Холандскиот јавен радиодифузер AVROTROS соопшти дека Холандија нема да учествува на Евровизија 2027, што ќе биде втор последователен бојкот на музичкиот натпревар. Одлуката е донесена поради продолжувањето на конфликтот во Газа, учеството на Израел и, како што наведуваат од радиодифузерот, недоволните гаранции дека Евровизија повторно има независен и неутрален карактер. Од AVROTROS велат дека неодамна објавените промени од Европската ...

Производителите на пиперка „ајварка“ од струмичко тврдат дека само четири дена индустриската пиперка се продавала по договорената цена од 30 денари по килограм, а потоа фабриките ја намалиле цената на 25 денари и најавиле дека дополнително ќе ја намалат цената. Тие бараат да се почитува договорот постигнат со откупувачите на кој сведок бил и министерот за земјоделство Борче Серафимовски според кој индустриската класа на пиперка требаше да се ...

Главната расправа во судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој се обвинети осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, се одложи денеска на барање на одбраната. Дел од адвокатите на обвинетите пред судот посочиле дека не го добиле обвинителниот акт, како и дека доказите на Обвинителството не им биле дадени на увид. Судијката Биљана Шуплиновска Јолевски образложила дека доказниот материјал е обемен и содржи 231 ...

Општина Струга за неполни две години во двата повика од Министерството за транспорт доби 5,6 милиони евра за реализација на капитални инвестиции. Поддршката продолжува, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој имаше работен состанок со градоначалникот Менди Ќура и изврши увид на градежните работи на булаверот Туристичка. Николоски и Ќура на состанокот ...

Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир пријавени се дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, наспроти 36 во 2025 година. Просечниот рејтинг на машкиот турнир е 2.119 ...

Министерството за образование и наука објави повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година и ги повика сите студенти кои ги исполнуваат условите да се пријават. Тие треба да се државјани на Македонија, да се редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на државните и приватните универзитети и да немаат месечен приход по кој било основ ...

Собранието на Македонија соопшти дека не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во собраниската служба. Станува збор за набавка на превентивни здравствени прегледи, кои претставуваат законска обврска на работодавачот, а не дополнително или приватно здравствено осигурување. Законот за безбедност и здравје при работа е јасен: прегледите ги врши овластена здравствена установа од областа на ...

Соединетите Американски Држави влегуваат во завршната фаза од војната со Иран, изјави секретарот за финансии Скот Бесент додека се подготвува да ги објави, како што ги нарече, најстрогите санкции во историјата против Техеран. „В зори почнува економскиот Д-ден – најголемата поединечна финансиска офанзива воспоставена против некој противник“, напиша Бесент на мрежата Икс. Денеска тој ќе ги презентира новите мерки на прес-конференција. Бесент ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска го започнува настапот на годинашниот УС Опен, а прва противничка во квалификациите ќе ѝ биде Јапонката Маи Хонтама. Хонтама има 26 години и моментално се наоѓа на 171 место на ВТА-листата. Највисок пласман во кариерата ѝ е 105. место, до кое стигнала на 5 август 2024 година. Мечот меѓу Ѓорческа и Хонтама е втор на програмата на теренот број 16. Првиот натпревар е закажан за 17 часот, па ...

Само неколку дена по ненадејната смрт на Хејден Панетиер, во јавноста излегуваат нови вознемирувачки детали за последните години од нејзиниот живот. Нејзината поранешна сосетка од Вест Холивуд, Миа Теразас, за „Page Six“ раскажала дека двапати ја видела актерката како ја изнесуваат од станот на носила, во текот на нејзината бурна врска со Брајан Хикерсон. Првиот случај, според Теразас, се случил на 29 јули 2023 година, а вториот на 16 јануари ...

Грција почна да префрла противвоздушен систем „Патриот“ од островот Карпатос на Крит, каде што се наоѓа стратешки важната воена база Суда, во услови на зголемени тензии со Иран и информации за можни напади врз американски воени објекти во Европа. Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека преместувањето на системот е почнато и треба да заврши во следните часови. Целта е зајакнување на противвоздушната и противракетната заштита на поморските и ...

Обвинителството во Тајван покрена обвинение против девет лица за нелегален извоз на сервери за вештачка интелигенција во Кина. Меѓу обвинетите се и вработени во технолошките компании Нвидиа (Nvidia) и Супер Микро (Super Micro). Истрагата беше покрената оваа година поради сомневања за извоз на сервери со Нвидиа чипови, кои се предмет на ограничувања на извозот од САД. Уште во 2022 година, САД ја забранија продажбата и извозот на напредни ...

Снимка од опасен инцидент меѓу двајца возачи на патот меѓу Мост и Раша, во близина на Лабин во Хрватска, се шири на социјалните мрежи и предизвика бројни реакции. На видеото, објавено во Фејсбук групата „Прометне згоде и незгоде“, се гледа црн автомобил кој застанува на средината од патот. Возачот излегува од возилото, го отвора багажникот и зема засега непознат предмет, по што тргнува кон автомобилот што се наоѓа зад него. Не е познато зошто ...

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето за предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. На сите обвинети им се става на товар кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето од член 353 став 5 в. в. став 4 в. в. став 1 в. в. член 22 од Кривичниот законик за кое е предвидена затворска казна од една до пет години. Во судската постапка за случајот ...

ЈКП „Водовод“ – Битола денеска започна со реконструкција на водоводната мрежа на делница од улицата Маркс и Енгелс во Битола. Вкупната должина на мрежата со приклучоци е 396,8 метри и опфаќа 35 куќни приклучоци. Овој проект е дел од проектите добиени во рамки на Вториот повик на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на проекти за унапредување на локалната самоуправа. Реконструкцијата претставува дел од пошироките активности ...

Стотици луѓе деновиве се качуваат високо во италијанските Доломити со една единствена цел – да изедат крофна. Не станува збор за некоја нова гастрономска сензација, туку за традиционалниот „krapfen“, кој со години се подготвува во планинарскиот дом Friedrich August, на околу 2.300 метри надморска височина. Откако инфлуенсери почнале да го објавуваат десертот на социјалните мрежи, местото го преплавиле туристи. View this post on Instagram A ...

Жители на Иловица даваат поддршка за реализацијата на проектот за рудник за бакар. Според нив, оваа инвестиција може да го заживее регионот и да помогне во целта младите да имаат добро платени работни места и да останат во југоистокот, односно да се спречи иселувањето. Никола Стаменов, кој е поранешен претседател на Федерацијата на фармери и е дел од локалната иницијатива „И здравје и работа“, за Канал 5 ТВ изјави дека ако се почитуваат ...

Денес „пеењето“ на Бујар Османи добива поинакво значење: Артан Груби е пред правдата, а Османи сè уште го чека моментот да направи чекор кон лидерската позиција во ДУИ, соопшти ВЛЕН. „Со месеци Бујар молчи за Груби, иако некогаш двајцата беа на врвот на ДУИ. Денес се однесува како никогаш да немале заедничка политичка историја. Наместо мандатот како министер за надворешни работи да го користи во интерес на државата, Бујар го искористи и за ...

Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без поголеми задржувања, а странските возачи кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок се задржуваат најмногу пет минути за регулирање на обврската, информира Министерството за внатрешни работи. Од МВР посочуваат дека постапката е значително олеснета со воведувањето на системот „Безбеден град“ и можноста глобите да се платат електронски преку специјално развиената апликација. ...

Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од метеоролошката служба „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, високите ноќни температури во комбинација со високата влажност на воздухот во грчката метропола создадоа услови на спарнина и ...

Жак Морети, сопственик на барот „Ле Констеласион“ во Кран Монтана, каде што во катастрофален пожар загинаа 41 лице на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети. Според информациите од швајцарските медиуми, инцидентот се случил ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Жак Морети е уапсен по нападот и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди ...

Македонските превозници најавуваат протест пред делегацијата на Европската Унија следниот понеделник за да потсетат дека се уште не е решен проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната (90 дена во рамки на 180 дена). Од „Макам-транс“ информираат дека протестот е дел од договорот на балканските превозници одржан на 21 август и ќе се одржи еден ден пред официјалната средба на комисијата на ЕУ која треба да ...

Вивиен Џоли-Пит, ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли, направи уште еден чекор кон официјално отстранување на презимето на својот татко. Осумнаесетгодишната Вивиен сака во иднина правно да се вика Вивиен Маршелин Џоли, без „Пит“ во презимето. Иако можеби звучи необично, Вивиен морала да ја објави својата намера во весник. Според калифорнискиот закон, лицето кое сака официјално да го промени името мора да објави известување во весник четири ...

Кулминира царинската војна меѓу САД и Канада. По пропаѓањето на тридневните разговори во Вашингтон, САД воведоа царина од 50 проценти на канадска стока во вредност од околу 20 милијарди долари – од стапови за хокеј и градежни материјали до алкохолни пијалоци и текстил. Тоа е преседан затоа што за прв пат по 80 години, Вашингтон се повика на член 338 од Законот за тарифи од 1930 година, односно на одредбата што му дозволува на претседателот да ...

Собранието на Република Северна Македонија не плаќа и не обезбедува приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените во Собраниската служба, се наведува во демантот на објавите во повеќе медиуми пласирани вчера. Собранието ја информира јавноста дека станува збор за неточно и манипулативно претставување на фактите. Од Собранинето појаснуваат дека постапката на која се повикуваат медиумските објави се однесува на обезбедување ...

Државна Видеолотарија на Македонија Касинос Австрија, преку иницијативата „Играј одговорно“, континуирано ги унапредува активностите насочени кон превенција, рана интервенција и психо-социјална поддршка за лицата кои се соочуваат со проблематично играње игри на среќа. Како дел од оваа посветеност, „Играј одговорно“ функционира преку мрежа на советувалишта во Скопје, Куманово, Прилеп и Радовиш, со што се обезбедува стручна поддршка за ...

Со најостро несогласување ја отфрламе изјавата на бугарската претседателка Илијана Јотова дека Македонија и Бугарија имаат „заедничка историја“ и дека Софија ќе продолжи да се „грижи“ за Бугарите во Македонија, наведува Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) во реакција на изјавите на бугарската претседателка. „Македонската историја има свој континуитет и свој развој и не може денес да биде прекројувана според бугарски национални ...

Шели Фабарес, актерката која се прослави со сериите „The Donna Reed Show“ и „Coach“, почина на 82 години во Лос Анџелес. Нејзиното семејство соопшти дека починала во саботата, 22 август, опкружена со најблиските, по кратко боледување. Причината за смртта не е објавена. Фабарес започнала да глуми како дете, а вистинската слава ја стекнала како тинејџерка во „The Donna Reed Show“, каде од 1958 до 1963 година ја играла Мери Стоун. Во раните ...

Германија надвор од еврозоната, без еврото, надвор од Шенген, со затворени национални граници, многу построга миграциска политика и поголем број депортации. Тоа се дел од промените што копретседателката на Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел, ги најавува доколку партијата дојде на федерална власт. Не станува збор за козметички корекции на сегашната германска политика, туку за напуштање на некои од темелите врз кои Германија ја градеше ...

На регионалниот пат Меџитлија – Старавина вчера попладне 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци, битолско, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди Д.Ј. починал на самото место. Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта, а екипа на СВР Битола извршила увид. На регионалниот пат Меџитлија – Старавина вчера попладне 42-годишниот Д.Ј. од село Новаци, битолско, ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
92%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
79%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
2.68
66%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.3
80%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42