САД и официјално се повлекоа од Светската здравствена организација (СЗО), која со тоа остана без еден од своите најголеми донатори. Доналд Трамп потпиша извршна наредба за повлекувањето пред една година, критикувајќи ја организацијата дека премногу ѝ била наклонета на Кина за време на ковид пандемијата. Американското министерство за здравство кажа дека одлуката била донесена поради лошото управување со пандемијата, неможноста да се реформира ...

САД ги објавија плановите за „Нова Газа“, според кои уништената палестинска територија ќе биде обновена и целосно трансформирана и ќе заличи на Дубаи и Сингапур. Снимките прикажани на Светскиот економски форум во Давос покажаа десетици облакодери долж медитеранскиот брег, станбени населби во областа на Рафа и мапа со станбени, земјоделски и индустриски области за населението од 2,1 милион луѓе. „Ќе бидеме многу успешни во Газа. Ќе биде ...

Прочуената српка актерка Мирјана Карановиќ, која го режираше својот втор филм „Мајка Мара“ во кој ја игра и главната улога, вели дека не сакала да се натпреварува со комерцијалните филмови на филмските фестивали. Таа на премиерата во Скопје на шега кажа дека е мажена за театарот, а филмовите се нејзини љубовници. Со нејзиниот филм вчера во Скопје почна зимското издание на Мрежата на фестивали од Јадранскиот регион со бесплатни проекции на ...

Жива и сребро се најдени во одводниот канал кај селото Таор, каде на 21 ноември лани каде на површината се појави густа бела пена, покажаа резултатите на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а по испитувањето на мострите земени од површинската вода во каналот. Испитувањето е извршено по барање на АД „Водостопанство“. „Има зголемен број на термотолерантни колиформни бактерии, има зголемени концентрации на жива, а од страна на ИЈЗ е препораката ...

Доналд Трамп ја повлече поканата за членство на Канада во неговиот новоформиран Одбор за мир, во најновиот спор помеѓу северноамериканските соседи. „Дозволете ова писмо да послужи како потврда дека Одборот за мир ја повлекува својата покана во врска со приклучувањето на Канада“, напиша Трамп на Трут соушл во објава упатена до премиерот Марк Карни. Канада претходно најави дека ќе се приклучи на Одборот, но нема да плати една милијарда долари ...

Русија и Украина кажаа дека територијалните прашања остануваат нерешени во пресрет на средбата на американски, руски и украински преговарачи во Абу Даби. По четиричасовната средба на Владимир Путин со Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Москва, Кремљ потврди дека руски функционери ќе учествуваат во разговорите. Тоа ќе биде прва средба на трите земји од почетокот на војната во февруари 2022. Русија ги опиша разговорите во Москва како многу корисни, ...

Соединетите Американски Држави ќе бидат покрај вас, верувајќи како и многумина од вас во сонот за посилен, попросперитетен, побезбеден и целосно интегриран евроатлантски партнер и сојузник, вели пред заминувањето од Македонија американската амбасадорка Анџела Агелер во писмото до македонски граѓани. Мандатите на американските амбасадори траат три години, а мандатот на Агелер во Македонија почна во октомври 2022. На крајот на декември 2025, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ја критикуваше европската неактивност во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека континентот изгледа изгубено и останува заробен во бесконечно повторување на неуспехот да се одбрани или решително да ја поддржи Украина. „Сите се сеќаваме на одличниот американски филм ‘Денот на мрмотот‘, но никој не би сакал да живее така. А, сепак, токму така живееме сега“, кажа ...

Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска е суспендирана од работа од генералниот директор Оливер Арсовски, има забрана за влез во матичната куќа додека трае дисциплинската постапка против неа и платата ѝ е намалена на 50 отсто, соопшти Синдикатот на културата на Македонија. Оттаму велат дека Петрушевска е суспендирана спротивно на сите законски процедури, без правна основа и со грубо кршење на ...

Доналд Трамп му испрати порака на Владимир Путин дека војната во Украина мора да запре откако денеска се сретна со Володимир Зеленски на маргините на Светскиот економски форум во Давос. По средбата која траеше еден час, Трамп кажа дека имал многу добар разговор со Зеленски, без да изнесе детали. Тој вчера изјави дека крајот на војната е „разумно блиску“ и ги испрати специјалниот пратеник Стив Виткоф и својот зет Џаред Кушнер на разговори со ...

Советот на Општина Куманово не ја стави на дневен ред точката по која требаше да се расправа за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Куманово кои работеле во американските бази во Ирак и Авганистан, а се однесуваат на ретроактивното оданочување. Иницијативите за оваа точка биле поднесени од засегнатите граѓани, како и од советниците на „Ред за Куманово“, но беше одбиена со образложение дека Советот нема надлежност да одлучува по ова ...

„Грешници“ на Рајан Куглер ќе биде најголемиот фаворит на 98. Оскари откако доби рекордни 16 номинации од 24-те категории, следен од „Една битка по друга“ со 13. Церемонијата на доделувањето е на 14 март, а ќе ја води комичарот Конан О‘Брајен. Покрај нив, за најдобар филм се номинирани и „Формула 1“, „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Марти величествениот“, „Сентиментална вредност“, „Тајниот агент“, „Бугонија“ и „Train Dreams“. Тимоти Шаламе („Марти ...

Предметот за перење пари од страна на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски застарува дури во 2035 година и поради тоа обвинителката Ленче Ристоска вели дека нема да се откаже од гонење на сторениот криминал, иако трпи навреди и притисоци од власта секој ден. Додека чека Советот на јавни обвинители да се состане по пријавата против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ја навреди јавно во интервју, таа поднела ...

Колку публика имал македонскиот филм во кино ќе влијае на тоа дали некој треба да добие пари за следен филм или не, односно, дека треба да се земе во предвид колку претходните филмови на продуцентот и режисерот се прикажувани во Македонија, рече директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски на пресконферецијата по повод светската премиера на дебито „17“ на Косара Митиќ на Берлинале. „Убаво е сè, успех на еден-два фестивали, меѓутоа има едно ...

Почина 79-годишната жена од Битола која пред шест дена беше претепана од 28-годишниот внук Т. Р. во заедничкиот дом на улицата Лавчанска корија во Битола. Таа беше погребана денеска на Светонеделските гробишта во Битола. Таа им подлегна на тешките телесни повреди што ѝ предивикале крвавења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски. Повредената во бессознание била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ...

Четири услуги од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) се достапни на националниот портал за услуги uslugi.gov.mk , најавија денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на ФЗО, Сашо Клековски. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено ...

Пред старата полициска станица во Теарце денеска на комеморативен собир беше одбележана 25-годишнината од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски. На денешен ден во 2001, терористичка група на т. н. ОНА со ракетен фрлач ја нападна полициската станица. Од експлозијата на проектилот загина полицаецот Момир Стојановски, а беа повредени уште тројца полицајци. Одбележувајќи ја годишнината, Одборот на бранители, претставници од Министерството ...

Доналд Трамп го претстави својот Одбор за мир, кој првично требаше да се фокусира на Газа, но тој кажа дека би можел да има поширока улога и да решава конфликти низ светот. „Откако Одборот целосно ќе се формира, ќе можеме да правиме што сакаме. И ќе го правиме тоа во согласност со Обединетите нации“, рече американскиот претседател. Трамп, кој ќе претседава со Одборот, покани десетици светски лидери да се приклучат. Освен САД, ниедна друга ...

Судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје во прелиминарните изјави пред судија на претходна постапка за притворот, кажал дека фатените непријавени 350.000 евра во дупка во ѕид во куќата во Неготино, му се од земјоделие. На новинарски прашања на денешниот брифинг во Обвинителството за организиран криминал и корупција, беше кажано дека Ристов рекол оти стотиците илјади евра му се од садење и продавање грозје. „Ќе видиме, може ќе покаже ...

Албанскиот премиер Еди Рама ја нагости Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, во Валона откако владата минатата година одобри луксузен проект што ќе го гради компанија на нејзиниот сопруг Џаред Кушнер. Комитетот за стратешки инвестиции, што го води Рама, го прифати предлогот на „Атлантик инкјубејшн партнерс“ за изградба на луксузен ресорт од 45 хектари на малиот ненаселен остров Сазан, кој некогаш бил воен пункт. Вредноста на ...

Владимир Путин кажа дека сопствеништвото врз Гренланд не е грижа на Русија и дека САД и Данска меѓусебе треба да го решат овој спор. Русија со голема радост гледаше како обидите на Доналд Трамп да го преземе Гренланд го продлабочуваат јазот помеѓу Европа и САД, иако неговите потези би можеле да имаат последици и за Русија, која веќе има силно присуство на Арктикот. Вчера во Давос, Трамп малку се повлече, па се откажа од заканата со нови ...

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос, додека американските претставници Стив Виктоф и Џеред Кушнер ќе бидат кај Владимир Путин во Москва за да разговараат за можен мировен план за Украина. Трамп вели дека завршувањето на војната е „разумно блиску“, повикувајќи ги двете страни да склучат договор. „Мора да ја запреме оваа војна. Верувам дека сега се во фаза кога можат да се здружат и да ...

Доналд Трамп објави дека САД разгледуваат можен договор за Гренланд откако вчера разговараше со шефот на НАТО, Марк Руте, на Светскиот економски форум во Давос и потоа се откажа од заканите за воведување нови царини за осум европски сојузници. Тој понуди малку детали за разговорите, што двајцата ги опишаа како продуктивни, но дипломатски извори изјавија за Си-Би-Ес дека со договорот не се исполнува барањето на Трамп за американска контрола ...

Доналд Трамп објави дека нема да воведе нови царини за осум европски сојузници, што требаше да стапи во сила на 1 февруари. Оваа мерка се однесуваше на Велика Британија, Франција, Германија, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска, кои отворено се спротивставија на неговите амбиции за преземање на Гренланд. „По многу продуктивен состанок со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, тие ја формираа рамката за иден договор во однос на ...

Европските крајнодесничарски и популистички партии се дистанцираат од Доналд Трамп поради воениот упад во Венецуела и неговиот обид за преземање на Гренланд. Администрацијата на Трамп им даде јавна поддршка на крајнодесничарските европски партии, со кои дели сличен став за прашања како имиграција и климатски промени, помагајќи во легитимирањето на движењата кои долго време се соочуваа со стигма дома, а сега се во подем. Во новата Стратегија ...

Европскиот парламент донесе одлука да се замрзне спроведувањето на трговскиот договор помеѓу Европска Унија и САД поради барањето на Доналд Трамп за преземање на Гренланд и неговите закани со нови царини. Договорот беше постигнат во Шкотска минатиот јули. „Немаше алтернатива освен да се суспендира одобрувањето на трговскиот договор помеѓу ЕУ и САД поради континуираните и ескалирачки закани на САД во врска со Гренланд. Со загрозувањето на ...

Доналд Трамп побара веднаш да почнат преговори за американско преземање на Гренланд, обраќајќи им се на присутните на Светскиот економски форум во Давос. Тој пристигна во Швајцарија со неколкучасовно доцнење откако на неговиот авион се појавил мал електричен проблем, поради што морал да се врати назад. „Имам огромна почит кон народите на Гренланд и Данска. Гренланд е огромна, речиси ненаселена и неразвиена земја која седи незаштитена. Таму ...

По неколкудневни конфликти, кога малку недостасуваше да дојде и до посериозен инцидент, Националниот парк (НП) „Шар Планина“ и економските оператори кои со ратраци носат скијачи во повисоките предели на Шар Планина, склучија договор со кој се регулира нивната работа на просторот на паркот. „Економскиот оператор по спроведен конструктивен дијалог и институционална координација, изрази целосна подготвеност за почитување на Планот за управување ...

Филмот „17“ не се занимава со барање одговори, не се занимава со обвинување, со морализирање, догматизирање, туку се занимава со тој одговор, односно тие луѓе, институции и тишини кои дозволиле такво нешто да се случи, девојка којашто отишла на апсолвентска екскурзија, се породила, го ставила бебето во корпа за отпадоци и се вратила назад на патувањето како ништо да не се случило, рече режисерката Косара Митиќ на денешната прес-конференција. ...

Изминатиов период поскапеа билетите за културните настани од програмите во неколку државни институции, како Драмскиот театар во Скопје, Филхармонијата и Националната опера и балет (НОБ). Овие институции се целосно финансирани од државниот буџет, од кој се исплаќаат програмите, вработувањата и материјално-техничкото одржување на објектите. Поскапувањето предизвика реакции дека овие државни институции со вакви цени им оневозможуваат на сите ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
67%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 7ᴼ
4.12
57%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
55%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
2.3
89%
1018
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
4.63
77%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
74%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
73%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
49%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Калај

43.91

Платина

61858.04

Родиум

358480.82

Злато

144593.23

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Рутениум

56199.51