Mладите денес повеќе се грижат за своето ментално здравје отколку во минатото, рече директорката на Клиниката за психијатрија, проф. д-р Славица Арсова на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје. „Имаме сѐ повеќе луѓе кои бараат помош, психијатриско-психолошка помош, и тука не се исклучени младите. Младите веќе се поосвестени во однос на своето ментално здравје и знаат да препознаат кога не им е добро или кога се наоѓаат само во ...

Докторот Зекирија Шаини, носител на советничката листа на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во Општина Липково на претстојните Локални избори, во кого беше пукано на 7 октомври во Куманово, денеска рече дека се неосновани и невистините тврдењата оти зад случајот стои неговата сопруга Арјета Адили и побара од истражните органи итно да ја расчистат ситуацијата и да го откријат вистинскиот осомничен за случајот. Ден по пукањето, МВР соошти ...

Белата куќа ја критикуваше одлуката на Нобеловиот комитет да ѝ ја додели Нобеловата награда за мир на венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо, а не на американскиот претседател Доналд Трамп. „Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да завршува војни и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и никогаш нема да има некој како него што може да поместува планини со чистата сила на својата волја. Нобеловиот ...

Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска од 16 октомври ќе почне да се прикажува во сите кина низ Македонија. „Мајка“, инспириран од животот на Мјака Тереза, е прв филм на Митевска на англиски јазик, по сценарио нејзино и на Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ. Филмот, кој имаше светска премиера на Венецискиот филмски фестивал, на отворањето на програмата Хоризонти, е за седум дена од животот на Мајка Тереза во 1948 во Индија, со сите ...

Од јануари досега, извршени се трансплантации на бубрези кај шест пациенти од починат дарител, две трансплантации на црн дроб од починат дарител, како и експлантации на коски и лигаменти, соопшти Министерството за здравство, во чест на Европскиот викенд на органодонорство. Изминатиот период, седум доктори хирурзи и специјалист-нефролог биле упатени на обука во Турција за трансплантација на бубрези. Во сегментот на трансплантација на црн дроб, ...

Во Детското одделение при Општа болница во Охрид повторно е воведена трета смена. Поради недостиг на лекари-педијатри, таму скоро четири години се вршеа само прегледи и се даваше инфузиона терапија, но не и хоспитализација оти немаше дежурства во ноќните часови, па болните деца се носеа во Струга. Сега, за еден месец се направени 500 прегледи, а во текот на септември се хоспитализирани 20 деца. Одделот за лекување деца ќе се доекипира по ...

Израелската војска објави дека прекинот на огнот во Газа стапи во сила откако таа почна да се повлекува на претходно договорената линија. „Нашите војници почнаа да се позиционираат на ажурираните линии за распоредување од пладне по локално време. Војниците на Израелските одбранбени сили се распоредени во областа и ќе продолжат да отстрануваат каква било непосредна закана“, соопшти ИДФ. Израелската војска сега контролира 53% од Појасот Газа, но ...

Опозициската политичарка од Венецуела, Марија Корина Мачадо, ја доби Нобеловата награда за мир. Норвешкиот Нобелов комитет ја истакна некогашната претседателска кандидатка на опозицијата како „клучна, обединувачка фигура во политичката опозиција која некогаш беше длабоко поделена, опозиција која најде заедничка основа во барањето слободни избори и претставничка влада“. „Во изминатата година, Мачадо беше принудена да живее во тајност. И покрај ...

Франција е земјата од која досега имало најмногу филмови, 29, на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. По неа е Германија со 27, САД со 25, Русија со 23, Кина со 15. Ова се само дел од анализите и податоци содржани во интерактивната карта што за фестивалот ја изработија ученичките Јована Василевска и Миа Мицевска од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од Битола под менторство на наставничката по географија ...

Владимир Путин изјави дека руската противвоздушна одбрана го соборила азербејџанскиот патнички авион во декември минатата година, што е првпат Русија да ја преземе одговорноста за инцидентот во кој загинаа 38 луѓе. Путин кажа дека проектил испукан од Русија кон украински дрон експлодирал близу авионот на „Азербејџан ерлајнс“ кој летал од Баку и бил пред слетување во Грозни, главниот град на Чеченија. На средбата со азербејџанскиот претседател ...

Студиото за јазици „Каста дива“ од Скопје доби Плакета на честа од кралот на Шпанија, од Редот за граѓански заслуги, за извонредниот труд вложен во наставата на шпански јазик во Македонија. Плакетата на приемот во Шпанската амбасада ја примија професорите по шпански јазик, Јасмина Никуљска, сопственичка на студиото, и директорот на студиото Ненад Велковски, а им ја додели шпанскиот амбасадор Рафаел Соријано Ортис. Во име на шпанскиот крал, ...

Во пресрет на Локалните избори, аероклубот „Мирко Тодоровски“ од Битола на социјалните мрежи објави духовит повик до сите кандидати за градоначалници и советници, да не зборуваат само за височини, туку и да ги почувствуваат. Од клубот ги повикаа кндидатите да се приклучат на утрешната прослава за 100 години авијација во градот, која ќе се одржи на спортскиот аеродром Логоварди, но не на дебата, туку на лет. „Да видиме кој има визија од една ...

Израелската влада ноќеска после полноќ го потврди прекинот на огнот со Хамас, со што се создадоа услови за завршување на борбите во Газа во рок од 24 часа и за ослободување на заложниците. Владата на Бенјамин Нетанјаху ја одобри првата фаза од мировниот план на Доналд Трамп 24 часа откако тој беше објавен од посредниците и таа предвидува ослободување на сите заложници во замена за стотици палестински затвореници и постепено повлекување на ...

Основниот суд од Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) за определување мерка притвор за двајцата од осумте осомничени во новата истрага поврзана со злоупотреби со јавните набавки во РЕК „Битола“. Судот наместо тоа определи куќен притвор. Станува збор за еден од раководителите на ПЕ Рудници во РЕК „Битола“ и за Борче Марковски, сопственикот на фирмата „Марковски компани“, која претходно ги добивала тендерите во ...

Две лица се уапсени по тепачка која вечерва се случила меѓу гости во познат ресторан во населбата Капиштец во ценарот на Скопје. На булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов вечерва имаше неколку полициски возила. Од МВР велат дека вечерва во 20 часот во СВР Скопје е пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на улица Митрополит Теодосиј Гологанов. „По интервенцијата на полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода ...

Помалку од 24 часа откако Европскиот парламент забрани храната со растителна основа да користи „месни“ имиња како бургер, колбас или стек, во неговата менза во Стразбур се служеше вегански бургер како опција за здрав ручек. Забраната е вклучена во поширока реформа на земјоделските правила на ЕУ. Додека поддржувачите го претставија ова како победа за транспарентност и признание за сточарите, невладините организации го оценија како глупаво и удар ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК „Битола“. Од Обвинителството соопштија дека со предистражните дејствија кои ги преземаше Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека петмина осомничени, службени лица во РЕК „Битола“, ...

Унгарскиот писател Ласло Краснахоркај е годинашниот добитник на Нобеловата награда за литература за „неговиот неодолив и визионерски опус“. Неколку негови дела добија филмска адаптација во режија на унгарскиот режисер Бела Тар. Седумдесет и едногодишниот Краснахоркај има добиено бројни меѓународни награди, вклучувајќи ја Букеровата за 2025 година. Краснахоркај има објавено девет романи во периодот од 1985 до 2024 година и неговите филозофски ...

САД денеска ги воведоа санкциите за Српската нафтена индустрија (НИС), објави компанијата, што би можело да ги загрози нејзините напори за обезбедување нафта и гас на подолг рок. Србија не успеа да добие уште едно одложување на санкциите, кои беа воведени на 10 јуни поради мнозинското руско сопствеништво во НИС. Србија речиси целосно зависи од руските испораки на гас и нафта, кои ги добива главно преку цевководи во Хрватска и други соседни ...

Легендарната норвешка актерка Лив Улман (86) е добитничка на наградата за животно дело од Европската филмска академија (ЕФА). Наградата, како што соопшти Академијата, е признание за нејзиниот извонреден опус како актерка, режисерка и сценаристка и за придонесот во филмот, а ќе ѝ биде врачена на 38. доделување на Европските филмски награди на 17 јануари 2026 во Берлин. Родена во Токио, Улман пораснала во Канада пред да се пресели во Норвешка со ...

Израелската војска објави дека започнала со подготовките за повлекување на своите трупи од Газа откако денеска беше објавено дека е постигнат договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека договорот ќе стапи во сила откако ќе биде одобрен од израелската влада, која ќе се состане попладнево. „Израелските одбранбени сили започнаа оперативни подготовки пред спроведувањето на договорот. ...

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) одлучи да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, но истовремено ги повика властите во Софија да постигнат напредок во спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права, особено оние кои се однесуваат на одбивањето да се регистрираат здруженија на лица кои се изјаснуваат како етнички Македонци. Во резолуцијата усвоена на почетокот на месецов, ПССЕ наведува дека иако е ...

Глувонемите лица ги толкуваат имињата според одредена карактеристика на личноста, вели Марија Башеска-Стојановска, толкувач на знаковен јазик во Македонската телевизија. Таа во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК објаснува како глувите лица ги кажуваат имињата на македонските политичари. Тие премиерот Христијан Мицкоски го опишуваат со очила, а лидерот на опозицијата Венко Филипче како доктор. Од поранешните премиери, Никола ...

Вкупно 165 крвни единици беа собрани во крводарителската акција „По патот на Гиго“, што се реализираше во Струмица во организација на Црвениот крст, во соработка со Службата за трансфузиона медицина. Во спортската сала на основното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица се чекаше ред за да се дарува крв во чест на Глигор Новачевски-Гиго, поранешен член и волонтер во струмичкиот Црвен крст. Акцијата траеше рекордни седум часа. Покрај долгогодишни ...

Секоја година од 1901 тие се состануваат во тајност, дури не откриваат кога и сега за првпат им дозволија на новинарите да влезат во нивниот ексклузивен круг. Членовите на норвешкиот Нобелов комитет тука ја носат одлуката кој ќе ја добие Нобеловата награда за мир, што ќе биде објавено утре. Петтемина членови и секретарот се сретнаа во собата на Комитетот во Нобеловиот институт во Осло, украсена со истите лустер и мебел од даб од првото ...

Девојчето на возраст меѓу 14 и 15 години, кое со воспитно-поправни мерки судот го прати во затворот во Идризово каде 9 месеци беше заклучено по 22 часа, денеска е префрлено во Воспитно-поправниот дом (ВПД) „Тетово“ во Волковија. Тоа е единственото девојче во Македонија кое во моментов има изречено воспитно-поправни мерки (што не е затворска казна), па затоа во „Тетово“ доби цела зграда само за неа. Од јануари годинава, тоа мораше да седи ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја обвини Турција дека не сака стабилност на Западен Балкан и дека сонува да го обнови Отоманското Царство откако Косово ги доби првите борбени дронови од турско производство. Вучиќ, кој пред една година се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој тогаш збореше за златна доба во односите помеѓу двете земји, сега изјави дека е згрозен од однесувањето на Турција. „Турција брутално ги крши ...

Две газдарици на приватни домови за стари лица во Центар и во Бутел во Скопје се во притвор, поради нехуман, суров, деградирачки, нечовечки и понижувачки третман на згрижените, за кои нивните семејства плаќале услуга за вонсемејно домување, соопшти Обвинителството. „При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата Рудо во Бутел, а другата на улица Козара во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во ...

Во Уметничката галерија „Безистен“ во Штип изложени се 120 примероци уникатен накит од каменото, бронзеното, железното и римското време и средновековието. Станува збор за 120 примероци на специфичен и уникатен накит од неолитот до 20. век, почнувајќи од младото камено доба, 7000 година пред н. е. од културната група Амзабегово–Вршник, Светиниколско-Штипско, каде се пронајдени монисто од камен, амулети и белегзии од коска, ѓердани од школки, ...

Доналд Трамп објави дека Израел и Хамас се согласија со првата фаза од неговиот мировен план за Газа, што предвидува прекин на огнот и ослободување на заложниците во замена за стотици палестински затвореници. Ова следува по неколку дена индиректни разговори во Египет и дава надеж дека ќе се стави крај на војната, во која загинаа над 67.000 луѓе. Веста за договорот доведе до прослави во Израел, Газа и пошироко. Сепак, Трамп не изнесе детали кога ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.85
81%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
86%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1004
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
100%
1005
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
11.32
88%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
94%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Калај

40.11

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.89

Паладиум

45879.12

Злато

135322.28

Никел

471972.96

Сребро

1837.41

Кобалт

55.67

Платина

53106.37

Рутениум

29192.88

Цинк

3.24