Охриѓани и гостите спас од високите температури наоѓаат во Охридското Езеро. Сместено на близи 700 метри надморска височина помеѓу планините Галичица и Јабланица, ова природно езеро со исклучителна ендемичност одушевува со својата убавина и потенцијал. На суп даски, во кајаци, кајчиња, педалинки, катамарани, глисери, едрилици, бродови… деновиве сите сакаат на Езеро. Да уживаат и да се разладат во чистите охридски води. Ова парче од рајот ...

Шеста вечер на „Summer Comedy Marathon“ го донесе шоуто „BEST OF STAND UP! – Најдоброто од најдобрите!“. Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев со проверени хитови, омилени шеги и нови изненадувања предизвикаа делириум во публиката во исполнетиот „Jazz Inn“. Изненадување на вечерта беше Небојша Грујиќ кој донесе креатривна доза балкански хумор како најава за неговото соло шоу „Дојденец“ вечерва на истата локација. ...

Љубомир Глигоров од Скопје се спушти на длабочина од 132 метри во Охридското Езеро и постави нов македонски рекорд во длабинско нуркање. Тој нуркаше со мешавина од гасови чија основа е водород кој, за разлика од хелиумот, речиси и да не се користи за ваква намена. Но, Глигоров смета дека користењето на водород за техничко нуркање може да заштеди милиони на светско ниво и подготвен е да ги сподели своите сознанија само доколку истите не бидат ...

Три средби се одиграа синоќа на турнирот во мал фудбал во Велгошти. Топлина ја совлада екипата на Гостилница Кај Мече, Мартиник мебел и Галеб ремизираа, а мечот помеѓу Хотел Тино и и ФК Кушршум од Лакочереј не се одигра. Резултати 26.07.2025, сабота Топлина – Гостилница Кај Мече 3:2 Мартиник мебел – Ад Галеб 1:1 Хотел Тино – Фк Куршум Лакочереј 0:3 (службено) Вечерва на програмата се три натпревари со кои завршува групната фаза на ...

Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 32 степени. Во понеделник не очекува сончево време со ...

Музичката програма на „Охридско лето“ вечерва продолжува со Холандската вечер во рамки на која предвиден е концертот на гудачкиот квартет на кралскиот „Концертгебау Oркестар“, со уметниците Марк Даниел ван Бимен и Коралине Гроен на виолина, Санта Визине на виола, Борис Недјалков на виолончело и Арно Питерс како солист на кларинет. На програмата се дела за кларинетски квинтет на Тристан Кеурис, гудачки квартет на Антонин Дворжак и кларинетски ...

Охриѓани и туристите кои вчеравечер присуствуваа на стендап шоуто насловено „English Show“ изведено во рамки на „Summer Comedy Marathon“ во Џез Ин имаа можност да погледнат паметна, смешна и брутално искрена комедија на англиски јазик. А за тоа беа задолжени Никола Тодороски и Лаура Лопез од Мексико. Меѓународна ноќ полна со смеа за која не беше потребен превод. „Summer Comedy Marathon“ продолжува вечерва со шоуто „Best of Stand Up“ кое ќе ...

Despina Event Venue Од 26.07.2025 - 21:00 до 27.07.2025 - 01:00 Владимир Четкар во родниот Охрид вечерва ќе одржи концерт во Despina Event Venue покрај охридското крајбрежје. На концертот насловен како Wine, Jazz & Spirits македонскиот музички артист со интернационална кариера ќе се претстави со септет во кој ќе музицираат Ѓоле Максимовски на бас гитара, Дино Милосављевиќ на тапани, Филип Димискоски на клавијатури, Јордан Колевски на ...

Во рамки на манифестацијата „На зајдисонце“, синоќа во Трпејца беше промовирана монографијата „Златните времиња на КК Рибар“ дело на познатиот новинар и публицист Милчо Јованоски. Ова е монографија за една од најпозитивните и најуспешните приказни од спортовите на вода кај нас, која, искрено, како да е создадена според филмско сценарио, рече на почетокот промоторот на книгата Горан Момироски, новинар и публицист од Охрид. Најверојатно, ...

Мобилни царински тимови при Секторот за контрола и истраги спроведуваат засилени патролни контроли на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, информираат од Царинската управа. Целта е, како што посочуваат, строга контрола на пловни објекти и спречување на прекуграничен криминал по воден пат. Ги следиме сите сомнителни активности и каде што постои сомневање вршиме контрола се со цел навремена детекција и спречување на секој обид за ...

По повод Светскиот ден за борба против хепатитисот – 28 јули 2025, во периодот од 21 јули до 10 август, ќе се реализира национална јавно-здравствена кампања за подигнување на свеста, превенција, рана дијагностика и елиминација на вирусните хепатити и црнодробниот карцином. Оваа голема кампања се организира под покровителство на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, во соработка со Хепар Центар Битола, Универзитетските ...

Веќе при првиот разговор со луѓето од клубот, а особено со градоначалникот Кирил Пецаков, ја почувствував искрената желба, сериозната амбиција и големата љубов кон ракометот. Таа енергија веднаш ме привлече и беше клучна да ја донесам одлуката да дојдам во клубот, но и во земја каде што ракометот се доживува со толкава страст – можеби и најмногу на целиот Балкан, вели тренер Борис Ројевиќ пред почетокот на сезоната во ГРК Охрид. Во новата ...

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Охрид времето денес сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. Утре и во првата половина од следната седмица ќе има промена на временската состојба. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе ...

Откако СДС Охрид го остави ЈП „Градски гробишта“ со долг од 1 000 000 денари сега зборува за неработа. Со години дозволивте запуштеност, негрижа и хаос, а денес се обидувате да бидете морални коректори на туѓа работа, реагираат од ВМРО ДПМНЕ Охрид на обвинувањата од СДСМ Охрид. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ е човек кој вложи напор, труд и лична одговорност да донесе ред во едно од најсензитивните јавни претпријатија кое сега е со ...

Во клубот „Ребел“ во Охрид ова лето гостуваат светски познати диџеи и изведувачи. Оваа сабота, 26 јули, во „Ребел“ ќе настапи познатиот диџеј, продуцент и електро легенда Кристијан Смит, чии забави се прераскажуваат. Вратите на клубот за настапот на Кристијан Смит се отвораат во 23 часот! Моменти од забавата со Кристијан Смит во „Ребел“ минатата година Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на 2 Август. Гостува норвешкиот диџеј и ...

Полека се комплетираат екипите кои ќе обезбедат пласман во завршницата од турнирот во мал фудбал во Велгошти. Натпреварите од последното коло по групи ќе ги решат сите дилеми. Вечерва на програмата беа четири средби, а две завршија на “зелена маса”. Резултати 25.07.2025, петок Кибо Пласт – Македонија 5:0 Аце Најдески – Бурекџилница Гока 3:0 (службено) Стоматолошки центар Др. Баткоски – Ресорт Бате Боле 4:1 Гранит Х – Дооел Ноче 3:0 ...

Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции. Започнува миниум 3 годишниот проект кој го предводи тренерот Борис Ројевиќ. Стручниот штаб на првиот тренинг ги имаше на располагање сите ракометари (освен повредениот Теимураз Орјоникидзе кој рехабилитацијата ја одработува во Грузија). Ростерот на ГРК Охрид за сезона 2025/2026 е следниот: ...

СДСМ Охрид реагираат за состојбата во која се наоѓаат градските гробишта посочувајќи дека се обврзале постојано да го потсетуваат директорот на ЈП Градски гробишта кој му е негов опис и попис на работните задачи и да бидат коректор на неговата работа. Во случајов, на неговата неработа… бидејќи директорот очигледно не направил ни два чекори понатаму од неговата канцеларија да ја види состојбата во која се наоѓаат градските гробишта. Жално. ...

Експлозија на интеракција, импровизација и хумор донесе вчерашното шоу „Nitro 2 Live“ кое беше изведено во рамки на програмата од „Summer Comedy Marathon“. Стенд ап комичарите Никола Тодороски и Никола „Братучед“ Сиљаноски приредија извонредно шоу во кое публиката беше ѕвезда на вечерта. Најексплозивното интерактивно шоу „Nitro 2 Live“ публиката ќе може да го погледне уште во два термини на 4 и 12 август во Џез Ин со почеток во 20 часот. ...

На 24.07.2025 во 12:15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице. Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за 55-годишно лице од Скопје. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР ...

Клубот Ребел синоќа го прослави третиот роденден. Славеничкиот момент го разубави извонредната Дани Димитровска, а нејзиниот настап беше убава увертира во музичките случувања ова лето во клубот познат по уникатните забави и квалитетна музика. Ребел најавува гостувања на светски познати диџеи и изведувачи, а летната забава вечерва (сабота), ја отвора прекрасната тајланѓанка која живее и работи во Берлин, продуцентката и диџеј Накадија. ...

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиле 1.529.451 патници во првата половина од 2025 година што претставува зголемување од 5% во споредба со минатата година. Само во јуни, сообраќајот бележи пораст за импресивни 12%. Вкупно 12.235 летови опслужени од јануари до јуни. Благодарение на 8 нови авиолинии и сè поголемиот чартер сообраќај, повеќе дестинации од кога било досега се само на еден лет оддалеченост, ...

Во рамки на годинешното седмо издание на „Summer Comedy Marathon“ во недела, 27 јули, охридската публика и туристите ќе може да го погледат стенд ап шоуто на Небојша Грујиќ насловено „Дојденец“. Седма вечер. Еден човек. Еден микрофон. Еден град што не е негов. Небојша Грујиќ пристигнува со свежа перспектива, балкански хумор и невоздржана искреност! Сè што мислел за нас – ќе го каже… на сцена!, велат организаторите. Шоуто ќе биде изведено во ...

На четирите натпревари што се одиграа синоќа на турнирот во мал фудбал во Велгошти, беа видени дури 28 гола. Резултати 24.07.2025, четврток Екстра Скопско – Типлери 7:1 Кафе бар 9 – Фурна Настоски и Форт кафе 4:1 Инекс Олгица Хотел и Спа – Ферседо Охрид 9:1 Чардак Велгошти – Фк Куршум Лакочереј 3:2 Турнирот продолжува вечерва со четири средби од групната фаза. Распоред на натпревари 25.07.2025, петок 21:00ч Аце Најдески – Бурекџилница Гока ...

Оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец интервенираа во расчистување на уште една дива депонија, овој пат во с. Љубаништа. Како што посочуваат од претпријатието биле подигнати 52 м3 непрописно одложен отпад: кабаст отпад, градежен шут и др. вид отпад. Повторно остро реагираме на ваквото масовно одлагање отпад на јавни површини и формирање диви депонии кои ја загрозуваат животната средина, потенцираат од ЈП Охридски Комуналец. OhridNews ...

Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 37 степени. Утре ќе се задржи многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на нестабилност ...

Градоначалникот Кирил Пецаков денес оствари средба со амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери. Соговорниците, како што информираат од Општина Охрид, на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната соработка со можност за остварување директна соработка помеѓу општина Охрид и градови од Италија со кои Охрид има слични карактеристики. Се разговараше и за соработки во други области како образование, туризам, култура. Градоначалникот ...

Шоуто „Црн хумор“ ги проби табуата и покажа дека и мракот може да биде смешен. Бројната публика вчеравечер во култниот Џез Ин уживаше во настапот на Никола Тодороски, Никола „Братучед“ Сиљаноски и Зоран Донев. Стенд ап комичарите приредија извонредно шоу со жестоки шеги и хумор кој ги преминува границите на обичното во секој поглед. Вечерва во рамки на програмата од „Summer Comedy Marathon“ ќе биде изведено шоуто „Nitro 2 Live“ со Никола ...

Претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Охрид времето денес сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. Утре и во сабота ќе се задржи сончево и многу топло време со температура која наместа ќе достигне и 43°C. Од недела и во деновите потоа температурата ќе биде во опаѓање и ќе има услови за локална појава на ...

Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 08:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Кеј Македонија“ , „Партизанска“ со сите споредни улици , „Славеј Планина“, дел од Бул.„Туристичка“, дел од „Јане Сандански“, „Димитар Влахов” со сите споредни улици и долната зона од стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид. Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1000
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
10.8
74%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
4.63
90%
994
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
4.12
74%
1003
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
0.72
99%
1004
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.92
85%
1003
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
997
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.14
95%
1005
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
4.12
94%
998
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
62%
1008
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Калај

48.78

Паладиум

55781.55

Бакар

12.12

Родиум

339994.14

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Сребро

2733.78

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72