Македонската кинематографија ова лето бележи интензивен продукциски период, во моментов се снимаат три македонски долгометражни играни филмови, а кон крајот на август е закажана првата клапа и на четвртиот. Станува збор за „Мравки“ во режија на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ во режија на Игор Алексов и „Ајал“ во режија на Арбен Тачи, додека на 25 август започнува со снимање и „Трета смена“ на Ана Опачиќ. Сите четири филмски проекти се ...

Град Скопје за вторник планира ново авионско прскање против ларви од комарци. Оттаму, ги известуваат граѓаните дека дезинсекцијата ќе се реализира во раните утрински часови, со цел да се намали бројот на ларви од комарци и нивното понатамошно размножување. Доколку временските услови не дозволуваат безбедно спроведување на дезинсекцијата, акцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден кога условите ќе бидат поволни. Во тој случај, ...

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Стојановска претходно, преку правниот застапник на ЗНМ, побара судска заштита поради тоа што државата не обезбедила соодветна заштита додека известувала од Собранието, но Основниот граѓански суд и ...

Министерството за здравство информира дека во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV). Сите новооткриени случаи се од Скопје, по два има во општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден во Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот ...

Единствената сочувана мозаична икона во Македонија, „Исус Христос на престол“ од XIV век, од денеска е дел од постојаната поставка на Галеријата на икони во Охрид. Делото припаѓа на исклучително ретката група преносни византиски мозаични икони, од кои во светот се проценува дека се зачувани само околу триесет. Иконата била откриена во 60-тите години на минатиот век во јужната апсида на црквата „Света Богородица Перивлепта“, а нејзиното трајно ...

Попладнево на патот Радишани – Побожје се случила сообраќајна несреќа со смртни последици. Како што информираат од МВР во судир на автомобил и мотоцикл, животот го загубил момче на возраст од 19 години. „Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без ...

Земјоделците од Струмичко втор ден излегоа на протест, незадоволни од почетните откупни цени на пиперката „куртовска капија“, но и од неисплатените субвенции од минатата година. Денеска два часа ја блокираа крстосницата кај Робово, со што беше прекинат или пренасочуван сообраќајот кон Робово, Муртино и Банско. Производителите бараат однапред утврдени откупни цени што би важеле во текот на целата сезона. Нивното барање е првата класа да се ...

Една од најпознатите плажи на Јадранот годинава се најде на самиот врв на светски туристички избор. Златни Рат на хрватскиот остров Брач е прогласена за најдобра плажа во изборот Corona Beach 100 за 2026 година, во конкуренција со локации од шест континенти. Плажата кај Бол е единствената од Хрватска што влегла меѓу 100-те избрани, а зад неа на листата останале познати дестинации од Сејшелите, Карибите, Грција, Шпанија, Бразил и Индонезија. ...

Стојанче Ангелов упати апел до граѓаните, а особено до мајсторите кои во овој период работат на отворено, да бидат максимално внимателни со алати и машини што можат да предизвикаат искрење. Во видео објавено на социјалната мрежа Фејсбук, Ангелов предупреди дека во услови на високи температури, исушена вегетација и зголемена опасност од пожари, доволна е само една искра за огнот брзо да се прошири. Апелот особено се однесува на работи со ...

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград може да отвори и конкретна соработка во одбранбената индустрија. Германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ пишува дека зад дипломатските разговори се разгледува можност за заедничко производство на дронови во Србија, потенцијално со финансиска поддршка од Обединетите Арапски Емирати. Засега нема официјална потврда дека е постигнат договор. Зеленски треба да пристигне во Белград ...

Двајца случајни минувачи денеска реагирале и извлекле жена од реката Вардар во близина на Камениот мост во центарот на Скопје. Жената, на возраст од околу 50 години, по спасувањето била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош. На местото пристигнале и две екипи на интервентната полиција и екипа на „Алфа“. Засега нема официјални ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со три одделни укази ги разреши амбасадорите на Украина во Хрватска, Албанија и Црна Гора, во ист ден менувајќи тројца дипломатски претставници на Киев во регионот. Причините за смените засега не се наведени во објавените укази. Од функцијата амбасадор во Хрватска е разрешен Васил Кирилич со указ бр. 709/2026. Володимир Шкуров, кој ја претставуваше Украина во Албанија од април 2020 година, е разрешен ...

Околу 600.000 машки комарци ќе бидат пуштени во поширокиот регион на Вашингтон до крајот на летото, но целта не е нивно размножување, туку токму спротивното – намалување на популацијата на агресивниот азиски тигрест комарец. Програмата ја спроведува американската компанија Bee Safe Mosquito Control, која од почетокот на летото пушта лабораториски одгледани машки единки заразени со природната бактерија Wolbachia. Машките комарци не касаат ...

Американските разузнавачки служби проценуваат дека Русија во следните неколку години би можела да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО со ограничена воена или хибридна операција против една од членките на Алијансата, објави „Волстрит журнал“. Според новите проценки до кои дошол американскиот весник, можниот временски период се движи од есента 2026 до 2029 година. Не станува збор за проценка дека Москва подготвува голема инвазија врз ...

Европските берзи ја завршуваат неделата во плус, поддржани од силните корпоративни резултати и растот на технолошките и фармацевтските компании, додека инвеститорите го очекуваат клучниот извештај за вработеноста во САД. Паневропскиот STOXX 600 денеска порасна за околу 0,2 проценти, а на неделно ниво добивката достигна 1,6 проценти. Индексот претходно во текот на неделата достигна и нови рекордни нивоа. Оптимизмот во Европа во голем дел го ...

Група хрватски астрономи-аматери забележале досега нерегистрирана гасна структура околу бело џуџе во соѕвездието Лебед, која според првичните податоци би можела да биде нова планетарна маглина. Откритието сега треба да помине низ спектроскопска проверка пред официјално да биде признато и внесено во астрономските каталози. Матија Цецеља, Матија Позоевиќ, Стјепан Пруговечки и Роберт Жибрег до објектот дошле по неколку ноќи набљудување и ...

Скопскиот Апелационен суд ја преиначи првостепената пресуда за Илија Панов од Кавадарци и му ја зголеми затворската казна од 16 на 20 години за убиството на неговата вонбрачна партнерка Сузана Серенакова. Од Основното јавно обвинителство Кавадарци за СДК потврдиле дека Апелација ја прифатила нивната жалба за висината на казната. На пресудата од Основниот суд Кавадарци се жалел и Панов. Убиството се случило меѓу 20 и 22 јануари 2025 година во ...

Цената на златото продолжи силно да расте во петокот и е на пат да ја заврши најдобрата недела од јануари, додека инвеститорите ги чекаат новите податоци за американскиот пазар на труд и следниот сигнал од Федералните резерви. Спот-цената на златото денеска се искачи до 4.285,89 долари за унца, со раст од повеќе од еден процент во текот на денот. На неделно ниво добивката достигна околу шест проценти. Американските фјучерси се зголемија за ...

Повеќе од 1.100 непридружени малолетници остануваат во Сеута по масовното преминување на границата од Мароко, додека шпанските власти се обидуваат да обезбедат сместување и да утврдат што ќе се случува со децата кои не можат автоматски да бидат вратени назад. Според локалните власти, најголем дел од возрасните кои влегле во шпанската енклава веќе се вратени во Мароко, но постапката за малолетниците е многу посложена. За секое дете треба ...

Уставниот суд за првпат го активираше новиот механизам за неизвршување на свои одлуки и ги извести Јавното обвинителство и Судскиот совет за постапувањето на судија од Основниот граѓански суд Скопје во предмет поврзан со новинарката Наташа Стојановска и настаните од „27 април“. Случајот произлегува од одлуката на Уставниот суд од септември 2025 година, со која беше утврдено дека на Стојановска ѝ било повредено правото на слободно изразување ...

Повеќе од 1.100 непридружени малолетници остануваат во Сеута по масовното преминување на границата од Мароко, додека шпанските власти се обидуваат да обезбедат сместување и да утврдат што ќе се случува со децата кои не можат автоматски да бидат вратени назад. Според локалните власти, најголем дел од возрасните кои влегле во шпанската енклава веќе се вратени во Мароко, но постапката за малолетниците е многу посложена. За секое дете треба ...

Лекот „Фостер“, кој го користат пациенти со астма и хронична опструктивна белодробна болест, повторно е достапен во аптеките преку Позитивната листа, без дополнителна доплата. Пациентите ќе ја плаќаат само законски утврдената партиципација за лекот на рецепт, соопшти Министерството за здравство. Со тоа завршува периодот во кој дел од пациентите мораа значително повеќе да доплаќаат за терапијата. Во јули директорот на Фондот за здравствено ...

Македонскиот национален совет во Србија ги отфрли обвинувањата дека најавениот споменик „Мајка Македонија“ во Нови Сад носи политичка или територијална порака, откако претставници на грчката заедница побараа иницијативата да биде преиспитана, а една грчка партија ја оцени како „директна провокација“. Споменикот е предложен по повод 80 години од организираното доселување на Македонците во Војводина и, според иницијаторите, треба да го одбележи ...

СДСМ тврди дека проблемите со водоснабдувањето и загадената вода во повеќе делови од Македонија прераснале во сериозен здравствен и институционален проблем, за кој досега никој од власта не понел одговорност. Од партијата наведуваат дека во повеќе од 50 населени места е регистрирана загадена вода, а како најтежок пример повторно го посочуваат Гостивар, каде, според нив, околу 4.000 граѓани побарале медицинска помош. „Не може цела држава да ...

Претседателот на опозициската Лига на социјалдемократи на Војводина, Бојан Костреш, реагираше на нападите врз лидерот на СДСМ Венко Филипче кои беа објавени во име на Регионалниот одбор Куманово на Српската заедница во Македонија, оценувајќи дека српската заедница не смее да се користи како инструмент во политички пресметки. Костреш тврди дека текстот насочен против Филипче не го претставува ставот на Србите во Македонија, туку, според него, ...

Научници од Универзитетот Стенфорд со помош на вештачка интелигенција успеале да дизајнираат целосни геноми на вируси кои потоа функционирале во лабораторија, што претставува нов чекор во развојот на синтетичката биологија. Станува збор за бактериофаги, вируси кои инфицираат бактерии, а не луѓе. Истражувачите добиле 16 функционални нови фаги, кои во лабораториски тестови успеале да уништат соеви на бактеријата E. coli, вклучително и такви кои ...

Зголемена е фреквенцијата на возила на патиштата низ Македонија утрово, но на граничните премини засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Возачите се предупредуваат на можни одрони на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На патот Кичево – Охрид, поради изградбата на автопатот, ...

Растение кое со децении било познато на ботаничарите се покажа како нешто сосема поинакво од она што се мислело. Научниците потврдија дека Saxifraga candelabrum, планински цвет од југозападна Кина, активно привлекува, заробува и вари инсекти за од нив да извлече хранливи материи. Откритието е значајно бидејќи станува збор за првото познато месојадно растение во целиот ботанички ред Saxifragales, кој опфаќа повеќе од 2.000 видови. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре, 8 август, треба првпат да ја посети Србија откако е претседател на Украина, во момент кога Белград се обидува да одржи односи и со Киев и со Москва. Информацијата ја објави „Киев индипендент“, повикувајќи се на висок украински функционер, а посетата ја потврдуваат и извори на агенцијата АФП. Засега нема официјално објавена програма од кабинетите на Зеленски и српскиот претседател Александар ...

Нови пожари избувнаа во Грција во последните часови, додека високите температури, сушата и силниот ветер повторно ја зголемуваат опасноста од брзо ширење на огнот во повеќе делови од земјата. Грчката противпожарна служба предупредува на многу висок ризик во Атика, Пелопонез, на Егејските острови и на Халкидики. Температурите и денеска достигнуваат околу 40 степени, а во шумските подрачја се засилени полициските и воените патроли. Властите ги ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
76%
1030
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
80%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
76%
1027
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
75%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.2
91%
1030
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
89%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
4.02
71%
1030
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
88%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
0.0
81%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 2ᴼ
1.03
76%
1028
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
96%
1032
Currency

61.618

Currency

54.966

Currency

73.824

Currency

38.079

Currency

39.231

Currency

67.259

Currency

8.2484

Currency

0.67204

Currency

0.34745

Currency

0.52348

Currency

1.0971

Currency

0.58413

Сребро

1666.05

Калај

46.54

Иридиум

321507.47

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75