Нискобуџетната холандско-француска компанија „Трансавиа“ од ноември ги укинува летовите меѓу Амстердам и Скопје. Последниот лет е закажан за 26 октомври. Летот на „Трансавиа“ од Скопје до Амстердам беше воведен од 2 март година. Компанијата не користеше субвенции од македонскиот државен буџет. Летот нема да биде обновен ниту со идниот летен ред на летање што почнува на крајот на март 2026. „‘Трансавија‘ нема да ја оперира линијата ...

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, д-р Игор Кузмановски, доби јавна морална осуда од Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора. Министерот за здравство Азир Алиу на 10 октомври го разреши д-р Кузмановски, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое Кузмановски во домашна атмосфера меша бела прашкаста материја во чинија, зборува за неа со асоцијација за кокаин и разговара со друго лице. Вчера, Државниот ...

Француската влада ги преживеа двете гласања за доверба во парламентот, што беа поднесени од левицата и десницата откако претседателот Емануел Макрон го врати Себастијан Лекорну на премиерската функција минатиот викенд. Првото гласање беше понеизвесно откако Лекорну се спаси за само 18 гласови, додека во второто гласање, побарано од крајната десница, разликата беше дури 145 гласови. Лекорну направи голема отстапка во пресрет на гласањето и ги ...

Обвинителката Ленче Ристоска, која е и македонска обвинителка во Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривичната правда (Еуроџаст / Европравда), дека се чувствува притисната, загрозена и нападната како обвинителка по соопштението од владејчката ВМРО-ДПМНЕ од 14 октовмри, во кое ѝ се заканува со „крај“ за неа, ја нарекува земачка на бонуси и соработничка со криминалци. Ристоска потсетува дека секојдневното навредување од највисоките ...

Во Драмскиот театар во Скопје, на 18 октомври премиерно ќе се изведе претставата на „Куршуми над Бродвеј“, работена по текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт, во режија на Ненад Витанов. Режисерот на денешната прес-конференција рече дека во текстот не е интервенирано ништо, како и дека костимите се автентични. „Ова е претстава за непринципиелната коалиција меѓу мафијата и уметноста. На сцената се судруваат световите на актерите, авторите, ...

Во земјава се укинати клучни тестирања во програмите за мајки и деца, како на пример, за прееклампсија (состојба со висок притисок) во бременост, за слух кај новороденчиња, а намалени се средствата за медикаментозен абортус, заклучено е на форумот „Кога се штеди на превенција, последиците се скапи“, кој се одржа вчера со граѓански организации и институции од здравствениот сектор. Според извештаите, услугите за најранливите се недоволно ...

Денеска во Скопје беше погребан Владимир Блажев-Панчо од дуото „ДНК“ кој почина на 14 октомври, по компликации ОД повредите добиени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Блажев седум месеци беше на лекување во приватна скопска болница. Според информациите од неговите блиски, состојбата му се влошила во последните неколку недели, кога почнале да му откажуваат органите. Тој соработуваше и снимаше дуети со повеќе домашни пејачи кои ...

Половина метар е најдолгото испечатен гласачко ливче за престојните Локални избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Поради бројноста на ливчињата за избор на градоначалници и советници и нивната должина вон стандард, ова беше една од најсложените постапки за печатење на избирачки материјал досега. Покрај партиските, на овие Локалните избори ќе има и 69 кандидати за градоначалници и 68 листи за советници од независните иницијативи. Утрово, со ...

Хамас кажа дека ги предал останките на сите израелски заложници до кои можел да стигне, а за наоѓање на останатите ќе биде потребна специјализирана опрема за барање по урнатините на Газа. Израел се закани дека ќе ги обнови борбите ако Хамас не го испочитува договорот да ги врати сите 28 тела. Уште две тела беа вратени вчера, со што Хамас досега предаде само девет тела, плус уште едно за кое се утврди дека не припаѓа на ниеден од заложниците. ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје кажа дека земјава мора да ги направи уставните измени за да го продолжи својот пат кој Европската унија (ЕУ). Фон дер Лајен е во посета на земјава во рамките на нејзината балканска турнеја. „Целосно ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето ...

Вчера на Македонската радио телевизија не се емитуваа централниот ТВ-дневник и друга програма поради технички проблем. Од МТВ кусо ни рекоа дека имаат технички проблем кој сѐ уште го решаваат и се надеваат оти наскоро програмската содржина ќе се врати според планот. Во моментов, на МТВ се емитуваат вести само со тон, без слика. На веб-страницата на МРТВ можат да се погледнат сите снимени емисии. Програмскиот директор Драган Николовски не ...

Доналд Трамп изјави дека Индија се согласила да престане да купува руска нафта, додека САД се обидуваат да извршат економски притисок врз Кремљ и да го натераат на преговори со Украина. Трамп кажа дека добил уверувања од индискиот претседател Нарендра Моди дека неговата земја ќе престане да купува руска нафта за брзо време, опишувајќи го тоа како голем чекор. „Индија не може веднаш да запре со испораките, тоа ќе биде процес, но процес што брзо ...

Доналд Трамп објави дека ѝ дозволил на ЦИА да спроведуваат тајни операции во Венецуела, предизвикувајќи осуда од јужноамериканските лидери. Американските сили досега имаат извршено најмалку пет напади врз пловила кои наводно превезувале дрога во Карибите, при што загинале 27 луѓе. Зборувајќи во Белата куќа, Трамп кажа дека САД би можеле да делуваат и на копното и размислуваат за нови напади врз наркокартели во регионот. Николас Мадуро, чија ...

Поради изградба на објект во Струга, оштетен е ѕид и кровот на куќата-музеј на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна, која е споменик заштитен како културно наследство. Од Министерството за култура и туризам велат дека се во координација со надлежните институции за преземање соодветни мерки. Јавното обвинителство во Струга и струшката полиција денеска беа на терен за да ја утврдат одговорноста на приватниот грдежник кој ги ...

Финската авиокомпанија „Финер“ откажа летови за илјадници патници откако откри дека можеби ги прекршила прописите за противпожарна безбедност така што ги чистела седиштата во авионите со вода. „Финер“ откажа околу 40 летови во изминатите два дена, што влијаеше на околу 5.000 патници, изјави портпарол на авиокомпанијата за „Бизнис инсајдер“. Финскиот национален авиопревозник привремено приземји осум од своите 15 авиони „ербас А321“ откако ...

Последната деценија во Македонија се регистрирани просечно околу 6.000 болнички случаи годишно поврзани со ментални и бихевиорални растројства, според класификацијата на Светската здравствена организација (СЗО) (ИЦД-10), се вели во Извештајот за ментални растројства во Македонија (2014–2023) подготвен од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Најчести дијагнози се шизофренијата и сродните растројства (26,9%), како и растројствата предизвикани од ...

Апелационион суд ги прогласи за виновни гинеколозите Венци Чалков и Дончо Москов од Струмица за смрта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе пред 10 години. За една седмица делото застарува. Обвинети се за кривичното дело Тешки дела против здравјето на луѓето и изречена им е затворска казна од шест месеци, која ќе се изврши ако во следните две години сторат ново кривично дело. Предметот сега е пред Врховен суд, по изјавена жалба од ...

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија, проф. д-р Игор Кузмановски ќе плати парична казна (глоба во износ од 500 до 1.000 евра), бидејќи како здравствен работник работел без важечка лиценца за работа, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Министерот за здравство Азир Алиу на 10 октомври го разреши д-р Кузмановски, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое Кузмановски во домашна атмосфера меша бела ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за само 14 месеци ја направи државата најзадолжена во Западен Балкан, со јавен долг кој Светската банка предвидува дека ќе достигне 62,9% од БДП, кажа денеска претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче. Тој на прес-конференција рече и дека имаме историски најниска реализација на капиталните инвестиции, кои до крајот на септември изнесуваат 43,78%. „Во последниве 14 месеци, државата се задолжи за над 1,86 ...

Володимир Зеленски назначи нов градоначалник на Одеса, откако на неговиот претходник Генадиј Труханов му беше одземено украинското државјанство, што доведе до негово автоматско разрешување. Серхиј Лисак, кој досега беше гувернер на регионот Днипро, беше назначен ден по смената на Труханов, кого Украинската безбедносна служба го обвини дека поседува руско државјанство. Труханов го негираше ова и кажа дека ќе ја бара правдата на суд. Лисак ќе ја ...

Жител на тетовското село Челопек кој бил примен во тетовската Клиничка болница прво агресивно се однесувал кон персоналот и го нападнал лекарот кој му укажувал помош. Тој потоа продолжил да се расправа и физички ги нападнал и полицајците кои биле повикани од болницата. „На 14.10.2025 во 16 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М. М. (28) од Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово дека ...

Германците кои ќе продолжат да работат по заминување во пензија ќе можат да заработуваат до 2.000 евра месечно покрај нивната пензија, според нова шема која има за цел да ги зголеми економскиот раст и стапката на учество на работната сила. Шемата за активна пензија, која ќе стапи во сила во јануари, беше едно од предизборните ветувања на канцеларот Фридрих Мерц. Владата се надева дека овој план ќе ги поттикне граѓаните да работат и по ...

Израел објави дека едно од телата што синоќа ги предаде Хамас не припаѓа на ниеден од починатите заложници. Палестинската група вчера врати уште четири тела откако Израел се закани дека ќе го ограничи влезот на хуманитарната помош во Газа. „Едно од телата предадени од Хамас не се совпаѓа со ниеден од заложниците, утврди Националниот институт за форензичка медицина. Од Хамас се бара да ги преземе сите потребни напори за да ги врати починатите ...

Доналд Трамп ја критикуваше насловната страница на новото издание на магазинот „Тајм“, посветено на неговиот дипломатски успех во Газа, опишувајќи ја како „најлоша во историјата“. Тој го пофали напишаното, но се пожали на фотографијата со која е прикажан на насловната страница. Трамп е фотографиран оддолу, додека сонцето му е над главата. „Резултатот е суперлош. ‘Тајм‘ напиша релативно добра приказна за мене, но фотографијата е можеби најлоша во ...

Хамас ги предаде телата на уште четворица израелски заложници откако Израел се закани дека ќе го ограничи влезот на хуманитарната помош во Газа поради нивното одложено враќање. Палестинската група претходно ги ослободи 20-темина живи заложници и врати само четири од 28-те тела. Израел ги идентификуваше првите четири добиени тела, меѓу кои е и еден државјанин на Непал. Планот за прекин на огнот на Доналд Трамп предвидуваше сите 48 заложници да ...

Почина Владимир Блажев-Панчо, еден од членовите на дуото „ДНК“, кој настрада во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК блиска пријателка на семејството. Веста за смртта на музичарот таа ја добила од Маја, неговата сопруга. Блажев беше на лекување во приватна скопска болница од март. Според последните информaции кои ги добивме пред неколку недели од негови блиски соработници, состојабата на музичарот била ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган има нова мета во својата кампања против пушењето: италијанската премиерка Џорџа Мелони. На маргините на мировниот самит за Газа во Египет, Ердоган ѝ ветил на Мелони дека ќе најде начин да ја убеди да се откаже од цигарите. „Изгледате одлично, но мора да престанете да пушите“, ѝ рекол Ердоган на Мелони, пренесоа италијанските медиуми. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој стоел до нив, се уфрлил во ...

Францускиот премиер Себастијан Лекорну изјави дека го поддржува суспендирањето на контроверзните пензиски реформи од 2023 во обид да ја спаси владата на гласањето за доверба во парламентот, што ќе се одржи неделава. Промените кои ја покачија возрасната граница за пензионирање од 62 на 64 години се сметаа за клучна реформа во претседателството на Макрон. „Оваа есен ќе му предложам на парламентот да ги замрзне пензиските реформи од 2023 до ...

Борците на Хамас ја зајакнаа контролата во Газа и спроведуваат јавни егзекуции, пркосејќи на тврдењето на Израел дека војната не може да заврши според планот на Доналд Трамп сè додека милитантите не бидат разоружани. На едно видео што кружи на интернет се гледа како борци на Хамас убиваат седум луѓе обвинети дека соработувале со Израел. Извор од Хамас потврди дека снимката е автентична. Жителите на Газа велат дека борците на Хамас се видливи на ...

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска од Кривичниот суд, против која премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија постојано држат прес-конференции, ја нарекуваат „носителка на неправда“ и бараат од Судскиот совет да ја разреши, денеска им го удоволи барањето на адвокатите на ВМРО-ДПМНЕ одново да се изведуваат докази, одново да се викаат сведоци и вештаци, иако се знае дека случајот „Талир 2“ за незаконското градење на Белата палата на ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
8.23
71%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.8
82%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1014
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
3.58
87%
1001
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
9.77
84%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
4.12
72%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.11

Сребро

1837.41

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96

Паладиум

45879.12

Бакар

10.76

Кобалт

55.67

Алуминиум

2.89

Платина

53106.37

Родиум

255598.44

Цинк

3.24

Злато

135322.28