Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денес е годишнина од првата клапа на првата македонска комедија во режија на Димитрие Османли, филмот „Мирно лето“. „Мирно лето“ започнал да се снима во Охрид на 25-ти септември месец 1960, а премиерно бил прикажан на 18-ти април 1961 година. Гледајќи го филмот некој се присетува, а некој можеби првпат гледа како изгледал Охрид, Така, хотелот „Палас“, Чинарот, „Канео“, „Св. Климент“ пред повеќе од половина ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Свети свештеномаченик Автоном. Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг и изгради црква посветена на светиот Архангел Михаил. Престојуваше во куќата на еден добар христијанин Корнелиј, когошто Автоном го посвети најпрво за презвитер, ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 26. степени. – Од петок до почетокот на следната седмица под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа ...
Скопје/Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија (ДИК) денеска одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е на петтото место. Редослед: 1. Искуство за успех 2. ЗНАМ 3. Демократска партија на Србите 4. Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ 5. ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на локалните избори закажани за 19-ти октомври 2025 година, Супер радио и OhridPress преку сегментот „10 прашања за поубав Охрид“, одвојуваат бесплатен простор за промоција на кандидатите за градоначалници во Охрид и Струга. Сите тие добија по 10 прашања кои се однесуваат на конкретни теми, важни за локалната заедница и кои ги засегаат граѓаните кои живеат во овие две општини. За Охрид на овие ...
Скопје/Струга, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во врска со последните случувања околу депонијата во Струга, од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) потсетуваат дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините. – Согласно Националниот план за управување со отпад 2021-2031 и регионалните планови, општините се должни да обезбедуваат собирање, транспортирање, селекција и расчистување на отпадот на ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ поставена е паметна клупа „Sb Mini” за трајно користење. Истата е отстапена од Општина Охрид, а добиена е како донација. – Потребите на младите бараат нови решенија кои имаат за цел да го олеснат нивното движење и да понудат брзи информации. Паметната клупа овозможува да се обезбеди енергија, поврзување и релевантни локални информации во движење, велат од ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Согласно годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, деновиве се работи на неколку локации во градот. – Нов асфалт е поставен на крак од улицата „Гоце Делчев“, со површина од околу 1.600 м2. Надлежните служби на општината работат и во населба Воска, се асфалтираат три краци од улицата „Васил Стевоски“, информираат од локалната ...
Скопје/Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од 27-ми септември, над 30 олдтајмери од Западна Европа и САД ќе продефилираат низ земјава како дел од Бахус класик релито што за првпат се организира кај нас. Некои од возилата коишто ќе пристигнат и ќе бидат дел од ова меѓународно рели од премиум ранг досега не се видени ниту во Македонија, ниту во регионот. Најавено е учество на претставници од 11 држави меѓу кои САД, Германија, Австрија, ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти септември 2025 година, во 23:00 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода лишија од слобода две лица на возраст од 29 и 31 години, двајцата од Куманово. – При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На Градскиот кеј во Охрид, во сабота, на 27-ми септември 2025 година, ќе се одржи финалниот настан BeActiv Night. Истиот вклучува натпревари во баскет 3х3, ракомет, пинг-понг, стрелаштво, фитнес и аеробик зона. Со бројни активности во кои беа вклучени спортисти, рекреативци и граѓани од сите возрасти, вчера во Скопје официјално беше означен почетокот на Европската недела на спортот 2025 – проект што го ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.A.(19) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. Тој, на 14.09.2025 во 05.10 часот, во продажен објект, а потоа и надвор од објектот, лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид, со нож го нападнал Х.С.(20) од Охрид. Напаѓачот веднаш е лишен од слобода, а повредениот со возило на Итната медицинска помош е пренесен во ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(40) и Ц.Ч.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 22.09.2025 во 16:00 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и П.М.(70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој потоа со возило на Итната ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 23 септември 2025 година во 23:00 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид од слобода ги лишија С.М.(29) и О.Џ.(31), двајцата од Куманово. При претрес извршен по судска наредба, во стан кој го користеле во Охрид, се пронајдени бела прашкаста материја, пари и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со премиера на втората приказна во сабота, на 27-ми и настан со посебна програма во недела, 28-ми септември, викендов продолжува втората сезона од популарните „Охридски приказни“ во „Форт кафе“. По Броз и Марама кои беа првите патници кои зборуваа за нивниот Охрид,сега на гости имавме три млади дами, кои пленат со својот талент, појава, посветеност и љубов кон својот град. Ана Кузманоска, Лина Николеска и ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија од кајчиња и едрилици во водите на Охридското Езеро пред многу години, сега во вид на кратко, AI генерирано видео. Следете не на Facebook и YouTube за повеќе вакви видеа. ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до сабота во Охрид ќе се одржи 24. Годишна конференција на Македонска берза. Градов уште еднаш ќе биде домаќин на врвни експерти од земјава и од регионот. Воведни обраќања ќе имаат главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази. Експертите меѓу другото ќе ...
Скопје/Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во 13:00 часот, во седиштето на Државната изборна комисија (ДИК), ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, учесници на локалните избори 2025 година. Според статистиката добиена во ДИК потврдени се вкупно 303 листи за градоначалник и 558 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје. За Охрид се потврдени сите поднесени листи, ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај Светилникот и Градското пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Преподобна Теодора. Од Александрија, жена на млад маж. Наговорена од некоја бајачка, таа изврши прељуба со друг човек. И веднаш совеста почна луто да ја гризе. Си ја исече косата и се облече во машка облека, па стапи во машкиот манастир Октодекат под машкото име Теодор. Нејзиниот труд, пост, бдеење, понизноста и плачното покајание ги восхитуваа ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се навршуваат полни 17. години од смртта на Влатко Пантовски – Dj Panter и Наумче Аврамоски – Dj Bruce. Годините поминуваат, но споменот на нашите колеги не избледува. Остануваат засекогаш нивната ведрина, насмевките и позитивната енергија која ја ширеа, каде и да се појавеа. Охридската медиумска заедница не дозволува годиниве наназад да избледи споменот на своите колеги. Супер радио, матичната ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време, со ведро и посвежо утро. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28. степени. – До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок врнежите ќе бидат проследени со локална појава на ...
Охрид, 24. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2025 година, во 18:40 часот, во СВР Охрид лишени се од слобода две лица од Охрид, на возраст од 40 и 42 години, по претходна пријава дека, кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, физички нападнале 70-годишно лице од Охрид. – Во врска со истиот настан, во СВР Охрид приведен е 43-годишник од Охрид, поради агресивно однесување кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2025 година, во 11:36 часот во СВР Охрид било пријавено дека 57-годишно лице oд Охрид, во едно одделение во Општата болница во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување кон персоналот. – Тој е повикан во Полициска станица и по целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Жителите на улицата „Даме Груев“ во центарот на Орхид апелираат до одговорните да се среди проблемот со шахтата која истекува веќе неколку дена. Во дописот до редакцијата потенцираат дека проблемот трае веќе три дена и дека веќе пријавиле до соодветните органи за негово решавање. Апелираат во најкус можен рок да се среди истиот за да не настанат несакани последици за жителите на овој дел на градот. (Крај) ...
Скопје/Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Утре во 13:00 часот, во седиштето на Државната изборна комисија (ДИК), ќе се одржи ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, учесници на локалните избори 2025 година. Според статистиката добиена во ДИК потврдени се вкупно 303 листи за градоначалник и 558 листи за членови на советите на општините и советот на Град Скопје. За Охрид се потврдени сите поднесени листи, ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 22-ри септември 2025 година, во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица. – Незгодата се случила помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од страна на 18-годишник од Охрид и патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 23-годишно лице од охридското село ...
Охрид, 23. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на локалните избори закажани за 19-ти октомври 2025 година, Супер радио и OhridPress преку сегментот „10 прашања за поубав Охрид“, одвојуваат бесплатен простор за промоција на кандидатите за градоначалници во Охрид и Струга. Сите тие добија по 10 прашања кои се однесуваат на конкретни теми, важни за локалната заедница и кои ги засегаат граѓаните кои живеат во овие две општини. За Охрид на овие ...