Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Сериозна несреќа се случила на автопатот во изградба Охрид-Кичево, каде работник од струшко се здобил со тешки повреди додека извршувал работни задачи. Според информациите, на 28.04.2026 година во 09:40 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид бил донесен 36-годишниот П.С. од селото Мороишта, со тешки телесни повреди на ногата. Како што било наведено во пријавата, несреќата се случила додека тој ...
Компанијата Мастербет продолжува со поддршката на младите спортски таленти и во промоција на врвните спортски вредности, преку поддршка на еден од најуспешните македонски кик-боксери од младата генерација – Силвио Мировски. Силвио Мировски веќе девет години активно се занимава со кик-бокс и важи за еден од најперспективните млади спортисти во Македонија. Настапува во категоријата до 71 килограм и зад себе има импресивни резултати на ...
Шенон Елизабет, актерката најпозната по улогата на Надија во франшизата „Американска пита“, заработи исклучително голема сума пари во првата недела откако го отвори својот профил на OnlyFans. Според Page Six, извор близок до актерката открил дека Елизабет заработила дури 1 милион долари за само седум дена, а и самата актерка набргу го потврди тоа. Повеќе од половина од таа сума наводно доаѓа од директни пораки до корисниците, додека остатокот ...
Европската унија воведува нови безбедносни системи кои ќе станат задолжителни за сè повеќе возила од 1 јули. Промените не се однесуваат само на професионалните возачи, туку и на личните автомобили – а еден систем особено го следи однесувањето зад воланот. Од 1 јули, примената на технологии кои го следат однесувањето на возачот и ги евидентираат податоците за возење е дополнително проширена. Во срцето на промените е системот за автоматско ...
Партијата која во јавноста важеше за најжесток критичар на инвестициите во рударството, сепак не била против отворање на нови рудници. Според она што можеше да се заклучи од комисиската расправа во Собранието за измените во Законот за минерални суровини, проблем на Левица бил западниот странски капитал. Оваа опозициска партија во повеќе наврати во своите кампањи ги критикуваше најавите за инвестиции, етикетирајќи ги како „рудници на смртта“ и ...
Сопствениците на возилата добиваат код на својот мобилен телефон и електронската адреса при регистрација на возилото, соопшти Министерството за внатрешни работи. Целта е да се избегнат какви било грешки при испраќањето на санкциите од системот „Безбеден град“. „При регистрација на возилата во станиците за технички преглед или во управните служби, откако сопственикот на возилото на шалтерот на МВР ќе го остави бројот од својот мобилен телефон ...
Жена од скопската населбата Аеродром пријавила грабеж во влез од зграда. Напаѓачот употребил физичка сила и ѝ го одзел паричникот. Во него имало пари, лични документи и мобилен телефон. „Во влез од зграда на подрачјето на Аеродром, со физичка сила ѝ бил одземен паричникот со пари, документи и мобилен телефон“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Напаѓачот избегал од местото. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и ...
Ако не бевме ние (Британците), вие денеска ќе зборувавте француски, му рече британскиот крал Чарлс III на американскиот претседател Доналд Трамп. Кралот, алудирајќи на колонијалното минато на Америка, на хумористичен начин за време на државната вечера во Белата куќа одговори на претходните забелешки на претседателот Трамп дека без американската помош во Втората светска војна, Европејците денес ќе зборуваа германски. За време на здравицата на ...
Обвинетиот Раде Трајковски-Штекли доби казна затвор од 8 години во случајот со организирана група за трговија со дрога. Обвинетите Стефан Китанов, Александар Бучевски и Филип Таневски добија казни затвор од по пет години. Стојан Миланов е осуден на казна затвор од 3 години и 10 месеци. Постапката се водеше девет месеци, а судеше судијата Илија Трпков. Групата се товареше за организирање, набавка, транспорт и продажба на дрога преку синџир на ...
Однесувањето на СДСМ отвора сериозни сомнежи за нивните вистински намери во процесот на менување и дополнување на Изборниот законик, реагираше пратеничката група на Левица на бојкотот од членовите на СДСМ на Работната група што ги подготвува измените. – Ние уште од почетокот на процесот за измена или нов Изборен законик, изразивме сомнеж за искреноста на политичките актери – дали навистина се прави Изборен законик или само се води процес што ...
Автобус во Скопје прегази 81-годишна жена на булеварот Партизански одреди, потврди Министерството за внатрешни работи. „На 28.04.2026 во 18:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватен превозник, управуван од Б.А.(61) од село Грчец, скопско, а кој сообраќал на градска линија број 12, удрил во 81-годишната Р.С. од Скопје. Во несреќата ...
Ако не бевме ние (Британците), вие денеска ќе зборувавте француски, му рече британскиот крал Чарлс III на американскиот претседател Доналд Трамп. Кралот, алудирајќи на колонијалното минато на Америка, на хумористичен начин за време на државната вечера во Белата куќа одговори на претходните забелешки на претседателот Трамп дека без американската помош во Втората светска војна, Европејците денес ќе зборуваа германски. За време на здравицата на ...
Во овој момент не размислуваме за намалување на ДДВ-то на дизел-горивото, а преговараме со ОКТА за продолжување на попустот – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски дополни дека акцизите остануваат исти и оти Владата ќе носи одлука врз основа на просечната цена на бензините и дизелот во втората половина на месецов. – Дизелот веќе беше над 1.200 долари по тон, што значи тие 4 денари ќе останат. ...
Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) и годинава ќе организира протест на 1 Мај, Меѓународен ден на трудот, кој ќе почне во 11 часот пред ССМ, ќе продолжи пред Собранието, потоа кај Стопанската комора и ќе заврши пред Владата. Ова денеска го најави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, кој повика работниците масовно да излезат на протестот на кој, како што рече, ќе ги истакнат барањата за зголемувањето на минималната плата и подобри ...
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц, вчера беше толку јасен и дециден што не остави простор за толкување. Човекот даде многу прецизни изјави во кои јасно кажа дека Владата прави реформи. И тука нема никаква дилема. И Владата ќе продолжи да прави реформи, изјави денска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање, како ги оценува критиките од опозицијата во однос на Вајц, но и во однос на ...
Поради отсуството на СДСМ беше одложена четвртата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, процес од кој директно зависи кредибилитетот на изборите и довербата на граѓаните, изјави министерот за правда Игор Филков. Министерот информираше дека политичките партии доставиле дополнителни забелешки и коментари на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На маса биле и предлозите на институциите кои се вклучени во изборниот процес а со ...
Можност за реализација на јавни инвестиции од 3,3 милијарди евра во наредните 5 години е презентирана денеска на седница на Комитетот за јавни инвестиции. Ова новоформирано тело врз основа на методологија ќе ги одобрува капиталните проекти што ќе бидат на конечната листа и ќе ја следи нивната реализација. Премиерот Христијан Мицкоски, по седницата на Комитетот, истакна дека почнува нова пракса со алатка за следење на реализацијата на големи ...
ВМРО-ДПМНЕ остро ја осудува изјавата на другарот на Зоран Заев и на Венко Филипче, Рубин Земон, кој јавно и без срам вели дека Гоце Делчев е мит, дека не извојувал ниедна битка и дека не напишал ништо што денес е од важност, рече Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ. – Членот на ИО на Филипче и на Заев, Рубин Земон, тврди дека Гоце Делчев не направил ништо за Македонија и не е битен за македонскиот идентитет. Директорот на Центарот за ...
СДСМ нека предложи измени во законот да не може лидер на партија и пратеник и премиер да биде лице со златни визи од други држави, реагира ВМРО-ДПМНЕ. „СДС се затечени од вистината за нивниот лидер, со панични прес-конференции и небулозни тврдења сакаат да избегнат од фактот дека нивниот лидер има втора матична држава. Зошто извадил таква виза и врз кој критериум му дале? Се потат лицата кои за плата држат пресови кај СДС, но тоа не ги ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопшти ЈОРСМ. – Детето, во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврата го ...
Апелацискиот суд во египетскиот град Порт Саид ја поништи ослободителната пресуда за менаџерот на хотел кој одбил да смести новинарка затоа што патувала сама. Менаџерот бил осуден во отсуство на една година затвор и тешка работа, како и парична казна од 50.000 египетски фунти (околу 810 евра), објавија тамошните медиуми. Во јануари оваа година, новинарката Ала Саад се обидела да се пријави за престој во хотелот, но ѝ било кажано дека „не ...
Светската банка прогнозира раст на македонската економија од 2,9% за годинава, износ што е за 0,1 проценти понизок од претходната проекција, како и од 3% во 2027 и 2028 година. Во извештајот објавен денеска, Светската банка оценува дека економскиот раст на Западен Балкан се очекува да продолжи да забавува во 2026 и 2027 година како последица на конфликтот на Блискиот Исток, постојаната инфлација и зголемената неизвесност. Банката укажува ...
Педесетгодишната актерка Шарлиз Терон се појави во „Шоуто на Дру Баримор“ за да го промовира својот нов филм на Нетфликс „Апекс“ и отворено зборуваше за тоа што мисли за живеењето со партнер. Таа вели дека не е сигурна дали некогаш повторно ќе сака да го стори тоа. Живеење во одвоени куќи – Навистина го мислам тоа, иако луѓето мислат дека се шегувам – не мислам дека некогаш повторно би можела да живеам со некого. Не сум сигурна дека би ...
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, денеска ќе се појави на сослушување пред членовите на Конгресот, за првпат од почетокот на војната со Иран. На сослушувањето пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом ќе се разгледува армискиот предлог-буџет за 2027 година, што предвидува зголемување на воените расходи на 1,5 трилиони долари – најмногу во историјата на САД. Се очекува Хегсет и началникот на Здружениот генералштаб, ...
Времето на стихијно планирање заврши. Доаѓа време на систем, одговорност и резултати. Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспостави нов, поцврст и поодговорен механизам за одлучување, кој не се води од импровизации, туку од јасни критериуми, визија и стратегија. Целта што ја поставуваме е јасна: секој денар од буџетот да биде насочен таму каде што создава најголема вредност. Ова го подвлече премиерот Христијан Мицкоски ...
Кејт Хадсон беше гостинка во шоуто „Watch What Happens Live with Andy Cohen“, со колегата Џастин Теру, со кого глуми во серијата на Нетфликс „Running Point“. Нивното заедничко гостување се совпадна со објавувањето на втората сезона од серијата, која пристигна на Netflix на 23 април. „Тоа е веднаш црвено светло за мене“ Кога Енди Коен ја праша какво однесување кај мажите смета за одбивно, таа рече: – О, о, ооо. Во ред, знам дека ова можеби ќе ...
Излегувањето на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од ОПЕК, Организацијата на земјите извознички на нафта, предизвика различни коментари околу тоа колку овој потег е значаен за натамошното опстојување на картелот и за цената на нафтата во иднина. ОПЕК е организација составена главно од извозници на нафта од Заливот, која со децении ја контролираше цената на суровата нафта со намалување или зголемување на производството и со доделување квоти на ...
Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел од Коридорот 8 се реализира со засилена динамика, објави директорот на ЈП Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски. „Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34 километри. Прогрес 35%. Бележиме зголемен интензитет на градежните активности“, објави Ивановски на својот профил на Фејсбук. ...
Претседателот на младинско движење на Левица Андреј Куцуловски вчера попладне бил приведен откако за време на ракометен натпревар на кадетите меѓу Македонија и Израел, кој се одржа во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, го истакнал палестинското знаме, информира Левица во објава на социјалните мрежи. Од МВР информираа дека Куцуловски е приведен за сторен прекршок по член 3 од Законот за спречување насилство и недостојно однесување на ...
Во текот на 2025 година Европа забележа една од најжешките години во историјата, а научниците предупредуваат дека 2026 година може да биде уште потопла, поради очекуваниот посилен Ел Нињо, покажа новиот годишен извештај од Светската метеоролошка организација и програмата Коперник на ЕУ за климата во Европа во 2025 година. Според податоците, речиси целиот европски континент, над 95 проценти од територијата, лани имаше температури над просекот, ...