ФБИ го објави идентитетот на убиецот на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, именувајќи го како 22-годишниот Тајлер Робинсон од јужна Јута. Директорот на ФБИ, Каш Пател и властите на Јута одржаа прес-конференција набргу откако Доналд Трамп кажа дека убиецот на Кирк е фатен. „Го фативме. Тој е во притвор“, изјави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Еден од најпознатите американски конзервативни активисти и близок сојузник на Трамп беше смртно ...

Скопските населби населбите Аеродром, Ново Лисиче утрово се во магла од чад, а воздухот мириса на гареж и во соседната Кисела Вода. Според мерните станици на мрежата Air Care, највисоки се вредностите на загадувачките честички во Лисиче, 90 микрограми на кубен метар ПМ 10 и 45 микрограми ПМ 2,5, и во Гази Баба 77 ПМ 10 и 32 Пм 2,5. Повисоки вредности на загадување има и во Аеродром, Мичурин и Реонски Центар. Загадувањето и чадот се последица на ...

Доналд Трамп објави дека е приведен убиецот на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк, кој беше смртно застрелан пред два дена додека држеше говор на јавен настан на универзитет во Јута. Трамп не го откри неговиот идентитет, туку само кажа дека има 28-29 години. „Со голема доза на сигурност можам да кажам дека го имаме во притвор“, кажа Трамп на „Фокс њуз“ и додаде: „Пет минути пред да влезам во студиото ми кажаа дека осомничениот е во притвор. ...

Покојниот дизајнер Џорџо Армани во тестаментот им наложил на наследниците постепено да го продаваат модниот бренд што го создал пред 50 години или да бараат котација на берзата, што означува изненадувачки пресврт за компанија која е многу заштитничка кон својата независност и италијански корени. Во тестаментот се наведува дека наследниците треба да продадат почетни 15% од акциите во италијанската модна куќа во рок од 18 месеци, а подоцна да ...

Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ најави дека ќе ја затвори својата база во Виена, Австрија. Процесот на повлекување ќе се одвива постепено, во периодот меѓу октомври 2025 и март 2026 година. Како резултат на оваа одлука, неизвесна е и иднината на авионската линија Охрид-Виена, за која моментно може да се купат билети со последен лет закажан на 14 март 2026. Како што објавуваат специјализирани веб сајтови за цивилна авијација, ...

Русија објави дека соборила 221 дрон лансирани од Украина ноќеска, што е еден од најголемите воздушни напади врз руска територија во изминатите месеци, при што една жена загинала во Белгород. Повеќе од половина од нив биле пресретнати над регионите Брјанск и Смоленск, каде што мета биле постројките на нафтената компанија „Лукоил“, кажа руското министерство за одбрана. Властите на регионот Ленинград кажаа дека таму биле соборени 28 дронови, при ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази сомнеж дека повторното разгорување на пожарот во депонијата Дрисла е намерно предизвикано, посочувајќи ја одговорноста кај кадрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во јавните претпријатија. „Чудно е, чудно е како во одредени јавни претпријатија, каде што свои кадри има Демократската унија за интеграција, се случуваат вакви работи. Чудно е, и тоа ќе го истражиме и ќе обезбедиме соодветни ...

Утринава на експресниот пат Штип-Радовиш комбе со работници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река, висок 15-тина метри. Според првичните информации има неколку загинати и повредени кои се пренесени во Клиничката болница во Штип. На местото на настанот веднаш пристигнале две амбулантски возила, возило на протипожарната единица и на полицијата кои вршат увид. За два месеца ова трета сообракајна несреќа на овој експресен ...

Војските на Русија и Белорусија започнаа заедничка воена вежба на прагот на НАТО, што ќе вклучи маневри во двете земји, како и во Балтичко и Баренцово Море, објави руското министерство за одбрана. Вежбата „Запад 2025“ се случува во исклучително тензичен момент во руско-украинската војна, само два дена откако Полска собори руски дронови во својот воздушен простор. „Целите на вежбата се подобрување на вештините на командантите и штабовите и на ...

Бившиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро е осуден на 27 години и три месеци затвор откако беше прогласен за виновен за заговарање воен пуч. Петмина судии на Врховниот суд ја изрекоа казната неколку часа откако го осудија поранешниот лидер. Тие кажаа дека Болсонаро предводел заговор со цел да остане на власт по победата на Луиз Инасио Лула да Силва на претседателските избори во 2022. Адвокатите на Болсонаро кажаа дека пресудата е „апсурдно ...

Американските истражители објавија фотографии од можниот убиец на конзервативниот инфлуенсер Чарли Кирк и ја пронајдоа пушката за која веруваат дека била употребена во вчерашното пукање на Универзитетот Јута Вели во градот Орем. Тие го опишаа осомничениот како маж со возраст на студент облечен во црно. Триесет и едногодишниот Кирк беше еден од најугледните конзервативни активисти во САД и близок сојузник на Доналд Трамп, на кого му помогна да ...

Американската вселенска агенција НАСА им забрани пристап на кинеските државјани со важечки американски визи, спречувајќи ги да работат во тамошните истражувачки центри. Кинеските граѓани, кои можат да работат во НАСА само како изведувачи или како студенти кои придонесуваат за истражувања, дознале на 5 септември дека го изгубиле целиот пристап кон системите и постројките на НАСА, објави „Блумберг“, повикувајќи се на добро упатени извори. НАСА ...

Стевчо Јакимовски, актуелниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на партијата Граѓанска опција за Македонија-ГРОМ, денеска најави дека повторно се кандидира за градоначалничката функција на Локалните избори на 19 октомври. „Денеска официјално ја најавувам мојата кандидатура за градоначалник на Општина Карпош. Повторно ја барам вашата доверба – заедно да продолжиме таму каде што застанавме и да го направиме Карпош уште посилна и поуредна ...

Британскиот премиер Кир Стармер го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, откако се дозна за неговите пошироки врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епстајн. Манделсон беше принуден да ја напушти најпосакуваната дипломатска функција во Велика Британија откако оваа недела беа откриени некои од неговите писма и е-пошта до Епстајн. Стармер силно го поддржа својот амбасадор вчера, во пресрет на државната посета на Доналд Трамп, со кого ...

Министерот за здравство Азир Алиу им препорача на скопјани да не се движат на отворено, ако немаат потреба. Нагласи дека загадувањето овие два дена не предизвикувало проблеми по здравјето на граѓаните. По пожарот во депонијата „Дрисла“, мерните инструменти на Министерството за животна средина измерија дека вчера, 10 септември, на мерното место во населбата Лисиче е надминат прагот од максимално дозволените вредности на ПМ ) честички од 50 мг/м3, ...

На 13 септември од 19 часот, во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, јазичната инцијатива „Зборци“ ќе ја одржи првата „Зборотворба на годината“. Од тимот на младите ентузијасти кои ја основаа инцицијативата велат дека тоа е нивниот роденденски подарок за македонскиот јазик. Настанот ќе се состои од неколку делови. Ќе започне со дискусија на тема „Македонски јазик: минато, сегашност, иднина“, на која ќе зборуваат Тамара Ќупева од Институтот ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против три лица за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата. Тројцата обвинети од 2020 до 2 септември 2025 вршеле откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови – отпади, без означена фирма, без да регистрираат правно лице и без да поседуваат соодветна дозвола за вршење дејност управување со отпад. Според ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека воздухот кој го дишат скопјани иако изгледа загадено, мерењата не покажуваат зголемени токсични вредности. Од вчера попладне, воздухот во Скопје силно мириса на изгорена гума откако се запали депонијата „Дрисла“, а граѓани споделуваат фотографии од кои се гледа дека густ чад има над градот. Пожарот што избувна вчера во 15:15 часот сè уште е активен и бидејќи не можеше да се изгаси со вода почна да ...

На депонијата „Дрисла“ и денеска има големо чадење, додека на дивата депонија „Вардариште“ нема ни горење, ни чадење и веќе ја обезбедуваат припадници на една агенција за обезбедување, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Тој кажа дека денеска ги посетил и двете депонии за да се увери во состојбата, додавајќи дека Владата денеска ќе го разгледува нивниот предлог за прогласување забрана за движење на ...

Европската Унија (ЕУ) воведува нов дигитален систем за контрола на границите, познат како Систем за влез/излез (ЕЕС), кој ќе започне со примена од 12 октомври 2025 година. Овој систем ќе го замени рачното ставање печати во пасошите со електронска евиденција и биометриски податоци, а ќе се однесува на патниците од земјите што не се членки на ЕУ, вклучително и на македонските граѓани, при секое влегување или излегување од Шенген зоната. Новиот ...

Чарли Кирк имал само 18 години кога ја основал организацијата „Пресвртница“ (Turning Point USA), со цел да шири конзервативни идеали на либерално настроените американски колеџи. Во моментов на неговото убиство, што се случи вчера на јавен настан на универзитет во Јута, Кирк важеше за еден од најугледните конзервативни активисти и верен сојузник на Доналд Трамп, на кого му помогна да освои многу гласови од младите на ланските избори. Тој ја ...

Премиерот на Катар ги засили критиките кон Израел поради нападот врз лидерите на Хамас во Доха, велејќи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја уништил секоја надеж за ослободување на заложниците што сè уште се држат во Појасот Газа. Коментарите на Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани го одразуваат поширокиот гнев во арапските земји поради нападот во кој загинале шест луѓе, но не и лидерите на Хамас кои биле мета. „Се сретнав со семејството на ...

Американските власти и натаму трагаат по убиецот на влијателниот конзервативен активист и коментатор Чарли Кирк, кој вчера беше застрелан додека држеше говор на јавен настан на универзитет во Јута, по што почина во болница. Властите кажаа дека сѐ уште немаат осомничен во притвор, а двете лица кои биле уапсени по пукањето биле ослободени откако било утврдено дека немаат никаква врска со тоа. „Единствениот сторител осомничен дека испукал еден ...

Американскиот десничарски активист и коментатор Чарли Кирк е застрелан на настан на Универзитетот Јута Вели во градот Орем во Јута и осомничениот напаѓач е во притвор. Триесет и едногодишниот Кирк, кој важи за влијателен сојузник на Доналд Трамп, е коосновач на „Turning Point“, најголемата конзервативна младинска организација во САД. „Фокс њуз“ објави дека Кирк е превезен во болница. „Чарли Кирк е застрелан на Универзитетот Јута Вели, неговата ...

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата „Дрисла“ во насока на Скопје, поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) Стојанче Ангелов. Од вчера попладне, воздухот во Скопје силно мириса на изгорена гума откако се запали депонијата „Дрисла“, а граѓани споделуваат фотографии од кои се гледа дека густ чад има над градот. Вечерва смрдеа на изгорена гума ...

Илон Маск ја изгуби титулата најбогат човек на светот од Лари Елисон, коосновачот на софтверската компанија „Оракл“ и сојузник на Доналд Трамп. Богатството на Елисон скокна на 393 милијарди долари денеска, надминувајќи го она на Маск од 385 милијарди, според индексот на милијардери на „Блумберг“. Акциите на „Оракл“ скокнаа за повеќе од 40% откако им даде на инвеститорите изненадувачки позитивна перспектива за нејзиниот бизнис со клауд ...

Шпанската влада поднесе закон за забрана на пушење на отворени места, вклучувајќи плажи, барови, ресторани, автобуски станици и стадиони. Забраната ќе се однесува и на електронските цигари, кои се сè попопуларни кај младите. „Секогаш ќе го ставаме јавното здравје пред приватните интереси. Секој има право да дише чист воздух и да живее подолг и подобар живот“, изјави министерката за здравство Моника Гарсија. Угостителскиот сектор го критикуваше ...

Израел ги нападна главниот град на Јемен, Сана и северната провинција Ал-Џавф, при што хутските медиуми објавија дека има повеќе загинати и ранети. Нападот се случи ден откако Израел се обиде да убие водачи на Хамас во Доха. Израелската војска потврди дека извела напади врз Јемен, велејќи дека се погодени воени кампови каде што биле лоцирани хутски оперативци. „Исто така, погодени се седиштето на хутската воена пропаганда и складиште за гориво“, ...

Генералниот секретаријат на Владата склучи договор вреден 59 милиони денари со ДДВ, или околу 960.000 евра, за изнајмување и ракување со опрема за симултан превод и аудио-видео поддршка за настани во следните две години. Откако СДСМ и Левица реагираа за набавката, тврдејќи дека станува збор јавна набавка за партиска кампања, од Владата соопштија дека станува збор за рамковна спогодба која е потранспарентна и финансиски поповолна од договорите ...

Руското министерство за одбрана кажа дека не планирало да напаѓа никакви мети во Полска, откако полскиот премиер Доналд Туск кажа дека 19 дронови влегле во полскиот воздушен простор за време на ноќешниот руски напад врз Украина. „Не беше планирано да се гаѓаат објекти на полска територија. Максималниот дострел на беспилотните летала што се користеа во нападот врз Украина не надминува 700 километри. Сепак, ние сме подготвени да одржиме ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
71%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1009
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
97%
1014
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
1.79
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1005
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.86
87%
1015
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
95%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Злато

135056.24

Калај

40.48

Паладиум

46425.68

Родиум

255598.44

Сребро

1878.05

Бакар

10.95

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Никел

473339.37

Платина

52952.77

Цинк

3.23

Кобалт

58.42