Белград
9ᴼ /
9ᴼ
Кинескиот претседател Шји Џинпинг и рускиот лидер Владимир Путин се снимени како разговараат за бесмртност и пресадување органи на маргините на вчерашната воена парада во Пекинг. Путин може да се слушне како вели дека е можно да се постигне бесмртен живот благодарение на иновациите во биотехнологијата, според преводот на неговите забелешки фатени на микрофон. Овој момент е фатен во преносот на кинеската државна телевизија, додека Шји, Путин и ...
Најмалку 15 лица загинаа, а 18 се повредени откако вагон на познатиот стар трамвај „Глорија“ во Лисабон излета од шините, соопштија службите за итни случаи. Португалските служби за итна медицинска помош соопштија дека петмина од повредените се во сериозна состојба. Останатите тринаесет, меѓу кои и едно дете, добиле полесни повреди. Претходно беше речено дека неколку лица биле заробени на местото на несреќата, но сите се ослободени, соопштија ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова смета дека нема потреба од нова декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите, која што најави дека ќе ја поднесе опозициската СДСМ. Сиљановска-Давкова денеска од Охрид ги повика сите политички партии да седнат во парламентот и да се договорат како ќе настапуваат надвор од државата. „По толку бели линии, сега да зборувате за црвени линии е апсурдно. Ние имаме декларација, и ...
Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје бара притвор за три лица осомничени дека се одговорни за пожарот на дивата депонија „Вардариште“ во Скопје на 31 август. Од Обвинителството соопштија дека со координирани дејствија на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи во изминатите два дена и извршени претреси на локацијата „Вардариште“ во Скопје по наредба на судија на претходна постапка, обезбедени се докази кои ...
Владимир Путин изјави дека преферира да ја заврши војната во Украина преку преговори, но и дека е спремен да ја заврши со сила ако тоа е единствениот начин. Зборувајќи на крајот на посетата на Пекинг, Путин кажа дека гледа „одредено светло на крајот на тунелот“, благодарение на искрените напори на САД да пронајдат решение за војната. „Ми се чини дека ако здравиот разум превладее, ќе биде можно да договориме прифатливо решение за крај на војната. ...
Александар Вучиќ изјави дека при посетата на Пекинг имал билатерални средби со повеќе од десет светски лидери, како и со кинески компании заинтересирани за вложување во Србија. Меѓу нив е компанијата „Кспенг“, која се занимава со развојот на летечки автомобили, најавувајќи дека тие ќе бидат претставени во Србија до 1 декември 2026, а ќе се користат на Експо 2027 во Белград. „Јас му ветив на народот и сите ми се смееја кога зборував за тоа. ...
Кина ги претстави своите стратешки сили на копно, море и воздух како нуклеарна тријада за првпат на денешната воена парада во Пекинг по повод Денот на победата. Тријадата вклучуваше ракета со долг дострел лансирана од воздух, интерконтинентална ракета лансирана од подморница и интерконтинентални ракети ланирани од копно. Воената парада не беше само демонстрација на сила, туку и огромна промоција на кинеско оружје за потенцијални купувачи, според ...
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави воведување на пет нови авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид, кои ќе бидат оперирани од страна на авиокомпанијата „Визер“. Од аеродромот во Скопје, од 6 април следната година ќе се воведат две нови дестинации: Неапол и Будимпешта. Од охридскиот аеродром, почнувајќи од 28 јуни следната година, ќе се лета кон три нови дестинации: Катовице, Вроцлав и Милано (Малпенса). Николоски ...
Граѓанската Иницијатива O2 ги повика сите кандидати за градоначалници јавно да ветат дека итно ќе ја решат еко-бомбата со дивата депонија „Вардариште“ во Скопје. Депонијата гореше во неделата, а со денови смрди од големиот пожар, во чие гасење учествуваа 5 противпожарни возила. Од вчера, жителите на Аеродром секој ден во 18 часот ќе ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ дури не се реши проблемот. „’Вардариште’ не може да ...
Безмилосно е претепано бездомно куче во Охрид пред два дена, и со тешки повреди е пренесено во ветеринарна клиника во Битола каде сѐ уште се бори за живот. Повредите на главата и телото кои му ги нанесе граѓанин од Охрид се сериозни. Насилството е случено пред очевидци, а случајот е пријавен во полиција. „Пеки е уште во лоша состојба, иако има малку позитивна реакција на терапијата. Рентгенот покажа дека, за среќа, скршеници нема, носот му е ...
Доналд Трамп го обвини Шји Џинпинг дека прави заговори против САД со лидерите на Русија и Северна Кореја. Тој се огласи додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада, на која Кина ги претстави своите најнови оружја, вклучувајќи нуклеарен интерконтинентален балистички проектил. „Ве молам, упатете ги моите најтопли поздрави до Владимир Путин и Ким Џонг Ун додека правите заговори против САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа. Трамп ...
Западните лидери не присуствуваа на големата кинеска воена парада за Денот на победата во Пекинг. Од европските земји надвор од некогашниот советски блок дојдоа само српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо, кои од различни причини беа таму. И двајцата присуствуваа на парадата за Денот на победата во Москва во мај, кога, исто како и сега во Пекинг, се сретнаа со Путин. Иако кандидат за членство во Европска Унија, ...
Самир Патрон и Бранко Караколев од Нов Дојран го исчистија отворениот канал долг околу 500 метри низ кој треба да се влева вода од Хидросистемот „Ѓавато“ во Дојранското Езеро, а на кој работеа речиси месец дена. Откако го исчистија горниот дел од каналот и ја искосија тревата околу него, тие денеска ангажираа и мини багерче за да ги исчистат последните метри од бетонскиот канал, а ангажманот го плати Агим Мехмети од Стар Дојран. Тие велат тој ...
Доналд Трамп изјави дека САД извеле напад врз пловило кое превезувало дрога во Јужни Кариби, при што се убиени 11 „наркотерористи“. Тој додаде дека американската војска нападнала членови на венецуелската банда Трен де Арагва. „Пловилото било во меѓународните води и превезувало илегални наркотици наменети за САД. Американските сили уништија брод со многу дрога во близина на Венецуела. Како резултат на нападот убиени се 11 наркотерористи“, кажа ...
Кина демонстрираше моќ и ги претстави своите најнови оружја пред Владимир Путин и Ким Џонг Ун на големата воена парада во Пекинг, при што кинескиот претседател Шји Џинпинг предупреди дека светот се соочува со избор помеѓу војна и мир. Со раскошната парада се одбележаа 80 години од предавањето на Јапонија и крајот на Втората светска војна, а меѓу 26-темина шефови на држави и влади беа и лидерите на Иран, Белорусија, Србија, Куба, Мјанмар и ...
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Пекинг по 24-часовно патување со воз, а го придружува неговата ќерка Ким Џу Ае. Ким утре ќе присуствува на голема воена парада, со која Кина ќе одбележи 80 години од предавањето на Јапонија и крајот на Втората светска војна, при што се очекува да покаже свои најнови и досега невидени оружја. Фотографии го покажаа Ким како излегува од својот оклопен воз на железничката станица во Пекинг, при што го ...
„Нестле“ го отпушти својот извршен директор Лоран Фрекс по истрагата за „непријавена романтична врска“ со една од вработените, за која беше утврдено дека го прекршила кодексот на деловно однесување. Фрекс работел во компанијата 39 години, а лани во септември беше назначен за директор. „Ова беше неопходна одлука. Му благодарам на Лоран за неговите години служба“, изјави претседателот на „Нестле“, Пол Булке, кој ја водеше истрагата. На местото на ...
Економистот и граѓански активист Зоран Тодоров (47) е втор независен кандидат за градоначалник на Кочани на претстојните Локални избори, објави тој на Фејсбук. Тодоров е еден од основачите на неколку организации и здруженија, меѓу кои ротари-клубот „Кочани-Виница“, Православното здружение на граѓани „Воскресение“ и „Одбор за здрав живот“. Во моментов го раководи Центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани”, објави МИА. „Вчера ја поднесов ...
Русија и Кина го одобрија новиот гасовод „Моќта на Сибир 2“, но сè уште не се согласиле за цената, соопшти „Газпром“. Цевководот, низ кој во иднина ќе поминуваат 50 милијарди кубни метри гас годишно, ќе поминува до Кина преку Монголија од арктичките наоѓалишта во Јамал. Ова ќе му помогне на најголемиот потрошувач на енергија во светот да се заштити од идна зависност од американскиот течен природен гас. Извршниот директор на „Газпром“, Алексеј ...
„Вог“ ја именуваше Клое Мал – ќерка на славната актерка Кендис Берген и прочуениот француски режисер Луј Мал – за нова глава уредничка. Таа ја презема функцијата од легендарната уредничка Ана Винтур, која објави дека се повлекува во јуни откако го водеше изданието 37 години. 39-годишната Мал претходно беше уредничка на Вог.ком (Vogue.com) и водителка на подкастот „The Run-Through with Vogue“. За неа првпат се шпекулираше минатиот месец дека е ...
За 18 септември во Основниот суд во Штип е закажано судењето на таткото-насилник, кој на 24 август во Штип влета на фудбалскиот јуниорски натпревар меѓу Брегалница и Шкупи и поради судиска одлука против неговиот син од Шкупи, нападна и повреди два негови противнички соиграча од 14 години. Кривичното дело е оквалификувано како насилство, а притворот го издржуваа во затворот во Куманово. Обвинетиот изврши грубо насилство на 24 август на стадионот ...
Со години се распаѓаат две куќи во близина на Античкиот театар во Охрид под кои има археолошки наоди. Семејствата Момирови и Дамјаноски, на кои им е одземено правото на сопственост, половина век чекаат експропријација, но до ден-денес не добиле обесштетување оти, како што секојпат ги известувале, немало предвидено пари за тоа. Со години гледаат како им се распаѓаат куќите во кои не живеат оти нема услови за тоа, а немаат ни право да ги обноват ...
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави дека неговата партија до петок ќе ја официјализира Резолуцијата со црвени линии во однос на францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Тој изјави дека иако ги разбира граѓаните кои на изборите се изјаснија против внесување на Бугарите во Уставот, тоа е барање што доаѓа од Европската Унија, а неправењето ништо би било најлоша опција. Филипче смета дека ниту еден ...
Сулејман Љамалари познат како Командант Барути, денеска доби неправосилна пресуда од судија на Кривичниот суд Скопје, за насилство врз градоначалничката Данела Арсовска додека откриваше дивоградби во Чаир. „Судот го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 (две) години, а поради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо ...
Надминат е проблемот со превозот на дел од учениците од околните села во Велешко, откако тие вчера не заминаа на училиште. Тоа се случи со стотина средношколци од Лозово, Мелница, Лисиче, Караслари, Сливник и други села. Превозникот од село Караслари без објаснување во на 27 август најавил дека нема да вози. Денеска превозникот продолжжи со работа. Проблемот со останатите ученици е од селата каде што нема меѓуопштински јавен превоз и автобусите ...
Студентскиот дом при Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ) е пушен без технички преглед и употребна дозвола, вели меѓу другото ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работата на Министерството за образование и наука (МОН). ДЗР вели дека биле утврдени неправилности во начинот на користењето на јавните средства во МОН. Со извршената ревизијата на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на МОН за 2023 година биле ...
Жители на Аеродром најавуваат дека секој ден во 16 часот ќе ја блокираат раскрсницата меѓу булеварите „АСНОМ“ и „Србија“ дури не се среди проблемот со дивата депонија „Вардариште“, која гореше и во неделата. Всушност, решение бараат веднаш и велат дека не ги интересира што доаѓаат избори. За време на најновиот пожар во „Вардариште“, од безбедносни причини исклучени беа далекуводите што ги напојуваат со електрична енергија населбите Аеродром и ...
Над 40 ученици од прво до петто оделение во подрачното училиште во штипското село Радање, поради реновирање на училиштето не ја започнаа наставата во своето село туку во ОУ„Страшо Пинџур“ во селото Карбинци. За сите ученици кои ја посетуваат наставата во ова училиште обезбеден е бесплатен превоз. „Поради комплетно реновирање на селското училиште во Радање, создадовме услови и згриживме над 40 ученици од подрачното училиште од прво до петто ...
Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека државата се соочува со нов скандал поврзан со нелегално прислушување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години. На овие обвинувања реагираше поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, кој ги негираше ваквите тврдењата и побара од актуелниот директор на Агенцијата Бојан Христовски веднаш да ги декласифицира документите за наводните злоупотреби. ...
Белгија ќе ја признае палестинската држава на претстојното Генерално собрание на Обединетите нации, што почнува на 9 септември, објави министерот за надворешни работи Максим Прево. Тоа истовремено ќе биде проследено со санкции за израелската влада. „Белгија ќе ја признае Палестина и ќе воведе строги санкции за израелската влада“, напиша Прево на Икс. Таа појасни дека нејзината влада ќе воведе 12 санкции за Израел на национално ниво како одговор ...