„Ни треба помош од вас“, му порача вчера Венко Филипче на евроамбасадорот Михалис Рокас од собраниската говорница. И тамам помисливме дека расправата е за европската интеграција, кога се покажа дека на Македонија ѝ треба уште една адреса за решавање на домашните политички проблеми. Не е доволно Собранието, не се доволни институциите, не се доволни политичките аргументи. Потребен е Рокас! Само што тука не е најинтересно што Филипче бара помош ...
Пијанистката доц. д-р Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва, 24 ноември 2026 година, во 20 часот, во Музејот на македонската борба и самостојност во Скопје ќе одржи јубилеен солистички концерт. Концертот е посветен на 25 години концертна дејност – уметнички пат исполнет со солистички и камерни настапи, меѓународни соработки и посветеност на македонското музичко творештво. Јубилејот е повод за средба со публиката и за споделување на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е. Ола Солстром. Во фокусот на разговорите беше претстојниот Прв форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жени во енергетиката “ (First Energy Diplomacy Forum), кој во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а во ...
Одлучивме Македонија да ја развиваме, да ја движиме напред и мора да ги прифатиме предизвиците на новото време, а тоа се дигитализацијата и вештачката интелигенција, порача заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на конференција на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) за дигитална трансформација, која денеска се одржува во Скопје. Николоски истакна дека дигиталната ера и ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека партијата ќе поднесе интерпелација во Собранието за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради неговата улога во случајот со Алта банка и околностите под кои српската финансиска институција влезе на македонскиот пазар. Со овој потег, опозициската партија го засилува политичкиот притисок врз гувернерот. Откако претходно беа поднесени кривични пријави против Славески и други раководни лица ...
Откако премиерот Христијан Мицкоски се најде на удар на критики поради изјавата дека текстови можат да се нарачуваат во кој било медиум, вклучително и во контекст на пишувањето на „Фајненшел тајмс“ за Алта, редно е да се постави едно многу поедноставно прашање: каде е гувернерот Трајко Славески и зошто токму тој не излезе со документи со кои ќе ги расчисти дилемите? Мицкоски реши да застане во одбрана на постапката на Народната банка, па дури ...
Општина Битола се приклучува кон кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ и ја поддржува иницијативата на Обединетите нации за поголема јавна свест за економското насилство врз жените. Од Општината посочуваат дека економското насилство е една од најмалку препознаените форми на родово базирано насилство. Тоа може да се манифестира преку контрола на парите и приходите на жената, ограничување на нејзината можност да се ...
Влен јавно одговори на писмото на Али Ахмети, претседател на Демократската унија за интеграција. „Вчерашното писмо на Али Ахмети, во кое тој јавно изнесува низа дилеми и невистини во врска со службената употреба на албанскиот јазик, е само пропаганден памфлет. Неговата цел е да ја зголеми конфузијата и да ги продлабочи поделбите и нејаснотиите кај граѓаните во врска со службената употреба на албанскиот јазик. Почитуван г-дине Ахмети, Во 2008, ...
Македонија е поинаква од пред две години. Создаваме решенија што траат и градиме иднина. Нашата одговорност е одлуките што ги носиме денес да обезбедат сигурност за генерациите што доаѓаат – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во обраќањето на отворањето на Првиот форум за енергетска дипломатија, што се одржува во Скопје. Како што истакна Божиновска, енергетиката одамна не е само прашање на ...
Рудникот „Скуриес“ на Халкидики се приближува до почетокот на комерцијалното производство на бакар и злато, откако компанијата „Елдорадо Голд“ ги активираше сите четири филтер-преси за филтрирање на јаловината. Со ова е исполнет важен услов за премин од изградба во оперативна фаза. Според најавите на компанијата, комерцијалното производство се очекува до крајот на 2026 година, по успешното производство на првиот концентрат од бакар и злато. ...
Заштитата на реката Вардар и одговорното управување со водните ресурси мора да бидат меѓу долгорочните приоритети на државата, со јасно дефинирани институционални обврски, стабилно финансирање и координирана соработка меѓу различните сектори. Ова го порача министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на отворањето на манифестацијата „Денови на Вардар 2026“, посветена на иднината на управувањето со сливот на најголемата ...

