Новинарите и уредниците во унгарската државна новинска агенција МТИ повеќе од една деценија собирале документи за цензура, забранети теми, менување содржини и политички упатства при објавувањето вести во периодот на владите на Виктор Орбан. Материјалот од 482 страници е предаден на новото раководство на јавниот медиумски систем, кое наредило внатрешна истрага. Документите ги составила неформална група новинари и уредници наречена „PRO DOMO“. ...

Сончево и многу топло време ќе преовладува денеска, 6 август, во Македонија, со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до 39 степени. Во попладневните часови, главно во планинските региони, ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Граѓанската партија на Грците во Србија побара од властите во Нови Сад да ја отфрлат иницијативата за поставување споменик со името „Мајка Македонија“. Од партијата оценија дека споменикот би претставувал „длабоко непочитување кон грчкиот народ и држава“. Иницијативата ја поднесе Националниот совет на македонското национално малцинство по повод 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина. Советот за култура и информирање на ...

Хемиско вештачење покажува дека мазутот кој РКМ ДОО Скопје е со соодветен квалитет и ги имал потребните сертификати согласно позитивните законски прописи. Сведок од ЕСМ вели дека секоја цистерна е примена со сертификат за квалитет, а претходно и самата ОКТА, од каде е купен најголем дел од мазутот, потврди дека мазутот бил согласно стандардите. – Параметрите за квалитет на мазут кои се дел од Договорот на ДПТУ РКМ ДОО Скопје со АД ЕСМ се исти ...

Владата ја задолжува државата речиси секоја недела, додека граѓаните се соочуваат со повисоки цени на основните производи и горивата, обвини СДСМ. Од опозициската партија наведуваат дека на 14 јули државата се задолжила со седум милиони евра од државните претпријатија, на 29 јули со 25 милиони евра од Светската банка, а на 5 август со дополнителни 41 милион евра преку три нови емисии државни обврзници. „За само три недели, нов долг од над 70 ...

Пациенти болни од рак денес, симболично ќе протестираат пред Министерството за здравство поради повторниот недостиг на терапија на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје. Поради високите температури, на протестот се очекува да присуствуваат само неколку пациентки, кои ќе побараат да прекинат честите проблеми во снабдувањето со лекови. За недостигот од терапија деновиве јавно реагираа и повеќе онколошки пациенти на социјалните ...

Рекордно нискиот водостој на Дунав почнува сериозно да влијае врз производството на електрична енергија во неколку европски земји. Поради намалениот проток и високите температури на реката, дел од електраните веќе работат со намален капацитет, а надлежните предупредуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши доколку продолжи топлотниот бран. Најголемите проблеми се поврзани со нуклеарните централи и термоелектраните кои ја користат ...

Десетина лица им се заканувале и физички нападнале млади активисти на СДСМ за време на денешната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Ново Село, тврди опозициската партија. Според соопштението, младите социјалдемократи мирно го пречекале Мицкоски со порака поврзана со кризата со водата во Гостивар. „Гостивар се труе, вие сте виновни“, била пораката што ја истакнале активистите, по што, како што наведува СДСМ, кон нив се упатиле околу ...

Телата на Нирмал Пурџа, еден од најпознатите светски алпинисти, и уште тројца планинари кои загинаа во лавина на Брод Пик во Пакистан, се спуштени од планината до базниот камп. Акцијата за извлекување била отежната поради високата надморска височина, непристапниот терен и тешките временски услови. Трагедијата се случи на 30 јули, кога лавина ја погодила експедицијата составена од десет алпинисти кои се обидувале да го искачат Брод Пик, еден ...

Дунав, една од најважните реки во Европа, се соочува со исклучително низок водостој поради продолжената суша и екстремните температури што го погодија континентот. Сателитските снимки откриваат значително повлекување на водата и големи површини од речниот брег кои повторно стануваат видливи. Намалувањето на нивото на реката создава проблеми за повеќе земји низ кои минува Дунав. Во некои делови е отежнат речниот транспорт, бидејќи бродовите ...

Пред Инките да изградат едно од најголемите царства во предколумбиска Америка, Андите биле дом на цивилизацијата Тиванаку, чие наследство и денес ги фасцинира научниците. Оваа древна држава се развивала околу езерото Титикака, на просторот на денешен Боливија и делови од Перу, а својот најголем подем го достигнала стотици години пред појавата на Инките. Тиванаку не била голема империја во класична смисла како подоцнежното Царство на Инките, ...

Корисниците од село Драчево утре ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради технички зафат на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје. Според информациите, прекинот е најавен поради интервенција поврзана со промена на воздушен вентил на улицата „Јустинијан Први“, кај мостот. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот, а нормализирање се очекува по завршување на зафатот. Од претпријатието ги ...

Кога температурите се високи, организмот се обидува да се разлади преку потење. Со губењето на потта не се губи само течност, туку и електролити, односно минерали кои му се потребни на телото за правилно функционирање. Најважни електролити се натриумот, калиумот, магнезиумот, калциумот и хлоридите. Тие учествуваат во регулирањето на хидратацијата, нервната спроводливост, мускулната работа и одржувањето на нормалната срцева функција. За ...

Француските власти преземаат нови чекори против несаканите продажни повици, кои со години предизвикуваат незадоволство кај граѓаните. Со новите правила се ограничува можноста компаниите да контактираат лица по телефон без нивна согласност. Целта на мерката е да се намали бројот на агресивни комерцијални повици, особено оние во кои граѓаните добиваат понуди за услуги, осигурување, финансиски производи или други производи што не ги побарале. ...

Телата на Нирмал Пурџа, еден од најпознатите светски алпинисти, и уште тројца планинари кои загинаа во лавина на Брод Пик во Пакистан, се спуштени од планината до базниот камп. Акцијата за извлекување била отежната поради високата надморска височина, непристапниот терен и тешките временски услови. Трагедијата се случи на 30 јули, кога лавина ја погодила експедицијата составена од десет алпинисти кои се обидувале да го искачат Брод Пик, еден ...

Жена била уапсена во центарот на Лондон откако со ножици повредила четири лица во инцидент што предизвика вознемиреност меѓу граѓаните и посетителите на британската престолнина. Според првичните информации, нападот се случил во централното подрачје на Лондон, а повредените лица добиле медицинска помош. Полицијата веднаш излегла на терен и ја привела осомничената. Засега не се објавени детали за состојбата на повредените, ниту за тоа дали ...

Сеута побара поддршка од шпанската влада поради хуманитарниот притисок предизвикан од присуството на повеќе од 1.000 малолетници без придружба, кои останале во енклавата по големиот миграциски бран од Мароко. Локалните власти предупредуваат дека прифатните центри се под голем притисок и дека немаат доволно капацитети за соодветна грижа за сите деца. Поради тоа, од Мадрид бараат побрза распределба на малолетниците во други автономни заедници ...

СДСМ обвини дека Владата подготвува терен за отворање на процесот за уставни измени преку прифаќање на францускиот предлог, кој беше усвоен во 2022 година како рамка за продолжување на европските интеграции на земјава. Од партијата велат дека власта се обидува постепено да создаде услови за промена на Уставот. Од СДСМ посочуваат дека прифаќањето на францускиот предлог било поврзано со обврската за внесување на Бугарите и други заедници во ...

Голем шумски пожар ја зафати Албанија, предизвикувајќи евакуација на жители од загрозените подрачја. Петнаесет семејства биле принудени да ги напуштат своите домови, при што со себе ги понеле и животните за кои се грижеле. Пожарот брзо се проширил поради високите температури, сувата вегетација и ветерот, создавајќи опасност за куќите во близина. На терен се ангажирани пожарникарски екипи и други надлежни служби кои се обидуваат да го ...

Албанските пожарникари денес се бореа со пожар во јужниот регион Малакастер, што доведе до евакуација на околу петнаесет семејства, нивниот добиток и домашни миленици, бидејќи големи делови од јужна и источна Европа продолжуваат да се справуваат со топлотен бран. Топлотен бран ги погоди јужна и источна Европа Европа, континентот што најбрзо се затоплува, ова лето беше погодена од рекордна топлина и разорни шумски пожари, кои особено ги ...

Четворица мажи се повредени во напад што денеска се случил на улицата Ендел во Ковент Гарден, во центарот на Лондон. На местото веднаш интервенирале полицијата и екипите на итната медицинска помош. На повредените најпрво им била укажана медицинска помош на самото место, по што биле пренесени во траума центар на понатамошно лекување. Засега нема официјални информации за тежината на нивните повреди. Лондонската полиција соопшти дека на местото ...

Десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“ ќе се одржи од 5 до 9 август во Струга. Главната фестивалска програма е сместена во Паркот на поезијата, додека пратечките настани се распоредени низ локалните културни и урбани точки како ЕУ хаус Струга, мезе-бар „Кингстон“ и кафе-бар „Дуќан“. Специјални гости годинава се реномираните европски сценаристи Пјер Хоџсон и Масимилијано Нардули, кои ќе одржат мастеркласови за ...

МВР информира дека денеска (05.08.2026) полициски службеници го уапсиле лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф” со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи. По документирање на случајот, против М.Ш. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ ...

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при ОЈО ГОКК води кривична постапка против полициски службеник од Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување. Од досега прибавените докази ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска свика кризен состанок со највисоките функционери на светската фудбалска организација во Рабат, Мароко, поради зголемениот притисок врз неговото раководство. На состанокот треба да присуствуваат генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, како и членовите на раководниот тим на организацијата. Според британските медиуми, состанокот бил свикан по серијата критики и повлекувањето на поддршката ...

Денеска на Водно беше одржана на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Игор Стефановски Иџе со постигнатите врвни резултати и со својот професионализам со години ја промовира Македонија ширум Европа. Новото ново натпреварувачко возило претставува значаен чекор во кариерата и е дел од подготовките за новите ...

Севернокорејска ракетна единица почнала да се распоредува во западниот дел на Русија и би можела да биде опремена со 120 балистички ракети и шест лансери за напади врз Украина, тврди украинската воена разузнавачка служба. Андриј Черњак од Главната разузнавачка управа на Украина изјави дека околу 90 припадници на севернокорејската армија треба да бидат распоредени во рускиот регион Воронеж, во рамките на 112. ракетна бригада на руските сили. ...

Утре, 6 август, се навршуваат 94 години од отворањето на првиот Венецијански филмски фестивал, најстариот филмски фестивал во светот и еден од најпрестижните настани во меѓународната кинематографија. Првото издание било отворено на 6 август 1932 година на терасата на хотелот „Ексцелзиор“ на венецискиот остров Лидо. Настанот траел до 21 август и тогаш го носел името „Меѓународна изложба на кинематографска уметност“. Називот „Мостра“, по кој ...

Само неколку часа откако Центарот за управување со кризи информираше дека во Македонија нема активни пожари, до 13 часот се разгореа пет нови жаришта на отворен простор. Активни се пожарите кај Ѓоновички Мост во Гостивар, во селото Ранковце, во кратовското село Кетеново, во Логоварди кај Битола и во селото Руѓинце во Општина Старо Нагоричане. Според ЦУК, на различните локации гори ниска вегетација, грмушки, мешана шума, ѓубриште и слама во ...

Дрон со сомнителен товар бил пронајден во непосредна близина на украински товарен авион „Антонов“ на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија, по што летовите ноќеска привремено биле запрени. НАТО потврди дека беспилотното летало било забележано во близина на украинскиот авион и дека германската полиција го обезбедила. Според информации на германските медиуми од безбедносни извори, на дронот имало непозната материја и предмет за кој се ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1029
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.68
72%
1026
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
80%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 1ᴼ
3.09
56%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.34
94%
1029
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
90%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
4.02
72%
1029
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
93%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1027
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
0.0
81%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
76%
1027
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
97%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Калај

46.54

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Сребро

1666.05

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

321507.47