Охрид, 20. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети Амвросиј, епископ Медиолански. Овој голем Свет отец на православната Црква беше од прочуен род; татко му беше царски намесник на Галија и Шпанија, но по вера незнабожец, а мајка му христијанка. Додека беше уште во лулка како малечок, еднаш се спушти рој пчели врз него, излеаја мед на неговата уста и одлетаа. И уште како дете ја пружаше ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 21 декември 2025 година, од 19:00 часот, во ланџ бар „Долна порта“ ќе биде промовирано новото книжевно остварување на Марина Шикова Димовска, романот „Повторно роден“, во издание на ПНВ Публикации од Скопје. Книгата е создадена според вистинска животна приказна, која во себе носи многу искушенија, многу душевни превривања, пороци, покајание, сиви и тмурни денови на далечниот југ, но и ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се подготовките за Бадниковата поворка 2026 во Охрид. Втората проба ќе се одржи утре од 12:00 часот во спортската сала на ООУ „Христо Узунов“. Сите заинтересирани кои сакаат да учестуваат на поворката подетални информации можат да добијат на телефонскиот број 078/271-793. Покрај од Охрид, во поворката учествуваат и дечиња од околните села и населени места, како и од Општина Дебрца. Па така децата ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – До крајот на годинава треба да биде исплатен регресот за годишен одмор на вработените. Согласно законот, минималната сума за исплата се утврдува на 40 отсто од просечната тримесечна исплатена плата. Годинава за работниците од приватниот сектор К-15 изнесува 18.141 денар, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец. Што се однесува до максималниот ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Со звукот на моќните сирени, охридските бродари му оддадоа чест и почит на својот заштитник и го одбележаа празникот Св. Никола Мириклиски Чудотворец, еден од најпразнуваните во древниот Охрид. – Св. Никола бил тој шо и поиљвит морињата. Тога каде и да се најт гемиџија или пампур останвит таму макар стрет море да је ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Св. Никола е фенерлија, праит чудеси. За ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – За една недела, во периодот од 8-ми до 14-ти декември 2025 година, во Република Македонија се пријавени 126 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 31,3% повеќе во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од нив 97 лица се на возраст од 15-64 години, 16 лица на возраст над 65 години, 7 деца на возраст од 5-14 ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Јане Славов ја претстави акустичната верзија на својата песна „Инсомнија“, оригинално напишана од пејачот, водител и композитор Виктор Апостоловски. Овој пат, песната добива поинаква, потопла енергија – снимена е во живо со Алерт Бенд. Аранжманот е дело на гитаристот Томислав Димовски со свежа динамика и нов уметнички израз. „Инсомнија“ во ова акустично руво носи нов живот, нова енергија и ново ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Paul van Dyk оствари соработка со Aly & Fila на новиот заеднички сингл „Is This Only A Dream“, песна на која три од најголемите имиња во транс музиката се здружуваат за да испорачаат врвен и еуфоричен хит исполнет со емоција. „It Is Only A Dream“ пристигна непосредно пред фестивалот Dreamstate SoCal и е најава за претстојната компилација за 10-годишнината од издавачката куќа. – Многу сме горди што ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот на Свети Никола Мириклиски Чудотворец, еден од најпразнуваните во Охрид. По повод денешниот празник, денеска се отслужи Света Архиерејска Литургија, во храмот Св. Никола – Геракомија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј. Свети Никола е чудотворец и заштитник. За свој патрон и ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Учениците и наставниците од ООМУ „Методи Патче“ од Охрид и годинава по традиција ќе одржат новогодишен концерт, насловен „Ехо од Македонија“. – Учениците и наставниците ќе Ве поведат на музичко патување низ македонската традиција и уметност. Да ја прославиме Новата година заедно, со звукот на Македонија, велат од училиштето. Концертот ќе се одржи во вторник, 23-ти декември, во хотел „Инекс Олгица“ ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот на Свети Никола Мириклиски Чудотворец, еден од најпразнуваните во Охрид. Во Охрид и околината има неколку храмови кои го носат името на светецот, меѓу кои и црквата „Св. Никола Болнички“. Овој македонски православен храм се наоѓа во стариот дел на градот Охрид, на улицата „Цар Самоил“, помеѓу охридското пристаниште и Куќата на Робевци, веднаш наспроти ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово кај четири цркви „Свети Никола“ во древниот Охрид: Свети Никола Чудотворец – Челнички, Свети Никола Геракомија, Свети Никола Болнички и храм Свети Никола на улицата „Партизанска“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во 1953 година, во Бари, Италија, била отворена гробницата на Свети Никола со цел да започне процес на санирање на штетата од водата која се насобрала во криптата во текот на годините. Откако реставрацијата била завршена, во 1957 година, италијанскиот професор по анатомија на Универзитетот во Бари Луиџи Мартино беше првиот модерен и единствен до денес истражувач кој направи целосна анализа на коските на ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Што е домашна, слава, а што именден? Како се празнува? Од кога домашните слави се практикуваат во православната црква? Сите овие прашања стануваат актуелни во периодот кога верниците се собираат околу домашната трпеза за големите празнични денови. Секој верник има различен приод во изборот кој светител ќе го земе за свој закрилник, за домашен празник-слава. Некои го земаат оној светител, чие име го ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот на Свети Никола Мириклиски Чудотворец, еден од најпразнуваните во Охрид. Свети Никола е чудотворец и заштитник. За свој патрон и заштитник го имаат прифатено морепловците, рибарите и воопшто морепловството – кои се молат пред неговата икона за мирно море. Роден при крајот на 3 век во Патара во Ликија, од многу богати и угледни родители Теофан и Нона, ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Многу легенди настанале за личноста и делото на Св. Никола во касниот среден век. Според една легенда во една гостилница дошле гладни ученици, но наместо да ги нагости, газдата ги убил и сакал да ги насоли. Се појавил Св. Никола кој ги оживеал и соодветно го казнил сторителот. Според друга легенда еден брод западнал во бура на море. Морнарите се молеле на Никола за помош и тој го смирил, па затоа тој се ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени. – Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има ...

Охрид, 19. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: – Виадукт Трејд Гостивар известува дека од 24 септември 2025 година започнаа ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од СВР Охрид ја информираат јавноста дека, од денеска во наредниве десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца. – На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот артист и музички продуцент Дарко Андонов Даан ја објави ноата песна „Крајот е спас“, длабоко личен музички проект за него, кој претставува преработка на композиција од групата „Три пати на ден“, бендот во кој творел неговиот покоен татко. Песната е поп-рок балада која носи силна емоционална тежина и симболично значење, како чин на почит и сеќавање. – Оваа песна за мене не е само музика, туку ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Од Охрид до глобалната сцена, Dzemoski продолжува да го гради својот углед како еден од најдинамичните DJ-и и музички продуценти. Роден на 27 ноември 1989 година во Охрид, артистот има над 20 години искуство во DJ-инг, како и повеќе од 10 години искуство како музички продуцент. Dzemoski веќе објавил околу 40 песни, со стилови што се движат од deep house, pop, dance до nu-disco — создавајќи квалитетна и ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, Центарот за развој на Југозападен плански регион, на ЈП „Водовод“ Охрид му беше доделен современ апарат за детекција на дефекти во водоводните цевки, во вкупна вредност од 873.200,00 денари. Основната цел на овој апарат е да го намали губењето на водата за пиење преку лесно, брзо и прецизно детектирање на дефектите во ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Студиото за танц „Соната“ од Охрид уште еднаш го потврди својот квалитет, континуитет и педагошка извонредност со настапот на меѓународниот танцов натпревар Christmas Dance Competition Veles 2025. На овој меѓународен настан што обедини преку 1900 танчари од 36 танцови клубови од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Косово, членовите на „Соната“ освоија 5 први места. Според распоредот и финалните ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17 декември 2025 година, во 17:50 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 35-годишник од Охрид и притоа, кај него пронајдоа и одзедоа две пластични шишиња со непозната течност. – Тој претходно беше пријавен дека агресивно се однесувал кон вработени во казино на улица „Димитар Влахов“, им упатувал закани и оштетил дел од апаратите. По ...

Вевчани/Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17 декември 2025 година, на паркинг простор од деловен објект во близина на Вевчани, полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта од слобода лишија 23-годишно лице од Охрид. – При извршен преглед во неговото возило „Jуго“ со охридски регистарски ознаки, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. – Тој, на имот во државна сопственост, во близина на течението на реката Грашница во Охрид, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за градба, изградил објект за лични потреби, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...

Охрид/Струга, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 17 декември 2025 година, во 11:40 часот во Струга, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга лишија од слобода 40-годишно лице од охридското село Горно Лакочереј. – Тој се сомничи дека на 11 декември 2025 година, измамил 77-годишна жена од струшко село за сума од 8.000 евра. Според пријавеното, истиот ден, тој телефонски ја побарал жената, лажно се ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во градската чаршија. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за посакуваните дејства на ...

Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – OneRepublic се враќаат со одличната „Give Me Something“, моќна, сосема нова песна создадена ексклузивно за објавувањето на долгоочекуваната игра „Arknights: Endfield“. Песната имаше премиера на доделувањето на наградите „The Game“, како дел од официјалниот трејлер за играта која ќе биде достапна на 22 јануари 2026 година за PlayStation®5, PC и мобилни уреди. „Give Me Something“ ги има сите обележја на ...

Скопје/Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 g /m3 во текот на два последователни денови) е ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
5.14
87%
1005
weather icon

Белград

6ᴼ / 2ᴼ
9.26
67%
1002
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
5.14
90%
997
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
74%
1009
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.41
98%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
6.17
80%
1009
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
8.23
76%
1001
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1001
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
5.14
90%
1012
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
97%
1003
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
66%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Иридиум

221848.72

Сребро

2733.78

Родиум

339994.14

Паладиум

55781.55

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.09

Кобалт

64.04

Калај

48.78

Цинк

3.29

Злато

157561.16