години научивме и пораснавме многу. Како многу млад стоматолог отворив своја клиника и низ годините научив и јас, но и целиот тим, ...

Кандидат за градоначалник Стевче Стевоски од Твоја партија го оствари своето право на глас на локалните избори во ИМ 1293 во Елшани. Го остварив своето право на глас со едно убедување дека ќе престане функционирање на двете фамилии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ кои 35 години го тормозат овој град, рече Стевоски. Нивното функционирање претставува една организирана мрежа од 90-тите години наваму. Сето тоа продолжува и до ден денес со гласањето на нивните ...

Независниот кандидат Гоце Цветкоски го оствари своето право на глас во ИМ 1313 во Подмолје од каде порача дека очекува победа и масовна поддршка од охриѓани. Цветкоски вети транспарентност во работењето на Општината. Очекувам победа и дека луѓето се вразумија во овие 35 години дека не можат да гласаат се за истите и да очекуваат нови поинакви резулатите со истите луѓе. Се надевам разумот ќе преовладее и охриѓани ќе излезат во масовен број да ми ...

Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ и Коалицијата Асен Шајн своето гласачко право го оствари во ИМ 1260 во гимназијата „Св. Климент Охридски” Охрид. Шајн се надева надева на доверба од охриѓани за како што рече Охрид со подобра иднина. Го искористив своето демократско право на глас. Знам и сигурен сум дека охриѓани ќе го дадат својот избор и својата доверба на чесни луѓе, посветени, искрени со коишто од Охрид ќе направат град со кој ...

Своето гласачко право кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Македонија Твоја“, Кирил Пецаков го оствари во ИМ 1262 во ОOУ ,,Григор Прличев” изразувајќи надеж дека ќе победи во првиот круг. Посакувам и се надевам дека Охрид ќе го задржи фер и демократското однесување кое го имало во изминатите изборни цисклуси кога се гласало, рече Пецаков. Очекувам во мирна и демократска атмосфера да завршат изборите и ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.63
69%
1009
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
81%
1009
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
6.82
82%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
90%
998
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
87%
1004
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
83%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
85%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Сребро

1837.41

Паладиум

45879.12

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.89

Кобалт

55.67

Калај

40.11

Бакар

10.76

Цинк

3.24

Родиум

255598.44

Платина

53106.37

Злато

135322.28

Никел

471972.96