Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Дел од граѓаните во Гостивар одбиваат да комуницираат со здравствените екипи што спроведуваат епидемиолошки анкети по масовната појава на стомачни тегоби, соопшти доктор Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје. Тој апелираше граѓаните да одговараат на повиците од Институтот и од Центарот за јавно здравје Тетово и да ги следат препораките за давање примероци за ...
Македонскиот математичар Дамјан Давков испиша нова страница во историјата на македонското образование, освојувајќи го својот трет златен медал на Интернационалната математичка олимпијада. На 67. издание на олимпијадата, што се одржува во Шангај, Давков освои 33 поени и го зазеде 23. место во конкуренција на 666 натпреварувачи од целиот свет. Максимални седум поени доби за првата, четвртата, петтата и шестата задача, додека за втората освои ...
Apple подготвува една од најголемите промени во камерата на iPhone, но информацијата сè уште не е официјално потврдена од компанијата. Податоци извлечени од интерни документи на производителот „Тата електроникс“ упатуваат дека iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max ќе добијат главна камера со механички променлив отвор на блендата и нов сензор Sony IMX905. Документите биле откриени по кибернапад врз индискиот партнер на Apple, при кој биле објавени ...
Центарот за јавно здравје – Тетово, во соработка со Одделението за епидемиологија нформираше дека е донесена одлука за прогласување на епидемија на гастроинтестинално заболување на територијата на Општина Гостивар, како резултат на зголемениот број на пријавени случаи во изминатите денови. Оваа одлука, велат од ЦЈЗТ ќе овозможи побрза и поефикасна реакција на терен, подобра координација меѓу надлежните институции и преземање на неопходните ...
Шпанија и Аргентина вечерва од 21 часот по македонско време ќе го одиграат финалето на Светското првенство на стадионот „Њујорк Њу Џерси“, во натпревар што ги спојува двете најуспешни репрезентации на турнирот, европскиот првак против бранителот на светската титула и Ламин Јамал против неговиот фудбалски идол Лионел Меси. Анализите на статистичките модели, поранешните селектори и обложувалниците ѝ даваат мала предност на Шпанија. ...
Лионел Меси вечерва против Шпанија ќе го одигра своето трето финале на Светските првенства, но на теренот во Њу Џерси нема да излезе само во обид да ја одбрани титулата со Аргентина. На 39 години, капитенот веќе држи низа рекорди што тешко ќе бидат достигнати, а последниот натпревар на Мундијалот во 2026 година му носи можност дополнително да ја помести границата. Меси досега одигра 33 натпревари на Светските првенства, најмногу во историјата ...
Астрономите за првпат директно потврдија дека карпеста планета во зоната погодна за живот успеала да задржи атмосфера. Откритието се однесува на LHS 1140 b, свет оддалечен околу 48 светлосни години, кој веќе подолго време се смета за една од најинтересните цели во потрагата по услови слични на оние на Земјата. Наспроти насловите дека е пронајдена планета со „атмосфера како Земјината“, научниците засега не тврдат дека воздухот на LHS 1140 b е ...
Од доселеничките семејства од дебарско-мавровскиот крај, преку „Идадија“, првојануарското оро и кафанската култура, до денешната Боемска улица со мурали за Горан Стефановски, Александар Џамбазов и „Бушава азбука“, Дебар Маало останува едно од ретките места во Скопје каде што урбаниот живот сè уште се мери со заедница, а не само со квадратни метри. Направивме опсежна фактографска но емотивна репортажа за едно од последните катчиња каде старо ...
Шест луксузни вили од римскиот период се откриени при заштитните археолошки истражувања на трасата на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Грција. Наодите се регистрирани на јужниот дел од трасата, од границата со Грција до 38-от километар, каде во изминатите месеци работеше стручен тим на НУ Завод и Музеј – Струмица, во соработка со Музејот во Гевгелија. Ископувањата се одвивале од март до јуни 2026 година и резултирале со откривање ...
Украински беспилотни летала погодија повеќе објекти од руската енергетска инфраструктура во Ставрополскиот крај, каде што избувнаа големи пожари и беше прогласена локална вонредна состојба. Според украинските власти и анализата на снимките од теренот, меѓу погодените објекти се три складишта за нафта во околината на Ставропол. Рускиот регионален гувернер Владимир Владимиров потврди дека нападот предизвикал пожари на индустриски објекти на две ...
СДСМ го обвини градоначалникот Кирил Пецаков и централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека со непостапувањето по препораките на УНЕСКО го довеле Охридскиот Регион пред впишување на Листата на светско наследство во опасност. На прес-конференција во Охрид, претседателот на општинската организација на СДСМ, Асен Шајн, се повика на новата нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство, во која се предлага природното и културното наследство ...
Apple подготвува една од најголемите промени во камерата на iPhone, но информацијата сè уште не е официјално потврдена од компанијата. Податоци извлечени од интерни документи на производителот „Тата електроникс“ упатуваат дека iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max ќе добијат главна камера со механички променлив отвор на блендата и нов сензор Sony IMX905. Документите биле откриени по кибернапад врз индискиот партнер на Apple, при кој биле објавени ...
Изјавата на српската министерка Снежана Пауновиќ дека на местото на Слободан Милошевиќ во 1998 година би го „етнички исчистила Косово“ прерасна од политички скандал во Србија во ново прашање за односите меѓу Белград, Приштина и Европската Унија. Косовската влада побара Брисел јасно и јавно да ја осуди изјавата и да ја третира во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина и пристапниот процес на Србија кон ЕУ. Во писмото до високата ...
Ендру и Тристан Тејт се уапсени во Мајами по барање на британските власти, кои ја започнуваат постапката за нивна екстрадиција во Велика Британија. Апсењето го извршила Службата на американските маршали на 18 јули, врз основа на запечатен налог поврзан со обвиненија за силување, физичко насилство и трговија со жени за сексуална експлоатација. Британското Кралско обвинителство во неделата соопшти дека одобрило уште 38 обвиненија против ...
Граѓаните на Гостивар и денес не добија официјален одговор (иако се најавуваше) дали водата од градскиот водовод е загадена, што ја предизвикало масовната појава на стомачни тегоби и дали постои директна врска меѓу водоснабдителниот систем и повеќе од илјада пациенти што побараа медицинска помош. Резултатите од испитувањата сега се најавени за утре, 20 јули, по што Обвинителството треба да одлучи за понатамошната постапка. Молчењето и ...
Зад фасадите, кафулињата и градската елеганција се кријат исчезнати јазици, првите филмски кадри на Балканот, градови закопани под земјата, љубови за кои се раскажуваат легенди и траги од војни што и денес излегуваат од почвата. Рацин.мк ви ги носи приказните за Битола и нејзината емоција. Стасавме во Битола рано наутро, пеколен ден, бар за остатокот од државата, малку „тумби румби“ возејќи од Скопје, по новите патишта, но тука сме, второ ...
Граѓаните на Гостивар и денес не добија официјален одговор (иако се најавуваше) дали водата од градскиот водовод е загадена, што ја предизвикало масовната појава на стомачни тегоби и дали постои директна врска меѓу водоснабдителниот систем и повеќе од илјада пациенти што побараа медицинска помош. Резултатите од испитувањата сега се најавени за утре, 20 јули, по што Обвинителството треба да одлучи за понатамошната постапка. Молчењето и ...
Ендру и Тристан Тејт се уапсени во Мајами по барање на британските власти, кои ја започнуваат постапката за нивна екстрадиција во Велика Британија. Апсењето го извршила Службата на американските маршали на 18 јули, врз основа на запечатен налог поврзан со обвиненија за силување, физичко насилство и трговија со жени за сексуална експлоатација. Британското Кралско обвинителство во неделата соопшти дека одобрило уште 38 обвиненија против ...
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го објави конкурсот за запишување студенти на прв циклус во учебната 2026/2027 година, со вкупно 8.851 место на факултетите и студиските програми во негов состав. Од нив, 4.395 места се за редовни студенти финансирани од државниот буџет, 3.621 за редовни студенти со школарина, а 835 за вонредни студенти. Пријавувањето ќе се спроведе во три уписни рока. Првиот и главен рок е на 18 и 19 август, ...
Најмалку едно лице загина, а 15 се повредени во повеќечасовниот руски напад врз Киев, во кој главниот град на Украина беше гаѓан со балистички ракети и беспилотни летала. Бројот на повредените се зголемуваше во текот на утрото, додека спасувачите пребаруваа опожарени и оштетени објекти во повеќе делови од градот. Нападот почнал околу 1:30 часот по локално време и траел неколку часа. Низ Киев се слушале силни експлозии, а украинското воено ...
Четириесет и седум пати семејствата на загинатите излегоа на улиците на Кочани. Не само за да потсетат на 63-те животи згаснати во пожарот во дискотеката „Пулс“, туку и за да побараат одговор од институциите што со години имале надлежност да контролираат, предупредуваат и спречуваат незаконско работење. На последниот „Марш за ангелите“, одржан во саботата, поворката повторно тргна од Паркот на револуцијата, но нејзината маршрута имаше јасна ...
Километарски колони се формираа утрово на граничниот премин Богородица – Евзони, каде што патници пријавуваат дека за влез во Грција се чека и до четири часа. Седумте отворени ленти на македонската страна не успеаја да го забрзаат преминувањето на границата во најсилниот туристички бран во неделата. Возилата се распоредени во повеќе колони пред преминот, но проблемот не завршува со излегувањето од Македонија. За влез во Грција патниците мора ...
Возачите во Македонија се пред нов ценовен удар. Регулаторната комисија за енергетика во понеделник, 20 јули, треба да ја објави редовната пресметка за бензините и дизелот, а движењата на меѓународните пазари укажуваат дека цените повторно ќе одат нагоре. Овојпат најавата не доаѓа само од пазарните очекувања. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека поскапување ќе има, иако сè уште не е направена конечната пресметка за тоа колкав ќе биде ...
Целиот фудбалски свет ја следи временската прогноза пред финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, но натпреварот не се игра во Канада. Дуелот е закажан за денес, 19 јули, во 15 часот по локално време, односно во 21 часот по македонско време, на стадионот „Њујорк Њу Џерси“ во Ист Радерфорд. Канада е дел од приказната поради чадот од големите шумски пожари, кој со воздушните струења стигна до североисточниот дел на САД. Засега ...
Граѓанин на Македонија може да очекува да помине околу 31,4 години на пазарот на трудот, покажува последната официјална споредлива вредност на Евростат во која е опфатена земјата. Во истата 2020 година, просекот во Европската Унија изнесувал 35,6 години, што значи дека очекуваниот работен век во Македонија бил пократок за 4,2 години. Разликата денес веројатно е уште поголема, но за Македонија нема понов целосно споредлив податок во последната ...
Колбасите, виршлите, саламите и индустриски произведената сланина се храната што романскиот лекар и здравствен едукатор Михаил Паутов целосно ја исфрлил од исхраната по 40-тата година. Неговото предупредување е остро – производ што може со месеци да стои во фрижидер, натопен со сол, конзерванси и адитиви, за него повеќе личи на „хемиски експеримент“ отколку на храна. Зад драматичната формулација, сепак, постои сериозна научна основа. ...
Двајца американски војници загинаа, еден се води како исчезнат, а повеќемина беа повредени во ирански напад врз воена база во Јордан, во момент кога распадот на краткотрајното примирје повторно ги турка САД и Иран кон отворена регионална војна. Американската Централна команда соопшти дека војниците загинале на 17 јули додека американските и јорданските сили одбивале напад со балистички ракети и беспилотни летала. Четворица припадници на ...
Телевизорот во приватен апартман во Охрид доби цена што сопствениците не ја очекувале. На нивните адреси почнале да пристигнуваат фактури и опомени пред тужба од ЗАМП, со кои се бараат околу 16.500 денари за користење музички дела во текот на туристичката сезона во 2025 година. Фактурите се однесуваат на периодот од 1 април до 30 септември, а се испраќаат до сопственици на приватни соби, станови и апартмани регистрирани за сместување туристи. ...
Норвешка влегува во изградба на инфраструктурен проект без преседан – тунел низ планина по кој нема да минуваат автомобили или возови, туку патнички, товарни и крајбрежни бродови. Тунелот „Стад“ треба да им овозможи на пловилата да го избегнат најизложениот и најнепредвидлив дел од норвешкото крајбрежје, каде што силните ветрови, високите бранови и наглите промени на времето со векови ја отежнуваат пловидбата. Проектот во јуни ја доби ...
Унгарскиот претседател Тамаш Шуљок го стави својот потпис на уставниот амандман со кој престанува неговата функција. Не поднесе оставка и не ја прифати политичката аргументација на новата власт, но оцени дека како шеф на државата нема законска основа да одбие да го прогласи актот што директно го отстранува од претседателската палата. Со потписот беше завршена неколкунеделната пресметка меѓу Шуљок, избран во 2024 година со гласовите на Фидес, ...