Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Денеска (среда), од 18 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се случи промоција на сликовницата „Другарка, Другарко и две маченца“ од авторот Денис Јанкуловски – Космонаутко а со илустрации на Наташа Костовска. На промоција ќе разговараат авторот Јанкуловски и илустраторката Костовска со уредникот Дејан Трајкоски. Ова е една од ретките сликовници кај нас, којашто се занимава со децата со нетипичен развој. Како своевидно ...
Обуката на 364 кандидати за пожарникари кои се пријавиле на Јавниот оглас што го распиша Владата, започна денеска. Меѓу нив 12 од Охрид. Вкупно се пријавиле 18 кандидати за пожарникари во Охрид, но 4 од нив според информациите на Агенцијата за администрација, не ги исполнувале бараните услови. Лицата што успешно ќе ја завршат обуката ќе добијат сертификат за гасење на пожари, и ќе може да биде вклучени во справувањето со пожарите низ ...
Оваа мерка е дел од програмата на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот и покажува сериозен напор за намалување на критичните концентрации на штетни честички, како што се PM10 и PM2.5, кои претставуваат главна закана за здравјето, објави градоначалникот Кирил Пецаков. Се работи за напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL кои ќе помогнат во елиминацијата на вируси, бактерии и ...
Приказната наречена „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да пулсира во истиот ритамот со уште една моќна изведба – овој пат тоа е безвременската патриотска тема „Нека живеј Македонија“, позната и под оригиналниот назив „Има една земја сонце што ја грее“, сега отпеана од Сузана Спасовска. Композицијата, чии стихови се длабоко врежани во народната свест и љубовта кон татковината, е дело на реномираниот автор Григор Копров, а првично ја ...
Етно Кампот „Гердан од Бисери“ претставува уникатна можност за младите генерации да се запознаат со македонската традиција преку живо искуство. Кампот е вистинска етно-платформа која оваа година по 10ти јубилеен пат, успешно го спојува старото и новото, традицијата и современите педагошки пристапи, едукативни и културолошки вредности и пред се играта, низ танцов и спорстко-рекреативен контекст. Етно кампот содржи хорски работнилници за ...
Новиот шеф на стручниот штаб на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ, изрази задоволство од текот на подготовките на клубот кои се одвиваат на брегот на Охридското Езеро. Навистина сум презадоволен од почетокот, како работат момците, од залагањето, од односот на сите во клубот и имам само зборови на благодарност. Фокусот е на нас. Имаме нова екипа ќе ни треба малку повеќе време да се воиграме, но ќе гледаме што побрзо да влеземе во форма и што порано да ...
Со настанот на 6 август, Здружениeто за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности „Креативна верига“, го започнува одбележувањето на петгодишнината од своето електронско списание „(е)Лит“. Со своите соработници и пријатели, оваа среда во 20:00 часот, во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ во Охрид, гостите ќе имаат можност да ги чујат Миодраг Богиќ на виолина и Искра Атанасова Митуш на пијано. Дел од своето книжевно ...
Екипите на Гранит Х и АСП ПАК ќе се сретнат во финалето на 20-то јубилејно издание на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Ова е епилогот од полуфиналната пресметка вечерва на која публиката виде 10 гола на еден меч и пенал драма. Резултати 1/2финале, 05.08.2025 Гранит Х – Стоматолошки центар Др. Баткоски 0:0 (4:3) Сатеска – АСП ПАК 1:9 Финалето помеѓу Гранит Х и АСП ПАК ќе се одигра на 7-ми август. Финален ден, 07.08.2025 21:00 ...
По четири години мандат, граѓаните на Охрид имаа право да очекуваат барем дел од предизборните ветувања да бидат исполнети. Наместо тоа, добија апсолутен минимум – ако воопшто нешто и добија. Наместо отчет, од локалната власт народот добива нови барања за доверба, како да се заборавени сите нереализирани проекти. Ова, меѓу другото, се истакнува во соопштението за јавност на ОО СДСМ Охрид, во кое се критикуваат политиките и владеењето на ...
Под покровителство на Општина Охрид од 16 до 30 август Охрид ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, што годинава се одржува по трет пат. Станува збор за случување кое ги спојува водените спортови, убавата музика и гастрономска понуда од ова поднебје. Фестивалот започнува на 16-ти август на пладне со Ревијалниот ватреполо турнир што ќе се одржи пред хотел Александрија, а попладнето на Старото пристаниште ќе се одржи Red Вull Педалинка. ...
Инцидентот се случил ноќеска 30 минути по полноќ во Струга. Постапувајќи по претходна пријава дека на паркинг во Струга бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица со бучава од возила, полициски службеници презеле повеќе мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај. Веднаш по пријавување на случајот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга излегле на местото и затекнале повеќе од 500 ...
Денеска ќа преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура во Охрид ќе достигне 25 степени. во среда не очекува сончево време со мала до умерена облачност и потопло. Во Охрид минималната температура ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе ...
Во морето настани ова лето во градот кој буквално е бомбардиран од музички концерти кои се движат од една во друга крајност, ретки се тие кои можат да се издвојат во групата квалитетни и соодветни за место какво што сака да биде Охрид. Еден од таквите, е настапот на американскиот пејач, текстописец и танчер Џејсон Дeруло. Tој одржа концерт на СРЦ „Билјанини извори“ на празникот Илинден на 2 Август, на кој присуствуваа голем број негови ...
Сообраќајните незгоди летово се честа појава во Охрид. Значително зголемениот број возила, сообраќајниот метеж, непочитување на знаците и правилата, како и топлото време што создава дополнителна нервоза кај возачите, се најчеста причина за незгодите. Една таква, за среќа без сериозни последици, се случи денеска на улицата „7-ми Ноември“ каде се судрија автомобил и мотоцикл. Незгодата е без сериозни последици и предизвикана е само материјална ...
На 5ти и 6ти август пред Хотел Нова Ривиера ќе ќе се одржи мини „изложба“ на автомобили како најава за 3-то издание на „Night Car Show“ што го организира „Urban Street Car Club Ohrid“. Настаните пред хотел Нова Ривиера што ќе го најават „Night Car Show“ на 5ти и 6ти авгист, ќе се одржат во периодот од 16:00 до 01:00 часот. Главниот настан е на 9-ти август на просторот на некогашната касарна во Охрид од 19:00 до 01:00 часот. Освен изложба ...
Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид се одржува за празникот „Св.Климент“, оваа година ќе се реализира во спортската сала на ООУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа на 8 август (петок) во периодот од 19-00 ч. и на 9 август (сабота) во периодот од 9-13 ч. Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината, за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека ...
Познати се сите полуфиналисти на 20-то, јубилејно издание на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Две од трите четвртфинални средби одиграни вечерва се одлучија по изведувањето пенали. Минатогодишниот победник, екипата на Кафе бар 9, е елиминирана, што значи дека турнирот ќе добие нов шампион. Резултати 1/4 финале, 03.08.2025, недела Кибо Пласт – Стоматолошки центар Др. Баткоски 2:4 Инекс Олгица – Гранит Х 1:1 (3:4) Сатеска – Кафе бар 9 1:1 ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, во понеделник и вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни особено во текот утрешниот ден кога локално ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2), силен ветер (над 60км/ч) и изолирана појава на град, предупредува УХМР. Од среда ќе преовладува претежно стабилно и потопло време со пораст на ...
Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една охридска населба, при ракување со службено оружје-пиштол, се самоповредил. Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид каде била констатирана прострелна рана во левата рака, соопшти СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе следува соодветен ...
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени. Во понеделник не очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ...
Градот Охрид со низа свечености и манифестации го одбележува 2 Август – Денот на Републиката. По тој повод утрово цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа и кај „Прентов мост“ положија делегации на локалната самоуправа, политички партии, здруженија, граѓани… По повод Илинден денеска во селото Плаќе се одржа историски час со културно-уметничка програма, а чествувањата ќе бидат заокружени вечерва во селото ...
Петар Цеков од ПК Вардар 2018 – Скопје во машка и Сара Јанковиќ од ПК Скопје, се победници на 46-то издание на малиот пливачки маратон, што традиционално се одржа денеска на празникот Илинден во водите на Охридското Езеро. Во конкуренција на пливачи 16+, Цеков патеката долга 2,5 километри од Горица до Охрид ја мина најбрзо со време 28.04.16 минути пред Евгениј Поп Ацев од ПК Вардар 2018 (29.30.02м.) и Теодор Тасевски исто така од ПК Вардар ...
Клубот Ребел познат по уникатните забави и квалитетна музика, ова лето во Охрид носи извонредни гости кои високо котираат на светските денс листи. Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на Денот на Републиката, 2 Август. Гостува норвешкиот диџеј и продуцент Микас (DJUMA SOUNDSYSTEM). Тој е креатот на модерната класика успешно комбинирајќи диско и афро хаус. Претстојниот е само еден од низата квалитетни настани што се случуваат во клубот ...
Клубот Ребел познат по уникатните забави и квалитетна музика, ова лето во Охрид носи извонредни гости кои високо котираат на светските денс листи. Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на Денот на Републиката, 2 Август. Гостува норвешкиот диџеј и продуцент Микас (DJUMA SOUNDSYSTEM). Тој е креатот на модерната класика успешно комбинирајќи диско и афро хаус. Претстојниот е само еден од низата квалитетни настани што ќе се случуваат во ...
Македонија денес го чествува Денот на Републиката, зачната на Илинден 1903, а родена на АСНОМ во виорот на Втората Светска војна. На денешен ден во 1903 година почнало Илинденското востание на македонскиот народ против османлиската власт. Најголем успех востанието имало во Крушево каде е формирана Првата Република на Балканот, која, како и востанието, биле задушени во крв по 10 дена. На 2 Август 1944 година, во манастирот „Свети Прохор ...
Екипата на Инекс Олгица е последен патник во четвртфиналето на 20-то јубилејно издание на турнирот вои мал фудбал во Велгошти, откако вечерва со 3:2 ја совлада екипата на Вила Мина. Екипата на АСП ПАК, пак, се пласира во полуфиналето по убедливата победа над Ресен со 3:0. Резултати 01.08.2025 Инекс Олгица – Вила Мина 3:2 АСП ПАК – Ресен 3:0 Денеска на е слободен ден, а турнирот продолжува во недела, со преостанатите средби од 1/4 финалето. ...
Од 16 до 30 август Охрид повторно ќе биде домаќин на Ohrid Water Festival, единствениот фестивал кој ги спојува водените спортови и културната програма во градот. Годинешното, трето издание ветува богата спортско-рекреативна и социјално-едукативнaта програма. Спортската програма започнува на 16 август со Меѓународен ватерполо турнир за ветерани, по кој следуваат Ред Бул падалинка, Меѓународна кајак регата, Меѓународен OWF пливачки митинг, ...
Утре традиционално по 46-ти пат во водите на Охридското Езеро ќе се одржи малиот Илинденскиот пливачки маратон во организација на П.К. „Охридски бранови 2008”-Oхрид. Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица до кејот на Охридското Езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км., а пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години, информираат од клубот. Првиот ...
Вечерва продолжува програмата за одбележување на 2-ри Август, Денот на Републиката, во организација на Општина Охрид. Во 20:30 часот во селото Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, каде е предвидено обраќање на градоначалникот Кирил Пецаков, полагање на цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците, како и културно-уметничка програма. Од 21:00 часот, пак, кај црквата Св.Илија во селото Рамне ќе се одржат ...
По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 јули 2025, во периодот од 21 јули до 10 август, се реализира националната јавно-здравствена кампања за подигнување на свеста, превенција, рана дијагностика и елиминација на вирусните хепатити и црнодробниот карцином. Оваа голема кампања се организира под покровителство на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, во соработка со Хепар Центар Битола, Универзитетските ...