Во Битола се отвори изложба со фотографии од делата на еден од најпознатите архитекти на 20. век, Богдан Богдановиќ (1922-2010), кој остави силен печат во уметничкото и архитектонско наследство во некогашна Југославија. Тој е значаен и за македонската архитектура како автор на Могилата на непобедените во Прилеп (1961) и Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип (1974). „Богдановиќ има вкупно 20 меморијали на ...

Академик д-р Сашко Кедев синоќа на свеченост во Филхармонијата го доби Орденот „8 Септември“ од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за највисоките образовно-едукативни, научни и алпинистички дострели. Д-р Кедев, интервентен кардиолог, дописен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и алипинист, е одликуван со Орденот за активното учество во развојот на македонската демократија, особените заслуги во медицината, ...

Синиша Каран, близок соработник на сепаратистичкиот лидер Милорад Додик, победи на вонредните избори за претседател на Република Српска по тесна трка со опозицискиот кандидат, објави изборната комисија. „Според прелиминарните, неофицијални и нецелосни резултати, Синиша Каран освои 50,89% гласови“, кажа претседателот на изборната комисија Јован Калаба. Тој додаде дека опозицискиот кандидат Бранко Блануша од Српската демократска партија добил ...

Удо Кир, еден од најпознатите германски актери во Холивид, кој соработуваше и со Енди Ворхол и Мадона, почина на 81 година во болница во Калифорнија, објави неговиот партнер Делберт Мекбрајд, без да ја наведе причината за смртта. Кир оствари над 270 улоги во американски и европски филмови, често негативци, чудовишта, вампири и нацисти, што му донесе култен статус. Глумеше во филмови, на телевизија, во музички спотови и видеоигри, поради што ...

Македонската заедница во италијанскиот регион Пиемонт викендов ја одбележа 20-годишнината од постоењето на Македонската православна црква „Свети Архангел Михаил“ во градот Неиве. На прославата и на литургијата чиноначалствуваше надлежниот митрополит за Европската епархија, Пимен. Црквата во Неиве, која е духовен дом на Македонците во овој дел на Италија, е отстапена под концесија од страна на Католичката црква за период од 99 години. ...

Американските и украинските преговарачи изготвија „ажурирана и рафинирана мировна рамка“ и ќе продолжат интензивно да работат на планот во следните денови, објавија двете држави по разговорите во Женева, кои беа опишани како високо продуктивни. Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека е постигнат огромен напредок кон усовршување на планот, кој беше претпазливо поздравен од Русија, но не и од лидерите во Украина и Европа, кои ...

Почина проф. д-р Илија Џонов, еден од најистакнатите македонски невропсихијатри, долгогодишен универзитетски професор и поранешен директор на Клиничкиот центар во Скопје. Џонов, кој е роден на 24 ноември 1943 година во Штип, остави длабока трага во македонското здравство и едукација. Тој во два мандати ја извршуваше функцијата декан на Медицинскиот факултет во Скопје, а е основач и поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина не покажала никаква благодарност за напорите на САД да се стави крај на војната, додека американските, украинските и меѓународните преговарачи се на средба во Швајцарија за да разговараат за „мировниот план“ кој би вклучувал значителни отстапки од Киев кон Москва. Полскиот премиер Доналд Туск постави прашање за тоа од каде потекнува „мировниот план“ на Трамп, откако американскиот ...

Во централното градско подрачје на Штип, во непосредна близина на Трговскиот центар и стариот хотел „Гарни“, во минатиот век функционираше првото забавиште во градот. Оваа предшколска установа во Штип уште на почетокот прифати голем број деца кои таму беа во целодневен престој. Стотици деца, сѐ до 70-тите години од минатиот век, своето слободно време го поминуваа во забавиштето како почетна основа за нивното прво одделение. Според постарите ...

Авторите на изложбата „Порцеланови луѓе“, веќе ја пакуваат од Ликовниот салон во Велес. Повеќе од 300 експонати заминуваат од Салонот, каде изложбата беше поставена две седмици. Обидите на авторите да се најде простор во Велес каде ќе биде во иднина поставена, засега се без успех. Изложбата со раскошните производи од порцелан предизвика голема заинтересираност кај велешани, но и на граѓани од Скопје, кои специјално за оваа пригода доаѓаа да ...

Настапот на српскиот пејач Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата за работа на локалот, вели градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев. Тој објави дека локалот има капацитет од 200 гости, а внатре имало 700. „Нема да дозволиме Кочани-сценарио. Безбедноста е прва”, вели Јанчев. Инцидентот се случи во петокот по полноќ, кога полицијата заедно со инспекции од повеќе ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вети дека ќе ја изгради најсилната војска во Европа, што е амбициозна цел за земја чии вооружени сили со години беа запоставени. Коалициската влада се надева дека новиот предлог-закон, договорен минатата недела, ќе помогне ова да стане реалност, зајакнувајќи ги германските сили соочени со перцепираната закана од Русија и значајната промена во надворешната политика на САД. Сеопфатните реформи предвидуваат ...

Светот во саботата направи мал чекор поблиску до крајот на ерата на фосилните горива, но тоа не е ни приближно доволно за да се спречат катастрофалните последици од климатскиот слом. Земјите кои две недели заседаваа на климатскиот самит (КОП30) во Белем, Бразил, успеаја да постигнат само доброволен договор за започнување дискусии за патоказ кон евентуално исфрлање на фосилните горива. Овој минимален напредок беше постигнат и покрај силното ...

Златен џебен часовник пронајден на телото на еден од најбогатите патници на „Титаник“ е продаден на аукција за рекордни 1,78 милиони фунти. Сопственикот на часовникот, Исидор Штраус, и неговата сопруга Ида беа меѓу повеќе од 1.500 луѓе кои загинаа кога бродот, патувајќи од Саутемптон за Њујорк, удри во леден брег и потона на 14 април 1912 година. Телото на Штраус беше извлечено од Атлантикот неколку дена по катастрофата, а меѓу неговите лични ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот „мировен план“ изготвен заедно со Москва „не е мојата конечна понуда“, по жестоките реакции од Украинците кои го опишаа предлогот како потсетување на договорот од Минхен од 1938 година на Невил Чембрлејн со Адолф Хитлер. Во краткото обраќање пред новинарите во Белата куќа, Трамп рече: „Би сакале да постигнеме мир. Тоа требаше да се случи одамна… се обидуваме да го завршиме, на еден ...

1 „Планот за раст е многу повеќе од инцијатива“, рекол премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите на Западниот Балкан во Тирана, што и да му значи таа реченица. Особено во контекст на исполнување на планот дома. Оти таму кога се среќава со луѓе од бриселската администрација им зборува за реформски чекори, вклучително и за реформи во правосудството, а кога ќе се врати дома ќе продолжи да нѐ замајува со весела математика. Во Владината ...

За една недела ќе се знае што точно се случи вчераутро (петок), кога одводниот канал кај село Таор, Општина Зелениково, што се влива во реката Вардар, беше целосно прекриен со густа бела пена. Ова го најавија по вонредниот инспекциски надзор од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), чии инспектори биле на терен во текот на вчерашното попладне. „За да се утврди што точно тече во Вардар, на барање на Општината, екипи од Институтот за ...

Кавадаречката полиција го приведе српскиот турбофолкер Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, затоа што настапувал во Кавадарци во локал без потребна дозвола. Настанот се случи ноќеска, по полноќ. „На 22 ноември во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57 год.) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР ...

По наредбата од Гостиварскиот основен суд за присилно спроведување во затворот „Идризово“ на осудениот на 10 години затвор Ремзи Мифтари, виновен за катастрофалната сообраќајна несреќа кај Ласкарци кога загинаа 16 патници, полицијата се уште не може да го најде. Мифтари требаше да оди во затвор уште во мај. Тетовската полиција не го нашла дома. На прашање дали е извесно дека и Ремзи Мифтари избега од Македонија за да го избегне издржувањето ...

Американски функционери ги известиле сојузниците во НАТО дека очекуваат да го притиснат украинскиот претседател Володимир Зеленски да се согласи на мировен договор во наредните денови, под закана дека доколку Киев не потпише, во иднина ќе се соочи со многу полоши услови. Секретарот на американската армија Ден Дрискол ги брифирал амбасадорите на земјите од НАТО на состанок во Киев доцна во петокот, по разговорите со Зеленски и телефонскиот ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните во регионите каде што има излевање на реките и поплави да внимаваат на безбедноста на храната и водата, како и да се грижат за домашните животни. Од АХВ велат дека треба редовно да се следат информациите за состојбата со водоводните мрежи. Доколку водата од индивидуалните водоводни објекти е видно заматена, таа не смее да се користи за пиење и готвење сè додека не се добие ...

Вооружени напаѓачи киднапираа повеќе од 200 ученици од католичко училиште во централна Нигерија во петокот, што е второ масовно киднапирање на училиште во земјата оваа недела. Најновиот напад бил насочен кон училиштето „Света Марија“ во Папири, државата Нигер. Христијанската асоцијација на Нигерија соопшти дека за време на упадот во раните утрински часови биле однесени 215 ученици и 12 вработени. Полицијата соопшти дека вооружени бандити ...

Мировниот план за завршување на војната во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет, изјави во петокот американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, додека Киев се соочува со притисок да одговори на предлогот на претседателот Доналд Трамп. Трамп му дал на Киев рок до четврток да одговори на неговиот најнов мировен план, кој ги затекна европските земји неподготвени. Американскиот план наводно бара од Украина да направи значителни ...

Живееме во средина која уште е примитивна, во која сè уште преовладува мислењето – ти си маж, не смееш да плачеш, треба да си силен, не треба да побараш помош, вели д-р Јасмина Степаноска, психијатарка во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје, Таа ни беше гостин во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК да го одбележиме ноември – месецот на машкото здравје. Вели дека мажите се многу позатворени од жените, не ...

Нема веќе конкурси за специјализации и за вработувања според желби, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу, претставувајќи ја анализата на податоци на моменталната ситуација на човечките ресурси во јавните и приватните здравствени установи низ земјава. Според министерот, ваква анализа за првпат е направена во земјава, податоците се достапни во реално време и отсега таа ќе биде матрица за вработувања, за префрлувања во други установи, ...

Обилните врнежи дожд во Битолско предизвикаа свлечиште веднаш до асфалтниот пат на Пелистер, на дваесетина метри пред кривината кај Детското одморалиште. Вчера се изрони земјата веднаш до коловозот. Јавното претпријатие „Нискоградба“ во координација со „Македонија пат“ и Јавната установа Национален парк „Пелистер“ го санираа одронот. Брзата интервенција спречи понатамошно оштетување на патот. Асфалтниот пат што минува низ Националниот парк ...

Владимир Путин потврди дека го примил и кажа дека го поддржува американскиот план за крај на војната во Украина, што се состои од 28 точки. Рускиот претседател кажа дека планот може да ја формира основата на конечното мировно решение. „За овие предлози дискутиравме со Доналд Трамп на нашиот самит на Алјаска во август. Американската страна притоа побара од нас да направиме одредени компромиси и да покажеме флексибилност. Украина тогаш не ги ...

Максимална казна од три години затвор за првообвинетиот гинеколог од Струшката болница Мухамед Асани, изрече денеска судијата Јордан Јованов во Основниот суд Струга, за случајот со родилката Јилдиз Веапоска од Дебар која при породувањето остана без јајник, бугрег и матка. Прогласувајќи го виновен, Судот денеска на Асани му изрече и дополнителна забрана за работа во траење од пет години. Казните се неправосилни, Асани има право да се жали до ...

Новоизбраниот Совет на Општина Тетово денеска ја одржа својата прва седница, на која за претседавач е избран Јусуф Абдули од коалицијата „Вреди“. На изборот на Абдули реагираа од коалицијата НАИ предводена од ДУИ и од „Подобро за Тетово“. Тие кажаа дека изборот е направен без да им се овозможи да дискутираат за овој предлог и го обвинија Абдули дека вршел партизација во образованието. Од 31 советник во Советот, за Абдули гласаа 16, 13 од ...

Поради обилните врнежи изминатите неколку дена се излеа Коселска Река. Поплавени се десеттина куќи во селото Орман Охридско, уништена им е покуќнината, а нивите останаа под вода. Мештаните, кои се отсечени од градот, велат дека дополнителен проблем за поплавите се дивоградбите и нередовното чистење на коритото и каналите. „Секоја година апелираме до Центарот за управување со кризи (ЦУК) да се води сметка за ова критично место на Коселска ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
51%
997
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
66%
996
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
0.51
92%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
4.63
81%
999
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.32
100%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
997
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.68
87%
999
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
62%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
999
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
6.17
91%
1001
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
88%
997
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.17
79%
1004
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Родиум

339994.14

Иридиум

221848.72

Бакар

12.12

Калај

48.78

Злато

157561.16

Кобалт

64.04

Цинк

3.29

Алуминиум

3.09

Сребро

2733.78

Паладиум

55781.55

Платина

83354.78