Во Србија и синоќа имаше нереди, судири, палежи и демолирања откако граѓаните во голем број се собраа на протестите под името „Вечерва пукате по шевови“, реагирајќи на инцидентите од претходната ноќ. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во повеќе градови, а во Нови Сад беше демолирана канцеларијата на владејачката Српска напредна партија (СНС). Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата успеала да ...

Светот е во очекување на денешниот самит на Алјаска, каде што Доналд Трамп ќе се обиде да го убеди Владимир Путин да ја заврши војната во Украина, што трае веќе три и пол години. Тоа ќе биде прва директна средба на американски и руски претседател од јуни 2021, кога Џо Бајден се сретна со Путин во Женева. Белата куќа кажа дека средбата во воената база „Елмендорф-Ричардсон“ во Енкориџ ќе почне во 11 часот по локално време, односно 21 часот по ...

Доналд Трамп кажа дека мисли дека Владимир Путин е спремен да постигне договор за крај на војната во Украина откако рускиот лидер навести дека на утрешниот самит на Алјаска ќе се разговара и за нов договор за нуклеарно оружје. „Мојот утрешен состанок со Путин е голем и важен состанок кој може да спаси многу животи. Верувам дека Путин и Зеленски можат да склучат мир. Сепак, не сум сигурен дали може да има моментално примирје“, кажа Трамп. ...

Меланија Трамп се закани дека ќе го тужи синот на Џо Бајден и ќе бара отштета од милијарда долари откако тој тврдеше дека Доналд Трамп ја запознал преку сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн. Адвокатите на првата дама на САД го опишаа тврдењето на Хантер Бајден како „лажно, омаловажувачко, клеветничко и провокативно“. Во интервју дадено овој месец, Хантер Бајден жестоко ги критикуваше врските на Трамп со Епстајн. Тие биле пријатели, но ...

Зорица Велковска е именувана за национална претставничка во Управниот одбор на Еуримаж, фондот на Советот на Европа за поддршка на копродукција, дистрибуција и прикажување на европски филмови, соопшти Агенцијата за филм. Управниот одбор е составен од националните претставници на сите земји-членки на Еуримаж. Велковска е културен стратег, советничка за културна политика и меѓународна соработка и коосновачка на Центарот за социјални иновации БЛИНК ...

Израелскиот крајнодесничарски министер за финансии Бецалел Смотрич изјави дека плановите за изградба на повеќе од 3.000 доселенички домови на окупираниот Западен Брег ќе ја закопаат идејата за палестинска држава. Таканаречениот проект Е1 меѓу Ерусалим и населбата Мале Адумим е замрзнат со децении поради жестокото меѓународно противење. Градењето би го отсекол Западниот Брег од окупираниот Источен Ерусалим и значително би го попречило неговиот ...

Пожарот во Јасен стигна до објектите на јавното претпријатие, но веднаш е интервенирано и тие не се запалени. Како што кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, пожарот е многу тежок за гасење бидејќи станува збор за стрмен терен, со зимзелени дрвја и пожарникарите не можат да пристапат. „Со брза, енергична и одлучна акција со повеќе возила кои претходно беа поставени во полукружна одбрана, огнот беше сопрен ...

Најдоцна до утре ќе биде пуштена во функција клучката кај Подмоље на автопатот Кичево-Охрид, а ќе биде испочитуван и најавениот рок за завршување на авопатот, а тоа е крајот на 2026 година, кажаа на денешниот увид на градежните работи премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП за Државни патишта Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков. „Од Климештани до Охрид активно се ...

Вработените во пералницата на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ кои штрајкуваа од 12 август, од денеска се на работа и се надевам дека за максимум две недели ќе најдеме решение за неисплатените плати, кажа министерот за здравство Азир Алиу по посетатата на Клиничката болница во Тетово. Единаесет вработени во пералницата, коишто се грижат сите клиники да добијат чисти чаршафи за болните и хирурзите да добијат облека за операциите, почнаа ...

По реконструкцијата на улиците во населбата „Недопирливи“ во Битола, жителите се жалат дека месец и пол на повеќе места нема улично осветлување, а редовно плаќаат за него. „Живееме во населбата ‘Недопирливи’, во која пред две години почна генерална реконструкција на сите улици, над 2 километри, и сега скоро се готови преку 95 проценти. Навистина убаво и функционално се направени, работени по холандски проект. Но, повеќе од месец и пол на повеќе ...

Кремљ ги објави деталите за претстојниот историски самит Доналд Трамп-Владимир Путин, што ќе се одржи утре во воената база „Елмендорф-Ричардсон“ во Енкориџ, Алјаска. Тој ќе почне во 11:30 часот по локално време, односно во 21:30 часот по средноевропско време и двајцата лидери прво ќе имаат средба еден на ден во присуство на преведувачи, изјави советникот за надворешна политика на Кремљ, Јури Ушаков. „Потоа следуваат поширок состанок со делегации ...

Поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) фрлаа факели и петарди врз антивладините демонстранти во Нови Сад синоќа, што ја натера полицијата да интервенира, што претставува голема ескалација на деветмесечните протести во Србија. Студентите во блокада ја обвинија власта дека со вчерашните судири сакала да предизвика граѓанска војна. Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека се повредени 16 полицајци и околу 80 поддржувачи ...

Мојата кампања ќе се базира и фокусира на барање решенија, а не на обвинувања и лични навреди, зашто моите заложби секогаш биле граѓаните пред партиите, кажа Билјана Ивановска, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, која денеска и официјално беше претставена како кандидатка на „Независни заедно“ за градоначалничка на Општина Центар на претстојните локални избори. Од оваа платформа рекоа дека Ивановска е ...

Штрајкуваат 11 вработени лица во пералницата во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје, коишто се грижат сите клиники да добијат чисти чаршафи за болните и хирурзите да добијат облека за операциите, објави „Слободен печат“. Од февруари не им се исплатени платите затоа што Владата го нема реализирано договорот за јавно-приватно партнерство за стерилизација на инструменти, во чиј склоп е и пералницата. Таму, како што пишува медиумот, е упориште ...

Куманово го доби првиот независен кандидат за градоначалник, откако Горан Стојковски-Диро синоќа официјално ја претстави својата кандидатура, како и советничката листа на граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“. Симболично, промоцијата се одржа пред градскиот часовник кој, како што рече Стојковски, „веќе 20 години не работи и е симбол на застојот и хаосот во кој живее Куманово“. Стојковски по професија е правник и работи во Секторот за ...

Европските лидери остануваат претпазливо оптимистични по вчерашната виртуелна средба со Доналд Трамп, што се одржа два дена пред неговиот самит со Владимир Путин на Алјаска. Трамп наводно им рекол дека неговата цел на самитот е да постигне прекин на огнот помеѓу Русија и Украина, а според Емануел Макрон, тој се согласил дека безбедносни гаранции за Украина мора да бидат дел од договорот и дека Володимир Зеленски мора да биде вклучен во ...

Доналд Трамп се закани со сериозни последици ако Владимир Путин блокира мир во Украина, но исто така најави дека тие повторно би можеле да се сретнат по петочниот самит на Алјаска, овојпат и со Володимир Зеленски. Трамп не појасни на какви последици мисли, но кажа дека Русија би можела да добие економски санкции ако претстојната средба биде неуспешна. Тој се огласи по денешната виртуелна средба со Зеленски и европските лидери, кои се собраа во ...

Сечењето на шумата кај преспанското село Љубојно е регуларна сеча на нискостеблен даб во одделите 29 и 30, во шумско-стопанската единица Пелистер Брајчино, соопштија од Владата на прашањаТА на САКАМДАКАЖАМ.МК за тоа на што се должи сечата, откако жителите вчера одржаа и протест за нејзино запирање. „Дабот има сечна зрелост (возраст) согласно сите научни принципи и оваа сеча е една од стотина вакви сечи во Македонија. Притоа, испочитувана е ...

Доналд Трамп кажа дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територија во каков било договор за примирје со Русија, изјави Емануел Макрон по денешната виртуелна средба на американскиот претседател со Володимир Зеленски и европските лидери, што се одржа два дена пред самитот Трамп-Путин на Алјаска. Трамп претходно кажа дека Русија и Украина ќе мора да отстапат територии и Европејците се загрижени дека ова би можело да ја остави Русија ...

Граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ на Локалните избори ќе настапи со самостојна граѓанска листа. Вела дека одлучија да не бидат дел од новата политичка платформа „Независни заедно“, како што најавија минатата недела, туку да настапат самостојно како граѓанска иницијатива. Платформата „Независни заедно“ собира потписи за да се регистрира како партија. „Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се прилагодуваме ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска е кандидатка на „Независни заедно“ за градоначалничка на Општина Центар. Како што соопштија од платформата „Независни заедно“, Ивановска е поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“. Ивановска беше претседателка на Антикорупциската комисија од 2019-2024, каде дојде од местото самостојна ...

Во полициската станица во Демир Хисар заврши информативниот разговор со директорката на Гимназијата „Крсте Петков Мисирков“ Маја Лозановска. На 8 август вечерта, полицијата направи претрес во домот на Лозановска барајќи го печатот од училиштето. Таа во тој период беше на боледување, а полицискиот началник рече дека и на носилки ќе ја однесе на информативен разговор иако имаше налог само за претрес, а не и за нејзино лишување од слобода. Од МВР ...

Седумдесет и пет филмови ќе се прикажат на 16. издание на Фестивалот на креативен документарен филм МакеДокс, кој ќе се одржи од 21 до 28 август. Фестивалската програма е распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, Младинскиот културен центар (МКЦ) и „Лабораториум“ во Скопје. Мотото на годинашното издание е „Кому му е гајле за реалноста?“, а се очекуваат околу 100 гости од странство. Програмата е поделена во шест категории: Главна ...

Во последниот извештај за состојбата со човековите права во Северна Македонија, американскиот Стејт департмент вели дека нема значителни промени во споредба со минатото, но посочува дека сериозните ограничувања на слободата на изразување и медиумите, вклучувајќи насилство и закани кон новинари, остануваат значаен проблем. Според извештајот за 2024 година, иако Уставот ја гарантира слободата на изразување, таа е поткопана од неколку фактори. ...

Пожарникарите се борат со неколку големи пожари во Грција, додека високите температури продолжуваат да прават проблеми во јужна Европа. Во изминатите 24 часа избувнале повеќе од 150 пожари низ Грција и на илјадници луѓе им е кажано да се евакуираат. Во гаснењето учествуваат речиси 5.000 пожарникари и 33 летала. Најмалку тројца луѓе загинале во пожарите во Шпанија, Албанија и Турција, а десетици се примени во болница поради изгореници и вдишување ...

Општините ќе добиваат пари од Владата за основното и средното образование според нова методологија, која ја усвои Владата, чија примена почнува од 1 јануари кажа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Методологијата ја изработи Министерството за образование и наука со поддршка на УНИЦЕФ, Светска банка, Швајцарската амбасада, здружението ЗМАИ, Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и локалните самоуправи. ...

Државната изборна комисија и Владата не ја спроведуваат Пресудата на Граѓанскиот, потврдена од Апелациониот суд Скопје, со кои се задолжени да им овозможат на лицата со попреченост да гласаат на избори. Нa многу избирачки места нема рампи за инвалидски колички, нема изборен материјал од партиите прилагоден за слепи, за глуви лица, како и за луѓе со други видови попреченост, за да знаат за кого да гласаат. За потсетување, тие не се во групата ...

После двегодишен застој, од денеска пак почнува процесот на полагање за лиценца за работа за воспитувачи, негуватели, стручни работници, соработници и директори која обрска е задолжителен предуслов за вработување во градинките. Денеска на Филозофскиот факултет во Скопје стручен испит полагаат околу 350 лица, а како што рече министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, до крајот на месецов уште 350 кандидати ќе имаат ...

Утрово во Скопје почина Милка Ефтимова, оперска примадона која настапувала во повеќе од 20 земји во светот. Имаше 89 години. Веста за смртта на Ефтимова ни ја потврди нејзината ученичка, оперската првенка Весна Ѓиновска-Илкова. „Се слушнавме пред два дена. Ми рече дека не е добра, но се надева дека ќе биде подобра. Утрово, нејзиниот внук ми јави дека починала. Редовно се слушавме и ја посетував. Таа беше моја професорка осум години и ми ја ...

Владимир Путин му го потврди своето пријателство на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во пресрет на средбата со Доналд Трамп в петок. Двајцата лидери разговарале вчера, при што Путин ја пофалил севернокорејската помош во војната против Украина. „Ким и Путин потврдија дека се посветени на понатамошниот развој на пријателските односи, добрососедството и соработката“, се вели во соопштението на Кремљ. Путин го известил Ким за подготовките на ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
72%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
73%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
5.62
91%
1016
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
97%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 11ᴼ
1.54
86%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
100%
1006
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1007
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
11.83
86%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1015
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
67%
1010
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Сребро

1878.05

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.91

Калај

40.48

Злато

135056.24

Платина

52952.77

Никел

473339.37

Цинк

3.23

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Бакар

10.95

Родиум

255598.44