Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) објави нов Предлог-закон за рударство, кој веднаш стана еден од најкоментираните на платформата, а речиси сите коментари се со оценка дека се работи за штетно законско решение кое оди во прилог на рударската индустрија, а на штета на животната средина. Според јавно достапните коментари, иако законот содржи термини за заштита на ...
Гламурот е минлив, славата е минлива, вечни се делата, рече режисерот Дарко Митревски, на синоќешната специјална проекција во чест на 20 години од најгледната македонска црна комедија „Бал-кан-кан“. На проекција на отвореното кино на Синеплекс, дојде дел од екипата, а Митревски, кој е сценарист, режисер и продуцент на филмот, и кој долги години живее во Калифорнија, САД, ги поздрави гостите со видеопорака. „Приказната за бабата завиткана во ...
Швајцарија, Австрија, Унгарија, Турција, Саудиска Арабија и Катар се можни опции за места каде ќе се одржи средбата меѓу претседателите на Украина и Русија Володимир Зеленски и Владимир Путин. Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул вчера за Дојче веле (ДВ) изјави дека има „многу добри места“ во Европа за преговори. Тој додаде дека Берлин нема амбиција да биде домаќин и ја посочи Швајцарија како место кое „во минатото секогаш ...
Обвинителството почна истражна постапка по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи (МВР) против едно лице кое се закануваше со подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром. Лицето се товари за сторено кривично дело Тероризам и за него се бара притвор. Осомничениот на 16 август во 02:41 часот преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на ...
Среде новите посреднички напори за постигнување прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа, Израел ја спроведува најавената офанзива врз градот Газа. Министерот за одбрана Израел Кац даде светло зелена за мобилизација на 60.000 резервисти и го одобри планот на израелската армија за освојување на градот Газа, објави портпаролот на Министерството за одбрана. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, побара итен ...
Шеснаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс почнува вечерва во 20:30 часот, во Куршумли ан во Скопје. На програмата се краткиот „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот дански „Само на земјата“ на Робин Петре. За филмот „Бардо“ (Чешка, Словачка / 2025 / 27 мин.), режисерката е инспирирана од бардо, тибетско име за граничната состојба помеѓу смртта и повторното раѓање. Долгометражниот ...
Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 32-годишен скопјанец кој е осомничен за разбојништво. Според обвинителството, тој на 18 август влегол во куќата на негов соселанец во скопското село Бучимци. Лицето го покрил со маица и носел капа, а во домот влегол низ незаклучена врата. Во раката држел ловечки нож и кога го сретнал сопственикот во една од собите, му се заканил дека ќе го лиши од живот доколку не му даде пари. ...
Лидерите на Белорусија и Иран денеска потпишаа нови договори за зајакнување на билатералните врски во клучните области, вклучително и одбраната, соопштија двете влади. Претседателите Александар Лукашенко и Масуд Пежешкијан потпишаа пакет од 13 документи во белорускиот главен град Минск. Двете влади се ставени под строги санкции, ограничувајќи ги потенцијалните трговски партнери. Пежешкијан рече дека Иран ќе ѝ помогне на Белорусија да ги ...
Израел денеска даде конечно одобрение за контроверзниот проект за населување на окупираниот Западен Брег, кој ефикасно би ја пресекол територијата на два дела, а за кој Палестинците и групите за човекови права велат дека би можел да ги уништи надежите за идна палестинска држава. Изградбата на населби во Е1, отворен дел од земјата источно од Ерусалим, се разгледуваше повеќе од две децении, но беше замрзната поради притисокот на САД за време на ...
Русија денеска изјави дека обидите за решавање на безбедносните прашања поврзани со Украина без учество на Москва се „пат што не води никаде“, што е предупредување до Западот додека се бори да изработи гаранции за идната заштита на Киев. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров особено ја критикуваше улогата на европските лидери кои на 18 авгст се сретнаа со американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски ...
Црквата стара 113 години на далечниот север од Шведска пристигна на нова локација по дводневно патување. Црквата во Кируна беше во опасност од слегнување на земјата, по повеќе од еден век рударство на железна руда во стариот градски центар. Ова се случува затоа што најголемиот подземен рудник за железна руда во светот се заканува да го проголта градот. Подигната на огромни приколки, црквата беше преместена 5 км вдолж патот со максимална брзина ...
Во тек е десеттата археолошка кампања на локалитетот Врбјанска Чука, Прилепско, која е резултат на континуираната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Завод и Музеј – Прилеп. Како што велат од Центарот, целта на ова мултидисциплинарно истражување, во кое се вклучени и бројни европски институции, е темелно разбирање на неолитската населба на локалитетот и неговото подоцнежно функционирање во антиката и средниот век. Од ...
Кај три лица од Штип при претрес на дом биле најдени пушки и муниција. Како што соопштија од СВР Штип, на 19 август во 18,30 часот полициски службеници ги лишиле од слобода Е. Д. (21 ), Н. Р. (38 ) и 26-годишната В. М. „Постапувајќи по претходно добиени сознанија и во согласност со Е. Д. кој е еден од приведените, полициските службеници извршиле претрес на неговиот дом, каде биле затекнати Н. Р. и В. М., при што пронашле и одзеле три автоматски ...
И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на еден од тројцата директори. Премтим Коџаџику ќе го советува директорот во М-НАВ Фатмир Зимбери, кој е поставен од владејачката коалиција ВЛЕН. Пратеничката од Колчи-Коџаџику ни потврди дека нејзиниот син е примен на неодамнешниот оглас во Македонска навигација, оти тоа не е нешто за криење и дека тој подолго ...
Три арбитражни постапки се завршени во полза на државата, од кои штета за буџетот ако се изгубеа ќе беше 565 милиони евра. Ова денеска го кажа портпаролката на Владата Марија Митева, велејќи дека со доаѓањето на власт во јуни 2024, Владата наследила 8 активни меѓународни арбитражни постапки. Од нив, 3 постапки се инвестициски спорови и 5 трговски спорови, како и најава со опомени пред тужби за најмалку уште 4 постапки. Добиени се арбитражната ...
Со европска премиера на претставата „Приказната на Електра“ од Сашо Димоски, во режија на Дејан Пројковски, вечерва завршува 65. издание на Охридско лето. Претставата е копродукција на Театарската асоцијација на Јужна Кореја, театарската лабораторија „Артема“ и Охридско лето, а ќе се изведе во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. Премиерата беше на 26 јули како дел од програмата на Националниот театарски фестивал во Инчеон, Јужна ...
Жените на јавни функции во Битола се соочуваат со родово нетрпеливо однесување. Дури 43 од 50 анкетирани жени на функции или вклучени во јавниот живот потврдиле вакви искуства, но 10 ги пријавиле, а само во три од случаите имало санкции, покажа истражувањето на здружението „Журналист“ од Битола. „Загрижува податокот дека жените на јавни позиции избегнуваат да пријават случаи на родова нетрпеливост поради недоверба во институциите и мислење дека ...
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ одлучи да ги одржува летовите помеѓу Франкфурт и Скопје во текот на целата зимска сезона, иако со значително намален распоред, објави порталот „Екс ју авијација“. Авиокомпанијата во мај годинава одлучи да ги суспендира летовите од 1 февруари до 28 март 2026, за време на зимскиот распоред 2025/26, кој трае од 26 октомври до 28 март. Сепак, според објавата, оваа недела „Луфтханза“ ги ревидирала своите планови ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се нарече себеси „воен херој“ поради тоа што одобри воздушни напади врз иранските нуклеарни објекти. Во радиоемисијата на конзервативниот водител Марк Левин, Трамп рече дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „воен херој затоа што работевме заедно“. „Тој е воен херој. Претпоставувам дека и јас сум“, рече Трамп. „Никому не му е гајле. Но, и јас сум. Мислам, јас ги испратив тие авиони“. Се чинеше ...
Кремљ ги спушти очекувањата за претстоен самит меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а американскиот претседател Доналд Трамп го обнови повикот двајцата лидери да се сретнат за да разговараат за прекинување на војната во Украина. Притисокот за билатерален состанок следи по средбата на Трамп со Путин во Алјаска на 15 август, а на 18 август пречека седум европски лидери и Зеленски во Белата куќа. ...
Израелски воен претставник изјави дека генералштабот одобрил планови за повикување десетици илјади резервисти за да се започне нова фаза од операциите во некои од најгусто населените области во Газа. Зборувајќи под услов на анонимност во согласност со воените прописи, претставникот рече дека војската ќе дејствува во делови од градот Газа каде што израелската војска сè уште не дејствувала и каде што Хамас е сè уште активна. Израелските војници ...
Белата куќа вчера отвори официјален профил на ТикТок, додека се приближува нов рок за матичната компанија „Бајтденс“ да се откаже од делување во САД или да се соочи со целосна блокада во земјата. Првиот клип на профилот, објавен вчера, содржеше моменти од јавните настапи на Доналд Трамп, при што претседателот изјавува: „Јас сум твојот глас“. „Бајтденс“, со седиште во Кина, беше критикуван во САД поради стравувањата дека би можел да дозволи ...
На 23 август почнува почнува јавниот увид во Избирачкиот список за Локалните избори закажани за 19 октомври, кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. Најдоцна на 3 октомври Државната изборна комисија (ДИК) треба да го потпише заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид се ...
Македонија го доби арбитражниот спор со дел од инвеститорите од рудникот Казандол во Валандово и заштеди 115 милони евра, рече на денешната прес-конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој е и претседател на координативното тело на Владата за арбитражни спорови. „Државата беше тужена од страна на неколку инвеститори во рудникот Казандол во Валандово. Нивното барање беше оштета од 115 милиони евра и можам со ...
Ќе се реновира пругата од Скопје до Кичево, кажа денеска министерот за транспорт и врски Александар Николоски. Тој рече дека во првата фаза преку Европската унија ќе се обезбеди грант од 5,3 милион евра за физибилити студија и проект. Носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) која ќе избере консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди. По изработката на анализите, во втора фаза ќе ...
Кандидатката за градоначалничка на Општина Центар од „Независни заедно“ Билјана Ивановска, денеска самоиницијативно отиде во Обвинителство откако кривичната пријавата против неа ѝ беше врачена на 14 август, по 11 часа откако ја објави кандидатура за градоначалничка. Ивановска кажа дека пријавата е од лице кое било незадоволно од тоа што предметот кој бил отворен за него од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бил објавен јавно ...
Патници од Ресен вчера до Скопје патувале со автобус осум часа и за 198 километри потрошиле третина ден, поради сообраќајната несреќа на патот. Тргнале во 13,10, а стигнале околу 21 часот. При патувањето се погодило делницата да ја минуваат за време на тешката сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, 52-годишен битолчанец кој живеел во Гермнаија и 20-годишно момче од Охрид кое подоцна почина од повредите во Клиничката болница во Битола. ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека на самитот меѓу САД и Русија во Алјаска на 15 август било јасно оти американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим искрено сакаат да постигнат долгорочен и одржлив мир во Украина. Лавров рече дека атмосферата на самитот Путин-Трамп била „многу добра“. „Беше јасно дека шефот на САД и и неговиот тим, пред се, искрено сакаат да постигнат резултат што ќе биде долгорочен, ...
Вработените од Националниот парк (НП) „Шар Планина“, со цел да им излезат во пресрет на сѐ поголемиот број посетители, на шест најпосетени локации во паркот изградија дрвени засолништа. Овие градби ќе им обезбедат на посетителите засолниште при невреме и дождови, а воедно ќе бидат и места каде ќе можат да се одморат и да се засолнат од летните горештини. „Со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање поставивме нова ...
Жителите на охридското село Љубаништа и оние кои имаат куќи таму се жалат дека паркингот на селската плажа, кој до пред неколку дена беше бесплатен, се наплатува 150 денари. Од Националниот парк (НП) „Галичица“, во чија надлежност е плажата, велат дека тоа го направиле за да ги спречат дивите кампери кои со години недозволено ги поставуваат шаторите на плажата. „Жално е што Љубаништа остана без сопствена селска плажа. Националниот парк ...