Огромните инженерски проблеми на кои ќе наидеш во обидот да се распнеш на крст без помошници, без чекреци и запчаници и други прирачни механички средства – во мала, празна, бела соба, на една столица со разнишани ногари за да се поткачиш во висина на таванот – со само еден чевел за да ги заковаш клиновите. Да не спомнувам дека треба да си гол во случајот – за да ти се види секое ребро и секој мускул. Левата рака веќе ти е закована, и само ...

Со Исток Улчар почнуваме нов циклус на Прашалникот, овојпат посветен на книгите и читањето. Овде можете да ги видите одговорите од стариот Прашалник на Окно, започнат во 2011. -Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето? Татко ми пред спиење редовно ми ги читаше детските енциклопедии за животните и за Вселената. Првата омилена книга ми е „Сказна за детето Вилен“ од Глигор Поповски, која дури и сега би ја вброил меѓу најдрагите книги. ...

Кога бевме деца, мислевме како деца. Скришно се собиравме во собата на нејзиниот постар брат (чекавме да не биде дома) и прво ја пуштавме до даска „I’m going through changes“ од Блек Сабат и пеевме караоке. Потоа Џенис Џоплин, па Пинк Флојд. Некое време подоцна се опивавме со една песна што Кејт Буш му ја напиша на Питер Габриел откако тој не успеа да се самоубие. Слично како песната на Шинејд о҆ Конор (Мери имаше некоја слична смрзнувачка ...

Проектот CleanBREATHE (Мешано истражување за загадувањето на воздухот со помош на технички и едукативни решенија) има за цел да го направи загадениот воздух видлив и да иницира долгорочни промени во однесувањето на општествените чинители. Проектот се одвива помеѓу Магдебург-Стендал Универзитетот, Германија и УКИМ-ФИНКИ, Македонија, каде се вклучени креаторите на платформите за визуелизација на аерозагадувањето, Pulse.Eco1 и AirCare2 и О2 ...

Тргнувајќи од макети на американски предградија кои сам ги изработува, уметникот Алберто Ортега создава слики кои рекреираат сцени од 1950-тите години. При креирањето на своите модели, Ортега пристапува како филмски режисер, избирајќи го вистинскиот кадар кој треба да се претстави на сликата, поставувајќи соодветно осветлување и сместувајќи го секој модел во просторот. „Како имигрант во Соединетите Држави, ме заинтригира американскиот ...

Центарoт за истражување на предисоријата деновиве објави нови екслузивни сознанија од нивните истражувања на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно во Пелагонија. Како што објаснуваат од центарот, лабораториското датирање на овој локалитет потврдува дека тој засега е најстарата неолитска населба во Македонија. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден ...

25/01/2023 12:40 - Окно

Потеклото на тортата, збор кој потекнува од латинскиот јазик, а е сочуван во сите романски јазици (и во германскиот), е во некогашните култови на Европа: поточно, во култовите на мртвите и подземните божества, на кои им се нудел житен колач во облик на круг. Освен што го означува животниот циклус, сменувањето на животот и смртта, кругот или прстенот има моќно апотропејско дејство, зашто штити од демони и од осветољубивите души на мртвите. ...

Бидејќи ќерка ми не зборува, ѝ останува само името Илак Ан. На своето име се одзива наопаку. Дрво си ти, мов си ти, Темјанушки со ветер над нив. Дете — толку високо — ти си, а сето ова е будалаштина за остатокот од светот „Девојка", Езра Паунд Предговор Дедото на ќерка ми со внуките зборува наопачки. Ги вика Ифос, Анеле и Илак Ан. И тие, или барем некои од нив, му се обраќаат со „одед“. Бидејќи ќерка ми не зборува, ѝ останува само името Илак ...

Само што се спомена отворање на дебатата за уставни измени, некој успеја да претепа македонски државјанин што се декларира како Бугарин и да го направи целиот процес беспредметен во моментов. По повеќе неуспешни провокации, од отворањето на клубовите со неприфатливи имиња, гостувањата и навредите на Ангел Џамбаски и неприфатливите изјави од бугарските преставници во историската комисија, на Софија конечно ѝ дадовме „ас во ракавот“, со кој ...

Ајхан Јашаров од Тополница, Радовиш има 23 години и е студент на земјоделски факултет „Гоце Делчев-Штип“. Како и кај повеќето негови колеги фармери и кај него сточарството е фамилијарен бизнис. Неговото семејство одгледува околу 500 овци и 50-ина кози. Ајхан смета дека во однос со ситуацијата со сточарството во Македонија, потребно е некои работи да се сменат. „Лично мислам дека сѐ уште има потреба многу работи да се сменат во сточарството. ...

Доколку се водиме според напредокот кој се случи во 2022 година, имаме причина да бидеме оптимисти за глобалната насока на патување кога станува збор за истополовите врски, велат ЛГБТК активистите. Во втората половина од годината, имаше наплив на движења за декриминализирање на истополовата интимност во Сингапур, Сент Китс и Невис, Барбадос и Антигва и Барбуда. Ова беа некои од последните земји со историја на закони од колонијалната ера кои ...

Научните докази дека престојот во природа е корисен за човечкото здравје стануваат сè посилни. Последното во низата истражувања доаѓа од Финска и укажува дека шетањето во парк или престојот во градина можат да го намалат користењето лекови за висок притисок, анксиозност, инсомнија, депресија и астма кај жителите од градовите. Истражувачите од Финскиот институт за здравје и благосостојба и Универзитетот од источна Финска го поврзаа престојот ...

Издавачот Бункер, во рамките на едицијата Апсолутни почетници, го издаде седмиот графички роман Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст, од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст. Зиги Стардаст е измислен лик создаден од англискиот музичар Дејвид Боуви (името Зиги е земено од кројачки дуќан, кој Боуви го има приметено додека патувал со воз). Тој е рокенрол вонземјанин испратен на Земјата да ја пренесе пораката на надеж, во ...

Контрапункт во рамки на својата едиција за критичка теорија, политичка филозофија и современа култура „Пунктум“, која произлезе од платформата за критичка култура КРИК, ја објавува својата прва книга од македонски автор. На 24 јануари (вторник), 2023 г. со почеток во 19 часот во Национална галерија „Чифте амам“ ќе се одржи промоцијата на книгата на Артан Садику, провокативно насловена „Субјект(ивна) политика“. Промоцијата ќе биде во формат ...

Виетнамската уметница слика мали, интимни слики, насликани во гваш техника, кои најчесто ги изложува монтирани на дрвена табла. Преку овие слики таа го претставува нејзиниот внатрешен свет со кој таа сака да се соочи и помири -внатрешните рани, тајни и спомени - сето тоа претставено преку нејзините сопствени симболи и манифестирано на хартија. Маи сака да ја пронајде вистината во своите чувства и да ѝ оддаде почит преку сликарството, ...

Кинезите ширум светот во неделата го прославија најважниот датум во нивниот лунарен календар, ја испратија годината на тигарот и ја дочекаа годината на зајакот. Настанот се слави и во Тајван, Монголија, Виетнам и многу земји од Југоисточна Азија - како Индонезија, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур и Тајланд. Големи прослави има и во Камбоџа, иако таму не е официјален празник. Во кинескиот зодијак, зајакот е четврти знак и е симбол на ...

Во Русија се јавуваат сè повеќе примери на задушување на рускиот медиумски простор кое се спроведува преку парични и затворски казни. Информативен молк е резултатот од заробената држава што ја диктира Путин. Русите имаат се помалку канали преку кои можат да ја дознаат вистината за ужасите што ги врши нивната војска во Украина. Под образложение дека оди против својот народ и држава, секој кој се обидува да ја сподели вистината завршува со ...

Ова е лоша година за светот во развој. Сè повеќе земји се на раб на должничка криза. Некои веќе мораа да ја запрат отплатата на долговите (Либан, Шри Ланка, Русија, Суринам и Замбија), а сè побројни се оние на кои ќе им биде потребна помош да избегнат економски колапс и понатамошно осиромашување на населението. Вообичаените решенија за должничката криза подразбираат комплицирани преговори за пакети помош помеѓу задолжените земји, ...

Во неделата, пред Младинскиот културен центар се одржа настанот „Музички собир во одбрана на МКЦ: Сите за МКЦ“. На овој настан граѓаните го изразија своето незадоволство поради тоа што оваа култна институција повторно е на мета на партиски игри. Имено, од МКЦ соопштија дека доскорешниот в.д. директор, Ванчо Богоев, кој во МКЦ работи 36 години, од кои една година на функцијата в.д. директор, не подлегнал на притисоците од Генералниот секретар ...

Вложувањата во културата во Македонија се меѓу најниските во регионот, и се намалуваат. Како резултат на едно скорешно истражување на „националните финансиски политики во културата“* угледниот економски стручњак Бранимир Јовановиќ, меѓу другите, ги даде следниве заклучоци и препораки: „Државните вложувања во култура во Македонија се меѓу најниските во регионот, и се намалуваат последниве години. Дополнително, буџетите за култура не се ...

Практично секое место во кое се нуди појадок, од бензинските пумпи до најпрефинетите ресторани во градовите, го нуди кралот на пецивата - кроасанот. Иако својот ден го слави на 30 јануари, не постои ограничување во неговото уживање зашто има безброј варијации. Многумина не ја знаат легендата која се крие зад неговото потекло. Приказната за вредните пекари Потеклото на кроасанот не е француско, туку австриско. Според верзијата што ја објави ...

Направивме анализа и ги споредивме податоците за присуството на PM10 и PM2.5 загадувачки честички од сите мерни станици за декември, компарирано низ минатите години и според она што го покажуваат, многу митови паѓаат во вода. Еден од нив е митот за воздушните бањи со чист воздух, како Берово и Охрид. Во поглед на многу поопасните PM2.5, Берово изминатиов декември има САМО ЕДЕН ден со т.н. чист воздух. Прилеп, Гостивар, Кичево (недостасуваат ...

На својата конституитивна седница жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, констатираше дека на годинашниот конкурс пристигнаа 34 романи. Жири-комисијата, во состав Симона Јованоска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Илир Ајдини, Гоце Ристовски, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева ...

„Сигурни сме дека климатските промени се случуваат - најпосле, тоа се гледа. Меѓутоа, проблемот е во тоа што овие проблеми не сме ги предизвикале ниту вие ниту јас, ниту мојата партија, па ниту мојата држава. За мене е најважно да направиме локални и самоодржливи заедници во кои производството и економијата ќе бидат во чекор со природата“. Со Алан Лучани разговарав во неговиот одборнички клуб, во собранието на Падова, универзитетски град на ...

Првите проценки на Европскиот завод за статистика, Eurostat покажуваат дека индексите на цените на земјоделските производи за 2022 година се значително повисоки од 2021 година, за речиси сите главни категории на производи, како и за клучните земјоделски инпути. Има три двигатели за повисоките цени: војната во Украина, сушата и други инфлаторни притисоци. Според достапните податоци, просечната цена на земјоделските стоки во целост во ...

18/01/2023 08:36 - Окно

Прати порака, гаврану, на изгрејсонце. и најди ја онаа што ми е мила, кажи ѝ дека дрвјата се речиси голи и ноќите тука се темни и ладни. Дознај дали веќе заложила оган, дали си легнува облечена или гола, срка ли врел чај наутро, ги гледа ли децата на соседот кога чекаат школски автобус. Кажи ѝ, ништо не ме исполнува со поголема тага отколку споменот кога ја видов како со дланките си покрива лице при помислата дека е сама. Помогни ми, птицо, ...

Од збирката „Начкртано во темнината“ (2017) - седум песни од поетот кој неодамна почина. Историја Нашите животни приказни се страшни и смешни, како маски што се носат за Ноќта на вештерките кога децата шетаат од врата до врата држејќи ги помалите за рака, во некое одамна запустено маало, каде луѓето споделуваат вечера во лута тишина или гласна караница, кога следи чукање на врата меко тропкање на срамежливо момче облечено во костум сошиен од ...

Веќе е познато дека Сунак со 42 години е најмладиот британски премиер во повеќе од 200 години, но е само една година помлад од Дејвид Камерон и Тони Блер кога дојдоа на власт. Но Сунак и неговата младешка екипа во Даунинг Стрит се припадници на една генерација што ги обликува и одлуките кои ги донесуваат додека се на власт, велат коментаторите и оние кои соработуваат со луѓето блиски до британскиот премиер. Роден во мај 1980 година, Сунак е ...

На изборот на најдобри комични фотографии од дивиот свет за 2022 биле пријавени 5.000 учесници од 85 земји при што фотографиите се правени во обид да се истакне разновидноста на дивиот свет, но и да се подигне свеста за потребата од негово зачувување. За севкупен победник на натпреварот е избрана Џенифер Хедли, со нејзиното навремено фотографирање на 3-месечно младенче лав кое паѓа по дрвото, направено во Серенгети. „Не ми ни падна на памет ...

Младите во Северна Македонија и во текот на 2022 година се соочија со низа проблеми кои директно се одразуваат на нивниот живот. Тие во вокабуларот на политичарите се врвен приоритет, но во пракса властите не прават доволно за нивната иднина. Во продолжение преглед на тоа што ја одбележа 2022 година во однос на младите, според Порталб.мк. Висока стапка на невработеност, родова нееднаквост Како последица на високото ниво на корупција, ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
3.09
100%
1004
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
1005
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1004
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.52
98%
1005
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.41
98%
1005
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.26
66%
1007
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
100%
1007
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.24
92%
1003
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
4.02
87%
1004
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
100%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Злато

159231.39

Платина

67162.91

Бакар

11.69

Паладиум

546.56

Цинк

3.25

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Калај

46.91

Рутениум

45750.51

Сребро

2460.50

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03