Белград
9ᴼ /
7ᴼ
За нов директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен доктор Игор Мерџаноски. Од јули лани до денеска директорка на ТОАРИЛУЦ беше професор д-р Марија Срцева. Д-р м-р супспецијалист Игор Мерџаноски е роден 1971 година во Гостивар. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје каде што завршил и специјализација по општа хирургија. Во 2018 година се ...
Стотина метри ги делат пламените јазици од производните хали на фабриката „Дојран Стил“ во селото Николиќ, откако рано изутринава огнот се рашири низ нискостеблестата шума над Дојран. Вознемирени жители на социјалните мрежи објавија дека во критичниот момент „авион нема, хеликоптер нема, а ветерот засилува“ Градоначалникот на Дојран објави видео на Фејсбук каде вели дека е потребна воздушна помош поради алармантната состојба со пожарот во село ...
Под контрола се ставени пожарите во Дојран, Крива Паланка, Орман, Волково, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковки на прес-конференција по завршување на завршување на седницата на Кризниот штаб поради состојбата со пожарите во земјава. Со Кризниот штаб претседаваше премиерот Христијан Мицкоски. – Денеска е активиран и механизмот за европска помош во справување со пожарите и максимално се ставаат во функција сите капацитети на ...
Од тука, од Куманово сакам да соопштам една добра вест за целата држава. Вчера на седница на Влада се официјализираше меморандум за соработка со компанијата „Казанџи груп“ која е светски гигант во енергетиката и е заинтересирана за инвестиции од 1 милијарда, соопшти претседателот Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина во Куманово на тема „Од енергетска стабилност до силна економија!“. Мицкоски информираше ...
Минатиот месец беше третиот најтопол јуни досега на планетата, зад истите месеци во 2024 и 2023 година, соопшти во среда Службата за климатски промени „Коперникус“ на ЕУ. Западна Европа го доживеа својот најтопол јуни досега, при што поголемиот дел од регионот доживеа „многу сериозен топлотен стрес“ – дефиниран како услови што се чувствуваат како температури од 38 степени Целзиусови или повисоки, соопшти „Коперникус“. „Во светот што се ...
Климатските промени речиси го тројно зголемија бројот на смртни случаи поврзани со топлината во големите европски градови за време на екстремниот топлотен бран од крајот на јуни до почетокот на јули, според нова студија објавена во среда. Температурите се зголемија за четири степени Целзиусови Научници од Обединетото Кралство, Данска, Холандија и Швајцарија анализираа услови во 12 големи европски градови помеѓу 23 јуни и 2 јули. Студијата на ...
Темните џуџиња можеби се кријат во космосот, велат научниците. Овие хипотетички, практично вечни небесни тела би биле напојувани од уништувањето на темната материја. И покрај нивниот слаб сјај, постои начин да се забележат. Се очекува темната материја да го исполнува универзумот, но бидејќи е темна, тешко е да се открие. Таа ниту рефлектира ниту емитува светлина – нејзиното постоење се заклучува исклучиво од ефектот што го има врз обичната ...
Ако првпат треба да одите на море со своето бебе, сигурно имате безброј прашања и дилеми. Бањањето со бебе во морето може да биде прекрасно искуство, но бара добра подготовка и целосно внимание. Без разлика дали патувате со автомобил или со авион, важно е да знаете кога, каде и како да одите на плажа со мало дете – без стрес и непријатни изненадувања. Кога вашето бебе смее да влезе во вода за првпат? Летната сезона, одморите и деновите за плажа ...
Деновиве интензивно се работи на проектот “Модернизација на јавното осветлување во општина Дебрца.” Во оваа фаза ќе бидат демонтирани старите улични светилки и поставени нови лед светилки, вкупно 1.200,од кои 1100 од 30 вати, 50 од 50 вати и 50 од 70 вати. Започнавме од село Оровник и одиме по ред. Вкупната вредност на проектните активности за набавка на светилките,демонтажа на старите и монтажа на новите светилки изнесува 5.852.918 денари ,а ...
Што имаат заедничко вегетаријанците, веганите, јавно признатите месојади, здравите, болните, младите или старите, а не се дел од човечкото тело? Точниот одговор е пластика. Не се наоѓа само кај секој од нас, туку и во секој дел од телото. Од органите за варење, преку репродуктивните органи, до мозокот. Пластика има насекаде. Како што стојат работите, сигурно е дека секој што сега живее на планетата ќе оди во задгробниот живот со пластика, некои ...
Дали некогаш сте забележале како комарците полудуваат околу некои луѓе, постојано летаат околу нив и ги игнорираат другите? Не го измислувате, навистина се случува. Нема сомнение дека некои луѓе се попривлечни за комарците поради хемикалиите што ги лачат, пишува centarzdravlja.hr. Постојат некои биолошки фактори кои можат да ве претворат во мамка за комарци, а ова се некои од причините зошто е тоа така. Бремени сте Женските комарци, кои всушност ...
Лубеницата не е само неопходен дел од летните денови, туку и исклучително здрава храна која обезбедува бројни здравствени придобивки. Освен што е освежителна, таа содржи голем број хранливи материи кои ја поддржуваат хидратацијата, здравјето на срцето и имунитетот. Нутриционистката Меги Михалчик објасни за порталот Eating Well како редовната консумација на лубеница може да влијае на целокупното здравје. Помага при хидратација Како што објаснува ...
Иако кељот често се нарекува „крал на зеленчукот“, блитвата нуди широк спектар на хранливи придобивки. Овој медитерански зеленчук не е само вкусен, туку е и ризница од витамини, минерали и биоактивни растителни соединенија кои можат значително да го подобрат вашето здравје. Блитвата е лиснат зеленчук во истото семејство како цвеклото и спанаќот. И покрај нејзините имиња што звучат швајцарски, всушност потекнува од медитеранскиот регион и е ...
Иако се проверувате за можни крлежи по враќањето од надвор, можеби ќе заборавите на скриените, но особено привлечни места на телото за крлежи. Во топлите летни денови, често одиме во засолништето на шумата или на патување во природа. Ова ја зголемува можноста да донесеме дома несакан посетител – крлеж. И покрај тоа што користите репелент или ја заштитувате облеката, не треба да заборавите темелно да се проверите кога ќе се вратите дома. ...
Витаминот Д е витамин растворлив во масти кој телото не само што може да го складира, туку и да го произведува самостојно – со редовна изложеност на сончева светлина. Сепак, кај луѓето кои поминуваат малку време на отворено, резервите на витамин Д постепено можат да се исцрпат, што со текот на времето доведува до голем број здравствени проблеми. Симптомите на недостаток се разликуваат кај децата, возрасните и постарите лица. Важноста на ...
Да бидеме искрени – малкумина со воодушевување рипаат од кревет за да ги завршат домашните работи. Со целиот хаос на современиот живот – работа, семејство, е-пошта, рокови – малкумина имаат волја да се борат со нередот секој ден. Но, интересно, има луѓе кои не само што го одржуваат својот простор уреден, туку и уживаат во него. И сега доаѓаме до неочекуваниот дел – се испоставува дека дури и најбогатите луѓе во светот, оние со милиони на своите ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го започнува најамбициозниот проект за локален развој досега – вреден 250 милиони евра, наменет директно за капитални инвестиции во општините. Со оваа грандиозна програма, се поставуваат темелите за 1.200 нови градилишта на територија на цела Македонија. „Секоја општина, секој град, секое село добива шанса за развој. Ова не е случајно – туку резултат на системски пристап и силна политичка волја“, се наведува во ...
Тропските горештини кои ја зафатија Македонија деновиве значително ја зголемија потрошувачката на струја, а за тоа најмногу придонесува ладењето кое е вклучено дури и во текот на ноќта. Од ЕВН велат дека првата недела од јули потрошувачката на струјата е повисока за околу 10% во однос на истиот период лани и последната недела од јуни годинава. Сепак, додаваат, не се очекуваат проблеми во системот, бидејќи е димензиониран за да може нормално да ...
Министерството за финансии информира дека 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставиле официјални писма за изразување на интерес за учество во финансирање на мегапроектот за изградба на брзата железничка пруга долж Коридорот 10. Проектот е еден од најголемите во транспортната инфраструктура во историјата на земјава, со проценета вредност од 1,91 милијарда евра, и предвидува модерна, брза железничка врска што ќе ја поврзе ...
Москва изврши, според сè изгледа, еден од своите најголеми ракетни и дронски напади врз повеќе украински градови во текот на ноќта, објави Јуроњуз. Contents Русија лансираше рекордни 728 дронови врз неколку украински градови, соопшти украинското воено воздухопловство во средата. Воздухопловните сили објавија на Телеграм дека се соборени 718 дронови и 7 крстосувачки ракети, што претставува еден од најголемите напади на Москва во трите години од ...
Дете е заразено со легионела, бактерија која неодамна е откриена во Институтот за мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“ во Белград, поточно во водоводниот систем на оваа болница, како што напиша Нова економија. Што точно е оваа инфекција и зошто е толку опасна? Оваа бактерија се појавува во клима уредите и се наоѓа во топла вода. Се шири преку капки, а ако третманот не се започне навреме, последиците можат да бидат опасни, објави N1 Загреб. Причина за ...
Пожарот што се ширеше екстремно брзо од вторник попладне стигна до периферијата на Марсеј. Повеќе од стотина луѓе беа полесно повредени, а околу 400 мораа да ги напуштат своите домови. Пожарот денес се смирува, но властите предупредија на можноста за нови пожари. Околу 800 пожарникари се активирани и останаа на терен цела ноќ, бидејќи пожарот сè уште не беше под контрола, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејто, кој се сретна ...
Во тек е спасувачка операција за спасување на екипажот на грчкиот товарен брод „Етернити Ц“ кој потона во Црвеното Море по нападот во кој загинаа најмалку четири члена на екипажот, соопштија извори во среда. На вода 24 часа Компаниите вклучени во операцијата соопштија дека четири морнари и еден обезбедувач од бродот се извлечени од водата каде што биле 24 часа. Тие додадоа дека сè уште не го лоцирале преостанатиот екипаж и безбедносниот персонал ...
Говорејќи на седница на кабинетот во вторникот, претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека рускиот лидер сè повеќе го иритира, објави Гардијан. – Путин ни пласира многу измислици, ако сакате да ја знаете вистината. Секогаш е многу љубезен, но на крајот сето тоа испаѓа бесмислено – изјави тој. На прашањето дали сака дополнителни санкции против Русија, Трамп одговори: – Размислувам за тоа. Во понеделникот претходно, Трамп рече дека е ...
Францускиот претседател Емануел Макрон беше фотографиран како ѝ намигнува на принцезата од Велс додека разменуваа топли зборови за време на свечената банкет-вечера во замокот Виндзор, одржана во вторникот. Макрон беше сместен веднаш до принцезата Кејт, а двајцата биле видени како наздравуваат и разговараат низ целата вечер, објави британски Експрес. Оваа свеченост, прва по 2014 година што се одржа во Виндзор поради реновирањето на Бакингемската ...
Во швајцарскиот град Живисие се случи страшна семејна трагедија која ги потресе и македонската и швајцарската јавност. Во саботата попладне, 30-годишна Македонка и нејзиното шестнеделно бебе беа убиени, а за овој моструозен чин е осомничен нејзиниот сопруг – 43-годишен маж со потекло од Охрид. Детали од настанот Според швајцарскиот портал 20.min.ch, трагедијата се случила во семејниот стан во Живисие. Швајцарската полиција ги пронашла мажот, ...
Центарот за управување со кризи утринава информира дека заклучно до 7 часот на територија на цела држава активни се 7 пожари, а два се локализирани. Според информациите на ЦУК, имало вкупно 31 пожар на отворен простор од кои 22 се изгаснати. Активни остануваат пожарите кај селото Самоков и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Слатин во општина Македонски Брод, потоа меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, кај селото Љубанци во општина ...
Хеликоптер од рано утрово учествува во гаснењето на пожарот над селото Николич во околината на Дојран, а еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување ќе се вклучи во гаснењето на пожарот над фабриката „Самоков“ во општина Македонски Брод. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов очекува овие два тешки пожари во текот на денот да бидат ставени под целосна контрола. – Нашиот фокус денеска ќе биде на гаснење на ...
Реформите и промените во образованието во изминатиот период ќе дадат резултати, вели министерката за образование Весна Јаневска. Донесени се нови 7 законски решенија, рече таа. Во план е вклучувањето на вештини преку разни форми на образованието, кои ќе одговараат на пазарот на трудот, со цел по завршувањето на образованието младите да останат во државата. – Изградивме 7 нови објекти, околу 20-тина се во реконструкција, продолжуваме да градиме ...
Грчката европратеничка Афродити Латинопоулоу со скандалозно обраќање им даде поддршка на колегите од Бугарија кои бараат од извештајот за Македонија да се избришат термините македонски јазик и идентитет. Пред целиот Европски Парламент десничарката настапи со крајно навредливи и целосно негирачки ставови кон Македонците и македонскиот јазик. – Денеска јас ќе говорам како Македонка бидејќи сум горда Македонка. Вистинска, не лажна како резидентите ...