„Мајка“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска ја освои наградата за уметнички придонес на 38. Меѓународен филмски фестивал во Токио. Наградата е една од шесте официјални на фестивалот, а Стругар Митевска.ја прими вчера. Гран-прито на фестивалот во Токио го освои филмот „Палестина 36“ во режија на Израелката Енмари Џасир. Филмот е за арапскиот револт против британскиот колонијализам во Палестина. Пред неколку недели, на Филмскиот ...

Северна Македонија, долгогодишен кандидат за членство во ЕУ, останува во застој и по последниот извештај на Европската комисија за проширувањето. Во анализата на тинк тенкот Советничка група за политики за Балканот во Европа (БиЕПАГ) се вели дека сагата продолжува, илустрирајќи ги опасностите од увоз на билатерални спорови за историјата и идентитетот во процес кој треба да се фокусира на демократски и економски реформи. Напредокот е сè уште ...

Американскиот министер за транспорт Шон Дафи изјави дека ќе го намали авиосообраќајот за 10% на 40 големи аеродроми во САД откако блокадата на владата влезе во рекордниот 36. ден. Драстичниот план ги натера авиокомпаниите да се обидат значително да ги намалат летовите во рок од 36 часа. Дафи кажа дека намалувањето ќе биде укинато ако Демократите дозволат повторно отворање на владата. Најдолгата блокада на владата во историјата на САД принуди ...

Владимир Путин им нареди на своите високи функционери да подготват нацрт-предлози за можно тестирање на нуклеарно оружје, што Русија не го направила од распадот на Советскиот Сојуз. Наредбата е одговор на неодамнешната објава на Доналд Трамп дека САД ќе продолжат со тестирања и сигнал дека двете земји со најголемите нуклеарни арсенали на светот забрзано би можеле да ги засилат геополитичките тензии. „Им давам инструкции на министерството за ...

Не само што онколошките пациенти во Битола може да очекуваат дека ќе добијат зрачна терапија во Битола, туку тоа ќе биде на брза трака, рече министерот за здравство Азир Алиу при денешната посета на битолската Клиничка болница. Тој додаде дека приоритетни им се вложувањата во Центарот за онкологија со цел пациентите болни од рак да не патуваат до Скопје, туку и хемотерапијата и зрачната да ја примаат во Битола. „Болницата има еден од ...

Русија вели дека е свесна дека Србија се наоѓа под голем притисок од западот, но најмалку би сакала српски куршуми да убиваат руски војници во Украина. Кремљ реагираше откако српскиот претседател Александар Вучиќ изрази подготвеност за извоз на оружје во членки на Европска Унија. „Најмалку што би сакале е да видиме како муниција и оружје произведени во братската Србија се користат за убивање руски војници во Украина. Москва сфаќа дека Србија ...

Со сведочење на инвеститорот на градбата, семејна куќа кај Градскиот пазар, при чие рушење падна и дел од зградата на Работничкиот универзитет во Велес, продолжи судскиот процес во Основен суд Велес. Џеват Лакота, сопственик на куќата која се рушеше, кажа дека тој со неговиот зет два месеци пред да се сруши објектот на Работничкиот универзитет, започнале со градежни активности со обезбедена дозвола за градба, но не и дозвола за рушење. ...

Денеска во големата сала на Општина Тетово се конституира новиот Совет на Општината по завршените локални избори. Од страна на Општинската изборна комисија беа предадени уверенијата на 31 советник. Новиот Совет на Општината претрпе мали промени во однос на претходниот состав. Според изборните резултати коалицијата на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има минимално мнозинство во Советот. ВРЕДИ освои 13 советнички места, едно повеќе во однос на ...

Полицијата лишила од слобода двајца возачи од Битола и Прилеп кои управувале возила со скоро 100 километри на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол. „Вчера, на 4 ноември во 16.04 часот на магистралниот пат Битола-Ресен, на место викано Превалец, полициски службеници од СВР Битола го лишијле од слобода Е.А.(47) од Битола. При контрола во сообраќајот со радар било констатирано дека управувал патничко возило ‘јагуар‘ со битолски ...

По изборот на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити за градоначалник на Чаир, Беким Сали ќе го замени само во делот прв вицепремиер. За министер за животна средина коалицијата „Вреди“ ќе предложи друг кандидат, кажа денеска портпаролот Дритон Сулејмани. Со тоа, од сегашните 6 министри, „Вреди“ ќе има 7, но со тенденција во претстојната владина реконструкција тој број да порасне барем за уште еден ресор/министер. Засега ...

Двете жртви од вчерашната сообраќајна несреќа која се случи на патот Прилеп-Градско се жители на кавадаречкото село Дреново. Од СВР Битола соопштија дека се работи за Ѓ. П. (35), кој управувал со едно од возилата кое учествувало во судирот и Б. П. (56), сопатник во автомобилот. Сообраќајката се случи вчера во 16:40 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп кај село Радобил, Прилепско, пред приклучувањето на експресниот пат за Велес. Во неа ...

Русија кажа дека украинските трупи во Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат зашто немаат шанси да преживеат. Руската војска се обидува да го освои Покровск уште од лани како дел од напорите да го заземе целиот регион Доњецк, од кој Украина и натаму контролира околу 10% или 5.000 квадратни километри. Место фронталните напади што ги користеа против други градови, руските сили се обидуваат да ги опколат Украинците во ...

Најмалку седум луѓе загинаа откако товарен авион се урна набргу по полетувањето од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Гувернерот Енди Бешир кажа дека меѓу загинатите најверојатно се тројцата членови на екипажот. Авионот експлодираше веднаш по полетувањето од меѓународниот аеродромот „Мухамед Али“, при што се повредени најмалку 11 луѓе. Официјални лица кажаа дека некои од нив имаат сериозни повреди и дека бројот на жртви би можел да порасне. ...

Двајца мажи и две жени измамиле, а потоа и натепале скопјанец и му зеле 200.000 денари (околу 3.200 евра). Една од жените е во бегство, соопшти Обвинителството. На 30 октомври оштетениот со една од осомничените жени отишле во мотел во Скопје, по што таа му предложила да повика уште една девојка. Оштетениот се согласил и осомничената ја повикала другата жена, па заедно го убедиле оштетениот да одат во друг поубав и поевтин хотел. „Излегувајќи ...

Компанијата „Аустријан ерлајнс“ идното лето ќе лета од Виена за Охрид. Првиот лет е закажан за 17 мај 2026 и картите се веќе достапни во резервациониот систем. За почеток, австриската компанија која е дел од „Групацијата Луфтханза“ ќе лета еднаш неделно, а во јули и август ќе ја одржува линијата два пати неделно со авион од типот „ербас- А320“. Последниот лет за идната година е закажан за 27 септември. Се очекува „Аустријан“ да ја пополни ...

Триесет и четиригодишниот демократ и левичар Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк, ветувајќи дека ќе ја врати власта на работничката класа и ќе се бори против непријателската администрација на Доналд Трамп. Мамдани ги порази некогашниот гувернер на Њујорк, Ендрју Куомо, кој доби поддршка од Трамп и републиканскиот кандидат Кертис Слива, што се смета за голема победа на прогресивното крило на Демократската партија. „Доналд Трамп, ...

Најмалку десет луѓе загинаа, а 20 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла. Пожарот избувнал на седмиот кат од зградата синоќа околу 20:45 часот и причината засега не е позната. Околу 20 луѓе се примени во болница и меѓу нив се штитеници на домот и припадници на спасувачките екипи, објави полицијата. „Според првичните информации, во пожарот настрадаа десетмина штитеници на домот. Целосна истрага ќе биде спроведена откако условите ...

Двајца загинаа, а петмина се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска околу 17 часот на патот Прилеп-Росоман во близина на село Радобил. Од Основното јавно обвинителство соопштија дека, според првичните сознанија, до несреќата дошло при претекнување и судар на два автомобили кои се движеле во иста насока. Меѓу починатите лица е возачот на едниот автомобил. Тројца од повредените се пренесени в болница во Прилеп, а другите ...

Француските обвинители отворија кривична истрага против ТикТок зашто не го заштитува менталното здравје на децата на своите платформи. Ова е првпат заштитата на малолетници на социјалните мрежи да доведе до кривична постапка. Таа следува по парламентарната истрага предводена од социјалистичкиот пратеник Артур Делапорт, која ги презентираше своите наоди на 11 септември. Единицата за сајберкриминал на париската полиција отворила кривична ...

Очув и мајка се под истрага за сексуална злоупотреба на 16-годишната ќерка, соопшти Обвинителството. Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против сопружниците кои се осомничени за продолжено кривично дело Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик. „Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на ...

Европската Унија би можела да прими нови членки до 2030 година, изјави еврокомесарката за надворешна политика Каја Калас, при што како водечки кандидати беа истакнати Црна Гора и Албанија, но во исто време беше критикувано назадувањето во Србија и уште поостриот демократски пад во Грузија. Ова следува откако Европската комисија ги објави своите годишни извештаи за 10-те земји кои се стремат да се приклучат кон ЕУ. „Приклучувањето на новите ...

Европската комисија го пофали целосното усогласување на Северна Македонија со надворешната политика на Европска Унија, но предупреди дека преговорите за пристапување остануваат блокирани сè додека таа не го исполни своето ветување од 2022 за вклучување на Бугарите и другите групи во својот устав, стои во нацрт-заклучоците од новиот извешај за проширување, што ќе биде објавен денеска. Како што објави „Јуроњуз“, извештајот, исто така, ја ...

Руските и украинските војници водат борби среде урнатините на Покровск, транспортен и логистички центар во Доњецк во источна Украина, што Москва се обидува да го освои повеќе од една година. Украинската војска соопшти дека се водат жестоки борби во дел од градот, што е клучен за нејзината логистика на фронтот. Се наведува дека таму пристигнале дополнителни специјални сили и дека се испраќаат повеќе оружје и опрема. Руското министерство за ...

Актерката Даниела Иваноска одржа трогателен говор синоќа на свечената седница на Советот во Прилеп подигајќи ја општинската награда, плакета „3 Ноември“ која му се додели на Народниот театар „Војдан Чернодрински“. Театарот годинава слави 75 години традиција, а пред седум месеци остана без објект зашто бил небезбеден за масовни настани. „Ви се извинувам што нема да ви се извинам. Вечерва му се доделува награда на Народниот театар ‘Војдан ...

Битолскиот адвокат Горан Дамевски го освои врвот Ама Даблам висок 6.812 метри на Хималаите во Непал, вчера, ден пред 4 Ноември, кога Битола слави 81 година од ослободувањето на градот. „Искачувањето на почеток не беше планирано за роденденот на најградскиот град, требаше да биде начелно за 29 октомври, но со природата нема игра. На крајот на денот, испадна така како што треба да биде. Нема случајни работи“, рече Дамевски за САКАМДАКАЖАМ.МК. ...

На Клиниката за кардиологија е воведена нова процедура, аблација за коморна тахикардија и пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство, рече денеска министерот за здравство Азир Алиу. „Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат ...

Дик Чејни, најмоќниот американски потпретседател во историјата и главен архитект на „војната против тероризмот“, почина на 84 години, објави неговото семејство. Чејни беше 46. потпретседател на САД, служејќи два мандата со претседателот Џорџ Буш од 2001 до 2009 година. Тој со децении беше моќен играч во Вашингтон, но во последните години се најде во немилост на Републиканската партија поради критикувањето на Доналд Трамп, кого го опиша како ...

По големата пауза за локалните избори, претседателот на Собранието Африм Гаши ги викнал на координација координаторите на пратеничките групи, на која не зборувале за Кривичниот законик кој амнестира и ослободува функционери од корупција и од злоупотреба на службената положба и овластувањата, туку за носење нов Изборен законик. „Вратата за новиот Кривичен законик и за измените што ги бара Управниот суд во однос на амнестирачките членови во ...

Општина Центар ќе поставува уреди за мерење на бучавата од кафулињата. Како што најави градоначалникот Горан Герасимовски уредите ќе почнат да се поставуваат оваа недела, на местата каде што има најмногу поплаки од граѓаните. „Ќе се поставуваат на 30 локации, да видиме кои ни се оние ударни локации кадешто граѓаните најмногу се жалат за бучава во ноќните часови“, вели Герасимовски. Жителите на Општина Центар со години се жалат на бучавата од ...

Драматургот Дејан Дуковски, еден од најизведуваните македонски драмски автори ќе биде Автор во фокус на 60. јубилеен Македонски театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Фестивалот ќе се одржи од 12 до 19 јуни 2026. Фестивалот ќе му посвети ден на авторот во кој со различни содржини ќе биде потенцирана важноста на Дуковски за македонската театарска меморија и култура. Со повеќе од сто и педесет евидентирани премиерни изведби ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
2.06
100%
1000
weather icon

Белград

5ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
997
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
94%
994
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
79%
1001
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.57
98%
1001
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
993
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
1.79
90%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
87%
1000
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1000
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.13
92%
998
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
95%
996
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Родиум

336779.07

Кобалт

64.04

Калај

48.47

Паладиум

53434.54

Алуминиум

3.07

Цинк

3.33

Бакар

11.66

Иридиум

221848.72

Сребро

2457.28

Платина

83354.78