Топлиот пречек на Владимир Путин со црвен тепих на Алјаска ги вознемири европските лидери дека Володимир Зеленски можеби нема да добие ист пријателски третман кога утре ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа. Двајца добро информирани европски дипломати велат дека со Зеленски би можел да патува најмалку еден од омилените европски функционери на Трамп, финскиот претседател Александер Стуб, кој би спречил можна нова кавга со украинскиот ...

Пристапниот пат на автопатот Скопје-Велес кај Отовица го нема во ниту еден документ на Општината. Како што вели градоначалникот на Велес, Марко Колев, тој е изведен на диво, за него не постои проект и затоа не може да се реновира. „Пристапниот пат од кај патарината Сопот е под надлежност на државата бидјеќи се води како регионален пат. Патот кај Отовица за приклучување на автопатот не постои. Тој пат е на диво изведен, приклучувањето и ...

Русија би се откажала од мали делови од окупираната Украина, а Киев би го отстапил остатокот од својата источна територија што руската војска досега не успеа да го освои, стои во мировните предлози за кои разговарале Доналд Трамп и Владимир Путин на самитот на Алјаска, изјавија извори запознати со разговорите. За ова се дозна ден по самитот во воена база во Енкориџ, на кој Трамп не успеа да договори прекин на огнот на што се надеваше. Володимир ...

Нови судири помеѓу антивладините демонстранти и полицијата избија синоќа во Србија, кога повторно беа запалени простории на владејачката Српска напредна партија (СНС). Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ кажа дека имало драстично нарушување на јавниот ред и мир, брутални напади врз полицијата, демолирања и палежи, при што се уапсени 18 лица, а еден полицаец е повреден. „Најмногу инциденти имаше во Ваљево, Белград и Нови Сад, но јавен ред ...

Документи со ознаки на американскиот Стејт департмент кои биле пронајдени вчера наутро во деловниот центар на хотел во Енкориџ открија претходно непознати и потенцијално чувствителни детали за самитот на Доналд Трамп и Владимир Путин. На осум страници, оставени случајно, биле споделени точните локации и времето на состаноците на самитот и телефонските броеви на вработени во американската влада. Тие биле пронајдени од тројца гости во еден од ...

Владимир Путин побарал од Украина целосно да се повлече од источните региони Доњецк и Луганск како услов за запирање на војната, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на четири извори директно запознати со разговорите на самитот на Алјаска. Рускиот претседател му рекол на Доналд Трамп дека би го замрзнал остатокот на фронтот ако му се исполни ова основно барање. Трамп им ја пренесол оваа порака на Володимир Зеленски и европските лидери со кои ...

1 Имала среќа Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалничка на Општина Центар поддржана од „Независни заедно“, што началникот на полицијата во Скопје не бил толку ревносен како началникот на полицијата во Демир Хисар, па кога двајца полицајци дошле во 8.30 навечер да ѝ врачат покана за обвинител по кривична пријава, а не ја нашле дома, си заминале. Да им беше шеф началникот од Демир Хисар, сигурно ќе пратеше Интервентна полиција да ја бара ...

Полското министерство за фондови ги запре сите исплати во рамките на повеќемилионска европска програма за хотели, ресторани и културни простори откако биле откриени грантови за јахти, вотка барови и бизнис регистриран на адреса на еден секс клуб. Министерката Катаржина Пелчинска-Налеч кажа дека веќе нема да се распределуваат пари додека одделно не бидат преиспитани сите 2.400 грантови вредни вкупно 1,2 милијарди злоти (282 милиони евра). „Секоја ...

Володимир Зеленски му рекол на Доналд Трамп дека санкциите за Русија мора да бидат засилени ако не биде договорена трилатерална средба или ако Москва се обидува да избегне чесен крај на војната. „Санкциите се ефективна алатка“, кажал Зеленски, кој имал едночасовен телефонски разговор со Трамп по завршувањето на средбата со Владимир Путин на Алјаска. „За сите прашања важни за Украина, особено територијални, мора да се дискутира со учество на ...

Казна од 300 евра му била изречена на жител од Ресенско кој учествувал во протестите против сечата на шумата кај преспанското село Љубојно. Тој е казнет затоа што со товарно возило истурил земја и го блокирал патот за да не можат да минуваат камионите кои ги носат исечените дрва. „На две места од патот истури земја и со тоа се направи блокада. Некој го сликал и фотографијата ја пратил кај надлежните. Му беше изречена парична казна од 600 евра, ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши за утре закажа итна седница за Измени на Изборниот законик, со кои координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски предлага независните кандидати место со потписи од 1 процент од вкупниот број запишани избирачи во една Изборна единица, да можат за избори да се кандидираат со 0,95 % од вкупнозапишаните во една Изборна единица. Претходно, прагот на потребните потписи за учество на изборите ...

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција започна истражна постапка против едно лице осомничено за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание. Како што соопштија од Обвинителството, лицето земало пари од лица кои имале судски спорови за наводно да влијае врз одлуки во граѓански судски постапки пред Основниот граѓански суд во Скопје и пред Апелациониот суд во Скопје. ...

Државниот инспекторат за животна средина изврши вонреден инспекциски надзор на работата на биогасната централа „Вардар Биопроцес“ близу Градско по реакциите на мештаните кои живеат во околината. Издадено е решение со кое бара да се утврди дали има присуство на загадувачки материи како резултат на фугитивни емисии кои се јавуваат при трансфер и ракуваье или како резултат на протекуваье од опремата. „При вонредниот надзор се констатираше дека е ...

Володимир Зеленски изјави дека в понеделник ќе патува во Вашингтон за разговори со Доналд Трамп. Тој на Телеграм објави дека е благодарен за поканата. Од кабинетот на Зеленски потврдија дека тој утрово имал телефонски разговор со Трамп. Зеленски не беше поканет на самитот на Алјаска и Трамп претходно кажа дека ќе му се јави веднаш по неговото завршување. Во кратка писмена изјава на Зеленски стои дека имал долг и суштински разговор со Трамп, кој ...

Лажна дојава за бомба ноќеска, помеѓу петок и сабота го поремети сите утрински полетувања на Меѓународниот аеродром Скопје. Дојавата за бомба била во 2.50 минути. Според патници кои се јавија во нашата редакција, тие веќе влегувале во авион кога безбедносните служби ги упатиле кон старата аеродромска зграда, а потоа биле извадени надвор од зградата. Потоа повторно ги минувале сите безбедносни проверки. Од ТАВ Македонија соопштија дека веднаш по ...

Првата дама на САД Меланија Трамп го покренала прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во лично писмо до рускиот претседател Владимир Путин, соопштија двајца претставници на Белата куќа. Претседателот Трамп му го предал рачно напишаното писмо на Путин за време на нивниот самит на Алјаска, каде што Меланија не отпатува. Од Белата куќа не навлегоа во содржината на писмото, но некои рекле дека во него се споменуваат киднапирањата ...

Долгоочекуваната средба на Доналд Трамп и Владимир Путин на Алјаска не резултираше со договор за решавање или паузирање на војната во Украина, иако двајцата лидери ги опишаа разговорите како продуктивни. Тие кратко се појавија пред медиумите по речиси тричасовниот состанок во воена база во Енкориџ и рекоа дека постигнале напредок по неодредени прашања, но не изнесоа детали и не одговараа на прашања. Вообичаено зборливиот Трамп ги игнорираше ...

Доналд Трамп и Владимир Путин пристигнаа на Алјаска за историски самит кој би можел да влијае врз натамошниот тек на војната во Украина. Тие прошетаа по црвениот тепих што ги поврза двата авиона и се сретнаа на средината на пистата. Таму се поздравија, разменија љубезни зборови и насмевки и им позираа на фоторепортерите, но ги игнорираа новинарските прашања. Потоа заминаа со ист автомобил на средбата што ја исчекува цел свет. Портпаролот на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека стандардот на граѓаните е во позитива бидејќи растот на платите е поголем од инфлацијата. Како што кажа, растот на платите е и до 13 отсто месечно, а инфлацијата во просек е 4 отсто. „Ако ние имаме раст на платите од 11, 12, 13 проценти на месечно ниво, а инфлација условно кажано во просек од 4 проценти, тогаш нето имаме зголемување од 7 проценти. Каква беше состојбата пред година и пол, две: тогаш имавме ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека не води никаква постапка против кандидатката за градоначалничка на Општина Центар Билјана Ивановска, која е поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), и оти за сите одговори за случајот е надлежно Обвинителството. Ивановска, која вчера ја објави кандидатурата за градоначалничка на престојните Локалните избори поддржана од граѓанската платформа ...

Сметаме на Америка, кажа украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на самитот Трамп-Путин на Алјаска, каде што војната во Украина ќе биде централната тема. Зеленски не беше поканет на средбата, туку ќе чека телефонски повик од Трамп по завршувањето на самитот. „Денешниот состанок е со навистина голем влог, тој треба да отвори пат кон праведен мир и трилатерален самит на Украина, САД и Русија“, кажа Зеленски Тој вели дека Украина ...

Затворен е патот до граничниот Јажинце со Косово, поради голем пожар, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Сите противпожарни екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и работат на заштита на имотите од огнот. На пат кон интервенција се и авион ‘ер-трактор’ на Дирекцијата за заштита и хеликоптер на МВР. Граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа и да ги ослободат патиштата за ...

На денешната седница на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), за заменичка-претседател е избрана Цвета Ристовска, позната по тоа што го водеше предметот за фалсификуваната диплома по англиски јазик од Пловдив, поднесена од директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски и по тоа што кажа дека не гледа основ за покренување постапка против него. Таа на функцијата ќе стапи на 21 август и ќе ја води ДКСК за ...

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешната директорка на гимназијата во Демир Хисар Маја Лозановска. Таа се товари за сторено кривично дело Одземање или уништување службен печат или спис, по член 390 од Кривичниот законик. „Пријавената во периодот од 06.08.2025 до 13.08.2025 година противправно ги криела службените печати, сопственост на гимназијата ‘Крсте Петков Мисирков’ од Демир Хисар, со што направила службените печати да бидат ...

Билјана Ивановска, која вчера ја објави кандидатурата за градоначалничка на престојните Локалните избори поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“, синоќа добила кривична пријава. Како што објави Ивановска на својот фејсбук профил, по 11 часа откако ја објави кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на нејзината врата. „Синоќа во 20:30ч двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не ...

Откако претседателот на Собраниската комисија за избори и именувања Ѓорѓи Сајковски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека нема да се распишува оглас за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), односно за нејзин седми член, затоа што се распишани Локалните избори, таа останува со 6 члена да ги надгледува кампањите и изборите. Така на пример, ако некој граѓанин или партија пријават дека министер или министерка користат кабинет во ...

Без дозвола се сече шумата за изградба на хидроцентралите на реката Дошница која извира од планината Кожуф, покажал вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на двете мали хидроелектрани на реката, при што се утврдени неправилности кои произлегуваат од несовпаѓање со одобрениот елаборат за животна средина. Сечата која се врши врз шумата во околината на двете централи во изградба, била без дозвола или ...

Владата не може да ги ограничи цените што ги поставуваат рестораните, кафулињата и транспортните компании, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи ги токму услугите како главен поттикнувач на инфлацијата. Според него, цените на овие услуги ќе продолжат да растат сè додека има потрошувачи кои можат да ги платат. „Ќе се обидеме да интервенираме во делот на услугите, во рамките на можностите. Но, не можеме да ги ограничиме рестораните, ...

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија ќе му претстави јасна, разбирлива позиција на Доналд Трамп на денешниот самит на Алјаска, кој почнува во 21 часот по средноевропско време. Левров кратко збореше со новинарите пред хотел во Енкориџ, при што носеше џемпер со натпис „СССР“. „Многу работи беа завршени за време на последната посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Москва и се надеваме дека ќе го ...

Доналд Трамп минатиот месец „од никаде“ му се јавил на норвешкиот министер за финансии Јенс Столтенберг за да го праша за номинација за Нобелова награда за мир, објавија норвешките медиуми. „Додека министерот Столтенберг шетал низ Осло, Трамп ненадејно му се јавил за да му каже дека сака Нобелова награда и да разговараат за царини“, објави весникот „Дагенс нерингслив“, повикувајќи се на неименуван извор. Весникот додава дека тоа не било првпат ...

weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
6.17
72%
1014
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
74%
1013
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
5.42
89%
1015
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1015
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
1.79
89%
1004
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1007
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
11.83
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
93%
1015
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
67%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24

Сребро

1878.05

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91

Калај

40.48

Бакар

10.95

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88