Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Бројот на проблеми што влијаат на нормалното функционирање на животот на Кримскиот полуостров расте од ден на ден и сè повеќе го поставува прашањето дали Кремљ е воопшто способен да обезбеди нормално функционирање и животна поддршка на полуостровот. Дали Крим станува преголем товар за Москва? Олександар ЛЕВЧЕНКО* Како резултат на системските стратешки погрешни пресметки од страна на руското раководство и продолжувањето на војната, Кримскиот ...
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка од функцијата, само пет месеци откако беше избран од Собранието. Информацијата за неговото повлекување беше објавена на 16 јули, а до објавувањето на веста не беа соопштени причините поради кои Наумовски одлучил предвреме да го прекине мандатот. Наумовски беше избран за судија на Уставниот суд на 18 февруари 2026 година со 63 гласа „за“ и седум гласа „против“. Тој положи свечена изјава веднаш по ...
Мобилен тим на Царинската управа спречил обид за криумчарење 2.000 вијали од медицинскиот раствор „Гадонанс“, пронајдени на повеќе скриени места во кабината на товарно возило на граничниот премин Деве Баир. Камионот го управувал косовски државјанин вработен во транспортна компанија од Косово, кој превезувал алуминиумски профили од Турција кон Косово. При царинската контрола возачот изјавил дека нема друга стока за пријавување освен товарот ...
Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка од функцијата, само пет месеци откако беше избран од Собранието. Информацијата за неговото повлекување беше објавена на 16 јули, а до објавувањето на веста не беа соопштени причините поради кои Наумовски одлучил предвреме да го прекине мандатот. Наумовски беше избран за судија на Уставниот суд на 18 февруари 2026 година со 63 гласа „за“ и седум гласа „против“. Тој положи свечена изјава веднаш по ...
Повеќе од 250 доброволни пожарникари од активните доброволни противпожарни друштва во Македонија ќе можат организирано да се вклучуваат во гаснењето пожари на отворен простор во текот на летната сезона, како дел од Тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување. Доброволците беа построени во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје, каде што ДЗС ја утврдуваше реалната бројка на обучени лица што можат да бидат мобилизирани при поголеми ...
САД испукаа ракети кон танкер за нафта во Ормутскиот теснец како дел од блокадата на иранските пристаништа, додека пристигнуваа извештаи за напади врз Техеран, први во најновиот бран конфликти. Американската војска потврди во четврток наутро дека онеспособила празен танкер со ракети „Хелфаер“ откако екипажот игнорирал повеќекратни предупредувања, во услови на ескалација што се заканува да се претвори во отворена војна, пишува „Гардијан“. ...
Лет на „Рајанер“ од Лондон до Тирана, кој требало да трае околу три часа, се претворил во речиси 12-часовно патување со две пренасочувања, долги задржувања на пистите, недостиг од храна и вода и интервенција на грчката полиција по бунт на дел од патниците. Авионот на летот РК8288 полетал од лондонскиот аеродром „Станстед“ на 3 јуни, но не успеал да слета во албанскиот главен град поради силно невреме. Наместо во Тирана, леталото прво било ...
Дваесет и шест граѓански и еколошки организации побараа Владата веднаш да ги запре постапките за доделување нови концесии за рударски истражувања и да ја објави целата документација поврзана со можните рударски проекти. Заедничката реакција следува по владината одлука за започнување постапка за доделување концесија за проспекциски геолошки истражувања на металични минерални суровини на голема територија во источниот, југоисточниот и ...
СДСМ ја обвини Владата дека не презела навремени мерки за заштита на животниот стандард по новото поскапување на горивата, при што цената на дизелот беше зголемена за 5,5 денари и достигна 88 денари за литар. Според опозициската партија, растот на цената на дизелот ќе ги зголеми транспортните трошоци на компаниите, а тоа може да се пренесе и врз цените на храната, услугите и останатите производи. СДСМ тврди дека граѓаните ја плаќаат цената ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално го предложи директорот на државната енергетска компанија „Нафтогас“, Сергиј Корецки, за нов премиер на Украина, во рамките на втората голема реконструкција на владата за помалку од една година. Предлогот е доставен до Врховната рада, која треба да гласа за Корецки и за составот на новата воена влада. Претседателот на парламентот Руслан Стефанчук потврди дека кандидатурата е примена, но тоа ...
Петер Сијарто, поранешниот унгарски министер за надворешни работи и еден од најблиските соработници на Виктор Орбан, поднесе оставка од својот пратенички мандат и објави дека заминува на водечка позиција во кинескиот автомобилски гигант BYD. Сијарто изјави дека добил, како што изјави, исклучително ласкава понуда од една од најважните компании во светот. На својата нова позиција во BYD, тој ќе биде одговорен за надворешните односи на целата ...
Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на триото „Кимера“ од Италија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Триото го сочинуваат пијанистката Марта Черета, виолинистот Стефано Ракањи и виолончелистот Џорџо Лукини. „Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 ...
Државниот архив – Одделение Битола го презеде приватниот архивски фонд „Ристо Најдовски – Ѓоргиевски, автомеханичар и возач, Битола“, кој всушност бил првиот човек што донел автомобил во Македонија во 1905 година и еден од првите службено регистрирани возачи на овие простори. Од Архивот во Битола посочија дека овој фонд претставува вредно сведоштво за почетоците на автомобилизмот и за техничкиот развој на градот. „Фондот, кој е подарен од ...
Десетици илјади фудбалски навивачи излегоа на улиците на главниот град на Аргентина во колективна ерупција од радост по победата на нивниот тим од 2-1 над Англија и пласман во финалето на Светското првенство. Некои врескаа, други плачеа – а најизбезумените трчаа без маици низ улиците на Буенос Аирес во среда зимска вечер, со тела обоени во сино-бели национални бои. Млади мажи и жени се искачија по семафорите, мавтајќи со знамињата на ...
Реформата на пензискиот систем повторно е на маса. Владата најавува дека ќе ги почека анализите на ММФ и Светската банка пред да донесе какви било одлуки, уверувајќи дека ништо не е однапред решено. Но, токму тука почнува најважното прашање: дали реформата ќе биде разговор само меѓу Владата и меѓународните финансиски институции или во неа конечно ќе биде слушнат и гласот на речиси 350.000 пензионери, кои се директно засегнати од секоја ...
Потпретседателот Џ. Д. Венс призна дека администрацијата на Трамп „лошо се справила“ со објавувањето на досието на Џефри Епштајн минатата година, зборувајќи за време на појавувањето во подкастот „The Joe Rogan Experience“. Неговите коментари претставуваат едно од најјасните јавни признанија од администрацијата на Трамп дека објавувањето на досието станало голем политички товар, откако било придружено со несмасна комуникација и збунувачки ...
Зборувајќи за иницијативата „Отворен Балкан“, во интервју за Јуроњуз, премиерот на Албанија Еди Рама оцени дека таа не добила поширока поддршка поради перцепцијата дека тој и Вучиќ стојат зад неа. „Тоа беше „ужасна идеја“ само од една причина, бидејќи Вучиќ и јас бевме зад неа. Да ги земевте нашите имиња и да ставите уште две имиња, ќе беше одлична идеја. Како и со сè на Балканот, ако видовме дека доаѓа од друг извор, секако дека ќе беше ...
Охрид на Листата во опасност повеќе не е само сценарио за кое се предупредуваше во изминатите месеци. Центарот за светско наследство на УНЕСКО на 13 јули го објави документот со анализата за состојбата на Охридскиот Регион и нацрт-одлуката во која официјално се предлага негово впишување на Листата на светско наследство во опасност. Станува збор за најсериозната порака што Охрид досега ја добил од УНЕСКО, но таа сè уште не претставува конечна ...
Германските јавни обвинители подигнаа обвинение против 68-годишен маж осомничен за дрогирање и силување на 14 жени што ги запознал на платформи за онлајн запознавање. Канцеларијата на јавниот обвинител во Берлин соопшти дека мажот е обвинет за 22 обвиненија за тешко силување на 14 жени, но е осомничен за силување на вкупно 58 жени. Истрагата започна во март 2025 година, кога осомничениот се појави на снимки од разговори со друг маж кого ...
Четирите години војна и меѓународната изолација ја променија позицијата на Владимир Путин во односите со Кина. Рускиот претседател сè повеќе се појавува како страна што бара отстапки, а не како страна што поставува услови, додека Пекинг постепено се подготвува за негово евентуално заминување од власт, пишува The Wall Street Journal. Пекинг го блокираше договорот за гас Во 2013 година, кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот лидер ...
Воз Скопје Битола повторно тргна на 15 јули, по завршувањето на градежните работи на дел од пругата Скопје–Битола–Жабени. Но, зад веста за обновениот сообраќај остануваат прашањата што навистина ги интересираат патниците: колку чини билетот, колку трае патувањето, дали работи климатизацијата, колку често доцни возот и дали железницата денес е реална алтернатива на автобусот и автомобилот. Обновувањето почна со возот број 641, кој од Скопје ...
Трагата за милионските договори на „Маратон“ и можностите кои ги носи води до врвот на ВМРО и до актуелниот генерален секретар на Владата, Игор Јанушев, објави денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, соопшти дека цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста. „Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години. АКТ откри дека и ...
Ако му помине предлогот на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, следното светско првенство во фудбал, во 2030 година, да се прошири со 64 репрезентации, не е ништо чудно фудбалската репрезентација на Северна Македонија да се најде меѓу фудбалската елита на мундијалот. Инфантино најави дека по завршувањето на актуелното Светско првенство, ќе почне сериозна дебата за уште едно големо проширување на Мундијалот – на дури 64 репрезентации. Во ...
Два македонски клуба, два реванша во ист термин во Скопје, но со целосно различно ниво на неизвесност. Шкендија денес, 16 јули, ја пречекува Европа со огромна предност од 5:0, додека Силекс против Динамо Минск ќе брани само еден гол од првата средба. Двата натпревари почнуваат во 20 часот. Шкендија ќе игра на Националната арена „Тодор Проески“, а Силекс на Тренинг-центарот „Петар Милошевски“. На Шкендија ѝ е потребно само да избегне ...
Мечка на Галичица била забележана од туристи во реонот над охридското село Горно Коњско вчера, 15 јули по што Националниот парк ги повика жителите, планинарите и посетителите да се движат со зголемена претпазливост. Точната патека и местото на средбата не се објавени, поради што предупредувањето се однесува на поширокото планинско подрачје над селото. Од Националниот парк засега не соопштија дали станува збор за возрасна единка, дали мечката ...
Од септември Владата планира да воведе нова „просечна потрошувачка кошничка“, која треба да служи за креирање економски политики. Таа нема да биде иста со синдикалната минимална кошничка, но додека институциите и синдикатите се расправаат чија пресметка пореално го прикажува животот, бројките веќе покажуваат нешто поедноставно: платите тешко ги покриваат основните семејни трошоци. Заменик-министерот за економија Марјан Ристески соопшти дека ...
Аргентина направи драматичен пресврт против Англија во полуфиналето на Светското првенство и со победа од 2-1 во Атланта се пласираше во големото финале против Шпанија. Англија беше на неколку минути од финале. Ентони Гордон погоди во 55. минута и долго време изгледаше дека „трите лава“ ќе ја преживеат аргентинската офанзива. Но актуелниот светски шампион повторно одби да се откаже. Аргентина притискаше, Англија се повлече пред својот гол, а ...
Цената на нафтата падна под 84 долари за барел и покрај обновените судири меѓу САД и Иран и стравувањата за транспортот низ Ормускиот Теснец. Наместо панично купување, трговците покажаа дека засега повеќе им веруваат на податоците за понудата отколку на воените закани. На лондонскиот пазар северноморската нафта „брент“ поевтини за 1,11 долари и се спушти на 83,62 долари за барел. Американската лесна нафта поевтини за 81 цент, на 78,53 долари. ...
Силно грмежливо невреме проследено со град ги погоди Лика и Горски Котар во Хрватска, оставајќи побелени улици, дворови и покриви во делови од земјата среде јулските горештини. Град паѓал во околината на Огулин, Врбовско, Јаблан, Модруш и Брод Моравице. Според локалните извештаи, парчињата мраз на одделни места достигнувале големина од два до три сантиметри. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат површини целосно прекриени со ...
Србија беше единствената земја на Самитот Украина–Југоисточна Европа во Киев што не ја потпиша заедничката декларација за продолжување на политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка за Украина и за засилување на притисокот врз Русија. „Јас сум единствениот што не стави потпис на декларацијата“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по завршувањето на самитот. Документот го потпишаа претставници на Украина, Албанија, ...