Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека „прави сè што може“ за да спречи средба со Владимир Путин во обид да се стави крај на војната. Американскиот претседател Доналд Трамп се обиде да ги состане двајцата лидери, но вчера рече дека „тоа е како масло и оцет… тие не се сложуваат баш најдобро“. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека Путин е подготвен да се сретне со украинскиот лидер „кога агендата ...
Од пристигнати 352 барања за упис во регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за изборите за Локалните избори за 2025, Државната изборна комисија (ДИК) регистрира 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. Средствата кои ќе се потрошат за платепно политичко рекламирање за медиумите се 66 отсто од буџетот на Државната изборна комисија за Локалните избори, или ...
1 Премиерот Христијан Мицкоски вели дека можеби локалните избори ќе бидат неуспешни, поради можноста независни граѓански листи да се поднесуваат само со два потписа. Откако Собранието не успеа, дури и по закажувањето на изборите, да донесе нов Изборен законик со кој ќе се регулира начинот на учество на изборите на независни кандидати, Мицкоски вели дека е „можно гласачкото ливче да биде 7-8 метри, можно е гласачкото ливче да ги обесхрабри ...
Министерот за одбрана Пит Хегсет го разреши генерал-потполковник Џефри Крус кој беше шеф на Агенцијата за одбранбено разузнавање (ДИА) на САД, чија првична разузнавачка проценка за штетата на САД врз иранските нуклеарни постројки го налути претседателот Доналд Трамп. Отпуштањето на Крус следи два месеци откако деталите за прелиминарната проценка на воздушните напади на САД врз Иран протекоа во медиумите. Проценката откри дека со нападите ...
Една понуда стигнала на тендерот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за доделување одобрение за нов мобилен оператор. Понудата е од „Оне Македонија телекомуникации“, македонска фирма на унгарската телекомуникациска компанија „4иГ“. На јавното отворање на понудите што се одржа денеска во АЕК, Комисијата за спроведување на тендерот рече дека понудувачот ги доставил сите документи и сега ќе се врши нивна евалуација, по што ќе се изготви ...
Три награди доби „Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Ѓеорги Унковски, на 31. Сараевски филмски фестивал, што заврши синоќа. Диџеј Ахмет“ ги доби Специјалната награда за перспектива на младите, наградата Синеуропа и Уникредит наградата на публиката. Ова беше и регионална премиера на филмот. Победник на Саревскиот фестивал е српскиот „Ветре, зборувај со мене“ на Стефан Ѓорѓевиќ кој ја освои наградата Срце на Сараево за најдобар филм и 16.000 евра. ...
Гислејн Максвел, соработничка на Џефри Епстајн, во јули му рекла на висок функционер на Министерството за правда дека не знае а за никаков „список на клиенти“ што му припаѓа на покојниот финансиер и сексуален престапник и никогаш не го видела претседателот Доналд Трамп да се однесува несоодветно, според транскриптот од интервјуто објавено вчера. „Никогаш не сум го видела претседателот во никаква несоодветна средина на кој било начин“, рекла ...
Приватните здравствени институции ќе мора задолжително да ги отворат нивните бази на податоци за да се следи здравствената патека на секој граѓанин, најави вчера министерот за здравство Азир Алиу. „Веќе работи комисија кај нас, ако има законски пречки да се отстранат веднаш, наредната недела, и ќе пуштиме писмо до сите приватни здравствени институции од 15. наредниот месец да мора задолжително да ги отворат базите за да може ние да ги агрегираме ...
Конкурс за вработување 19 лица во гимназијата „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар пред престојните Локални избори бил проблемот поради кој настанала целата драма со директорската смена во училиштето, беше кажано на денешната прес-конференција што ја одржаа досегашната директорка Маја Лозановска и адвокатот Жарко Стевановски. Тие до Основното јавни обвинтелство за гонење организиран криминал и копрупција (ОЈОГОКК) поднесоа кривична пријава ...
Компанијата „Рапид“ што го гради гасоводниот интерконектор со Грција од Неготино до Гевгелија ќе ги санира дефектите на Хидросистемот „Ѓавато“ на бунарското подрачје. Таму дел од водата што се испумпува поради пукнати цевководи завршува во реката Вардар и многу малку вода стасува до потисните пумпи кои ја пренасочуваат кон Дојранското Езеро. Во „Ѓавато“ денеска беше присутен премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека се детектирани сите места ...
Почна да се чисти и уредува подземниот паркинг под Музејот на Македонија во скопската Стара Чаршија, со што ќе се овозможи слободно место за паркирање за 120 возила. Проектот за уредување на просторот треба да биде готов за 10 дена, а денеска го претставија првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков. „Започнуваме со чистење и ...
Министерството за здравство до Јавното обвинителство на Македонија ја достави документацијата и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, за натамошно постапување согласно законските надлежности. Алиу на 8 август, по насоки на стручна комисија, поради констатирани неправилности, ѝ ги одзеде овластувањата на Стоматолошката комора, која меѓу другото дава лиценци за работа на лекарите стоматолози. ...
Рано изутринава, службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на МВР, при контрола на две возила од Тетово открила поголема количина цигари и дробен тутун. Двете лица се приведени и се сомничат за шверц со цигари. „Лишиле од слобода се две лица Б. З. (65) и И. Р. (67), двајцата од Тетово. При контрола на патничко возило ‘фолксваген голф‘ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Б. З., ...
„Силјан“, третиот документарец на Тамара Котевска, кој на 29 август ќе има светска премиера вон конкуренција на Вeнецискиот филмски фестивал, ќе има северноамериканска премиера на фестивалот во Торонто на 6 септември во документарната селекција за награди. Во Венеција, филмот ќе има вкупно 4 проекции, по две на 29 август и на 30 август. Во Торонто следната проекција е на 11 септември. Годинава во Венеција ќе има два македонски филма – покрај ...
После 10 дена, пожарот во „Јасен“ е ставен под контрола по врнежите од дожд утрово. Во „Јасен“ гореше мешана шума, а пожарот беше тежок за гасење бидејќи теренот е стрмен и непристапен. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов рече дека на одредени места од пожарната линија сè уште може да се забележи чадење и затоа ќе се продолжи со пешадиско дејствување. „Ќе продолжиме со пешадиско дејствување врз жешките точки ...
За првпат е потврдено дека има глад во градот Газа и неговата околина, вели тело за безбедност на храната поддржано од Обединетоте нации (ОН). Од ОН велат дека повеќе од 500.000 луѓе во Појасот Газа се соочуваат со „глад, сиромаштија и смрт“, а „катастрофалните услови“ се предвидува да се прошират во Деир ал-Балах и Кан Јунис следниот месец. Четири од телата на ОН – ФАО, УНИЦЕФ, СПП и СЗО – го повторија својот повик за итен прекин на огнот во ...
Амар Мециновиќ е кандидат за градоначалник на Скопје на партијата Левица. Мециновиќ е актуелен пратеник во Собранието, а пред тоа беше член на Советот на Град Скопје. „Јавниот превоз ќе ни биде примарен приоритет, потребни ни се нови автобуси и изнаоѓање на нов начин на јавен превоз. Исто така јавната чистота, борбата против загадување и носење на нов Генерален урбанистички план на градот ќе бидат мои приоритети. За сето ова ние се боревме како ...
По претставката за првиот од трите спорни огласи за вработување ова лето, кога беа примени потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, сопругот на директорката од ВМРО-ДПМНЕ на Централниот регистер на Македонија, сопругата на осуден за нападот на Собранието во 2017 година и други партиски кадри, трудовиот инспектор за работни односи направил инспекција во Македонска навигација (М-НАВ) и не утврдил повреди на Колективниот договор. Прво, претставката ...
Наставничка од западна Германија, која е на боледување повеќе од 16 години, мора да биде прегледана од лекар по судска одлука. Вишиот административен суд на Северна Рајна-Вестфалија вчера изјави дека работодавачот на жената – покраинската влада – имал право да наложи преглед во април 2025 – за да провери дали државната службеничка е способна да се врати на работа. Жената тврдеше дека е несфатливо што треба да биде прегледана по толку долг период ...
Дебитантскиот филм „17“ на Косара Митиќ ја доби наградата на „Авантпост медиа“ на индустриската програма Синелинк – Работа во тек (CineLink Work in Progress) на 31. Сараевски Филмски Фестивал што завршува денеска. Филмот, кој е во фаза на постпродукција, доби услуги во вредност од 30.000 евра во романското постпродукциско студио „Авантпост медиа“ од Букурешт кое е партнер на програмата Синелинк. „17“ на Митиќ беше меѓу 11 проекти во фаза на ...
Апелацискиот суд ја отфрли казната од 500 милиони долари што претседателот на САД Доналд Трамп требаше да ја плати во судскиот процес за граѓанска измама во Њујорк минатата година. Судијата Артур Енгорон во првостепената пресуда му наложи на Трамп да ја плати таксата за масовно зголемување на вредноста на имотот на Организацијата Трамп со цел да обезбеди поволни заеми. Во долгата пресуда објавена вчера, судиите од Апелациониот оддел на Врховниот ...
Германската федерална разузнавачка служба (НД) се сврте кон видеоигрите за да привлече нови таленти, откривајќи наслов со шпионска тематика на саемот за компјутерски игри Гејмском во Келн. Посетителите на штандот на агенцијата можат да ја играат играта „БНД легенди – Операција Блокбокс“, во која играчите ја преземаат улогата на таен агент испратен во фиктивна непријателска држава наречена Бетулан за да спречат сајбернапад. Играчите мора да се ...
Русија лансираше 574 беспилотни летала и 40 ракети врз Украина во едно од најсилните бомбардирања во последните неколку недели, велат украинските власти. Едно лице е убиено во напад со беспилотно летало и ракета врз западниот град Лавов, додека 15 се ранети во напад врз југозападниот регион Закарпатија. Нападите се случија во време кога американскиот претседател Доналд Трамп предводи дипломатски потези за запирање на војната. Украинскиот ...
Словачкиот и македонскиот јазик потекнуваат од иста база, а „малите јазици“ прават вакви значајни дела и потребно е светот да ги слушне и дознае за нив, рече словачкиот поет Иван Штрпка, годинашен добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата (СВП). Вечерва почнува 64. издание на Струшките вечери на поезијата (СВП), кое ќе трае до 25 август. „Вие сте држава што знае да ги почитува добрите вредности и задоволство ми е што денес сум ...
Потребна е јасна координација и одговорност, бидејќи наша обврска е до 1 февруари 2026 заедно со Албанија да доставиме извешај за напредокот во заштитата на Охридскиот Регион. Ова е предизвик, но и можност да се покаже дека кога се работи за национален интерес можеме обединето и заедно да делуваме. Наша должност е да го зачуваме Охридскиот регион за идните генерации, не само како наследство на УНЕСКО, туку и како дел од нашата културна и ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е можно локалните избори да бидат неуспешни поради можноста граѓански листи да се поднесуваат само со два потписа, откако Државната изборна комисија (ДИК) донесе Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи. Но, ако тоа се случи, како што кажа Мицкоски, Владата ќе именува владини повереници во Општините. „Сè е можно. Можно е гласачкото ...
Ќе се формира комисија со експерти од три различни земји, но не од соседството, за да се направат контроли во приватните здравствени институции, но исто така, ќе се продолжи и во јавните здравствени институции што се занимаваат со истата проблематика, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу. Прес-конференцијата на Алиу следи по изјавата на кардиохирургот д-р Сашко Кедев во интервју за Канал 77, дека во некои приватни болници се вршат ...
Претставувајќи се еднаш дека е Панче Тошковски, друг пат обвинител, измамник за кој МВР и Обвинителството не даваат подетални информации, во периодот од 15.07.2025 до 28.07.2025 година уверувал лице дека против него ќе биде поведена судска постапка ако не исплати околу 1.500.000 денари. Оштетеното лице, во четири наврати на различни локации во Скопје, му ги дало на осомничениот побараните парични средства. „Познавајќи го оштетеното лице од ...
Пожар утрово изби во бараките на поранешната фабрика „Макотекс“ во скопската населба Карпош 4, кај стара телевизија. Во моментов пожарот се гаси со неколку екипи на скопската Пожарна. „Пожарот на опожарените бараки т.н. лепенки се става под контрола. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица“, изјави Стојанче Ангелов ...
За дивата струшка депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на 2 километри од Охридското Езеро, ќе се расправа пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Стразбур ја прифати апликацијата за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга. Во постапката се бара утврдување на повреда на правата на пристап до суд, повреда на приватен и семеен живот и повреда на правото на ...