Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Охрид, 27. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Денеска се одбележува Светскиот ден на туризмот, денот кога во 1970 година е усвоен статутот на UNWTO – Светската туристичка организација. Целта на овој ден е да се подигне свеста за улогата на туризмот ширум светот и да се разбере колку е оваа гранка значајна на општествените, политичките, културните и економските вредности во секоја земја. Светот не е ништо друго освен книга, а патувањето е најдобриот ...
Охрид, 27. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 18. степени. – Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ...
Охрид, 27. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на патниот ...
Охрид, 27. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Воздвижение на чесниот крст или Крстовден, еден од 12-те големи празници, кој секогаш се паѓа на 27-ми септември. На овој ден се празнуваат две случувања во врска со Чесниот Крст Христов: прво пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота и враќањето на Чесниот Крст од Персија повторно во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и ...
Охрид, 27. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денеска го празнуваат големиот Христијански празник, Крстовден. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, тој ден пости само со леб и вода. Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува. Од ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, денеска се одржа X Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2025“ за пионери, за учениците од Основните училишта од Општина Охрид. – Учесниците беа поделени во две категории момчиња и девојчиња (до 5 одделение). На турнирот во машка конкуренција учествуваа 14 ученици кои играа 6 кола по Швајцарски систем, а на турнирот во ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со финансиска поддршка на Општина Охрид, денеска се асфалтираа околу 1.700 м2 од улицата „Дејан Војвода“. – Во текот на утрешниот ден нов асфалт ќе биде поставен и на делови од улиците „Сатеска“ и „Петар поп Арсов“. Овие активности се дел од годишната програма за уредување на градежно земјиште на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид, информираат од локалната самоуправа. ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Поради неодложни активности кои се однесуваат на фекалната канализација, утре, сабота, 27-ми септември 2025 година, дел од улицата „Димитар Влахов“ од пред зградата на Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски Просветители“ ќе биде затворена за сообраќај. Се замолуваат охриѓани да ги почитуваат времените сообраќајни правила и мерки. Градежните активности ќе ги реализираат надлежните служби на ЈП ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос“ и „непреземање мерки за заштита при работа“. – П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2025 година, во 20:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во атарот на охридското село Опеница, В.И.(72) и Д.М., двајцата од Охрид, биле нападнати од куче домашен миленик, при што В.И. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. – По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...
Струга, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 25-ти септември 2025 година, во 08:35 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга се случила сообраќајна несреќа во која е повредено едно лице. – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 83-годишниот Р.М. од струшкото село Калишта, и товарно возило „Застава“ со охридски регистарски ознаки, управувано од ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на локалните избори закажани за 19-ти октомври 2025 година, Супер радио и OhridPress преку сегментот „10 прашања за поубав Охрид“, одвојуваат бесплатен простор за промоција на кандидатите за градоначалници во Охрид и Струга. Сите тие добија по 10 прашања кои се однесуваат на конкретни теми, важни за локалната заедница и кои ги засегаат граѓаните кои живеат во овие две општини. За Охрид на овие ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за одлуката за носење на униформи во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, е помеѓу најкоментираните деновиве на нашиот Facebook профилот на OhridPress. Истата беше донесена на иницијатива на Советот на родители, а е спроведена преку сите училишни инстанци, информира за Супер радио и OhridPress Лилјана Ефтимовска, директорка на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид. – Се формира комисија, а ние бевме само ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Четворицата кандидати за градоначалник на Општина Охрид на престојните локални избори го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Претенденти за градоначалничката фотелја на овие локални избори се д-р Асен Шајн од СДСМ и нивната Коалиција, актуелниот градоначалник, д-р Кирил Пецаков, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Стевче Стевоски како кандидат од Твоја партија и Гоце Цветкоски како ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Празникот Крстовден, еден од најголемите празници на Православната Црква, со векови ги собира архиереите, сиот свештенички и свештено-монашки клир на средината од храмот, каде се издигнува најважното знамение за христијанскиот род – Крстот. Овој настан, Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст, е празник на победата на христијанството над сите царства, култури и цивилизации, празник на христијанското ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна количина за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај плажата „Горица 1“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го празнуваат Денот посветен на Свети свештеномаченик Корнилиј стотникот. Римјанин и римски офицер во Кесарија Палестинска. Крстен од апостолот Петар, според небесно откровение (ДАп. 10, 1). Беше прв од незнабошците што ѝ пристапија на Божјата Црква. Дотогаш некои мислеа дека Црквата Христова е само за Евреите и за оние што го примаат еврејското обрезание. Откако се крсти, ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 23. степени. – Под влијание на циклонска активност од утре до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²), проследени со ...
Охрид, 26. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: = Почнувајќи од 3-ти септември 2025 година, во период од 2 седмици, на ...
Ресен/Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Преспанско Езеро забрзано старее во споредба со останатите природни езера, што се гледа преку прекумерно цветање на алгите во езерото, процес за кој во голема мера придонесува прекумерната употреба на пестициди кои преку реките и подземните води завршуваат во езерото, истакна д-р Орхидеја Тасевска, директорка на Хидробиолошкиот завод од Охрид, на панел-дискусијата „Здрава средина, здрав живот“ која ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Кандидатите за градоначалник на Општина Охрид на престојните локални избори, закажани за 19-ти октомври утре ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. За градоначалничката фотелја на овие локални избори ќе се тркаат четири кандидати, актуелниот градоначалник, Кирил Пецаков, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, д-р. Асен Шајн од СДСМ и нивната Коалиција, Гоце Цветкоски како независен кандидат и ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ и „безобѕирно управување со моторно возило“. – На 8-ми август 2025 година, при контрола во патниот сообраќај на улица „15-ти Корпус“ во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило марка ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Одлуката за носење на униформите беше донесена на иницијатива на Советот на родители, а истата е спроведена преку сите училишни инстанци, информира за Супер радио и OhridPress Лилјана Ефтимовска, директорка на ОУ „Григор Прличев“ од Охрид. – Се формира комисија, а ние бевме само логистичка поддршка на иницијативата и на спроведувањето. Од прво до деветто одделение се опфатени сите деца, а униформата ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“, во понеделник, на 29-ти септември 2025 година ќе го реализира третиот уписен рок за академската 2025/2026 година. Кандидатите ќе можат да поднесат документи во периодот од 08:00 до 16:00 часот во просториите на Универзитетот, а на располагање им се современи студиски програми од областа на информатичките науки и технологии: ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните верници од Охрид, во вторник традиционално ќе се соберат на црковно народен собир пред црквата во туристичката населба Лагадин. Богослужбата ќе започне во 13:00 часот. Охриѓанецот Љупчо Патче ја изгради црквата во Лагадин по повод 2000 години од христијанството. Секоја година на овој ден, верниците палат свеќи оддавајќи почит кон ...
Скопје/Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од јануари до јуни 2025 година, во Република Македонија се извршени вкупно 512 кривични дела во врска со семејното насилство, од кои најголемиот број – 336 завршиле со телесна повреда, 158 случаи со загрозување на сигурноста, девет со тешка телесна повреда, три со убиство и по две со убиство во обид, присилба, противправно лишување од слобода. Од нив во Охрид се регистрирани вкупно 39 ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа, околу 18:30 часот, Планинската спасителна служба (ПСС) од Охрид доби повик од група параглајдеристи кои летале од падините на Галичица. Тие пријавиле дека нивниот пријател, државјанин на Германија, од засега непознати причини доживеал тежок пад од поголема височина, на исклучително непристапен и карпест терен. – Среќа во несреќата било што спасители на ПСС во тој момент престојуваа во планинарската ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на кеј „Македонија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на лекот, ...
Струга/Корчула, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во градот Корчула, Хрватска, од 23-ти до 25-ти септември 2025 година се одржаа 10-тите Меѓународни научно-книжевни средби „Петар Канавелиќ – Корчула“, во организација на Хрватското книжевно друштво. Настанот беше посветен на животот и делото на познатиот поет, епски и драмски писател од 17. век, Петар Канавелиќ (1637-1719). На манифестацијата учествуваа повеќе од дваесет автори, научници и ...
Охрид, 25. септември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со учество на врвни експерти од земјава и од регионот, Охрид од денеска до сабота ќе биде домаќин на 24. Годишна конференција на Македонска берза. Воведни обраќања ќе имаат главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази. Експертите меѓу другото ќе дискутираат за ...