Порота во Лос Анџелес ѝ донесе историска победа за млада жена која ги тужеше „Мета“ и „Гугл“ поради нејзината зависност од социјалните медиуми во детството. Поротниците утврдија дека „Мета“, која е сопственик на Инстаграм, Фејсбук и Вотсап, и „Гугл“, сопственикот на Јутјуб, намерно изградиле платформи кои предизвикуваат зависност и му наштетиле на менталното здравје на 20-годишната жена. Позната како Кејли, таа доби отштета од три милиони ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил неговата сопруга. „На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што ѝ предизвикал сериски фрактури на три ребра“, соопшти ОЈО Куманово. Тој е осомничен за кривичното дело ...

Иран сѐ уште ги анализира предлозите на САД за завршување на војната, и покрај првичниот негативен одговор, изјави еден ирански функционер. Техеран јавно ја отфрла можноста за преговори со владата на Доналд Трамп, но одложувањето на формалното одбивање на планот со 15 точки доставен преку Пакистан, навестува дека некои личности во Иран можеби го разгледуваат. Иранската државна телевизија „Прес“ цитираше висок ирански политички функционер, кој ...

Новиот документарен филм на македонската режисерка Тамара Котевска „Мамутите кои избегаа од царството на Елрих Хан“ е меѓу добитниците на Фондот Сендбокс на Институтот Санденс за 2026 година. Покрај Котевска, меѓу поддржаните автори од Фондот е и Љубомир Стефанов. Котевска и Стефанов имаа историски две номинации за Оскар за нивниот документарен филм „Медена земја”. Тој филм Ова е четврти документарец на Котевска, а го снимаше во Сибир. Филмот ...

Сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, учествува на дводневниот самит во Вашингтон организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп, соопшти Владата. На настанот насловен „Fostering the Future Together Global Coalition Summit“ присуствуваат претставници од 45 држави и повеќе од 20 водечки технолошки компании. Мицкоска имаше обраќање на работната сесија за безбедноста и заштитата на интернет, каде што рече дека во ...

Вработени од РЕК „Битола“ се пожалиле на стомачни тегоби кои е можно да се предизвикани од труење со храна. Неколкумина од работниците побарале лекарска помош во болницата, а други со слични симптоми го напуштиле работното место и заминале на домашно лекување. Од СДСМ Битола обвинија дека голем број вработени се затруле од оброкот послужен вчера во рудникот на РЕК „Битола“. Од РЕК „Битола“ соопштија дека не станува збор за масовно труење, ...

Еко активисти и жители на струмичкиот регион реагираат на честото палење и чадот кој излегува од опожарената депонија во непосредена близина на општинскиот центар Босилово. Веќе неколку дена чади депонија на која секојдневно интервенираа струмичките пожарникари. Се претпоставува дека намерно се пали депонијата од неколку хектари бидејки на едно место ќе се изгасне, а после неколку часа пожар ќе се појави на друга локација од оградената ...

Од први април се затвора македонскиот сервис на радио „Слободна Европа“. Како што објавија од сервисот затворањето е поради финансиски причини. Претседателот и извршен директор на Радио “Слободна Европа“, Стивен Капус изјави дека затворањето на македонскиот сервис е загуба за публиката што ја опслужува. „Но, сегашната буџетска состојба на Радио „Слободна Европа“ нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме ...

Деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, на чело со ексдиректорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев, седнаа денеска на судење во Основниот кривичен суд Скопје. Во овој предмет има многу посебни истражни мерки, докази од мобилни телефони, од видеокамери и слично, па судијката Ленка Давиткова на одбраната ѝ даде цел месец да изврши увид во овие докази пред да бидат ...

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска беа претставени 17 нови лесни оклопни возила од типот „страјкер“. Оваа опрема е дел од договорот со Соединетите Американски Држави за модернизација на македонската Армија со современи борбени средства. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со пристигнувањето на овие возила значително се зајакнува капацитетот на Армијата. Тој изрази благодарност до припадниците на војската, Министерството за ...

Адвокатите на 35-мината обвинети секој за личен придонес за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште се согласија Обвинителството од 10 предложени, да повлече само 4 негови сведоци. Дел од обвинетите обезбедувачи таа вечер кога се запали нискиот сунѓерест и пластичен плафон и загинаа 63 млади луѓе и деца, инсистираа некои од планираните сведоци да останат да сведочат колку многу животи спасиле по пожарот. ...

Шестчасовна борба се случувала во неделата во близина на Градско, Велешко, за спас на три кученца, кои од непознати причини завршиле во битумен. Тие засега се спасени, но нивната здравствена состојба била тешка. Се започнало со повик на социјалните мрежи откако минувач ги видел трите кученца во растопен битумен во близина на депонијата кај Градско. „Ни пиша Никола Аврамов околу 16 часот, кој алармираше дека кученцата се заробени во битумен. ...

САД му нудат на Иран целосно укинување на санкциите во замена за онеспособување на три нуклеарни постројки и претворање на Ормускиот Теснец во слободна поморска зона, според наводниот план од 15 точки што му бил доставен на Техеран. Планот засега не е официјално претставен, но големи делови од него се појавија во некои американски и израелски медиуми. Иранската војска му порача на Доналд Трамп дека не прифаќа преговори со САД и негираше дека ...

Распишан е конкурс за избор на директор и земеник-директор на Македонската радио телевизија (МРТ). Огласот е објавен вчера на веб-страната на МТВ. Според условите и постапката утврдени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Статутот на МРТ, директорот и заменик-директорот се избираат за период од три години со можност за повторен последователен избор. „Кандидатите кои ќе се пријават треба да имаат високо образование, да ...

Израел и Иран продолжија меѓусебно да се бомбардираат денеска откако иранската војска го отфрли тврдењето на Доналд Трамп дека САД разговараат со Техеран за завршување на војната, велејќи дека Вашингтон преговара сам со себе. Ова следува по извештаите дека САД испратиле план со 15 точки во Техеран. „Дали нивото на вашата внатрешна борба достигна фаза вие да преговарате сами со себе?“, изјави портпаролот на заедничката воена команда на Иран, ...

Социјалдемократите на премиерката Мете Фредериксен освоија најмногу гласови на вчерашните парламентарни избори во Данска, но не успеаја да обезбедат мнозинство по најлошиот резултат на партијата во повеќе од еден век. Тие добија 21,9% гласови и ќе имаат 38 пратеници, со што остануваат најголемата партија, но победата, сепак, не е целосна. „Жалам што не освоивме повеќе гласови. Се надевав на подобар резултат“, рече Фредериксен, која се бори за ...

Пентагон планира да испрати илјадници војници од својата елитна 82. воздушно-десантна дивизија на Блиски Исток, изјавија за „Ројтерс“ два добро информирани извора. Тие моментално се стационирани во Форт Браг, Северна Каролина и изворите не можеле да кажат каде точно ќе бидат испратени и кога ќе пристигнат во регионот. Засега не е донесена одлука за испраќање војници во самиот Иран, кажа еден од изворите, но ќе се изгради капацитет за ...

Првата награда за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс „Никола Младенов 2025“ ја добија Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Кочани – нашиот морален компромис“, тимот на емисијата „КОД“, за серијалот истражувања за пожарот во дискотеката „Пулс“ и новинарката на „Фокус“, Ирена Мулачка, за сторијата за тајниот сопственик на агенцијата „Рубикон“. Наградата, како што велат од Македонскиот институт за медиуми ...

Има живот и без ЕУ, кажа хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Загреб, осврнувајќи се на долгогодишниот процес на пристапување на Македонија кон ЕУ. Тој додаде дека на Македонија ѝ се поставуваат премногу услови и барања. Сиљановска-Давкова е во официјална посета на Република Хрватска. „Македонија сама одлучува што е најдобро за неа и кој пат го избира, претпоставувам дека тоа е ...

Со сведочења на претставници на фирмата „Феромонт“ од Скопје продолжи судскиот процес за сообраќајката кај тунелот Катланово, во која загинаа тројца работници кои се враќаа од работа од Скопје за Велес. Сведоците беа предлог на одбраната, која во воведниот говор кажа дека вината не е на возачот, туку во техничката неисправност на возилото со сериозни механички проблеми, што е директен причинител за сообраќајната несреќа. Обвинетиот возат Орце ...

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по измената со која хотелите станаа објекти од државно значење. Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5.000 метри квадратни да се одвиваат ...

Манипулациите со информации и странското мешање бележат голем пораст и длабока трансформација во текот на 2025 година, покажува четвртиот извештај на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Во изминатата година се детектирани 540 операции ширум светот, во кои биле вклучени 10.500 профили и веб-страници, генерирајќи десетици илјади содржини со глобален дофат. Франција е втората најчеста цел на ваквите напади во Европа, веднаш по ...

Врховната команда на иранската војска објави дека Иран ќе се бори до целосна победа. Генерал-мајорот Али Абдолахи Алијабади, кој е портпарол на централниот штаб Хатам ал-Анбија, се огласи откако Доналд Трамп ненадејно објави дека се водат разговори помеѓу Иран и САД за завршување на војната. Техеран го демантираше ова, иако министерот за надворешни работи Абас Аракчи кажа дека разговара со своите колеги од регионот. „Моќните вооружени сили на ...

Близу 4 милиони денари (околу 65. 000 евра) исплатила Општина Куманово минатата година на граѓани кои биле нападнати од кучиња скитници. Парите, од кои најниската суме е 280 евра, а највисоката 1.600 евра, се исплатени по правосилни судски пресуди што траеле повеќе години. „По основ на каснување од куче, Општина Куманово во 2025 година исплатила 3.942.896 денари на 43 лица, заедно со сите адвокатски трошоци и казнени камати. Најниската оштета ...

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека по разговорите меѓу Министерството за енергетика и менаџментот на ОКТА е договорен дополнителен попуст од еден денар за горивата. Како што кажа тој, со ова, на бензинските станици кои се комитенти на ОКТА, цената ќе биде за три денари пониска од максималната што ја одредува Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски вели дека Македонија во моментов ги има најниските цени на горивата во Европа и ...

Некогашното училиште „Свети Сава“ во стариот дел на Охрид, изградено на крајот од 19. век, е во исклучително лоша состојба со рушење со распадната фасада и уништен кров, иако е прогласено за значајно културно наследство на Македонија. Од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ бараат од ГП „Гранит“, во чија сопственост веќе подолго време е објектот, да преземат активности за да се спаси и сочува овој вреден објект кој е оставен на забот на ...

Извршени се 16 трансплатации на рожница (кератопластика) на Клиниката за очни болести во Скопје кај пациенти од 13 до 80 години, кажа денеска директорката д-р Наташа Трпевска-Шекеринов. Интервенциите се спровеле во координација со националната координаторка за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска и делегација од Универзитетот „Дјук“ од САД предводена од проф. д-р Лојд Вилијамс. „Експертскиот тим заедно со офталмохирурзите од нашата ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони се соочи со првиот сериозен политички пораз откако на дводневниот референдум граѓаните ги отфрлија предложените уставни реформи во правосудството. Со излезност од 58,9 проценти на национално ниво, мнозинството од 54 отсто од гласачите се изјаснија против планот на владата за промена на Уставот. Најголемо влијание врз ваквиот исход имаше токму Генерацијата Зед. Младите на возраст од 18 до 28 години покажаа ...

Русија лансирала повеќе од 400 дронови и проектили кон Украина ноќеска и утрово, убивајќи четворица луѓе, додека долж линијата на фронтот се забележуваат знаци на очекуваната руска пролетна офанзива. Украинските воздухопловни сили објавија дека Русија во последниот напад испукала и 23 крстосувачки и седум балистички проектили, погодувајќи најмалку десет локации низ земјата. На фронтот долг 1.250 километри, кој ги зафаќа источните и јужните ...

Италијанската премиерка Џорџа Мелони го доживеа првиот значаен политички пораз откако не помина нејзиниот референдум за уставни реформи. Таа кажа дека ги прифаќа резултатите од дводневниот референдум, на кој 54% гласачи се изјаснија „против“. „Италијанците гласаа јасно и ќе ја почитувам нивната одлука, но жалам за изгубената шанса да се модернизира земјата“, рече Мелони во видеопорака. Опозициските партии го поздравија резултатот како знак ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
55%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
55%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.0
69%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
90%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1017
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
50%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
77%
1010
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Калај

50.03