Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Месото од мисирка е сè повеќе ценето и застапено во современата исхрана поради неговата висока хранлива вредност. Иако се консумира значително помалку во нашиот регион во споредба со црвеното, па дури и пилешкото месо (првенствено поради неговата малку повисока цена), бројни студии потврдуваат дека мисирката е поздрава алтернатива. Кој е нутритивниот профил на мисиркиното месо и зошто е добро да се консумира почесто Месото од мисирка се ...
Многумина го избегнуваат чоколадото од страв да не се здебелат, но темното чоколадо е многу подобар избор од кој било друг вид бомбон. Темното чоколадо со висока содржина на какао, ако се консумира умерено, може да обезбеди антиоксиданси и минерали и потенцијално да заштити од срцеви заболувања. Сепак, може да содржи и големи количини шеќер и калории. Се добива од семето на какаото дрво и е еден од најдобрите природни извори на антиоксиданси. ...
Ќе потрошите помалку по порција отколку што би потрошиле за кафе во кафуле, но важно е сами да ги сомелете ленените семки и да не ги оставате да стојат предолго. Појадокот Budwig е популарен поради неговата хранлива вредност и често се користи во терапевтски диети, особено за луѓе кои сакаат природно да го подобрат своето здравје. Основниот рецепт обично вклучува мешавина од урда, ладно цедено масло од лен и мелено ленено семе. Може да содржи и ...
Околу две третини од светската популација е заразена со вирусот херпес симплекс тип 1 (HSV-1), кој обично предизвикува болни и грди плускавци околу устата. Истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC) успеале генетски да го модифицираат вирусот на херпес симплекс тип 1 (HSV-1) за да го претворат во терапевтска алатка во борбата против напреден меланом – смртоносна форма на рак која често е отпорна на постојните терапии. Во клиничко ...
Добитник на „Наградата Мето Јовановски за високо актерско достигнување во уметноста на филмот“ е Лазар Ристовски. – Лазар Ристовски е еден од оние актери кои се нарекуваат вистински амбасадори на балканскиот и медитеранскиот филм во неговата апсолутна форма и содржина. Лазар Ристовски е роден во Војводина, во Србија, со потекло од Македонија, има остварено актерски улоги во преку седумдесет филмови, во сите карактери и речиси на сите јазици на ...
Почнуваме со уште една капитална инвестиција за државата. Не го поставуваме само почетокот на изградба на гасовод, туку го поставуваме почетокот на еден нов енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција денеска во Неготино. – Оваа не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог ...
Лорен Санчез (55), сопруга на милијардерот Џеф Безос, уживаше во вечерно излегување со сестрите Брукс и Сара Џејн Надер во Париз во вторникот вечерта. Иако Безос го прескокна дружењето, неговата новопечена сопруга не го стори тоа: Лорен гордо го покажа својот нов венчален прстен, додека сите три дами го привлекоа вниманието со своите сексапилни изданија. Инаку, во моментот се одвива Модната недела во Париз, каде што беа видени бројни светски ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп имаат заедничка стратегија за Појасот Газа, негирајќи дека се залагаат за присилно преселување на Палестинците, јави агенцијата Анадолија. – Сакам да ве известам за нешто што ќе ги шокира медиумските извештаи што се појавуваат. Претседателот Трамп и јас имаме заедничка цел. Сакаме да ги ослободиме нашите заложници. Сакаме да ставиме крај на власта на ...
Нуклеарна подморница од класата „Ју Ес Њупорт Њуз“, првпат се закотви во Исланд, што испрати јасна порака за воената моќ и стратегија на САД во арктичкиот регион, пишува Бизнис инсајдер. Според американската команда во Европа и Африка потегот претставува одговор на засилените воени маневри на Русија на Арктикот и на Далечниот Север. САД го сметаат Исланд за клучна точка во арктичката стратегија, особено поради неговата стратешка локација, која ...
Најмалку две лица се убиени, а неколку други се повредени во руските ноќни напади со беспилотни летала и ракети во Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да го забрзаат воведувањето на нови санкции против Русија. „Голем ноќен напад врз регионот Киев траеше речиси 10 часа. Непријателот користеше борбени беспилотни летала и ракети против мирни населби“, напиша на Телеграм шефот на регионалната воена администрација ...
Сирискиот претседател Ахмед ал Шара се сретнал со висок израелски претставник во Абу Даби, со посредство на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), објави либанскиот медиум „Ал Мајадин“. Според неколку меѓународни извори, преговорите за нормализација на односите меѓу Сирија и Израел во последните недели значително се засилиле. Средбата се одржала вчера, а сирискиот претседател разговарал со советник за национална безбедност од израелската Влада. ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека постапките и изјавите на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, се контродикторни. – Администрацијата на Трамп е многу контродикторна во своите постапки и изјави. Тоа не ја олеснува работата. И покрај тоа, ние упорно и доследно го следиме правецот кон нормализација на нашите односи – посочи Рјабков. Тој додаде дека Русија знае како да се ...
Европскиот парламент денеска ја одби иницијативата за изгласување недоверба на Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лајен. Обидот, инициран од романскиот европратеник Георге Пипереа, пропадна со јасно мнозинство: 175 европратеници гласаа „за“, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа. Иницијативата беше поднесена со образложение дека Фон дер Лајен и нејзината Комисија „узурпирале овластувања“, ја загрозиле транспарентноста и го игнорирале ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио денеска разговараа во Куала Лумпур за Украина и за нормализацијата на функционирањето на дипломатските мисии, соопшти руското Министерство за надворешни работи. „Одржана е суштинска и искрена размена на мислења за решавање на прашањето за Украина, ситуацијата околу Иран и Сирија, како и за низа други меѓународни проблеми“, соопшти руското ...
Три малолетни лица странски државјани се фатени од полицијата во доцните вечерни часови кај месноста Ајватовски рид, во близина на скопската населба Илинден, со сомнителни предмети кои можат да се поврзат со подметнување пожар. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полицајци од ЕВР Гази Баба околу 23:40 часот запреле тричлена група и извршиле преглед. Во ранецот на едно од лицата биле пронајдени две шишиња бензин (по 1,5 ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека постојат докази и приведени лица за подметнување на пожарите, преку координирана и добро осмислена акција, особено за Скопје. На новинарско прашање, Мицкоски денеска оцени дека по вчерашните бројни пожари состојбата е под контрола и ги отфрли обвинувањата од опозицијата за неажурност во справувањето со пожарите. – Не само што се сомневаме, туку имаме и докази, приведени лица посебно на територијата на ...
Македонија мора да продолжи уште посилно со внатрешни реформи на европскиот пат наместо да биде евроскептична по гласањето на извештајот од кој беа избришани термините македонски јазик и идентитет, вели премиерот Христијан Мицкоски на прашањето како ќе влијаат последните случувања во Брисел и како ќе постапи Владата. Премиерот вели дека Бугарија е единствена земја која сака да создаде нова архитектура во проширување и дека лекот е Македонија да ...
По 14 години успешно работење на Балканот, се гаси регионалниот телевизиски проект Ал Џазира Балканс, а информацијата е потврдена за порталот Кликс, кој прв ја објави веста. Станува збор за подружница на катарскиот медиумски конгломерат, кој со голем успех функционираше на Балканот, со седиште во Сараево уште од 2011 година. Ал Џазира Балканс го покриваше регионалниот пазар со редакции во Белград, Загреб, Подгорица, Скопје, Љубљана и во ...
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на денешната сесија во Париз одлучи да го одложи впишувањето на Охридскиот регион на Листата на светски наследства во опасност. Македонија и Албанија добија дополнително време, односно рок до 1 февруари 2026 година, за да достават извештај за преземените активности за имплементација на забелешките од претходните мониторинг мисии. Во нацрт-одлуката беше нотирано дека регионот се соочува со сериозни ...
Министерството за внатрешни работи информира дека интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа до приближување на своите услуги до граѓаните. Апликација за дозвола за оружје Потврда за моментална сопственост за возила за физички лица Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица Потврда за поседување на моторни возила за ...
Времето утре ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната а ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 33 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе се искачи до 32-от степен. И во наредните денови следува период на сончево и потопло време со ...
Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ’’ број 05/02) ,член 34 од Статутот на општина Охрид, како и Програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година, а со цел цел стимулирање на жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на економични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, уреди за затоплување на своите домови, Градоначалникот на Општина Охрид донесе ...
Хрватите имаат просечно 25 дена годишен одмор, а секој трет ќе помине две до три недели на одмор, главно на хрватски дестинации, и ќе потроши просечно 1.330 евра, според студијата на порталот MojPosao. Најпопуларниот период за одење на одмор се летните месеци, а студијата покажа дека 79 проценти од испитаниците планираат да одат на одмор. Секој трет жител на Хрватска ќе помине две до три недели на одмор (33 проценти од испитаниците во двата ...
САД успешно премостуваат санкции од Кина преку Мексико и Тајланд, забрзано носејќи антимон за батерии, чипови и огноотпорни материјали, анализира Ројтерс. Contents Нови податоци од царините и транспортните компании открија дека најмалку една кинеска фирма активно учествувала во оваа сложена трговска мрежа. Овој тренд за Ројтерс го потврдиле тројца индустриски експерти, од кои двајца се извршни директори во американски фирми. Изворите истакнале ...
САД успешно премостуваат санкции од Кина преку Мексико и Тајланд, забрзано носејќи антимон за батерии, чипови и огноотпорни материјали, анализира Ројтерс. Contents Нови податоци од царините и транспортните компании открија дека најмалку една кинеска фирма активно учествувала во оваа сложена трговска мрежа. Овој тренд за Ројтерс го потврдиле тројца индустриски експерти, од кои двајца се извршни директори во американски фирми. Изворите истакнале ...
Москва ги прифаќа „сосема мирно“ критиките упатени од американскиот претседател Доналд Трамп кон неговиот руски колега Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Ние го прифаќаме ова сосема мирно. Стилот на фразите што ги користи Трамп е доста остар – забележа портпаролот. Шефот на американската држава го обвини рускиот лидер дека не реагира на напорите на САД за постигнување мировен договор со Украина и најави дека ...
Не запираат турбуленциите по концертот на Марко Перковиќ Томпсон во Загреб, на кој имаше усташка симболика. Овојпат, градоначалникот на Вуковар го покани Томпсон да настапи во градот со порака дека „луѓето од Вуковар се подготвени“, пренесува Телеграф. Градоначалникот на Вуковар, Маријан Павличек, на Фејсбук објави дека официјално испратил покана до Марко Перковиќ Томпсон за концерт во 2026 година. „Со оглед на денешните изјави на ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет не ја известил Белата куќа пред да одобри пауза во испораките на оружје за Украина, изјавија денеска неименувани извори за Си-Ен-Ен. Претседателот на САД, Доналд Трамп, посочи дека не е одговорен за потегот, а кога новинарите го прашаа дали ја одобрил паузата во испораките, тој само рече дека Вашингтон ќе продолжи да испраќа одбранбено оружје во Украина. Ова е вторпат оваа година Хегсет да одлучи да ...
Европратениците ги избришаа термините македонски јазик и идентитет од Извештајот за напредокот на Македонија што го изготви австрискиот европратеник Томас Вајц и во конечната верзија на документот, кој беше усвоен, не се споменува македонски јазик и македонски индентитет, исто како и во сите досегашни извештаи. На денешната пленарна седница на ЕП се одржа само гласањето за амандманите и за усвојувањето на целиот извештај, откако синоќа заврши ...
Во ноќната смена на 28 мај, дури 38 од вкупно 75 вработени во една прилепска фабрика завршиле со симптоми на труење по консумирање оброк доставен во третата смена. Додека дел се пожалиле на силна мачнина, повраќање и температура, кај други се јавиле болки во стомакот и нагони за повраќање. Сите се успешно излекувани, но причинителот на епидемијата, салмонела, бил откриен дури откако Центарот за јавно здравје бил известен шест дена подоцна, преку ...