Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Петмина новинари на „Ал Џазира“ се убиени во израелски напад близу болницата „Ал Шифа“ во градот Газа, објави оваа телевизија. Репортерите Анас ал-Шариф и Мохамед Креикех и снимателите Ибрахим Захер, Мохамед Нуфал и Моамен Алива биле во шатор за новинари кај главниот влез на болницата кога се случил нападот. Израел го потврди нападот, велејќи дека мета бил Ал-Шариф, кого го опиша како „водач на терористичка ќелија на Хамас“. Активистите за ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека е малку веројатно оти решението за војната во Украина постигнато преку преговори ќе задоволи која било од страните и дека секој мировен договор најверојатно ќе ги остави и Москва и Киев „незадоволни“. Тој рече дека САД се стремат кон решение што двете земји можат да го прифатат. „Тоа нема никого да го направи пресреќен. И Русите и Украинците, веројатно, на крајот на денот ќе бидат незадоволни ...
Попладнево изби пожар кај ресенското село Долно Дупени, во близина на Преспанското Езеро. Пожарникарите од ТППЕ Ресен успеаја да ги спасат викендиците и куќите од селото. Огнот се движи кон непристапен терен, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување. „Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување полетаа, а поради температурни ограничувања ќе полета и еден полициски хеликоптер. На пожарникарите им помага и локалното население. ...
Денеска во Тетово напладне се случи престрелка помеѓу две лица кои еден на друг пукале од огнено оружје од возила во движење. Притоа двете возила се судриле по што учесниците заминале во два обратни правци. Малку подоцна пронајдено е возилото на еден од учесниците во кое било телото на едното лице кое учествувало во престрелката. Од тетовската болница пак пријавиле дека се донесени две лица со прострелни рани, а во престрелката повредени се и ...
Одделот за внатрешна контрола при МВР во брза постапка, констатира непрофесионално однесување во случајот со началникот на ОВР Демир Хисар Роберт Мартоновски, кој запна директорката на гимназијата болна и не баш подвижна да ја носи на носилки на информативен разговор во полиција. „Началникот ќе биде разрешен“, веднаш пресекоа од МВР. „Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени ...
Тетовската полиција во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе од Скопје, во текот на ноќта спровеле акциска контрола на два угостителски објекти во кои биле затекнати 30 млади девојки кои тука работеле. Меѓу нив имало и девојки кои дошле дури од земји од Латинска Америка, а во угостителските објекти најчесто работеле како келнерки и танчерки иако има сомневања дека се дел и од трговија со луѓе. ...
Во вторник на 12 август, директорката на Гимназијата од Демир Хисар Маја Лозановска, ќе се јави на информативен разговор во демирхисарската полициска станица, кажа нејзиниот адвокат Жарко Стевановски. Потоа ќе побараат од началникот на ОВР Демир Хисар во негово присуство да се пристапи во училиштето со цел да се констатира кој провалил во училишните простории ден пред распишување на изборите, на 8 август. „Воедно ќе побараме и да се расчистат ...
Научниците измерија една од најмасивните црни дупки досега, која има маса еквивалентна на 36 милијарди Сонца. Оваа неверојатна црна дупка се наоѓа на оддалеченост од околу 5 милијарди светлосни години, во една од најмасивните познати галаксии. „Ова е меѓу десетте најмасивни црни дупки некогаш откриени, а сосема е можно да е и најмасивната“, изјави Томас Колет, автор на студијата и професор на Универзитетот во Портсмут, Англија. Црната дупка е ...
Војската на Јужна Кореја соопшти дека Северна Кореја почнала да отстранува дел од звучниците што се користат за емитување пропаганда преку границата меѓу двете земји. Овој потег се смета за позитивен одговор на гестовите на новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мјунг, кој водеше кампања ветувајќи подобрување на меѓукорејските односи. Јужна Кореја претходно неделава демонтираше дел од сопствените звучници, а ги прекина своите емитувања ...
Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ својата 26. изведба ја доживеа синоќа (9 август) на полна месечина на Големо Езеро на 2.218 метри надморска височина на Пелистер. „Совршениот спој на вечноста отсликана низ отсјајот на полната месечина на површината на Езерото и моќната енергија на актерите инспирирани од мирот и спокојот на природната сцена, надополнети со желбата на публиката да се доживее едно ново патување низ реалноста на ...
Десетици земји низ светот потрошија милиони долари оваа година на лобисти со врски со претседателот Доналд Трамп, во обид да ги избегнат царините што би можеле да им наштетат на нивните економии. Сепак, во повеќето случаи, овие трошоци не им донесоа никаков резултат. Пристапот на Трамп кон одредувањето на царините е непредвидлив – некои договори поставуваат царина од 15% за главните трговски партнери, додека за други земји стапките варираат меѓу ...
Европските сојузници испратија заедничка порака дека какви било мировни преговори со Русија мора да го вклучат и Киев, во услови на најави за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин. Во заедничката изјава, лидерите на Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Полска, Финска и Европската комисија инсистираат дека Украина мора да биде дел од секој договор. Ова доаѓа пред средбата меѓу Трамп и ...
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска (9 август 2025 година) ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври . Претседателот Гаши го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена од распишување до одржување на изборите. Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на ...
Во Куќата на Уранија (МАНУ) во Охрид, денеска се одржа беседа за лауреатот на Светската награда на хуманизмот, Светлана Мојсов, истакнат научник, професор на Универзитетот Рокфелер во САД. Со оваа награда, Охридската академија на хуманизмот го слави името на Свети Климент на сите светски меридијани. Мојсов, која е ќерка на македонскиот дипломат и хемичар Лазар Мојсов, поради неодложни обврски не допатува во Охрид, а во писмото кое го испрати до ...
Проблемите со заматената вода во Хидро системот „Злетовица“ и во штипската филтер станица, настанати како последица на неодамнешните обилни врнежи, се надминати. Двата система сега работат со полн капацитет и се подготвуваат за очекуваниот бран на високи температури во наредните десетина дена, кој се очекува да ја зголеми потрошувачката на вода. Директорот на ХС „Злетовица“, Златко Стојановски, изјави дека стручните служби брзо реагирале и ...
Астронаутот Џим Лавел, кој во 1970 година безбедно ја врати на Земјата мисијата „Аполо 13“ по експлозија во леталото, почина на 97-годишна возраст. Од американската вселенска агенција НАСА соопштија дека тој „ја претворил потенцијалната трагедија во успех“ откако обидот за слетување на Месечината беше прекинат поради експлозија додека леталото беше на стотици илјади километри од Земјата. Драматичното враќање на Лавел и двајцата други астронаути ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди презема соодветни мерки и активности по реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот во домот на директорката на Гимназијата во Демир Хисар. По завршувањето на активностите, дополнително јавноста ќе биде известена, ни рекоа од СВР Битола. Оттаму велат дека претресот бил направен по претходна пријава поради постоење ...
Една година е залудно потрошено време за решавање на проблемот со водата во велешкото Езерото Младост кога не се преземени итни мерки, вели д-р Флорентина Ристовска-Шурбевска, микробилог и долгогодишна директорка на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Велес, сега во пензија. „Можеше за оваа измината година барем да се исчистат трската и скапаните дрвја од крајбрежјето и алгите од површината на водата. Штетата ќе беше помала“, вели ...
Мексико соопшти дека американската војска нема да влезе на нејзина територија, по извештаите дека претседателот Доналд Трамп му наредил на Пентагон да ги таргетира латиноамериканските нарко-картели. „САД нема да дојдат во Мексико со војска“, изјави претседателката Клаудија Шеинбаум во петокот. „Ние соработуваме, но нема да има инвазија. Тоа е исклучено, апсолутно исклучено“. „Њујорк тајмс“ во петокот објави дека Трамп тајно потпишал директива за ...
Полицијата синоќа изврши претрес во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска во Демир Хисар, а од видеото што на интернет го објави нејзиниот адвокат Жаре Стевановски се гледа дека имало намера таа иако е на боледување, на носилки да се однесе на информативен разговор во полиција. На видеоснимката се слуша како лицето кое адвокатот го именува како началник вели: „Ќе ја лишам од слобода, неа ѝ е ...
Министерот за здравство Азир Алиу вчера по насоки на стручна комисија, поради констатирани неправилности, ѝ ги одзел овластувањата на Стоматолошката комора, која меѓу другото дава лиценци за работа на лекарите стоматолози. „Имајќи ја предвид одредбата од член 261, став 1, алинеја 4 од Законот за здравствената заштита, а врз основа на препораките на стручната комисија, донесов одлука, за времено одземање на јавното овластување на Стоматолошката ...
Албанскиот премиер Еди Рама ја промовира кампањата „Урбана ренесанса 2.0“, чија цел е ослободување на окупираните јавни површини низ земјата како дел од подготовките за членство во Европската Унија до 2030 година. Кампањата вклучува отстранување на времени објекти и огради од тротоарите и други јавни простори, при што општинските власти интервенираат и ги уриваат објектите на оние кои не ги почитуваат наредбите. За потребите на кампањата, ...
Полицијата синоќа во Демир Хисар извршила претрес во домот и возилото на Маја Лозановска, директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, објави „4news“. За време на претресот била повикана и екипа на Брза помош, која констатирала дека Лозановска, која била на боледување, има висок крвен притисок. И покрај нејзината здравствена состојба, началникот на полицијата во Демир Хисар инсистирал таа веднаш да биде однесена во полициската ...
Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, упати апел за прекин на војните што беснеат низ светот, по повод одбележувањето на 80-годишнината од американскиот атомски напад кој го уништи јапонскиот град. „Конфликтите ширум светот се интензивираат во еден маѓепсан круг на конфронтации и поделби. Ако продолжиме по оваа патека, ќе се втурнеме во нуклеарна војна“, изјави Сузуки во својата Мировна декларација на свечената церемонија. Нападот на 9 ...
Итно да се стават во употреба функционалните пумпни станици од хидросистемот „Ѓавато“ и да се полни Дојранското Езеро, апелира градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов, откако нивото на водата во езерото, како што кажа тој, падна на речиси еден метар од дозволениот минимум. До пред две години водата беше до кејот и преливаше вдолж пешачката патека, а сега е неколку метри повлечена од плажите, што закана за уништување на биодиверизитетот во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин следната недела, изјавувајќи дека Украина „нема да ја предаде својата земја на окупаторите“. Во изјава на апликацијата Телеграм, Зеленски рече дека секое решение донесено без учество на Украина ќе биде „решение против мирот“. Реакцијата доаѓа откако претседателот Трамп пред неколку часа ...
1 Во Република Апсурдистан слеп возач возел комбе, со ретровизорот удрил жена и ја отепал и додека траела истрагата за несреќата полицијата му издала нова возачка дозвола, оти старата му била истечена уште во времето на несреќата. Обвинителството во Кавадарци го води случајот, ама не знае од каде да почне. Прво, како возачот добил лекарско уверение дека е 99 отсто слеп, а возел комбе? Второ, како добил инвалидска пензија дека е слеп, а работел ...
Германија ќе запре со испораките на воена опрема во Израел што би можела да се употреби во Газа, објави денеска канцеларот Фридрих Мерц, реагирајќи на израелскиот план за заземање на палестинската енклава. Ова претставува значајна промена во курсот на Германија, која досега беше еден од најголемите поддржувачи на Израел. Мерц рече дека е тешко да се разбере како израелскиот воен план ќе помогне во остварувањето на легитимните цели за ...
Министерот за здравство Азир Алиу назначи нови в. д. директори во четири клиники на скопскиот Клинички центар, кои се на функција од вчера. Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за токсикологија за в. д. директор е именуван д-р Арѓенд Имери, на местото на д-р Андон Чибишев, а на Институтот за клиничка биохемија за в. д. директорка е именувана д-р Мимоза Бафќари-Бакији на местото на д-р Николина Граздановска. За директорка на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца соизвршители на продолжено кривично дело Тешка кражба од член 236 став 4 од Кривичниот законик. За период од околу два и пол месеци, од февруари до крајот на април годинава, двајцата осомничени жители на Ресен во повеќе наврати насилно влегувале во објекти од цврста градба на железничката делница од пругата „Поранешно ...