Во средината на декември, во Завод и Музеј Битола ќе биде отворена Спомен-собата посветена на Кирил Македонски (1925-1984), композиторот на првата македонска опера „Гоце“, голем музичар, диригент, автор на пет симфонии, камерни дела, над 300 детски песни, хорски дела и други композиции. Во неа ќе биде сместена оставнината на композиторот која на Завод и Музеј му ја подари неговата ќерка Пламенка Македонска. Во установата секојдневно ...

Украина ќе добива увоз на гас од Грција за да помогне во покривањето на зимските потреби, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, ветувајќи дека ќе обезбеди речиси 2 милијарди евра за компензација на руските напади врз домашното производство. „Денес веќе подготвивме договор со Грција за гас за Украина, што ќе биде уште еден пат за снабдување со гас за да се обезбеди увоз за зимата колку што е можно повеќе“, рече тој во изјава за ...

Од Собранието бараме да формира независна комисија за испитување, оти останавме со сомнеж дека вистината остана скриена, рече на денешниот протестен марш во Скопје, Наталија Ѓоргиеска, сопруга на пејачот од групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески, еден од загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Во пожарот на 16 март загинаа 63 главно млади луѓе, а над 200 беа повредени. Ова е прв марш во Скопје организиран од граѓанските иницијативи ...

Македонскиот народен театар (МНТ), после неколкумесечни одложувања, ќе ја прослави 80-годишнината од основањето со премиера на 29 декември, со претставата „Сонцето, колку е блиску сонцето Made in MNT“ во режија на Дејан Пројковски. Премиерата првично беше закажана на 3 април, кога е роденденот на МНТ, па презакажана за 13 ноември поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март во кој загинаа 63 луѓе, а беа повредени над 200. Наместо ...

1 Што им стана на судиите, па се одважија да му пишат на премиерот Мицкоски дека ја „преминал границата на добро однесување“? Откако три месеци секојдневно ги навредува дека не си ја заслужуваат ни платата што ја добиваат, па уште пред некој ден им понуди и дел од својата плата како донација „ако судат според закон“, Врховниот суд, Судскиот совет и Здружението на судии му пишаа дека „најголем проблем во судството е независноста на судиите, ...

Маж претрпел тешки повреди на главата откако бил удрен од воз во западна Германија додека стоел на перонот гледајќи во својот телефон, соопштија властите. Инцидентот се случил на железничката станица Лајхлинген во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Според полицијата, човекот бил занесен во мобилниот телефон и стоел премногу блиску до работ на перонот. Кога возот се приближувал кон станицата, машиновозачот дал предупредување и ...

Уште двајца туристи се примени в болница во Истанбул со симптоми на труење со храна, откако починаа Германка и нејзините две деца. Тие престојувале во истиот хотел во населбата Фатих во градот како и германското семејство. Таткото, мајката, 6-годишниот син и 3-годишната ќерка дошле во Истанбул на 9 ноември, таткото сè уште е на интензивна нега. Мајката и децата денеска се погребани во Афјонкарахисар во западна Турција, од каде потекнува ...

На тридневната манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш се очекува да се изедат над 10.000 самуни, како што радовишани ја викаат пастрмалијата, и исто толку парчиња татлија, традиционално благо кое како десерт се јаде после самунот, а се готви со пресно сирење. Цената на самунот е 250 денари, а на татлијата 100 денари за сто грама. Ова е 11. издание на манифестацијата во организација на Општина Радовиш, а последниве четири години наместо ...

Илјадници домородни и меѓународни активисти за борба против климатските промени маршираа низ центарот на Белем, Бразил каде што се одржува Конференцијата на ОН за климатски промени (ЦОП30). Со „Маршот за климата“, демонстрантите се борат за климатска правда и одбрана на предците на домородните заедници, кои се загрозени од дрвосечачи и нелегални копачи на злато. За разлика од претходните конференции за климатски промени во авторитарни држави ...

Малезиската актерка Мишел Јео ќе добие почесна Златна мечка на Филмскиот фестивал во Берлин, кој ќе се одржи од 12 до 22 февруари. Берлинале соопшти дека оскаровката Јео ќе биде наградена за „нејзините извонредни достигнувања во филмот и трајното влијание врз меѓународниот филм“. Јео, која беше членка на меѓународното жири на Берлинале во 1999, доби Оскар за најдобра актерка во 2023 за „Сè секаде одеднаш“. Почна да глуми во 1980-тите, со ...

Министерството за правда на САД потврди дека ќе ги истражи наводните врски на педофилскиот финансиер Џефри Епстајн со големи банки и неколку истакнати демократи, меѓу кои и поранешниот претседател Бил Клинтон. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ќе побара од државната обвинителка Пам Бонди и ФБИ да ја испитаат „вмешаноста и врската“ на Епстајн со Клинтон и други. Бонди изјави дека министерството „ќе го изврши ова со итност и ...

Четириесет и осум лица, од кои 23 негуватели, се вработени изминативе месеци во Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје, рече вчера министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество. Меѓу вработените се и 22 хигиеничари, двајца возачи и еден лаборант. Еден доктор е упатен на специјализација по интерна ...

Полициските сили на Долниот дом на германскиот парламент, или Бундестаг, предупредија неколку парламентарни групи за сомнителни уесбе-стикови што беа испратени до канцелариите на пратениците по пошта. Пакетите проследени со писма на англиски јазик беа примени од неколку групи оваа недела, соопшти вчера конзервативната парламентарна група. Други групи од Бундестагот, исто така, потврдија дека примиле пакети. Во никој случај уесбе-стикот не ...

Македонскиот кандидат за Оскар за најдобар странски филм, документарецот „Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, доби две значајни номинации за наградата Филмско око (Cinema Eye Honors), една од најреномираните светски признанија за документарни филмови. „Силјан“ е меѓу 12-те филмови кои добија номинација за Наградата на публиката (Audience Choice Prize). За оваа категорија номинациите се добиваат по гласање на 60.000 гледачи низ целиот ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно следната недела ќе ја тужи „Би-Би-Си“ за дури 5 милијарди долари, откако британскиот радиодифузер призна дека погрешно монтирал видео од неговиот говор, но инсистираше дека нема правна основа за неговото барање. Британската радиодифузна корпорација е во најголемата криза во последните децении откако двајца високи директори поднесоа оставки по обвинувањата за пристрасност, меѓу кои и ...

Жител на Неготино е обвинет за расизам зашто на социјалните мрежи повикувал на ромите да им се забрани гласање на избори. Обвинителството соопшти дека по спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривичното дело Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик. „Обвинетиот ...

Врховниот суд, Судскиот совет и Здружението на судии денеска писмено му се обратија на премиерот Христијан Мицкоски, кажувајќи му дека со секојдневните критики без аргументи врз сите судии, всушност, нема намера да мрдне прст и да направи нешто за судството. „Веќе подолго време Вашите коментари кои ги давате за судиите и судството ја преминаа границата на доброто однесување и преминаа во неаргументирани и паушални напади. Критиката е ...

Во Скопје се забранува фрлање комунален отпад во контејнерите во периодот од 22 часот до 6 часот, а за непочитување следи парична казна од 50 евра, одлучи денеска Советот на Град Скопје на втората седница. Првите неколку месеци ќе важат само опомени. Според образложението на службите на Град Скопје, целта на одлуката е да се воведе правна рамка со која ќе му се помогне на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ при собирањето на сметот. ...

Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека спие само два до четири часа ноќе, што предизвика загриженост во врска со нејзината посветеност кон подобра рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот кај заморените работници во земјата. Такаичи им рече на пратениците дека преживува со минимален сон, навика што ја дели со нејзината политичка хероина Маргарет Тачер, откако беше прашана како би се справила со озлогласеното долго работно време во ...

Неколку луѓе загинаа и има повредени откако автобус удри во автобуска постојка во Стокхолм. Трагедијата се случи околу 15 часот во централниот дел на градот. Полицијата го опиша инцидентот како тешко убиство од небрежност и засега не го објави бројот на жртвите. Националната телевизија СВТ кажа дека двокатниот автобус ѝ припаѓа на компанијата „Трансдев“, која ја води локалната автобуска служба во северен Стокхолм. Еден очевидец изјави дека ...

Извршена е прва трансплантација на рожница во Македонија во јавното здравство, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за очни болести беа изведени девет трансплантации на рожница, под менторство на медицинска делегација од Универзитетот Дјук од САД, една од водечките светски институции во клиничката медицина. Од изведените интервенции, според медицинска индикација, две беа направени со методата ДМЕК – најсовремена техника при која ...

Ивана Ѓорѓиевска од Движењето ЗНАМ, која беше носителка на листата, денеска е реизбрана за претседателка на Советот на Општина Куманово. Таа беше единствен предлог и избрана е со 19 гласа само од мнозинството на Советот, без поддршка од опозицијата. Во првото обраќање пред новите советници, рече дека ќе работи во интерес за граѓаните и за развој на Општината. Најави соработка со градоначалникот Максим Димитриевски кој е лидер на нејзината ...

Годинава Скопје ќе биде украсено за Нова година и ќе има новогодишна прослава за што ќе бидат потрошени 70.000 евра, кажа градоначалникот на главниот град Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје за ребаланс на буџетот. Со буџетот за 2025 година пари за новогодишно украсување и прослава на Нова година немаше предвидено бидејќи ексградоначалничката Данела Арсовска не распишуваше тендер за китење. Градот минатите години се ...

Со резерва дали да се обраќа со истите неисполнети барања од лани, како што рече, Државниот обвинител Љупчо Коцевски денеска пред собраниската Комисија за финансирање и буџет побара од пратениците да интервенираат амандмански на дополнително ускратените средства за работа Обвинителството, од страна на Министерството за финансии и Владата. Доведено е во прашање функционирањето на органот на гонење кривични дела во Македонија, предупреди тој. ...

Преоптоварен кабел за струја го предизвикал смртоносниот пожар во дом за стари лица во Тузла минатата недела, соопштија властите, додека бројот на жртви се искачи на 15. Како што покажала истрагата, кабелот од радиото што го користел еден од штитениците бил стегнат меѓу неговиот кревет и ѕидот, што довело до краток спој и пожар вечерта на 4 ноември. Пожарот што избувна на седмиот кат од зградата усмрти 11 лица на самото место, а 30 беа ...

Десет пациенти биле непотребно упатени или непотребно оперирани за кардиохируршки и кардиолошки интервенции во здравствените институции низ земјава, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција во Владата, заедно со членовите на стручната комисија при Министерството за здравство. Алиу на крајот на август ја формираше Комисијата откако кардиохирурхот д-р Сашко Кадев обвини за непотребни операции во приватното здравство. ...

Општина Аеродром денеска почна да ја урива заградената летна тераса на кафулето „Дежаву“ кај ТЦ „Капитол мол“. Како што велат од Општината, тревникот кој беше претворен во кафуле сега повторно ќе биде целосно отворен и вратен на користење на сите граѓани. „Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град Скопје, но чија важност е истечена. Бидејќи објектот нема важечко ...

Странците кои аплицираат за виза за живеење во САД би можеле да бидат одбиени ако имаат одредени здравствени состојби, како дебелина, дијабетес или рак, според наредбата издадена од владата на Доналд Трамп минатата недела. Упатството што Стејт департментот го испрати до амбасадите и конзуларните претставништва им наложува на службениците за визи да ги сметаат кандидатите за неподобни за влез во САД од неколку нови причини, вклучувајќи ги ...

Уметничкиот директор на Операта Христо Саракинов е избран за претседател на Советот на Општина Карпош. Тој на локалните избори беше носител на листата за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Саракинов лани беше назначен за уметнички директор на Операта, откако Оливер Арсовски стана генерален директор на Националната опера и балет (НОБ). Оваа институција има и уметнички директор на Балетот, примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска. Саракинов ...

Амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер на гимназијата „Јосип Броз-Тито“ од Битола ѝ го врачи брендот „LabelFranceEducation“, што го доделува француското Министерство за Европа и надворешни работи како признание за извонредност на двојазичните (билингвални) франкофонски паралелки во странство. Призанието гимназијата го доби на 20-годишниот јубилеј од почнувањето со работа на билингвалните паралелки на француско-македонски наставен јазик. ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
100%
1001
weather icon

Белград

6ᴼ / 3ᴼ
2.06
77%
998
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
996
weather icon

Софија

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
100%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.46
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
996
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1001
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1001
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1001
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
93%
1001
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
3.6
93%
997
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
3.6
56%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.33

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Калај

48.47

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Бакар

11.66

Родиум

336779.07

Злато

157055.75