Независна листа во Општина Центар поднесе приговор во Државната изборна комисија оти им го нема логото на гласачкото ливче. На листата со кандидати за градоначалници и советници за општина Центар не е испечатено логото, што според нив е спротивно на членовите од Изборниот законик 97 Став 1 и 98 став 1. „Врз нашите канидати е направена флагрантна дискриминација, ставање во нерамноправна положба и поништување на еднаквоста на избирачкото право. ...

До 13 часот излезноста на Локалните избори е 20,12 проценти. Како што кажаа од Државната изборна комисија, излезноста во Скопје е 20,07%. Во Општина Аеродром гласале 20,63% избирачи, Бутел 20,69%, Гази Баба 18,97%, Карпош 21,69%, Кисела Вода 20,89%, Центар 22%, Чаир 19,17%, Ѓорче Петров 19,67%, Сарај 21,18% и во Шуто Оризари 13,76%. Споредено со Локалните избори во 2021, излезноста во главниот град до 13 часот била 20,76%. Општини со ...

До 11:15 часот излезноста на Локалните избори е 9,38 проценти. Како што соопштија од Државната изборна комисија, од вкупниот број запишани избирачи досега гласале 154.275 граѓани или 9,38 проценти. Најголема излезност има во Општина Чашка – 22,60%, па следуваат Новаци – 19,13%, Пробиштип – 17,64%, Крушево – 16,97%, Крива Паланка – 16,85%, Кратово – 16,26%, Вевчани – 16,02%, Берово – 13,51%, Богданци – 14.55%, Гевгелија – 12,81%, Градско – ...

Израелската војска изврши напад во Газа денеска, намалувајќи ги надежите дека примирјето договорено со посредништво на САД ќе доведе до траен мир во енклавата. Израел потврди дека извел воздушни напади во јужниот град Рафа, откако го обвини Хамас за „грубо кршење на прекинот на огнот“. Портпаролот на војската кажа дека Хамас повеќепати ги нападнал израелските сили преку жолтата линија, област во која израелската војска се повлече во ...

Излезноста на Локалните избори до 9:15 часот е 3 проценти. Како што соопштија утрово од Државната изборна комисија, од вкупниот број запишани избирачи во избирачкиот список, стигнати се податоци од 76,91% од избирачките места. Според податоците од ДИК, во Битола излезноста е 3,38%, Богданци 4,68%, Боговиње 1.29%, Бутел 3,63%, Вевчани 5.02%, Врапчиште 0.87%, Гевгелија 4,30%, Гостивар 1,71%, Градско 5,61%, Делчево 4,11%, Дојран 5,06%, Карпош ...

Француските власти објавија дека имало грабеж во светски познатиот музеј Лувр, поради што тој ќе биде затворен денеска. Министерката за култура Рашида Дати кажа дека грабежот се случил утрово откако музејот бил отворен и дека нема повредени. „Полицијата е во музејот и истрагата е во тек“, изјави Дати, не откривајќи дали нешто било украдено. Француските медиуми известуваат дека тројца маскирани мажи упаднале во Лувр набргу по отворањето ...

Дваесет пријави за нарушување на изборниот молк се поднесени до Министерството за внатрешни работи. Од нив, шест се на подрачјето на СВР Скопје, четири на подрачјето на СВР Куманово, во СВР Велес три, по две во СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и една на подрачјето на СВР Струмица. „По преземени мерки, не се потврдени пријавите за 15 настани“, велат од МВР. Како што соопштија од Министерството, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за ...

Бројот на избирачи во Општина Битола на овие локални избори во однос на оние од 2021 е намален за околу 4.800, потврди претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски. Во однос на ланските претседателски избори бројката е приближно иста, но во однос на периодот од пред четири години, ова е големо намалување, најверојатно најголемо во државата. Нема точен податок на што се должи намалувањето на бројот на гласачи, но веројатно е ...

Софија Коради, основачката на образовната програма „Еразмус“, која испрати милиони млади луѓе да студираат низ Европа, почина во Рим на 91 година, објавија италијанските медиуми. Нејзиното семејство ја опиша како жена со голема енергија и интелектуална и емоционална дарежливост. Позната како Мама Еразмус, Коради ја добила престижната американска Фулбрајтова стипендија во свои 20-ти години, по што заминала на постдипломски студии на ...

„Пчињското изборно евангелие“ од 16. век е реставрирано, конзервирано и повторно вратено во депото на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. „Пчињското изборно евангелие“ важи за најстар ракопис зачуван во стариот, редок фонд во охридската библиотека. Ракописот е откриен од книжевниот историчар и истражувач на стари ракописи Михајло Георгиевски во необработениот фонд на библиотеката во 1999 година. „Денес кога велиме дека ...

Денеска, ден пред одредениот датум за локалните избори, гласаат затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни и лица во старските домови. Во казнено-поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2.162 затвореници, најмногу во КПД „Идризово“ 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, а во прилепскиот 119. Во своите домови ќе гласаат и лицата кои се во куќен притвор, а се пријавиле за гласање. ...

Милиони луѓе се приклучија на протестите против политиките на Доналд Трамп во градовите низ САД, вклучувајќи ги Њујорк, Вашингтон, Мајами, Чикаго и Лос Анџелес. Носејќи пароли како „Демократија, не монархија“ и „Уставот не е избор“, демонстрантите го осудија она што го сметаат за авторитарни тенденции и неконтролирана корупција на Трамп. Организаторите на протестите „Нема кралеви“ кажаа дека собири имало во повеќе од 2.600 места во САД и сите ...

На 92-годишна возраст почина проф. д-р Александар Стерјовски, универзитетски професор во пензија и најплодниот хроничар што досега го имала Битола. Погребот ќе се одржи в понеделник на Буковските гробишта во Битола. Стерјовски има објавено голем број книги посветени на битолската историја, а пред да почине подготвуваше уште една книга. Роден во 1933 година, Стерјовски студирал книжевност во 1953, осум години по кодификацијата на македонскиот ...

Државната изборна комисија поништи потврдена листа за членови на Советот на Град Скопје поднесена од Движењето за национално единство на Турците (ДНЕТ). Образложението е дека ДИК на 17 октомври по допрен глас дошла до информација дека на оваа листа има починато лице. ДИК предложи за овој случај понатаму да постапува Јавното обвинителство. „Согласно Деловникот и Изборниот законик, ДИК констатира дека се поништува листата за членови на Совет на ...

Велешани секој ден во колона чекаат возот да помине низ центарот на градот за да можат да преминат од една на друга страна на градот. Возачите се револтирани од ваквата состојба, која трае триесетина дена. Колона возила секојдневно се создава од центарот до зградата на театарот. „Патуваме за Скопје на работа, еден месец се случува возот наутро да сопре и не може да тргне. И така чекаме по 10-15 и повеќе минути. Каков ли дефект беше што толку ...

Исправена е печатната грешка на гласачките ливчиња во Општина Ново Село и материјалот е веќе доставен. Гласањето за болните ќе се одвива непречено и сите ќе го остварат своето право на глас до крајот на денот, рече денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко. Кондарко рече дека денешното гласање генерално се одвива без никакви проблеми, материјалот е навреме дистрибуиран од општинските изборни комисии до ...

Британскиот принц Ендрју, братот на кралот Чарлс, се откажа од сите свои кралски титули и почести, вклучувајќи ја и војвода од Јорк. Ендрју и Бакингамската палата беа под силен притисок на јавноста поради врските на принцот со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн. Ендрју кажа дека доброволно ги предава сите титули, додека продолжува да ги негира обвинувањата против него. „Во разговор со кралот и моето семејство заклучивме дека ...

Советникот на Кремљ, Кирил Дмитриев, предложи изградба на железнички тунел „Трамп-Путин“ под Беринговиот Проток, кој би ги поврзал САД и Русија, би иницирал заеднички истражувања на природни ресурси и би симболизирал единство. Проектот на Дмитриев, кој е советник за инвестиции на Владимир Путин, би чинел осум милијарди долари и би бил финансиран од Русија и меѓународни партнери. Изградбата на 112 километри долгиот тунел би траела околу осум ...

Нов крвен тест за повеќе од 50 видови рак би можел да ја забрза дијагнозата, според ново истражување спроведено во Северна Америка. Резултатите од истражувањето покажуваат дека тестот бил способен да идентификува широк спектар на канцери, од кои за три четвртини нема никаква форма на скрининг програма. Повеќе од половина случаи на рак се откриваат во рана фаза, кога лекувањето најчесто е полесно и поуспешно. Тестот „Галери“, развиен од ...

Грешно испечатени редни броеви на носители на советнички листи на гласачкото ливче во Општина Ново Село утринава го спречија гласањето на болни и изнемоштени лица во оваа општина. На овие локални избори во Општина Ново Село пријавени се 400 лица кои со медицинска документација потврдиле дека не можат утре да излезат на избирачките места да гласат, па согласно законот, своето право требаше да го остварат денеска. Избирачките одбори утрово не ...

Дрвени остатоци се откриени во најраните слоеви на археолошкиот локалитет Влахо во Пелагонија и ќе подлежат на натамошни анализи за да се утврдaт нивниот вид и нивната точна старост, која би можела да упати на едни од најстарите неолитски дрвени предмети откриени во Европа, соопшти Центарот за истражување на предисторијата. Деновиве завршија теренските истражувања на локалитетот Влахо, кои се одвиваа преку соработка помеѓу Центарот за ...

Од јануари до септември, меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид опслужиле 2,6 милиони патници и 20.141 лет. На двата македонски аеродрома во првите девет месеци има зголемување на бројот на патници за 6% во однос на истиот период минатата година, додека бројот на летови е зголемен за 3 отсто. „За овој константен тренд на раст на бројките во овие девет месеци во голема мера влијаеја новоотворените осум ...

Доналд Трамп и Владимир Путин договорија да се видат во Будимпешта овој месец за да разговараат за завршување на војната во Украина, што го покрена прашањето како рускиот претседател ќе стигне до Унгарија. Путин е под западни санкции и е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради воени злосторства и иако Унгарија кажа дека му гарантира безбеден влез и престој во земјата, Кремљ не знае како тој ќе патува дотаму. „Маршрутата на летот на ...

Володимир Зеленски се врати со празни раце од посетата на САД откако Доналд Трамп му навести дека не е спремен да му даде проектили со долг дострел „томахавк“. По срдечната средба во Белата куќа Зеленски кажа дека разговарале за ова со Трамп, но одлучиле да не даваат изјави зашто САД не сакаат ескалација. Трамп само ги повика Русија и Украина да запрат таму каде што се и да ја завршат војната. „Застанете на линијата на фронтот и одете си дома ...

Доналд Трамп кажа дека испраќањето на проектили „томахавк“ во Украина би била ескалација на војната, но ќе разговара за нив со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во третата посета на Белата куќа оваа година. Трамп неодамна најави дека би можел да ѝ даде проектили со долг дострел на Украина, но по вчерашниот телефонски разговор со Владимир Путин навести дека се премислува околу тоа. „Ќе разговараме за тоа. Тоа би ...

Две лица загинаа, а околу 80 се повредени откако се преврте автобус кај српскиот град Сремска Митровица. Српското министерство за внатрешни работи кажа дека автобусот превезувал работници на фирмата „Хелткер“. Полицијата соопшти дека автобусот од засега непознати причини излетал од патот и се превртел на покрив. „Сообраќајот на оваа делница е во прекин. Дел од автобусот е целосно деформиран од ударот во земјен насип“, објавија локалните ...

Доналд Трамп сака да остави трага во Вашингтон со изградбата на триумфална порта налик на онаа во Париз. Тој го најави планот на вечера за богати бизнисмени, кои ветиле дека ќе донираат пари за огромна балска сала во Белата куќа вредна 250 милиони долари. Трамп не кажа колку би чинела портата. „Ќе биде навистина убава. Мислам дека ќе биде фантастична“, рече Трамп. Многумина претседатели се обидоа да остават свој белег во Белата куќа, а Трамп ...

Контролорите на летање преку нивниот синдикат покажаа над 40 документи кои ако имаше судење, а не одлука за забрана на штрајк зад затворени врати, требаше да ги презентираат денеска пред судијката Сашка Трајковска во Граѓанскиот суд Скопје. Претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање, Александар Тасевски, кажа дека воопшто и не знаел оти раководството на Македонска навигација (М-НАВ) под водство на директорот Владимир ...

Семејството на Исак Андик, основачот на компанијата „Манго“, инсистираше дека неговиот син е невин откако медиумите сугерираа дека тој е потенцијален осомничен за смртта на милијардерот. Андик (71) почина минатиот декември откако наводно паднал од 100 метри во клисура додека планинарел во близина на Барселона со својот син Џонатан. Иако првичната истрага на каталонската полиција го прогласи случајот за несреќа, полициски и судски извори рекле ...

Од декември во основните и средни училишта во земјава ќе почне проектот „Фискална едукација“, со кој учениците ќе се запознаат со улогата на даночниот систем и да ги надоградат своите знаења за фискалната писменост. Министерството за образование и наука (МОН) и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска потпишаа меморандум за спроведување на проекот, затоа што, како што рекоа министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
998
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
70%
996
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
84%
996
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
998
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.31
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.0
94%
996
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.58
79%
1001
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
100%
997
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.6
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.06
91%
996
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Злато

157055.75

Родиум

336779.07

Калај

48.47

Платина

83354.78

Паладиум

53434.54

Цинк

3.33

Алуминиум

3.07

Сребро

2457.28

Бакар

11.66

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72