Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Договори со кои ќе се воспостават партнерства и ќе се реализираат археолошки истражувања, размена на искуства, знаења и методологи, денеска потпишаа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, Лукас Вертер од Римско-германската комисија при Германскиот археолошки институт, кој е под надлежност на Федералното Министерство за надворешни работи на Германија, и директорот на Музејот на Град Скопје Панче Велков. На археолошкиот локалитет Скупи, ...
Без две или три неисплатени плати, К-15 и отпремнина, газда на штипска конфекциска фабрика испратил 50 работници на колективен годишен одмор, а по завршувањето на одморот завчера тие наишле на затворени врати без никакво известување. Меѓу нив има и млади жени со тримесечни бебиња, па загрозени се и правата по основ на породилно боледување. „Сопственикот не сакал со нас да разговара и да објасни за какви проблеми се работи, туку индиректно преку ...
Пожарот во ловиштето Јасен сѐ уште не е изгаснат. Еден крак е сѐ уште активен. Дождот што заврна во многу мала количина не го изгасна огнот, вели Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) . „Овде дејствуваме со два ‘ер-трактора’ на Дирекцијата за заштита и спасување бидејќи можам да забележам една жешка точка и горе високо над сртот, и од спротивната страна две жешки точки со чадење“, изјави Ангелов. Според него, се ...
Во Спомен-собата на македонскиот книжевен великан Петре М. Андреевски во неговото родно село Слоештица, Демирхисарско, денеска ставовите за состојбата на поставката ги споделија синот на писателот, уметникот Сергеј Андреевски и министерот за култура Зоран Љутков. Спомен-собата е дел од реновираниот Дом на културата во Слоештица, кој заедно со неа од почетокот на август се доделени под концесија на невладината организација „Моето родно место”. ...
Заменик-претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП) Борко Стефановиќ изјави дека моментално се разгледува опцијата Милорад Додик, кој по вчерашната одлука на Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина повеќе не е претседател на Република Српска, да биде кандидат за претседател на Србија на следните избори. Стефановиќ за телевизијата „Нова С“ изјави дека за тоа се „сериозно преговара“, бидејќи сегашниот ...
Илјадници антивладини вчера демонстранти повторно маршираа низ Србија, а интервентраната полиција со палки ги бркаше насилните демонстранти низ центарот на Белград, поради што српскиот претседател Александар Вучиќ да го повтори ветувањето за планирана голема акција против демонстрантите. Протестот во главниот град на земјата беше мирен сè додека група млади луѓе, за кои се верува дека се фудбалски хулигани, не се одвоија од толпата и фрлаа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал по телефон со рускиот претседател Владимир Путин и дека започнал со закажување средба меѓу него и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Му се јавив на претседателот Путин и започнав со подготовките за средба, на локација што ќе се утврди дополнително, меѓу претседателот Путин и претседателот Зеленски“, рече Трамп во објава на неговата социјална мрежа Трут соуашал по вчерашната ...
Синот на норвешката крунска принцеза е обвинет за силување, семејно насилство, напад и други кривични дела по едногодишна полициска истрага, соопшти Обвинителството. Се очекува Мариус Борг Хејби, 28-годишен син на крунската принцеза Мете-Марит и посинок на крунскиот принц Хакон, да има судење на почетокот од следната година и може да добие казна затвор до 10 години ако биде прогласен за виновен за најсериозните обвиненија, изјави обвинителот. ...
Обвинетата дилерка на дрога од Лос Анџелес, позната како „кралица на кетамин“, се согласи да се изјасни за виновна по обвиненијата дека ја обезбедила дозата на анестетикот на рецепт што го уби Метју Пери, ѕвездата на „Пријатели“, соопштија обвинителите. 42-годишната Јасвин Санга, за која властите рекоа дека водела нелегален „магацин“ за наркотици во округот Северен Холивуд во Лос Анџелес и на која требаше да ѝ се суди во септември, ќе се изјасни ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му рече на претседателот Володимир Зеленски дека САД ќе помогнат во гарантирањето на безбедноста на Украина во секој договор за ставање крај на војната на Русија таму, иако обемот на каква било помош не беше веднаш јасен. Трамп го даде ветувањето за време на вонредниот самит во Белата куќа, каде што беше домаќин на Зеленски и група европски сојузници по неговиот состанок на 15 август во Алјаска со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека прекин на огнот не е неопходен предуслов за да се постигне мировен договор меѓу Украина и Русија. На заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, Трамп кажа дека мировен договор може да се работи и додека борбите продолжуваат. „Не мислам дека ви е потребен прекин на огнот“, рече Трамп, додавајќи дека иако прекинот на огнот е „добар“, тој разбира ...
„Зошто да не е можен НАТО Клинички центар, според врвните стандарди на Алијансата, кој што во мирнодопски услови би им бил на располагање на македонските граѓани, а во услови на евентуален конфликт би бил медицински центар за потребите на НАТО? Или, зошто еден хибриден модел на Клинички центар не би бил изграден овде во Штип, во град со извонредна стратешка локација, добра инфраструктурна поврзаност, со државен универзитет, Медицински факултет ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отфрли барањето на рускиот претседател Владимир Путин Украина да го предаде регионот Донбас, составен од регионите Донецк и Луганск, бидејќи украинскиот Устав забранува откажување од територија или тргување со територија. Тоа исто така значи дека тој не може да го отстапи ниту Крим. Наместо тоа, замрзнувањето на фронтовската линија – која се протега околу 1.000 километри од североисточна до ...
Само со два потписa граѓанските иницијативи ќе можат да учествуваат на престојните Локални избори. Ова е одлучено на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) која донесе Правилник за регулирање на постапка за собирање потписи за поддршка на кандидатски листи поднесени од група избирачи и за начинот на определување на нотарите за Локалните избори 2025 година. Правилникот ќе важи само за овие избори. Овој Правилник, како што кажаа од ...
Седумдесет поети од Македонија од земјава и странство, како и критичари, преведувачи и литературни работници ќе учествуваат на 64. издание на Струшките вечери на поезијата (СВП), кое ќе се одржи од 21 до 25 август. Како што рече директорот на СВП Никола Кукунеш на денешната прес-конференција, покрај лауреатот на Златниот венец, словачкиот поет Иван Штрпка, како и добитникот на наградата „Мостови на Струга“, полскиот поет Матеуш Шимчик, ќе дојдат ...
Мечка влегла во овоштарникот на Борко Петровски од тетовското село Доброште и целосно искршила околу 100 лешникови дрвја. Овоштарникот се наоѓа на крајот од селото, веднаш до шумата. Петровски во тие денови бил на одмор, а кога се вратил бил информиран од соседите за штетата која му била направена. „Кога дојдов до овоштарникот и кога видов како речиси сите сто дрвја со лешници се паднати, а гранките искршени, се запрепастив. Од сто дрвја со ...
Во напад со руски беспилотни летала врз станбена област во украинскиот град Харкив во текот на ноќта загинаа десет лица, меѓу кои и мало дете и 16-годишно момче, соопштија украинските власти, додека САД вршат притисок врз Киев да прифати брз договор за прекин на војната што ја започна Москва. Шест деца на возраст од 6 до 17 години беа меѓу 20-те повредени лица во нападот врз вториот по големина град во Украина, објави на Телеграм Олех Синехубов, ...
Спасувачите ја продолжија потрагата по над 150 лица кои сè уште се водат како исчезнати во северозападен Пакистан, откако неколкудневните поројни дождови предизвикаа ненадејни поплави во кои загинаа над 270 луѓе. Висок политичар ги обвини локалните жители за високиот број на жртви, велејќи дека луѓето требало да ги изградат своите домови на друго место. Бројот на жртви во планинскиот округ Бунер во покраината Кибер Пахтунхва денеска достигна ...
Хуманитарецот и основач на Невладината организација „Донирај компјутер“ Борче Стаменов и доц. д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендоркинологија се годинашни добитници на државната награда „Мајка Тереза“, соопшти Министерството за култура. „Одборот за доделување на државната награда одлучи наградата за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното ...
Кина денеска изјави дека е подготвена да работи со најголем напор за мирно „обединување“ со Тајван, соопшти Министерството за надворешни работи, одговарајќи на коментарите дадени од американскиот претседател Доналд Трамп во интервјуто на 15 август. Трамп, во интервју за „Фокс њуз“, рече дека кинескиот претседател Шји Џинпинг му рекол во телефонски разговор oти Кина нема да го нападне Тајван додека Трамп е на власт. „Кина нема да дозволи никому ...
Габриела Илиевска од независната граѓанска иницијатива „Поинаку“, актуелна претседателка на Советот на Општина Битола, утрово објави дека како независна ќе се кандидира за градоначалничка на Битола. Таа ги повика сите битолчани кои сакаат да ја видат Битола поубава, почиста, непартиска и независна да ја поддржат. „После сите шпекулации, написи, приказни, плукања, честитки, еве да расчистиме. Ве повикувам сите битолчани, без разлика дали сте ...
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може да ја заврши војната со Русија „ако сака“, но ја исклучува можноста Украина да се приклучи на НАТО како дел од мировниот договор. Трамп рече и дека Украина нема да може да го врати Кримскиот Полуостров, нелегално анектиран од Москва во 2014 година. „Претседателот Зеленски од Украина може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да ...
Измените на Изборниот законик кои денеска беа ставени на дневен ред на итна седница на Собранието не беа изгласани бидејќи немаше Бадентерово мнозинство. Со тоа нема да има законско решение како независните граѓански иницијативи ќе можат да учествуваат на изборите, односно колкав број потписи ќе им биде потребен. Според измените на Изборниот законик, се предлагаше независните кандидати наместо со потписи од 1 процент од вкупниот број запишани ...
Големо невреме попладнево го зафати преспанското село Љубојно. Поплавени се делови од куќи, дворови и улици. Жителите раскажуваат дека 40 минути обило врнело дожд, од кои 20 минути големи зрна град. Невремето го раскопа земјениот пат кој претходно го имаа оштетено камионите кои пренесуваа сечени дрва од шумата. „Доколку не беше шумата, штетата од невремето врз селото ќе беше уште поголема”, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК жители од Љубојно. Тие седум ...
Теренс Стемп, британскиот актер кој се прослави како генералот Зод во првите два филма за Супермен, почина на 87 години, објави неговото семејство. Стемп одигра разновидни улоги во кариерата, од „Теорема“ на Пазолини до „Авантурите на Присила, кралица на пустината“, каде што играше трансродова жена, а во 1963 година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога за „Били Бад“. Роден во Лондон во 1938, Стемп го напуштил редовното образование ...
Доналд Трамп најави голем напредок околу војната во Украина во пресрет на утрешната средба со Володимир Зеленски и европските лидери во Белата куќа. „Голем напредок околу Русија! Бидете во тек!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа, додавајќи дека имал одличен состанок со Владимир Путин на Алјаска. Неговиот специјален пратеник Стив Виткоф даде нови детали за самитот, велејќи дека Путин се согласил со силни безбедносни гаранции за Украина, ...
Новиот американски противракетен штип „Златна купола“ ќе има четири слоја, еден базиран на сателит и три на копно, со 11 системи со краток дострел распоредени низ континенталниот дел на САД, Алјаска и Хаваи, објави „Ројтерс“, кој добил увид во презентацијата на проектот. Слајдовите им биле презентирани на 3.000 изведувачи во Хантсвил, Алабама и ја откриваат невидената сложеност на системот, кој треба да биде изграден до 2028, според амбициозниот ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон ќе бидат меѓу европските државници кои ќе го придружуваат Володимир Зеленски на неговата утрешна средба со Доналд Трамп во Белата куќа. Оваа европска дипломатска офанзива следува откако се појавија информации дека Трамп на самитот на Алјаска го прифатил предлогот на Владимир Путин за размена на територии како пат кон запирање на војната во ...
Александар Вучиќ изјави дека јавноста во наредните три-четири дена ќе види некои изненадувачки одлуки на државата во врска со повеќемесечните антивладини протести, кои станаа насилни оваа недела. Тој додаде дека државата после тоа ќе тргне во одлучна акција. „Ќе ви изгледа дека во тие три-четири дена државата не постои, дека сме поразени, но после тоа ќе видите одлучност да вратиме ред, мир и поредок во нашата земја. Одговорот на државата ќе ...
По зачленувањето во Европската универзитетска алијанса, која ги признава неговите дипломи, значително се зголеми интересот на странците за студирање на еден од факултетите на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. „Во изминатите неколку години имавме студенти од Индија, Бангладеш и други земји од Азија, потоа од Африка, претежно од Египет, па и од САД. Најмногу има од земјите од Европска Унија и секако од балканските земји Хрватска, Србија и ...